александер де кро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 11:15:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александер де кро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгискиот премиер ја повика ЕУ на смиреност по изјавите на Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-ja-povika-eu-na-smirenost-po-izjavite-na-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-ja-povika-eu-na-smirenost-po-izjavite-na-putin/#respond Wed, 21 Sep 2022 11:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=735727

Белгискиот премиер, Александер Де Кро, изјави дека не е време да се долева масло на огинот, по најавите на рускиот претседател дека ќе мобилизира 300 илјади резервисти, јави дописничката на МИА од Брисел. -Мислам дека треба да реагираме со потребната смиреност. Не треба да долеваме масло на огинот, не треба да реагираме со провокации, рече Де Кро. Рускиот претседател, Владимир Путин, утрово во кус говор најави дека мобилизира 300 илјади резервисти во пресрет на референдумите за независност на сепаратистичките области во Украина, и дека Русија е во војна со Западот. Тој не ја исклучи можноста од употреба на нуклеарно оружје. Белгија потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина меѓу другото преку нова испорака на оружје. Што се однесува до заканите за нуклеарен напад од страна на Путин, шефот на белгиската влада оцени дека ова не е ништо ново. -Русија ова го направи пред неколку месеци, НАТО тогаш реагираше многу смирено, мислам дека повторно ќе го сториме тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-ja-povika-eu-na-smirenost-po-izjavite-na-putin/feed/ 0
Де Кро: Единствено решение е блокирање на цените на енергијата на ниво на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-edinstveno-reshenie-e-blokiranje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-edinstveno-reshenie-e-blokiranje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/#respond Wed, 31 Aug 2022 17:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=726873

Белгиската Влада попладнево ги презентираше мерките за помош на граѓаните и компаниите во пресрет на престојната има, а премиерот Александер Де Кро повторно апелираше до ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. По кризниот состанок на Владата одлучено е да се задржи намаленото ДДВ на гасот и струјата на шест отсто, да се прошири социјалната тарифа, да се побара од банките да вложат напор и да не вршат притисок врз задолжените граѓани, како и да им се помогне на домаќинствата да добијат олеснување во плаќањето на фактурите на продолжен рок. Цените на енергенсите во Белгија достигнаа рекордни нивоа последните месеци, а инфлацијата во август е речиси десет отсто, првпат по 40 години. Поради ова премиерот на Белгија, Де Кро свика итен координативен состанок на Владата денеска, а уште еден ќе се одржи во текот на септември. Една од клучните мерки кои ја бараат повеќе коалициски партнери е блокирањето на цените, но и оданочување на огромните профити на енергетските компании. Во овој дел, Де Кро уште еднаш побара ова да биде сторено на ниво на ЕУ за да има ефикасност. – Важно е што имаме социјална тарифа која ја користи 20 отсто од населението, и го намаливме ДДВ-то, тие мерки помагаат, но многу сме свесни дека има луѓе кои не знаат како ќе ги платат сметките што ги добиваат, кои мораат да земат од нивната заштеда за да ги платат тие фактури. Како што реков, нема волшебно решение во моментов. Единствено решение е овие цени да бидат блокирани на европско ниво што побрзо. Гледаме дека цените во Азија се половина од тие во Европа, нема недостиг, значи сосема е возможно да се направи тоа во Европа без да дојде до недостиг на енергија, изјави белгискиот премиер Де Кро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-edinstveno-reshenie-e-blokiranje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/feed/ 0
Де Кро: Белгија ќе бара ограничување на цените на енергијата на ниво на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/#respond Tue, 30 Aug 2022 07:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=725818

Либералниот премиер на Белгија, Александер Де Кро, смета дека треба да се ограничат цените на енергијата во ЕУ и да се оданочат “надпрофитите“ на компаниите, јави дописничката на МИА од Брисел. Иако е спротивно на неговата идеолошка платформа, белгискиот премиер смета дека кризната состојба во енергијата бара вонредни мерки во пресрет на зимата за да се ублажи ценовниот шок за граѓаните, а тоа треба да се стори преку државна интервенција врз пазарот. Конкретно, премиерот на Белгија, Александер Де Кро, од редовите на Либералите, повика на директна интервенција врз пазарот како за време на финансиската криза во 2008 кога државите ги спасуваа банките. -Треба да заземеме контрола врз пазарот и да одредиме максимална цена која ние, како Европа, прифаќаме да ја платиме на пазарот, за гасот и за струјата, изјави премиерот. Тој посочи дека не смее да му се “дозволи на пазарот да ги пресуши семејствата и претпријатијата“. -Мораме да притиснеме пауза и да го разгледаме начинот на кој фунционираат нашите пазари, додаде Де Кро. Според него, исто така, се неприфатливи огромните профити кои ги влечат големите енергетски компании во време на криза и бара нивно оданочување, но Белгија смета дека ова треба да биде сторено на ниво на ЕУ, а не само на национално ниво. Иако веќе некои земји членки на ЕУ тоа го прават, како Италија. Де Кро изјави дека бара од неговите ЕУ партнери и другите земји во Европа да соработуваат во борбата за етаблирање европска рамка која ќе овозможи борба против тоа што тој го нарекува “надпрофит“, или преголем профит на компаниите во енергетскиот сектор. Тој смета дека државата треба да ги добие тие пари назад и да ги распредели за домаќинствата и малите и средни претпријатија кои се соочуваат со енергетската криза. Белгија во наредните недели и месеци ќе се соочува со отпор од страна на синдикатите кои најавија национален протест во септември и генерален штрајк во ноември поради покачувањето на цените]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-kje-bara-ogranichuvanje-na-cenite-na-energijata-na-nivo-na-eu/feed/ 0
Премиерот на Белгија со предлог: Ќе побарам да се најде европско решение што ќе вклучува целно и привремено прекинување на сите несуштински патувања, https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belgija-so-predlog-kje-pobaram-da-se-najde-evropsko-reshenie-shto-kje-vkluchuva-celno-i-privremeno-prekinuvanje-na-site-nesushtinski-patuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belgija-so-predlog-kje-pobaram-da-se-najde-evropsko-reshenie-shto-kje-vkluchuva-celno-i-privremeno-prekinuvanje-na-site-nesushtinski-patuvanja/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=458052

Премиерот на Белгија, Александер де Кро вели дека вечерва на состанокот на лидерите на ЕУ ќе предложи забрана за патувања што не се од суштинско значење, на ниво на цела ЕУ. – Ќе побарам да се најде европско решение што ќе вклучува целно и привремено прекинување на сите несуштински патувања, рече Де Кро. Александар де Крој вели дека веќе е во контакт со некои лидери на ЕУ за поддршка на оваа идеја. Тој вели дека ова не е целосно „затворање на границата“ и дека тие мора да останат отворени за превоз на стоки и прекугранични работници. Барањето на белгиските власти доаѓа пред пролетниот распуст во Белгија и таканаречените „карневалски празници“ во Западна Европа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-belgija-so-predlog-kje-pobaram-da-se-najde-evropsko-reshenie-shto-kje-vkluchuva-celno-i-privremeno-prekinuvanje-na-site-nesushtinski-patuvanja/feed/ 0