Александер ван дер Белен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 05:39:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александер ван дер Белен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од Вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел, порача Ван дер Белен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-voz-trgna-kon-eu-od-vas-zavisi-so-koja-brzina-ke-stigne-vo-brisel-poracha-van-der-belen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-voz-trgna-kon-eu-od-vas-zavisi-so-koja-brzina-ke-stigne-vo-brisel-poracha-van-der-belen/#respond Thu, 30 Mar 2023 05:39:07 +0000 https://kurir.mk/?p=817963

Австрија изразува постојана и силна поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, но од самата земја зависи кога ќе ги почне следните чекори во преговорите со ЕУ и колку брзо ќе се приклучи кон Унијата, порача австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој вчера престојуваше во официјална посета на државава, на средби со државниот врв и во обраќање во Собранието. Од властите апел до опозицијата да се вклучи во процесот на уставни измени и да не ја загоризува македонската европска перспектива, порачувајќи дека државата нема да пропадне ако во Преамбулата на Уставот се додадат три или четири народи кои живеат во земјава. Ван дер Белен истакна дека патот на евроинтеграцијата на земјава траеше долго, но тој сега е трасиран и од нас зависи кога Северна Македонија ќе ги продолжи чекорите на европскиот пат и колку брзо ќе го изоди. - Од пред речиси 20 години возот кон дестинацијата Брисел стоеше на железничката станица во Скопје, меѓутоа од јули 2022 година сигналите конечно покажуваат зелено светло и поради тоа ви честитам од срце. Северна Македонија го заслужува ова патување. Возот веќе тргна кон Брисел со скрининг процесот и е на добар пат, но движењето на возот кон Брисел не зависи само од сигналот, туку од постојаното додавање енергија, а за време на патот кон Брисел и Владата и Парламентот на Северна Македонија треба да ја даваат таа енергија, рече австрискиот претседател. Ван дер Белен потенцира дека е свесен оти патот на земјава кон ЕУ е тежок и ја разбира фрустрацијата поради времетраењето на тој процес, но замоли да не ја „изгубиме целта од вид“. - Да работиме заедно за скорешен примен на Северна Македонија во ЕУ. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, порача австрискиот претседател. Обраќајќи им се на пратениците во Собранието, тој ги замоли и охрабри да останат мотивирани и концентрирани, потенцирајќи дека за да може земјава да го продолжи процесот на зачленување во ЕУ, потребно е да се направи следниот чекор кој не е лесен, а тоа е промената на Уставот, согласно Преговарачката рамка усогласена во јули минатата година со сите членки на Унијата. - Сакам јасно да кажам дека не верувам оти е реалистично дека договорот од јули 2022 година ќе се преговара уште еднаш, рече Ван дер Белен. Претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција по средбата со Ван дер Белен, истакна дека оние кои мислат дека европската Преговарачка рамка не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат би направиле подобра, очигледно не знаат како функционираат механизмите во рамките на ЕУ. Единствениот пат за да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да разговарате со луѓето од опозицијата, изјави претседателот Стево Пендаровски на заед - Ако некој може да испреговара подобра Преговарачка рамка, јас ќе бидам првиот кој ќе му честита на тоа. Меѓутоа ги уверувам да не се обидуваат тоа да го прават денес, утре, задутре, догодина, затоа што нема да има шанса одново да се преговара една работа која е договорена со 27 земји членки на ЕУ, изјави Пендаровски. Тој порача дека единствен пат за обебзедување на потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да се разговара со луѓето од опозицијата. - Не би сакал да видам каков било друг пристап во постигнувањето на тие две третини и ако влеземе со искрена намера, да се разбереме, ве уверувам дека аргументите се на страната на оние, вклучувајќи ме и мене, кои веруваат дека самата содржина на тој уставен амандман, внесување на Бугарите во нашиот Устав, е бенингна промена и на ниеден начин не ги загрозува македонската сувереност, независност, ниту европскиот пат, рече Пендаровски, додавајќи дека ако не успееме да ја извшиме промената на Уставот повторно ќе бидеме блокирани на европскиот пат, но овојпат по сопствена одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-voz-trgna-kon-eu-od-vas-zavisi-so-koja-brzina-ke-stigne-vo-brisel-poracha-van-der-belen/feed/ 0
Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-van-der-belen-se-obratija-na-makedonsko-avstriskiot-ekonomski-forum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-van-der-belen-se-obratija-na-makedonsko-avstriskiot-ekonomski-forum/#respond Wed, 29 Mar 2023 16:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=817825

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“. Пендаровски истакна дека посетата на Ван дер Белен го симболизира долгогодишното македонско-австриско пријателство и партнерство, а Македонија наидува на постојана, силна и принципиелна австриска поддршка на европски интеграции и стратешки интереси. -Имајќи ги предвид одличните билатерални односи, изградената доверба и исклучително плодната економска соработка, клучните прашања и констатации на кои сакам да се осврнам се: која треба да биде основната цел на овој македонско-австриски деловен форум, во услови кога Австрија е веќе најголемиот инвеститор во Северна Македонија? Како овој Форум може да ја унапреди деловната соработка, кога некои од водечките компании во клучните области на енергетиката, телекомуникацијата, градежништвото, банкарството, осигурувањето се во сопственост на австриски инвеститори? Македонската и австриската стопанска заедница се познаваат доволно долго и доволно добро, но, убеден сум дека формални собири од овој тип не можат да одмогнат, напротив! Постојат барем три добри причини за денешнава средба. Првата причина е што трговската размена меѓу Северна Македонија и Австрија е сè уште мала ако се имаат предвид квалитетот на билатералните односи, бројот на австриски компании на македонскиот пазар и потенцијалот за развој на двете страни. Тоа зборува дека можностите за соработка не се доволно искористени, особено во сферата на земјоделството и прехранбената индустрија. Втората причина е фактот дека Европа и светот минуваат низ клучен период. Од една страна се соочуваме со бројни и испреплетени кризи што меѓусебно се зајакнуваат и продлабочуваат. Нема земја што не е погодена од геополитичките ризици, енергетската криза, ценовните шокови и од инфлацијата. Од друга страна, сведоци сме на брза технолошка и дигитална трансформација на производството, пазарот и професиите. Зелената агенда влијае на промената на потрошувачките навики, а со тоа и на понудата и побарувачката. Иновациите и новите технологии можат да понудат решенија за многу од предизвиците со кои се соочуваме. Ова се новите полиња на економска соработка. Тоа не води до третата причина за организирање на овој форум. За успешно да ги надминеме предизвиците и да обезбедиме долгорочен одржлив раст за Северна Македонија, минатата година ја донесовме Рамката за развој „МКД 2030“ во која утврдивме четири развојни приоритети. Меѓу другото, тие опфаќаат вложување во образованието, дигитализацијата и ИТ секторот, земјоделството, екологијата и енергетиката, особено чистата енергија. Оние компании кои навреме ќе инвестираат во развојот на овие области кај нас ќе се стекнат со конкурентна предност на македонскиот пазар во наредните децении. Затоа, ја користам оваа прилика да ги поканам македонските и австриските компании да соработуваат во областите за кои е утврдено дека ќе бидат наши развојни стратешки прироитети во иднина. За Австрија да продолжи да биде број еден инвеститор во Северна Македонија, не само во наредните неколку години туку и во наредните децении, нужно е да отвориме новите перспективи во економската соработка. Улога на државите е да создаваат услови за вие да може полесно и подобро да соработувате. Меѓу Северна Македонија и Австрија нема отворени прашања, туку само отворени можности. Се надевам дека овој форум ќе биде потврда на досегашната квалитетна соработка, но и почеток на нова фаза на соработката помеѓу компаниите од двете земји. Ви посакувам успешна деловна средба, сигурен сум дека ќе размените важни информации и ќе успеете да се поврзете на начин кој би бил од корист за унапредување на бизнис климата во двете држави. Наредната 2024-та ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две пријателски држави. Во пресрет на тој значаен јубилеј, ве повикувам да ја искористите стекнатата доверба и да ја продлабочите соработката, истакна Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-van-der-belen-se-obratija-na-makedonsko-avstriskiot-ekonomski-forum/feed/ 0
Ван дер Белен: Не губете време, не треба да се драматизира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/van-der-belen-ne-gubete-vreme-ne-treba-da-se-dramatizira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/van-der-belen-ne-gubete-vreme-ne-treba-da-se-dramatizira/#respond Wed, 29 Mar 2023 10:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=817685

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен вели дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не треба да се драматизира. На прашање дали ќе ја убедува опозицијата да гласа за уставни промени, рече: Не би сакал премногу да се изјаснам во однос на внатрешно-политички прашања во Северна Македонија“. „Во Парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат, што стои долгорочно. Заштитата на малцинства во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене“, смета претседателот на Австрија. Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи многу време. „Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој моментум, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира“, рече Ван дер Белен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/van-der-belen-ne-gubete-vreme-ne-treba-da-se-dramatizira/feed/ 0
Анкета: Голем дел од Австријците се за укинување на функцијата претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-golem-del-od-avstrijcite-se-za-ukinuvanje-na-funkcijata-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-golem-del-od-avstrijcite-se-za-ukinuvanje-na-funkcijata-pretsedatel/#respond Mon, 30 May 2022 09:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=683416

По неколку дена, откако претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен ја најави кандидатурата за втор мандат, една третина од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, а една третина оценува оти функцијата шеф на државата е непотребна, покажуваат резултати од најновата анкета. Според истражување за телевизијата АТВ, 37 отсто од Австријците се за укинување на функцијата претседател, додека за зачувување на функцијата се изјасниле 48 проценти од испитаниците. Најголем број од кои се за укинување на функцијата претседател се поддржувачите на Слободарската партија на Австрија (ФПО). Додека анкетата на неделникот „Профил“ 46 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за Белен, а 23 проценти оти би гласале за друг кандидат. Анкетите покажуваат дека 31 отсто од Австријците изјавиле дека не сакаат да излезат на претседателски избори. За вториот мандат на претседателот Хајнц Фишер во 2010 година на гласање излегоа 53.6 отсто од граѓаните.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-golem-del-od-avstrijcite-se-za-ukinuvanje-na-funkcijata-pretsedatel/feed/ 0
Хофер: Нема да се кандидирам против Ван дер Белен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hofer-nema-da-se-kandidiram-protiv-van-der-belen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hofer-nema-da-se-kandidiram-protiv-van-der-belen/#respond Tue, 02 Jun 2020 11:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=352855

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер изјави дека нема да се кандидира на следните претседателски избори доколку противкандидат му биде сегашниот претседател на Австрија, Александер ван дер Белен. Во изјавата за виенскиот весник „Курир“, Хофер вели дека уште еднаш нема да се кандидира против Ван дер Белен. – Ако Ван дер Белен повторно се кандидира, тогаш јас нема да се кандидирам. На партијата не би и препорачал кандидатура, затоа што по правило не е можно да се победи против претседател кој повторно се кандидира, порача Хофер, кој во мај 2016 година загуби во вториот круг од Ван дер Белен. Следните претседателски избори во Австрија се планирани за 2022 година, а прашање е дали Ван дер Белен (76) ќе се кандидира за нов мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hofer-nema-da-se-kandidiram-protiv-van-der-belen/feed/ 0
Почнуваат консултациите за формирање нова влада на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuvaat-konsultaciite-za-formiranje-nova-vlada-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuvaat-konsultaciite-za-formiranje-nova-vlada-na-avstrija/#respond Wed, 02 Oct 2019 06:59:38 +0000 https://kurir.mk/?p=246860

Претседателот на Австрија Александер ван дер Белен денеска почнува консултации за формирање нова влада после изборите. Прв со кој ќе разговара ќе биде шефот на Народната партија (ОВП) Себастијан Курц, победникот на изборите. Откако во четврток попладне ќе бидат објавени конечните резултати од изборите, претседателот на најсилната партија ќе и даде мандат за водење разговори за формирање нова влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuvaat-konsultaciite-za-formiranje-nova-vlada-na-avstrija/feed/ 0
Ван дер Белен: Се заканува загрозување на имиџот на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-se-zakanuva-zagrozuvanje-na-imidzot-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-se-zakanuva-zagrozuvanje-na-imidzot-na-avstrija/#respond Fri, 02 Nov 2018 16:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=122848

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен денеска реагираше на одлуката на австриската Влада да се повлече од Договорот на ОН за миграција, истакнувајќи дека тоа ќе се одрази на угледот на земјата. Ван дер Белен, преку Фејсбук, порача дека се надева оти Владата ќе направи се за да се спречи загрозувањето на угледот и веродостојноста на Австрија на меѓународно ниво. Тој го поздрави глобалниот Договор за миграција, во чие изготвување, како што потсети, учествуваше и Австрија. Австрискиот претседател тврди дека Договорот не содржи задолжителни мерки за државите, туку само разумни предлози,  како достоинствено да се соочат со глобалниот предизвик на миграцијата. – Големите предизвици на нашата ера, од климатската криза преку геополитичките конфликти и трговските војни, до миграцијата, не можат да бидат решени самостојно од државите. Потребна ни е мултилатерална соработка, нагласи Ван дер Белен. Тој додаде дека австрискиот пат, иако Владата донела одлука, е да се остане во разговорите. Ван дер Белен најави дека ќе разговара со канцеларот Себастијан Курц и шефицата на дипломатијата Карин Кнајсел во обид да види што може да се направи Австрија да го задржи доброто ниво на разговори со меѓународните партнери за глобалните предизвици. Тој потсети дека Австрија е седиште на бројни меѓународни организации и уште еднаш потенцира дека не смее да се загрози угледот на земјата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-se-zakanuva-zagrozuvanje-na-imidzot-na-avstrija/feed/ 0