Александра Грозданова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 14:29:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александра Грозданова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Грозданова: Мал процент на вакцинирани девојчиња против ХПВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=771816

За ХПВ вакцината има релативно мал процент на вакцинирани девојчиња од различни причини. Оваа вакцина е една од најефикасните вакцини и има за цел да делува и да спречи развој на карцином на грло на матка, апелира проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на денешниот брифинг поврзан со прашања околу набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ. – Карциномот на грлото на матка е еден од водечките кај женската популација на возраст од 15 до 45 години, а е втор по ред, веднаш по карциномот на дојка. Родителите ова сериозно треба да го имаат како информација со цел да донесат одлука дали ќе ги вакцинираат своите девојчиња или не, вели д-р Грозданова. Додава дека согласно календарот за имунизација оваа вакцина се дава помеѓу девет и 12 години, а дополнително оние кои немаат примено вакцина до оваа возраст можат да ја примат до 15 години. Причината зошто баш на оваа возраст е потребно девојчињата да ја примат вакцината, како што вели д-р Грозданова, е поради тоа што од имунолошки аспект е многу важно кога ќе се даде вакцината, но дополнително, оваа вакцина е асоцирана да се прими што е можно порано, односно пред девојките да стапат во сексуални односи. – Оваа вакцина што во моментов е достапна кај нас е четиривалентна и заштитува од четирите најинвазивни серотипови, директно асоцирани со развој на рак на грло на матка. Има и нови вакцини со поголема валентност и очекувам во следните години да ги имаме и тие, додава таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/feed/ 0
Грозданова: Нема простор за паника кај оние кои ја примиле „Астра Зенека“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanova-nema-prostor-za-panika-kaj-onie-koi-ja-primile-astra-zeneka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanova-nema-prostor-za-panika-kaj-onie-koi-ja-primile-astra-zeneka/#respond Fri, 02 Apr 2021 20:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=491575

Апсолутно нема простор за паника кај граѓаните што ја примиле првата доза на вакцината против ковид на „Астра Зенека“, бидејќи ова е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, вели проф.д-р Александра Грозданова од Националната техничка група за ковид-19 вакцинација во вечерашната дебата на „360 степени“. -Вакцината на Астра Зенека е прва авторизирана и лиценцирана вакцина против ковид уште во декември 2020 година. Само за информација за граѓаните, на територијата на Велика Британија дадени се повеќе од 11 милиони дози од оваа вакцина, а на вкупната територијата на Европската унија тоа се веројатно повеќе од 20 милиони дози, вели таа. Во врска со одлуката оваа вакцина засега да не се дава на лица помлади од 60 години, Грозданова влеи дека станува збор за претпазливост. „Нормално е кога вакцината се користи во милионски дози да се најдат и луѓе кои ќе реагираат на ваков начин, кои ќе имаат несакани реакции. Она што денеска го слушнавме од германското регулаторно тело е дека препорачуваат за оние кои се под 60 години и веќе ја примиле првата доза на ‘Астра Зенека’ да не се ревакцинираат со истата, туку ревакцината да се направи со некоја од другите вакцини со мРНА како ‘Фајзер’ и ‘Модерна’. Но, ова сепак останува само во рамки на препорака“, истакна докторката, пренесе 360 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozdanova-nema-prostor-za-panika-kaj-onie-koi-ja-primile-astra-zeneka/feed/ 0