александра николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 10:29:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александра николовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николовска: Алармантно е заминувањето на младите лекари од Македонија, потребни се коренити промени и поголема мотивација и насока од страна на државата уште додека траат студиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-alarmantno-e-zaminuvaneto-na-mladite-lekari-od-makedonija-potrebni-se-koreniti-promeni-i-pogolema-motivatsija-i-nasoka-od-strana-na-drzhavata-ushte-dodeka-traat-studiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-alarmantno-e-zaminuvaneto-na-mladite-lekari-od-makedonija-potrebni-se-koreniti-promeni-i-pogolema-motivatsija-i-nasoka-od-strana-na-drzhavata-ushte-dodeka-traat-studiite/#respond Sun, 09 Jul 2023 10:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=854580

Треба да направиме вистински и коренити промени во здравствениот систем во Македонија. Иселување и реформите се два клучни збора кои се испреплетени и ние младите лекари тоа најмногу го забележуваме, затоа што е алармантно заминувањето од Македонија. нема мотивација, нема поттикнување од државата, изјави д-р. Александра Николовска, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина на тема „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот - Ова е Македонија за сите“. - Кога го завршуваме факултетот, немаме точна насока кон која треба да се определиме и тоа претставува проблем. Треба поголем поттик и поголема мотивација од страна на државата да се опфатат дефицитарни области како што се на пример семејна медицина, анестезиологија и така натаму, рече Николовска. Таа посочи дека во однос на образовниот процес, се учи од постари книги со застарена форма, а на други места како на пример во Виена веќе се сте стигнати да вежбаат со виртуелна реалност - Исто така би напоменала дека млад медицински студент се уште чека на редици со часови за запишување на нов семестар, а во Виена веќе со вештачка интелигенција се обидуваат да изведат некои операции. Според ова не би рекла дека во блиска иднина би била до современо и модерно здравство. Мојот мотив беше желбата за медицина иако знам дека е тежок, не е важно дали ќе бидеме во приватна или државна институција целта е да спасиме повеќе човечки животи, изјави Николовска. Николовска вели дека потребни се многу промени, потребен е позитивен аспект кон ситуацијата и да се види што може повеќе да направи и промени во здравството. - Мојот личен став е дека подобар дел од буџетот треба да се искористи кон здравството со цел да се набават посовремени апаратури, како за дијагностика, така за третман и инфраструктура. Потребна е и летна и зимска пракса за студентите, за да може да работи младиот лекар поради долгите студии, така повеќе ќе може да се научи, но и да работи младиот лекар, а не да оди во Хрватска преку лето да работи како келнер, потенцираше Николовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-alarmantno-e-zaminuvaneto-na-mladite-lekari-od-makedonija-potrebni-se-koreniti-promeni-i-pogolema-motivatsija-i-nasoka-od-strana-na-drzhavata-ushte-dodeka-traat-studiite/feed/ 0
Николовска: Студентите во Македонија се жртва на индиферентноста на власта, измина уште еден месец, а нема исплата на средствата за студентски оброк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-studentite-vo-makedonija-se-zhrtva-na-indiferentnosta-na-vlasta-izmina-ushte-eden-mesets-a-nema-isplata-na-sredstvata-za-studentski-obrok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-studentite-vo-makedonija-se-zhrtva-na-indiferentnosta-na-vlasta-izmina-ushte-eden-mesets-a-nema-isplata-na-sredstvata-za-studentski-obrok/#respond Thu, 02 Mar 2023 10:19:45 +0000 https://kurir.mk/?p=807048

Измина уште еден месец во кој студентите не добија никаква исплата на средствата за субвенционираниот студентски оброк. Наместо прослава и награда за успешниот крај на семестарот, завршување на испитната сесија и останати академски и професионални успеси, студентот во Македонија повторно е жртва на индиферентноста на властите кон младите и студентскиот живот, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александра Николовска од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. -Доцнењето на исплатата за месец јануари дури и на почетокот на третиот месец, по којзнае кој пат докажува дека поддршката на власта за студентите, студентскиот живот и стандард е само декларативна и наменета за личен маркетинг. Кога властите секојдневно докажуваат дека не се способни да ја изградат иднината за младите и новите генерации, треба да си заминат и да престанат да си поигруваат со нашето трпение. Наместо барање слепа послушност, конструктивност и премолчување пред колапсот на системот и институциите, властите треба во нас да го препознаат потенцијалот, креативноста и капацитетот за градење на поубаво и здраво општество, вели Николовска. Таа додава дека наместо вложување на десетици илјади евра во спонзорирани објави, како и проекти и мерки наменети за личен бенефит, апелираме до надлежните под итно да почнат да се занимаваат со реалните проблеми со кои се соочуваат студентите и младите. И ние, како и секој друг граѓанин на Македонија, заслужуваме достојни и соодветни услови за живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovska-studentite-vo-makedonija-se-zhrtva-na-indiferentnosta-na-vlasta-izmina-ushte-eden-mesets-a-nema-isplata-na-sredstvata-za-studentski-obrok/feed/ 0