александра стојановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 12:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александра стојановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојановска потпиша за Маристас Ла Коруња https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-potpisha-za-maristas-la-koruna/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-potpisha-za-maristas-la-koruna/#respond Tue, 10 Jan 2023 12:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=785514

Македонската кошаркарска репрезентативка, Александра Стојановска потпиша за шпанскиот второлигаш Маристас Ла Коруња. Претходно, најдобрата македонска кошаркарка за 2022 година беше член на грчкиот прволигаш Гас Јоникос. Стојановска беше еден од најдобрите играчи во екипата од Атина. Во досегашниот дел од сезоната нашата искусна репрезентативка одигра 13. натпревари на кои во просек реализираше по 10,3 поени, имаше и по 4,7 скока и 2,6 асистенции за просечни 27 минути поминати на теренот. Стојановска доаѓа во екипа која е во долниот дел од табелата во ЛФ2 лигата на Шпанија, во која од почетокот на сезоната е и уште една репрезентативка – Нена Трајчевска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-potpisha-za-maristas-la-koruna/feed/ 0
Стојановска: Година за паметење, најдобрата во мојата кариера https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-godina-za-pametenje-najdobrata-vo-mojata-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-godina-za-pametenje-najdobrata-vo-mojata-kariera/#respond Tue, 27 Dec 2022 07:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=780969

Александра Стојановска е најдобрата кошаркарка во Македонија за 2022 година. Апсолутно заслужено ако се земе в предвид сето она што го „заработи“ во текот на изминатите 12 месеци, како во домашното првенство, така и со настапите во ВАБА лигата, како и игрите во нашиот женски сениорски национален тим. Стојановска, која моментално настапува за еден грчки прволигаш, направи и една мала ретроспектива на одработеното во календарската година. -Пред се, сакам да кажам дека за овој мој успех најзаслужни се девојките од Бадел 1862, потоа, мојот тренер Перо Стамески, комплетниот стручен штаб, давајќи ми неизмерна поддршка во минатата сезона. Би сакала да кажам дека досега е и најдобра сезона во моја кариера, во која беа вклучени и настапите во Јадранската лига каде што направивме неочекуван историски успех, како за клубот, така и за македонската кошарка. Но исто така и домашното првенство кое беше на едно доста високо ниво, со доста неизвесен крај, во кој ние како тим успеавме да го крунисаме со титула. Дефинитивно, тоа беше сезона на која сите љубители на кошарката ќе се сеќаваат со задоволство. Благодарам на моето семејство кое е секогаш тука за мене и ми даваа сила да се борам за она што го сакам, и да напредувам во тоа што моментално го правам, потенцира Стојановска по добивањето на заслуженото признание, најдобра во 2022 година.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-godina-za-pametenje-najdobrata-vo-mojata-kariera/feed/ 0
Стојановска: Напорноста се исплатеше, награда е титулата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-napornosta-se-isplateshe-nagrada-e-titulata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-napornosta-se-isplateshe-nagrada-e-titulata/#respond Thu, 17 May 2018 13:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=55291

Најдобрата кошаркарка во женското финале од плејофот на македонскиот шампионат, Александра Стојановска, е задоволна од освојувањето на шампионската титула која Бадел 1862 ја освои по 3-0 во победа над големиот ривал Вардар. За клубот од Кисела Вода ова беше петта титула по ред. - Ова беше една тешка сезона за нас, се соочивме со многу повреди и лоши моменти, но и покрај тоа работевме доста напорно, едноставно игравме една за друга на терен и мислам дека сосема заслужено победивме на крај, изјави МВП Стојановска. Кошаркарките од ЖКК Бадел 1862 и на овој натпревар ја имаа поддршката од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. - Задоволството е големо, ако се земе предвид дека минатата година клубот го напуштија три квалитетни кошаркарки во странство, бројни повреди и кооптирање на млади кошаркарки во првиот тим. Но, со многу работа, желба и посветеност квалитетот дојде до израз, доминанто ја освоивме титулата. Би сакал да искажам голема благодарност до девојките, стручниот тим и управата на клубот, и секако до градоначалникот Филип Темелковски кој со своето присуство и бодрење на нашиот клуб на натпреварот допринесе за освојување на титулата, како и преку  поддршката на финансиски и логистички план која ни ја овозможи, истакна Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovska-napornosta-se-isplateshe-nagrada-e-titulata/feed/ 0