Александра Велинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 09:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александра Велинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова ќе биде промовиранана Саемот на книгата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-kriljata-na-samovilskoto-konche-od-aleksandra-velinova-ke-bide-promoviranana-saemot-na-knigata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-kriljata-na-samovilskoto-konche-od-aleksandra-velinova-ke-bide-promoviranana-saemot-na-knigata/#respond Tue, 02 May 2023 09:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=829625

„На крилјата на самовилското коњче“ од авторката Александра Велинова е нова петта илустрирана книга за деца која ќе биде промовирана во петок во 18 часот во Промотивниот Центар на Саемот на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци ќе драматизираат ученици од основното училиште „Блаже Конески“ од Аеродром во костими од рециклирана хартија. На 25 страници со соодветни колор илустрации, љубопитниот Алексеј и самовилското коњче преку својата авантура ја запознаваат читателската публика со убавините на Малешевските планини и ретките ендемски видови кои се наоѓаат таму. Книгата има цел да ја поттикне и развие еколошката свест од најрана возраст и праќа силна еколошка порака: да внимаваме како се однесуваме во природата со животинскиот и растителниот свет, бидејќи сме дел од неа. Прекрасните колоритни илустрации привлечни за детското око се на илустраторката Славица Купенкова, уредник на книгата е Михајло Маказлиев кој е и компјутерски и графички дизајнер, лектурата е на проф. д-р Елизбета Бандиловска, а рецензент е Љубинка Донева. Александра Велинова е новинарка, презентерка и член на ДПМ. Има напишано неколку книги за деца меѓу кои: „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“. и „Стефан во Дино парк“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-kriljata-na-samovilskoto-konche-od-aleksandra-velinova-ke-bide-promoviranana-saemot-na-knigata/feed/ 0
Светскиот ден на литература за деца одбележан со нова книга: „Стефан во Дино Парк“ од Александра Велинова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetskiot-den-na-literatura-za-deca-odbelezan-so-nova-kniga-stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetskiot-den-na-literatura-za-deca-odbelezan-so-nova-kniga-stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova/#respond Sat, 02 Apr 2022 17:52:05 +0000 https://kurir.mk/?p=657514

Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „Стефан во Дино Парк“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив. Извадоци од рецензиите: „Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија…“ (Проф. д-р Благица Петковска) „Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите…“ (Трајче Кацаров) Автор: Александра Велинова Илустрации: Игор Јовчевски Уредник: Михајло Маказлиев Лектура: д-р Лилјана Пандева Рецензија: проф. д-р Благица Петковска и м-р Трајче Кацаров Компјутерска обработка и дизајн: Михајло Маказлиев]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetskiot-den-na-literatura-za-deca-odbelezan-so-nova-kniga-stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova/feed/ 0
Промоција на „Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ за деца на „Саем на книга“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-makedonska-ilutrirana-enciklopedija-za-deca-za-deca-na-saem-na-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-makedonska-ilutrirana-enciklopedija-za-deca-za-deca-na-saem-na-kniga/#respond Thu, 03 May 2018 10:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=49226

„Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7.5 (понеделник) во 10 и 30 часот, во рамки на 30-тиот по ред „Саем на книга“. Промотори на енциклопедијата се  проф. Д-р Христо Петрески и учениците од О.У. „Кузман Ј. Питу“ Општина Кисела Вода од Скопје и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје. Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето. Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата. Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца. Рецензенти на енциклопедијата се  проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска - Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и на д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-makedonska-ilutrirana-enciklopedija-za-deca-za-deca-na-saem-na-kniga/feed/ 0