алексинац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Oct 2021 09:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алексинац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Први фотографии од запалениот автомобил на убиеното семејство Ѓокиќ, „Пасатот“ целосно уништен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-prvi-fotografii-od-zapaleniot-avtomobil-na-ubienoto-semejstvo-gjokikj-pasatot-celosno-unishten/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-prvi-fotografii-od-zapaleniot-avtomobil-na-ubienoto-semejstvo-gjokikj-pasatot-celosno-unishten/#respond Sun, 03 Oct 2021 09:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=572150

Тричленото семејство Ѓокиќ е убиено ноќта меѓу неделата и понеделник, а по убиецот се уште се трага. Рано утринава, јавуваат српските медиуми, полицијата продолжила во увидот во атарот на селото каде вчера е пронајден запален автомобилот „Пасат“ сопственост на семејството. Автомобилот денеска е подигнат од лице место и е предаден за натамошни анализи. На осум километри од запалениот автомобил полицијата ги пронајде вчера и телата на членовите на семејството Ѓокиќ. Телата на Горан (57), Гордана (56) и ќерката Лидија (25) се пронајдени во атар на селото Моравац каде на 26 септември им се губи секаква трага. Семејството се враќало кон Алексинац откако биле на гости во селото кај мајката на Горан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-prvi-fotografii-od-zapaleniot-avtomobil-na-ubienoto-semejstvo-gjokikj-pasatot-celosno-unishten/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНАТОТО СЕМЕЈСТВО ОД АЛЕКСИНАЦ: Пронајдени трите тела – две целосно пеплосани, на третото само лицето му било изгорено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-pronajdeni-trite-tela-dve-celosno-peplosani-na-tretoto-samo-liceto-mu-bilo-izgoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-pronajdeni-trite-tela-dve-celosno-peplosani-na-tretoto-samo-liceto-mu-bilo-izgoreno/#respond Sat, 02 Oct 2021 15:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=571883

Телата на Горан, Гордана и Лидија Ѓокиќ, по кои се трагаше неколку дена, беа пронајдени денеска , а според првите информации, станува збор за убиство. Според првите информации, семејството Ѓокиќ е убиено. Две тела биле јагленисани, а на третото тело му било изгорено само лицето. Истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Ниш. Според изворот на порталот Нова.рс близок до истрагата, семејството Ѓокиќ бил идентификуван по својот накит, а има и некои информации. - Постојат одредени претпоставки за сторителот на делото. Постои сомневање дека се работи за личност која ја напуштила земјата, вели изворот на Нова.рс Да потсетиме, Горан (57), неговата сопруга Гордана (56) и ќерката Лидија (25) Ѓокиќ последен пат биле видени на 26 септември во селото Шитковац, општина Алексинац, од каде што со својот црн Фолксваген Пасат се возеа кон Алексинац. Најпрво, денеска бил пронајден запален „пасат“, кој бил во нивна сопственост, а потоа и телата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-pronajdeni-trite-tela-dve-celosno-peplosani-na-tretoto-samo-liceto-mu-bilo-izgoreno/feed/ 0
Се поизвесно: Пронајдените тела се на семејството Ѓокиќ, биле покриени со гранки и листови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-poizvesno-pronajdenite-tela-se-na-semejstvoto-gjokikj-bile-pokrieni-so-granki-i-listovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-poizvesno-pronajdenite-tela-se-na-semejstvoto-gjokikj-bile-pokrieni-so-granki-i-listovi/#respond Sat, 02 Oct 2021 12:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=571828

Иако се уште нема официјална потврда од институциите дека пронајдените тела се на исчезнато семејство Ѓокиќ, се поизвесно е дека тоа е вистината. Медиумите во Србија јавуваат за нови детали до кои успеале да дојдат од извори од истрагата. Имено, денеска беше пронајден запален автомобилот „Пасат“ во сопственост на семејството од Алексинац. Во негова близина покриени со гранки и листови биле откриени безживотните тела. Според најновите информации, во атар на селото Моравац во густа грмушка била пронајдена рака за која се верува дека е поврзана со случајот со исчезнувањето на семејството Ѓокиќ. Полициски екипи го блокирале и го обезбедуваат целиот терен. Се чекаат форензичари од Белград, по што официјално треба да бидат познати повеќе детали. Се утврдува дали се работи за тројно убиство или двојно убиство и самоубиство. Горан (57), Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) исчезнале во неделата вечерта откако си заминале од вечера на која биле кај мајката на Горан. Тука им се губи трагата. Семејството Ѓокиќ имало менувачница, а нивното семејство и пријателите се сомневаат дека некој им го пресретнал патот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-poizvesno-pronajdenite-tela-se-na-semejstvoto-gjokikj-bile-pokrieni-so-granki-i-listovi/feed/ 0
ФОТО: Полицијата пронајде запален автомобилот, се верува дека е на исчезнатото семејство од Алексинац, во близина откриени и тела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-policijata-pronajde-zapalen-avtomobilot-se-veruva-deka-e-na-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-vo-blizina-otkrieni-i-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-policijata-pronajde-zapalen-avtomobilot-se-veruva-deka-e-na-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-vo-blizina-otkrieni-i-tela/#respond Sat, 02 Oct 2021 11:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=571797

Полицијата денеска пронашла автомобилот „Пасат“ за кој се верува дека е на семејството Ѓокиќ кое е пријавено за исчезнато. Дел од српските медиуми јавуваат дека во близина на автомобилот наводно се пронајдени и тела, но официјална потврда за ова нема. Телата, јавуваат медиумите, се верува дека се на членовите на исчезнатото семејство. Горан (57), Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) исчезнале во неделата вечерта откако си заминале од вечера на која биле кај мајката на Горан. Тука им се губи трагата. Семејството Ѓокиќ било сопственик на менувачница, а нивното семејство и пријателите се сомневаат дека некој им го пресретнал патот. Се уште нема официјална потврда колку тела се пронајдени и дали навистина се работи за исчезнатото семејство. Полицијата го блокираше приодот кон патот, а на лице место пристигнал и братот на Гордана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-policijata-pronajde-zapalen-avtomobilot-se-veruva-deka-e-na-ischeznatoto-semejstvo-od-aleksinac-vo-blizina-otkrieni-i-tela/feed/ 0