алексндар вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 12:23:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алексндар вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ: Избори можеби и пред 2 март https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izbori-mozhebi-i-pred-2-mart/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izbori-mozhebi-i-pred-2-mart/#respond Tue, 12 Sep 2023 12:23:51 +0000 https://kurir.mk/?p=877277

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Ниш изјави дека го прочитал писмото од опозициските партии, според кое изборите треба да се одржат најдоцна до 2 март и посочи дека одговор ќе добијат до крајот на месецот, како и дека изборите може да се одржат пред 2 март. „Го прочитав писмото од партиите од поранешниот режим, ги има 95 отсто од поранешниот режим. Тие велат дека изборите мора да се распишат до крајот на декември, што значи дека би се одржале најдоцна, според за нив затоа што се богови, до 2 март. Добро, но ќе видам, можеби ќе биде пред тоа. До крајот на месецот ќе добијат одговор“, рече Вучиќ во Ниш на новинарско прашање дали го прочитал писмото на опозицијата и што мисли зошто опозицијата се плаши од зголемување на цензусот, од три на пет проценти. Тој рече дека претставниците на опозицијата „можеле веднаш наместо да лажат четири месеци да кажат дека се против избори и се закануваат дека ќе го тепаат, обесат, запалат на клада, дека ќе плови по Дунав ако ги распише.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izbori-mozhebi-i-pred-2-mart/feed/ 0
Вучиќ: Во среда лично ќе купам паризер и јогурт за појадок, па нека се смеат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-sreda-lichno-ke-kupam-parizer-i-jogurt-za-pojadok-pa-neka-se-smeat-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-sreda-lichno-ke-kupam-parizer-i-jogurt-za-pojadok-pa-neka-se-smeat-video/#respond Tue, 12 Sep 2023 05:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=877116

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вчерашното обраќање, по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје, коментираше дека опозицијата негодува поради неодамна објавеното намалување на цената на основните прехранбени производи. „Во среда лично ќе купам паризер и јогурт за појадок, а тие нека се смеат дека се грижиме за народот“ – напиша Вучиќ на Инстаграм. Вучиќ изјави дека лично ќе купи паризер и дека заедно со министерот за финансии Синиша Мали и министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ ќе прави сендвичи и ќе ги јаде, и на овој начин ќе покаже дека тој и Владата на Србија не се срамат и дека мерката ја носат затоа што мислат и се грижат за народот.
„Баш ќе ги купам, и јогуртот што го претставивме и паризерот, лично ќе си го купам во среда. И ќе ги викнам Мали и Момировиќ. И ќе направиме сендвичи. Знаете како правевме како деца, во четвртина леб. Ќе земеме малку мајонез и ќе ставиме малку паризер и тоа ќе ни биде појадок – рече Вучиќ на конференцијата во Скопје. Тој додаде дека тој и Владата на Србија не си играат со народот, туку мислат на народот, а дел од опозицијата се потсмева со мерките што ги носи Владата, бидејќи на секој можен начин се обидуваат да го критикуваат него и Владата. за да дојдат на власт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-sreda-lichno-ke-kupam-parizer-i-jogurt-za-pojadok-pa-neka-se-smeat-video/feed/ 0
Вучиќ вечерва ќе се обраќа на јавноста за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-se-obrakja-na-javnosta-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-se-obrakja-na-javnosta-za-kosovo/#respond Thu, 15 Dec 2022 11:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=776032

Српската влада вечерва ќе одржи седница, на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на која ќе се донесе одлука за враќање на војската и полицијата на Косово, по што е најавено обраќање на Вучиќ. Како што најави Вучиќ пред пет дена, усогласен е текстот со кој согласно Резолуцијата 1244 Србија ќе упати барање до КФОР да обезбеди распоредување на српската војска и полиција на Косово. Според медиумите, седница на владата е закажано во 20 часот, а Вучиќ ќе се обрати на јавноста на РТС во 21 часот. Во текот на денот, тој е во работна посета на Унгарија, каде со унгарската претседателка Каталин Новак е во обиколка на привремените гранични бариери на унгарско-српката граница. Вучиќ, како што пренесуваат медиумите ќе ја соопшти одлуката на владата, а се очекува да ги каже и деталите од вчерашните разговори со специјалните пратеници на САД и ЕУ, Габриел Ескобар и Мирослав Лакчак. САД не се согласуваат со испраќањето барање до КФОР, а нивниот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пред вчерашната средба со Вучиќ изјави дека САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. По средбата со Вучиќ, тој повтори дека САД „категорично го отфрлаат враќањето на српската војска на северот на Косово“. -Не треба да ја милитаризираме оваа криза. Не е време да се користи војската, време е да се користи дипломатија, дијалогот и компромисот, како и имагинацијата, да се замисли што носи иднината на регионот, рече Ескобар. И Германија не го поддржува испраќањето на српската војска на Косово. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека враќањето на војската на Србија на Косово е неприфатливо. Според Новости, во барањето на Белград за враќање на дел од војската и полицијата на Косово, детално се наведени причините зошто е неопходно доаѓањето на српските безбедносни сили, а со документот на командантот на меѓународната воена мисија Анџело Ристучи испратаени се шест детални прилози со податоци за заканите кон Србите и другите неалбанци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-vecherva-kje-se-obrakja-na-javnosta-za-kosovo/feed/ 0
Вучиќ: Протестите се обид на опозицијата да се врати на власт https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-protestite-se-obid-na-opozicijata-da-se-vrati-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-protestite-se-obid-na-opozicijata-da-se-vrati-na-vlast/#respond Fri, 10 Jul 2020 11:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=373250

-Како и да ја свртите работата , нема за тоа никаква причина. Причината е да дојдат на власт, без избори и без волјата на народот и мислам дека на секој човек тоа му е потполно јасно, рече српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова  е обид на опозицијата да дојде на власт. Вака Вучиќ ги оцени протестите во Србија, кои продолжија сношти, трета вечер по ред. Тој ја даде изјавата од Париз, каде беше пречекан со протести, а денеска ќе се сретне со официјални претставници од Косово, во присуство на францускиот претседател Макрон и германската канцеларка, Меркел. Претседателот на Србија кој се предомисли и не воведе полициски час, од вечерва до понеделник, потенцира дека протестите немаат врска со корона кризата, туку со желбата опозицијата да се врати на власт. Синоќешните протести во српската престолнина и во повеќе градови во внатрешноста поминаа релативно мирно, во споредба со првите две вечери, кога ескалираа со насилство. Беа организирани под слоганот „ Седи, не наседнувај“, а граѓаните седеа пред Народното собрание во Белград и по плоштадите, дистанцирајќи се од насилството. Иако започнаа од незадоволството кон власта за справувањето со здравствената криза и преполнетите болници, протестите , според некои српски медиуми, го одразуваа ставот на граѓаните против власта на Александар Вучиќ и потребата од промени. Неизвесно е дали и како протестите ќе продолжат вечерва, со оглед на официјалната забрана за јавни собири, која стапи денеска на сила. Од почетокот на епидемијата , во Србија од Ковид- 19 се заболени над 17 илјади граѓани, а до вчера починаа 352. Нови 10 починати сношти, се регистрирани во Нови Пазар, кој важи за жариште на епидемијата, на југот од земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-protestite-se-obid-na-opozicijata-da-se-vrati-na-vlast/feed/ 0
Вучиќ: Нема да одам во Црна Гора на Бадник, ние сме еден народ, ќе се бориме со вистината https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-odam-vo-crna-gora-na-badnik-nie-sme-eden-narod-kje-se-borime-so-vistinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-odam-vo-crna-gora-na-badnik-nie-sme-eden-narod-kje-se-borime-so-vistinata/#respond Sat, 04 Jan 2020 11:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=285522

Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да не оди во приватна посета на Црна Гора на Бадник. Вучиќ на вонредна прес-конференција по средбата со патријархот на СПЦ Иринеј рече дека оваа одлука ја поддржал патријархот Иринеј, истакнувајќи дека не сакал да им дава алиби на црногорските власти дека тоа ќе биде напад на независноста и уставноста на таа држава. – Не сакам да му дадам алиби на црногорскиот режим кој ќе каже дека станува збор за напад врз независноста и уставниот поредок на Црна Гора. Ние ја почитуваме независноста и уставниот поредок на Црна Гора и никогаш ниту на кој било начин не сме го загрозиле, ниту сме заинтересирани за тоа, рече Вучиќ. Тој додаде дека била договорена посетата на Плевља и на Милешевската епархија, дека сè било подготвено и дека се очекувало доаѓање на 30 до 40 илјади Срби од Црна Гора. – Ја донесов таа одлука затоа што не сум сигурен дека нема да има предизвикување конфликти, а јас нив не ги сакам. Затоа што знам дека некои тоа би го искористиле за да му наштетат на српскиот народ во Црна Гора, истакна тој. Вучиќ им се заблагодари на Србите во Црна Гора, градоначалниците и претставниците на српските политички партии кои го поддржале неговото пристигнување, јави дописникот на МИА од Белград. – Мојата клучна порака до нашиот народ во Црна Гора е дека ние сме еден народ и нема да дозволиме никој да ни го уништи минатото или иднината. Ние ќе се бориме со вистината, не со оружје, не со лаги со кои тие се служат, само со вистината. Ние сакаме да разговараме со нив, затоа што тие се наши браќа, но ќе мора и тие да ги почитуваат нивните браќа, рече Вучиќ. Тој ја обвини меѓународната заедница за „хистерична кампања на лаги“ и ја наведе агенцијата АП како пример, која информираше дека српскиот претседател „со својата посета „долева масло на огнот“. Вучиќ додаде дека не очекувал оваа посета да биде причина црногорските власти да го повикаат НАТО и дека ова е добро бидејќи покажува каков бес искажуваат црногорските власти кон Србија. – Лицемерието на меѓународната заедница е толку немилосрдно што едвај чекав да видам кој би се осмелил да ме повика, да ми каже за мојата посета на Црна Гора, рече Вучиќ. Тој најави дека државата Србија ќе ги поддржи сите институции на српскиот народ во Црна Гора, но нема да се меша во државните прашања. Вучиќ рече дека нема да замине на Косово за Божиќ затоа што би бил уапсен, поради тоа што таму би се осмелил да ја каже вистината за Рачак, додавајќи дека „белосветските хохштаплери“ му вовеле вербален деликт. Вонредното обраќање на српскиот претседател следеше по новогодишните протести, апсењето и немирите во Црна Гора и протестите, протестните ноти, палењето на црногорското знаме пред амбасадата на Црна Гора во Белград, што ги усложни односите меѓу овие две земји./миа/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-da-odam-vo-crna-gora-na-badnik-nie-sme-eden-narod-kje-se-borime-so-vistinata/feed/ 0
Вучиќ му го честита на Путин Денот на руските безбедносни служби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-mu-go-chestita-na-putin-denot-na-ruskite-bezbednosni-sluzbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-mu-go-chestita-na-putin-denot-na-ruskite-bezbednosni-sluzbi/#respond Thu, 20 Dec 2018 14:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=142840

Српскиот претседател Александар Вучиќ му го честита на рускиот колега Владимир Путин Денот на безбедносните служби, соопштија од кабинетот на шефот на српската држава. – Почитуван претседателе и драг пријателе. Искрено Ви го честитам Денот на припадниците на безбедносните органи на Руската Федерација, не само како претседател на Руската Федерација, туку и како човек, кој својата блистава кариера ја почнал во органите на државната безбедност, се наведува во честитката до Путин. Српскиот претседател, исто така, се заблагодарил и за досегашната поддршка на Русија, изразувајќи задоволство од претстојната посета на Путин на Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-mu-go-chestita-na-putin-denot-na-ruskite-bezbednosni-sluzbi/feed/ 0