Ален Делон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 11:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ален Делон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Партнерката на Ален Делон: Неговите деца манипулираат со него https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/partnerkata-na-alen-delon-negovite-detsa-manipuliraat-so-nego/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/partnerkata-na-alen-delon-negovite-detsa-manipuliraat-so-nego/#respond Fri, 29 Sep 2023 11:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=883221

Партнерката на францускиот глумец Ален Делон смета дека неговите деца манипулираат со него. Според неа, Делон можеби не ги знае сите подробности околу тужбата што ја поднесе неговото семејство. Инаку, децата на Ален - Анушка, Ален-Фабијан и Антони Делон ја обвинија Ролен за предизвикување морална штета. Според телевизијата „Франс 3“, тие тврдат дека жената не му давала пристап на актерот до неговите лични преписки и му ги читала писмата. Според француските закони, таквите постапки може да доведат до затворска казна до три години, како ид 45.000 евра парична казна. Ален Делон се приклучи на жалбата што неговите деца ја поднесоа против Хироми Ролен, принудувајќи ја да го напушти својот дом. Партнерката на Делон ги отфрли сите обвинувања и рече дека меѓу неа и глумецот има прекрасен однос. Во 2017., Ален Делон објави дека се повлекува од кинематографијата. Летото 2019 година, преживеа мозочен удар, а неколку месеци претходно беше награден со почесната Златна палма на Меѓународниот филмски фестивал во Кан за неговиот траен придонес во кинематографијата. Францускиот заводник глумел во повеќе од 90 филмови, меѓу коишто и „Под светлото сонце“ (1960), „Роко и неговите браќа“ (1961), „Гепард“ (1963), „Базен“ (1969).]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/partnerkata-na-alen-delon-negovite-detsa-manipuliraat-so-nego/feed/ 0
Полиција упадна во домот на партнерката на Ален Делон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/politsija-upadna-vo-domot-na-partnerkata-na-alen-delon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/politsija-upadna-vo-domot-na-partnerkata-na-alen-delon/#respond Thu, 27 Jul 2023 12:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=860713

Домот на партнерката на Ален Делон, Хироми Ролен, што се наоѓа во предградие на Париз вчера бил претресен по двете судски претставки од трите деца на легендата на францускиот филм, во коишто се вели дека „го подложила на морално малтретирање“ Делон (87), но и самите нив. Таа, инаку, го негира тоа. Децата на Делон - Анушка, Ален-Фабијан и Антони Делон поднесоа жалба на 5 јули. Тие го осудија „понижувачкиот и агресивен однос“ на неговата „придружничка“, како и „нејзините постапки насочени кон поштата и телефонските пораки на глумецот и ударите што му ги нанесувала на неговото куче“, се вели во соопштението на обвинителот. „Во потпишаната декларација приложена кон жалбата се наведува дека Ален Делон се придружува кон неа“, се додава. Антони Делон поднесе втора жалба за „намерно насилство и секвестрација против ранлива личност, злоупотреба на слабост и морално малтретирање“. Прелиминарната истрага почна на 6 јули. Хироми Ролен, беше протерана на 5 јули од имотот во Души. Таа ги оспори обвиненијата и поднесе жалба на 7 јули. Според адвокатот на децата на Делон, Кристоф Ајела, „по кардиоваскуларната несреќа на г-дин Ален Делон во 2019 година, оваа жена која се преселила во неговиот дом станувала сè поагресивна и попонижувачка кон него и неговите деца“. Адвокатот додава дека „постојано го изолира Делон од неговите блиски пријатели и семејството, користејќи манипулации и закани“. Ролен работела како помошничка-режисерка на неколку филмови во 80-тите и 90-тите. Како одговор на тужбата, таа го претстави своето гледиште во документ од 39 страници испратен до обвинителот во Монтаржи. Во него таа го негира зборот „придружничка“ и зборува за „интимна врска“ со Ален Делон, кого го запознала 1989 година. Таа објаснува дека се преселила во куќата во Души во 2006. за тие да „живеат како двојка“. Ролен, исто така, инсистира дека децата на филмската ѕвезда „никогаш не ја прифатиле“ нивната љубовна врска. Откако глумеше во повеќе од 90 филмови, меѓу кои „Роко и неговите браќа“, „Гепард“, „Базен“, „Зоро“, во 2017 година Ален Делон објави крај на филмската кариера. Глумецот доживеа мозочен удар летото 2019 година. На Филмскиот фестивал во Кан претходно, во мај 2019 година, Делон беше награден со почесна Златна палма за неговиот траен придонес во кинематографијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/politsija-upadna-vo-domot-na-partnerkata-na-alen-delon/feed/ 0
Ален Делон доживеал мозочен удар! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-doziveal-mozochen-udar-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-doziveal-mozochen-udar-foto/#respond Fri, 09 Aug 2019 17:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=228181

Ален Делон, познатиот француски актер, доживеал мозочен удар пред неколку недели, соопшти неговото семејство. Делон оперирал хеморагија (крвавење во мозокот) како резултат на мозочниот удар. По итната операција во париската болница, тој бил пренесен на интензивна нега, каде престојувал три недели. Ентони Делон изјави за АФП дека неговиот татко сега се чувствува добро и дека е под постојан надзор на лекарите во Швајцарија. – Тој беше опериран во болницата Питие-Салпетриере во Париз, каде по операцијата помина три недели на интензивна нега. Целото семејство беше со него, мајка ми Натали, мојот брат и сестра – изјавил Ентони. „Виталните функции се во одлична состојба и тој закрепнува на клиниката во Швајцарија. Покрај него е сестра ми, која живее во Швајцарија и секојдневно нè информира за неговиот напредок.“ На средината на јуни, актерот бил примен во болницата поради вртоглавица и мигрена, кои веројатно резултирале со силен мозочен удар. Делон има 83 години и важи за еден од најголемите француски актери во историјата. Тој глумеше во 80 филмови, а оваа година ја доби наградата за животно дело „Palme d’Or d’honneur“ во Кан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-doziveal-mozochen-udar-foto/feed/ 0
Ален Делон прими награда за животно дело https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/#respond Mon, 20 May 2019 06:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=199831

Францускиот актер Ален Делон (83) сношти ја прими наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Кан. Почесната Златна палма (Палм д`Ор), Делон ја заслужи со кариерата долга шест децении. Наградата му ја врачи ќерката Анушка Делон. -Едно нешто за коешто сум сигурен и на кое сум горд – е мојата кариера. И оваа награда која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет, рече Делон. Делон првиот филм го сними 1963 година, а тоа беше остварувањето на Лукин Висконти – „Леопард”. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/alen-delon-primi-nagrada-za-zivotno-delo/feed/ 0