алергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 16:07:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алергија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗАШТИТЕТЕ СЕ: Алергијата од сонце може да биде опасна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-se-alergijata-od-sontse-mozhe-da-bide-opasna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-se-alergijata-od-sontse-mozhe-da-bide-opasna/#respond Fri, 07 Jul 2023 16:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=854144

Кремите со заштитен фактор ја штитат кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење… Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“. Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем. Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело. За да се заштитите навреме, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила: -не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот. -носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор. -нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на скриените делови и на оние каде кожата е почувствителна. -пред изложување на сонце, не ставајте парфеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtitete-se-alergijata-od-sontse-mozhe-da-bide-opasna/feed/ 0
Храна што треба да ја избегнувате ако имате алергија на полен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-alergija-na-polen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-alergija-na-polen/#respond Tue, 18 Apr 2023 20:53:26 +0000 https://kurir.mk/?p=825129

Сите оние кои имаат алергија на полен знаат дека постојат различни начини за ублажување, но понекогаш ниту еден од нив не е доволно ефикасен и покрај трудот. Една од работите што исто така влијае на алергијата е исхраната, односно има намирници кои можат само дополнително да ја влошат состојбата. Затоа, во таква ситуација треба да се избегнуваат следниве намирници: Млечни производи Млечните производи можат да го стимулираат производството на слуз, што ги влошува симптомите како затнат нос и течење на носот. Додека е активна таканаречената пролетна сезона на алергени, можеби е најдобро да избегнувате храна како млеко, јогурт, па дури и сирење. Алкохол Кога имате алергија на полен, телото ослободува хистамин како одбрана од нешто што го доживува како закана. Телото може да произведе хистамин, но може да се најде и во одредени видови храна и пијалоци, вклучувајќи го и алкохолот, што значи дека редовното консумирање алкохол ќе го зголеми нивото на хистамин во вашето тело и ќе доведе до чешање на кожата и затнат нос. Кафе Ниту вие не треба да пиете кафе, бидејќи како и алкохолот содржи големи количини на хистамин, што значи дека секој пат кога ќе посакате да пиете кафе, може да ги влошите симптомите на алергија. Јаткасти плодови Иако јаткастите плодови се една од најздравите намирници што можете да ги јадете, тие исто така содржат хистамин. Ова особено се однесува на оревите и индиските ореви. Затоа избегнувајте ги овие видови на храна и обидете се да ги замените со маслиново масло како извор на здрави масти во овој период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-alergija-na-polen/feed/ 0
Дали знаете дека постои алергија на ОБЛЕКА? Проверете дали ја имате, еден симптом може да биде ОПАСЕН! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-deka-postoi-alergija-na-obleka-proverete-dali-ja-imate-eden-simptom-moze-da-bide-opasen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-deka-postoi-alergija-na-obleka-proverete-dali-ja-imate-eden-simptom-moze-da-bide-opasen/#respond Thu, 13 Oct 2022 12:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=744781

Ако вашата кожа ве чеша од волнен џемпер или ако вашите полиестерски панталони ви предизвикаат осип, може да имате нешто што се нарекува дерматитис на текстил или облека. Тоа е форма на контактен дерматитис што се јавува кога вашата кожа реагира на влакна во облеката или на бои и други хемикалии што се користат за ткаенината. Со оглед на тоа што облеката е во близок контакт со кожата во поголемиот дел од денот, не е изненадување што предметите за облека можат да предизвикаат проблеми со кожата. Секаков вид на влакна може да предизвика осип, но поголема е веројатноста да добиете текстилен дерматитис од облека направена од синтетика како полиестер, најлон, спандекс или гума. Поради нив кожата не дише толку добро како со природните влакна и ве тераат да се потите повеќе. Ако сте алергични на никел, може да ви се појави осип кога копчето од фармерките ја допира вашата кожа. Накитот направен од никел може да го предизвика истото. Кои се симптомите? Симптомите на текстилен дерматитис се појавуваат во рок од неколку часа по носењето на облеката. Тие најчесто се појавуваат во кожните набори или други области кои доаѓаат во контакт со вашата облека. 1. Во средината на раката 2. Зад коленото 3. Под пазувите 4. На препоните 5. На места каде што облеката ви е тесна Кој е изложен на ризик да добие ваков тип на алергија? Жените почесто се соочуваат со оваа алергија бидејќи повеќе носат тесна облека. Исто така, ризичната група вклучува дебели луѓе кои повеќе се потат. Луѓето со атопичен дерматитис, кожна болест која ги погодува претежно децата, исто така имаат поголема веројатност да добијат текстилен дерматитис. Луѓето кои работат на места каде што температурата е висока и воздухот е влажен се изложени на поголем ризик од оваа алергија. Ако носите латекс ракавици на работа, вашите раце може да бидат иритирани или да сте алергични на самиот латекс. Како да се спречи алергија? Првата работа е да престанете да носите облека што ви пречи. 1. Носете облека направена од природни влакна и доволно лабава за да го намалите потењето. 2. Изберете облека со светли бои. 3. Избегнувајте предмети означени со „перење одделно“. Кога треба да посетите лекар? Ако алергијата не исчезне за неколку недели или ако проблемот постојано доаѓа и оди, време е да се консултирате со дерматолог. Исто така, веднаш одете кај вашиот лекар ако осипот покрива голема површина на кожата, ако е болен или интензивно ве чеша или се шири на други делови од телото. Овој симптом укажува дека најверојатно имате инфекција која бара поинтензивен третман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-deka-postoi-alergija-na-obleka-proverete-dali-ja-imate-eden-simptom-moze-da-bide-opasen/feed/ 0
АЛЕРГИЈА ИЛИ КОВИД-19? Докторка објаснува како најлесно да направите разлика (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergija-ili-kovid-19-doktorka-objasnuva-kako-najlesno-da-napravite-razlika-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergija-ili-kovid-19-doktorka-objasnuva-kako-najlesno-da-napravite-razlika-video/#respond Wed, 22 Sep 2021 11:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=566839

Иако агонијата околи коронавирусот трае, многу луѓе се уште не се сигурно како правилно да ги препознаат симптомите. Доколку сте склони на алергии, сосема е возможно да биде уште повеќе збунет, не знаејќи дали имате коронавирус или пак стандардна алергија. Доктор Лесли, која е многу активна на својот ТикТок профил, открива како најлесно да направите разлика меѓу едните и другите симптоми. Она што е заедничко и за алергијата и за Ковид-19 е сувата кашлица и болки во грлото. Меѓутоа, алергијата исто така пројавува и кивање, чешање на очите и течење на нос, додека за коронавирусот е нешто сосема друго: - Може да се појави треска, отежнато дишење, болки во телото и повраќање и дијареа, што дефинитивно не е типично за алергии. Еве како тоа го објасни докторката:
@drleslie

Do I have COVID19 or just allergies?? I’ll tell yah!! Info from 4/3/2020. #allergies #allergy #tips #facts #woah #fyp

♬ original sound - Doctor Leslie
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergija-ili-kovid-19-doktorka-objasnuva-kako-najlesno-da-napravite-razlika-video/feed/ 0
Испукани усни, опаѓање на коса, осип на лице: Промените на кожата укажуваат на недостаток на овие витамини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispukani-usni-opagjanje-na-kosa-osip-na-lice-promenite-na-kozata-ukazuvaat-na-nedostatok-na-ovie-vitamini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispukani-usni-opagjanje-na-kosa-osip-na-lice-promenite-na-kozata-ukazuvaat-na-nedostatok-na-ovie-vitamini/#respond Thu, 18 Mar 2021 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=484055

Кожата, како најголем човечки орган, честопати може да укаже на здравствени проблеми и пораки што ни ги испраќа телото преку мали знаци. Ако забележите одредени промени во кожата, тие не мора да означуваат големи проблеми и ова не е знак на паника - можеби едноставно недостасуваат одредени витамини или минерали. Малите промени во исхраната можат да го подобрат здравјето на целиот организам, а ова е храната што треба да ја вклучите во вашето мени, доколку забележите некоја од следниве промени во вашата кожа. Испуканите агли на усните обично укажуваат на недостаток на железо, цинк и витамини од групата Б, како што се Б3, Б2 и Б12. Овој феномен е чест кај вегетаријанците поради нивната исхрана, што не им обезбедува многу од споменатите витамини. Решението е да јадете повеќе блитва, кикирики и мешунки како леќа, а потоа да јадете лосос, туна и јајца. Апсорпцијата на железо е засилена со витамин Ц, кој исто така помага во борбата против инфекциите. Оваа храна треба да се комбинира со зеленчук како што се брокула, црвени пиперки и карфиол. Црвен осип на лицето и опаѓање на косата укажуваат на недостаток на витамин Б7, познат и како витамин за коса. Може да се компензира со консумирање варени јајца, лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, орча, малини и банани. Црвени или бели промени на кожата, слични на акните, обично на лицето, рацете и слабините укажуваат на недостаток на есенцијални масни киселини и витамини А и Д. Нивниот недостаток може да се компензира со консумирање лосос, сардини, ореви и бадеми, но и семе од лен и коноп. За витамин А, потребно е да се јаде повеќе зеленчук како моркови, сладок компир и црвени пиперки. Овие видови зеленчук имаат многу бета каротен, кој телото го користи за да го добие потребниот витамин. Што се однесува до подобрувањето на витаминот Д, само 10 минути изложување на сонце придонесува за негово подобрување. Пецкање во рацете или нозете укажува на недостаток на витамини од групата Б, како што се фолна киселина, Б6 и Б12. Овие симптоми исто така можат да се појават во комбинација со анксиозност, депресија, анемија, замор и хормонална нерамнотежа. Овие витамини можете да ги замените со консумирање спанаќ, аспарагус, цвекло, грав и јајца. Мускулни грчеви, прободувачки болки во прстите, зглобовите, сводовите на стапалата, нозете и грбот, укажуваат на недостаток на магнезиум, калциум и калиум. Ако сте редовен вежбач, може да има зголемено губење на витамини од групата Б, растворливи во вода, како резултат на зголемено потење. Конзумирањето на банани, бадеми, лешници, тиквички, цреши, јаболка, грејпфрут, брокула и зеленчук како и спанаќ може да ги компензира овие витамини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ispukani-usni-opagjanje-na-kosa-osip-na-lice-promenite-na-kozata-ukazuvaat-na-nedostatok-na-ovie-vitamini/feed/ 0
Доколку мајката го конзумира ова млеко за време на доењето, бебето ќе биде помалку алергично на храна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/#respond Thu, 04 Feb 2021 15:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=464272

Бебињата чии мајки конзумираат кравјо млеко за време на доењето, се помалку алергични на храна, се посочува во истражување на Универзитетот во Гетеборг, Шведска. Истражувачите испитале повеќе од 500 мајки од Шведска за нивните навики во исхраната во 34-та недела од бременоста, па еден месец по породувањето и повторно – четири месеци подоцна. Децата опфатени во истражувањето биле претежно алергични на јајца, млеко или и на едното и на другото. Мија Стравик, доцент на Универзитетот во Гетеборг, изјави дека новороденчињата на мајките кои конзумирале повеќе кравјо млеко при доењето, се поздрави од оние чија мајка не пиела млеко. – Една од теориите е дека мајчиното млеко во тој случај содржи супстанции кои го стимулираат имуниот систем на детето. Друго мислење е дека поголемиот внос на заситени масти во млекото природно може да доведе до потрошувачка на помалку полинезаситени масти, вели таа. Питер Лио, доцент по дерматологија и педијатрија при Медицинскиот факултет при американскиот Северозападен Универзитет, смета дека ова е првиот чекор во дефинирање на потенцијална врска меѓу мајчината исхрана и ризикот од алергија. Д-р Стравик посочува дека иако постои поврзаност, не може да се каже дека кравјото млеко што мајката го консумира е лек за алергиите кај децата. На крајот, и д-р Лио ги предупредува мајките дека сè уште не е потврдено дека само консумирањето млеко го намалува ризикот од алергии. Тој исто така нагласува дека истражувањата во иднина мора да биде пообемно и дека податоците тогаш ќе бидат попрецизни и порелевантни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dokolku-majkata-go-konzumira-ova-mleko-za-vreme-na-doenjeto-bebeto-kje-bide-pomalku-alergichno-na-hrana/feed/ 0
Гинцбург: Вакцината Спутник V не предизвикува алергиски реакции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gincburg-vakcinata-sputnik-v-ne-predizvikuva-alergiski-reakcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gincburg-vakcinata-sputnik-v-ne-predizvikuva-alergiski-reakcii/#respond Sat, 26 Dec 2020 08:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=448601

Во Русија досега се вакцинирани 700.000 граѓани со вакцината Спутник В и не се забележани сериозни алергиски реакции, изјави директорот на Научно-истражувачкиот институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург. – Алергиски реакции на вакцината Спутник V не се пријавени за време на клиничките испитувања, во која било од трите фази, како и во циркулацијата меѓу граѓаните, рече тој во интервју за каналот „Русија 24“. Гинцбург додаде дека Министерството за здравство заедно со Федералната служба за надзор во здравството многу внимателни ги следи нуспојавите. Тој вчера рече дека 85 проценти од волонтерите кои ја примиле вакцина Спутник V немале никакви несакани ефекти, а оти 15 проценти од вакцинираните развиле црвенило на местото на инјектирање и лесна главоболка што поминала во рок од 24 часа. Најнепријатниот несакан ефект што едно лице може да го развие по приемот на вакцината е температура до 38 степени за два дена, што може да се третира со една таблета парацетамол, објасни Гинцбург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gincburg-vakcinata-sputnik-v-ne-predizvikuva-alergiski-reakcii/feed/ 0
Шест сериозни алергиски реакции од над 250.000 вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-seriozni-alergiski-reakcii-od-nad-250-000-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-seriozni-alergiski-reakcii-od-nad-250-000-vakcinirani/#respond Sun, 20 Dec 2020 10:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=445838

Американските здравствени власти соопштија дека има шест случаи на сериозни алергиски реакции меѓу повеќе од 250.000 луѓе вакцинирани против коронавирус. Центарот за контрола и превенција на болести изјави дека до саботата наутро, повеќе од 272.000 луѓе биле вакцинирани со вакцината на Фајзер. Шест случаи на алергиски реакции се пријавени до петокот навечер, вклучително и кај лица со историја на реакции на вакцини. Здравствените власти продолжуваат да ги следат сличните ефекти. Според нив, сите случаи на алергиска реакција се појавиле во препорачаното време на набудување и биле итно третирани. Властите посочија дека лицата со тешка форма на алергиска реакција не би требало да ја примат вакцината без консултација со лекар. Помалку сериозни несакани ефекти се исто така ретки. Меѓу првите 215.000 лица вакцинирани во САДи, помалку од 1,5 проценти имале проблеми за кои е потребна медицинска нега или не биле во можност да вршат нормални активности. Многу вакцини можат да предизвикаат привремена непријатност, како што се болка во раката или симптоми слични на грип. Вакцините против Ковид-19 имаат повеќе такви симптоми отколку вакцините против грип, а некои болници го одолговлекуваат вакцинирањето на вработените за да избегнат проблеми со персоналот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-seriozni-alergiski-reakcii-od-nad-250-000-vakcinirani/feed/ 0
Британскиот регулатор за лекови со предупредување за анафилакса за вакцината на „Фајзер/Бионтек“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-regulator-za-lekovi-so-predupreduvanje-za-anafilaksa-za-vakcinata-na-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-regulator-za-lekovi-so-predupreduvanje-za-anafilaksa-za-vakcinata-na-fajzer-biontek/#respond Thu, 10 Dec 2020 06:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=441224

Британскиот регулатор за лекови соопшти дека секој што имал анафилакса на лек или храна не треба да се вакцинира со вакцината против Ковид-19 на Фајзер/Бионтек, давајќи поцелосно упатство за претходното предупредување за алергија на вакцината. Велика Британија почна масовни вакцинации на населението во вторникот. Агенцијата за лекови и здравствени производи (МХРА) соопшти дека има два извештаи за анафилакса и една за можна алергиска реакција од воведувањето на вакцинацијата. „Секое лице со историја на анафилакса на вакцина, лек или храна не треба да ја прима вакцината на Фајзер/бионтек“, рече извршниот директор на МХРА, Џун Рејн. Таа додаде дека повеќето луѓе нема да имаат анафилакса и дека придобивките од заштитата на луѓето од Ковид-19 ги ​​надминуваат ризиците. „Можете да бидете апсолутно сигурни дека оваа вакцина ги исполни робусните стандарди на безбедност, квалитет и ефикасност на МХРА“, рече Рејн. Таа истакна дека ваквите алергиски реакции не биле дел од клиничките испитувања на Фајзер. Сепак, алергиските реакции може да биле предизвикани од компонента на вакцината наречена полиетилен гликол или ПЕГ, која помага да се стабилизира вакцината, а не се наоѓа во другите видови вакцини. Анафилакса е прекумерна реакција на имунолошкиот систем, а Националната здравствена служба ја опишува како сериозна реакција и понекогаш опасна по живот. Поцелосни упатства што појаснуваат дека главниот ризик е специфично анафилакса, се издадени по консултација со експерти за алергија. МХРА првично советуваше секој со историја на „значителни алергиски реакции“ да не ја примаат вакцината. Фајзер/Бионтек соопштија дека ја поддржуваат истрагата за MХРА. Минатата недела, британскиот MХРА беше првиот во светот што одобри вакцина развиена од германски Бионтек и Фајзер, додека Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и Европската агенција за лекови (EMA) продолжуваат да ги анализираат податоците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-regulator-za-lekovi-so-predupreduvanje-za-anafilaksa-za-vakcinata-na-fajzer-biontek/feed/ 0
Алергијата од сонце за многумина е голем проблем, еве како да се заштитите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergijata-od-sonce-za-mnogumina-e-golem-problem-eve-kako-da-se-zashtitite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergijata-od-sonce-za-mnogumina-e-golem-problem-eve-kako-da-se-zashtitite/#respond Wed, 29 Jul 2020 12:51:33 +0000 https://kurir.mk/?p=383211

Кремите со заштитен фактор ја штитат кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат кожата. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење… Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“. Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем. Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело. За да се заштитите на време, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила: -не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот. -носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор. -нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на задскриените делови и на оние каде кожата е почувствителна. -пред изложување на сонце, не ставајте парфеми, особено ако тие се на база на лимон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/alergijata-od-sonce-za-mnogumina-e-golem-problem-eve-kako-da-se-zashtitite/feed/ 0