Алфабет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Dec 2019 07:31:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алфабет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на Гугл го презема водењето на Алфабет, основачите се повлекуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-gugl-go-prezema-vodenjeto-na-alfabet-osnovachite-se-povlekuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-gugl-go-prezema-vodenjeto-na-alfabet-osnovachite-se-povlekuvaat/#respond Wed, 04 Dec 2019 07:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=273017

Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Алфабет“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат. – Иако беше огромна привилегија да се биде длабоко вклучен во секојдневното управување со компанијата толку долго, сметаме дека е време да ја преземеме улогата на горди родители, нудејќи совети и љубов, но не и дневно приговарање, напишаа Пејџ и Брин во блог. Алфабет“, која исто така е сопственик на технолошката компанија за автономни возила „Вајмо“, на компанијата „Верили“ за здравствен софтвер и неколку други компании, се појави во 2015 година како дел од корпоративно реструктуирање. Како што пренесуваат странските медиуми, Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании додека оперативните одлуки во најголемата единица на „Алфабет“ – „Гугл“ ги препушти на Пичаи. Пејџ и Брин ќе останат директори, но ќе се повлечат од функцијата извршен директор, соопшти „Алфабет“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-gugl-go-prezema-vodenjeto-na-alfabet-osnovachite-se-povlekuvaat/feed/ 0
Епл, Амазон, Мајкрософт, Алфабет и Фејсбук изгубија 75 милијарди долари за еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/#respond Sat, 10 Nov 2018 19:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=126322

Епл, Амазон, Мајкрософт, Алфабет и Фејсбук, петте најголеми технолошки компании на Њујоршката берза, изгубија вкупно 75 милијарди долари во пазарна вредност во петокот, јави Си-Ен-Би-Си. Од петте компании, Амазон покажаа најлоши перформанси, откако акциите на онлајн трговецот ја завршија сесијата со пад од 2,4 отсто. Берзанските индекси забележаа пад во последната сесија од седмицата, откако падот на цената на нафтата и скептицизмот околу еветнуален трговски договор меѓу САД и Кина ги зголемија стравувањата дека економскиот раст ќе продолжи да се забавува. Акциите на технолошките компании се приближија до најлошите резултати од 2008 година. Индексот „Насдак Композит“ го заврши октомври со пад од 9,2 отсто, а водечки фактор во тој однос беа падовите на цената на акциите на Амазон и Алфабет. И покрај вчерашниот пад, индексите „Насдак“ и „Ес енд Пе 500“ ја завршија неделата на зелена територија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epl-amazon-majkrosoft-alfabet-i-fejsbuk-izgubija-75-milijardi-dolari-za-eden-den/feed/ 0