алфаскоп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Apr 2018 14:26:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алфаскоп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зафировски: Република Македонија бележи сериозен пад во борба против корупцијата  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-republika-makedonija-belezi-seriozen-pad-vo-borba-protiv-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-republika-makedonija-belezi-seriozen-pad-vo-borba-protiv-korupcijata/#respond Thu, 05 Apr 2018 14:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=37000

Бележиме сериозен пад во борба против корупцијата, тоа го покажуваат резултатите, истражувањата и извештајот на Транспаренси. Ние бевме на 62 место, први во регионот веднаш после Словенија сега сме на 117 место. Тоа е слободен пад, рече Воислав Зафировски поранешен шеф на внатрешната контрола во МВР во емисијата Алфаскоп на Алфа Телевизија. Покрај корупцијата Зафировски зборуваше и за спроведување на реформите истакнувајќи дека во земјава не постои владеење на правото подеднакво за сите односно постои селективна правда. - Се најавуваат реформи во правосудниот систем, а сведоци сме дека двајца претседатели на комисијата која требаше да ја подготви стратегијата и да работат на нејзино имплементирање си поднесоа оставки. Јавно кажаа дека не сакаат да бидат алатка во рацете на извршната власт и да спроведуваат нешто кое се коси со нивните професионални принципи, вели Зафировски. Тој потенцираше дека не е работа на премиерот да  раководи со новата комисија која ќе го следи имплементирањето на реформите во правосудниот систем, туку негова работа е да менаџира со владата. За реформите во УБК тој додава дека не се тоа реформи во Управата за безбедност и контрола туку само на петтата управа односно оној сегмент од УБК кој се занимава со прислушувањето и според него начинот на кој е тоа поставено нема да промени баш ништо. - Ризикот за злоупотреба на прислушувањето останува отворен. Нема воспоставено експертски механизам на контрола. Луѓе под водство на јавен обвинител, луѓе од правна фела и информатичари кои ќе бидат независни и ќе можат во било кое време да извршат контрола и од правен аспект и точно да се види што е правено и како. Без таков механизам сите други паѓаа во вода, рече Зафировски. Тој се наврати и на случајот со полицајката и Бекир Асани. Според него тоа е најлесниот случај за решавање бидејќи може да се земат снимки од камерите, изјави од очевидците и изјави од службениците кои дошле на помош. -Тука треба да следи кривична пријава за насилство за напад на службени лице. Ја заташкаа целата работа затоа што тој е пулен на партија од владејачката коалиција.  На таков начин се руши авторитетот и интегритетот на полициските службеници и тоа претставува  навреда која не може  граѓаните да не ја забележат, нагласи Зафировски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-republika-makedonija-belezi-seriozen-pad-vo-borba-protiv-korupcijata/feed/ 0
Мисајловски: Ние ќе направиме се што треба и можеме за да ја зачуваме Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nie-kje-napravime-se-shto-treba-i-mozeme-za-da-ja-zachuvame-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nie-kje-napravime-se-shto-treba-i-mozeme-za-da-ja-zachuvame-makedonija/#respond Tue, 16 Jan 2018 13:28:14 +0000 http://kurir.mk/?p=11675

Во гостувањето во Алфаскоп денеска еден од новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кажа дека заради ставовите за името денеска партијата е во опозиција, дека секогаш се излегувало во програмата со ставот за името, а тоа референдум. -Мене лично ако ме прашате, јас би направил референдум уште пред да се започне самата помисла да се разговара за име. Но веќе е отидено толку далеку и нема национална платформа за вакво нешто. ВМРО-ДПМНЕ е моментално во прогон, изјави Мисајловски. Тој кажа дека власта гледа што повеќе од ВМРО-ДПМНЕ да завршат зад решетки, да не се појавуваат членовите и функционерите по медиумите, да ги нема од јавноста. Мисајловски напомена дека како власт ВМРО-ДПМНЕ направиле грешки, но поситни, а не стратешки политики на државата. -Ако ние сите политички партии за некои прашања имаме национален став, па од тоа само ќе добијат сите граѓани, изјави Мисајловски. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за Македонија, се разбира демократски. -Ќе правиме се што треба да ја зачуваме Република Македонија колку што можеме. Народот мора да сфати дека ние сме многу малце во Собрание, за жал многу малку сме, да сме повеќе многу работи нема да бидат вака. Малку кажувам бидејќи дел од нив се во притвор. Кога вие ќе затворите толку пратеници само од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се појавува рефлексија и на другите пратеници, рефлексија на многу семејства, во комитетите. Тие луѓе моментално се во притвор, но горат за Македонија и тоа храбро го доживуваат. Тие се храбри луѓе кои ја сакаат Македонија, изјави Мисајловски. Тој кажа компромис за името не може да биде ако Македонија пати, а така е во моментов според него. Тој порача дека тие ќе се борат демократски за Македонија и кажа дека ВМРО-ДПМНЕ мора да зајакне како партија за да не се парчоса државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nie-kje-napravime-se-shto-treba-i-mozeme-za-da-ja-zachuvame-makedonija/feed/ 0
Мисајловски: Власта на СДСМ место да работи на нови проекти, сака само да ги критикува претходните министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vlasta-na-sdsm-mesto-da-raboti-na-novi-proekti-saka-da-izleze-i-samo-da-gi-kritikuva-prethodnite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vlasta-na-sdsm-mesto-da-raboti-na-novi-proekti-saka-da-izleze-i-samo-da-gi-kritikuva-prethodnite-ministri/#respond Tue, 16 Jan 2018 12:14:28 +0000 http://kurir.mk/?p=11651

Во гостувањето во Алфаскоп денеска еден од новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кажа дека на многу функционери и членови на СДСМ не им се допаѓа ова што го гледаат. Како што кажа Мисајловски и во таа партија има луѓе кои си ја сакаат својата држава. -Ние како ВМРО-ДПМНЕ моментално во Собрание можеме да делуваме во наредниот период ако има конструктивност моментално од Владата. Можеме да правиме добри закони, да бидеме конструктивни, но се ова ако се случува каде е нашата конструктивност. Да биде “утепан“ македонскиот народ со вакви решенија, изјави Мисајловски. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија и мора да ги брани интересите на своите гласачи, тој напомена дека оваа власт мора да падне, за да се прекине со продажбата на државноста. -Слабо ВМРО, многу распарчено ВМРО, слаба Македонија за жал или за среќа тоа е така. Народот треба да го осети тоа. Ние навистина кога сме во партија, кога разговараме за овие теми, некогаш емотивно разговараме, иако во политиката нема емоција, изјави Мисајловски. Мисајловски кажа дека се што е неуставно треба Уставниот суд да го поништи, а не да чекаат ВМРО-ДПМНЕ да реагира. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на државата. -Како тргнале, навистина не знам ниту каде ќе тера економијата, што се очекува. Знаете, они една мерка укинување на радиодифузна такса на еуфорија ја направија, а бензинот и дизелот отидоа до немај каде и на тој начин со таа акциза да ги платат трошоците. Тоа е лажење, вие излегувате и го лажете народот, изјави Мисајловски. Тој кажа дека додека бил министер никогаш не бил нереален туку кога ги презентирал проектите ги презентирал оние кои само реално можеле да се остварат. Тој кажа дека нема досега од СДСМ никаков позитивен проект. Напомена дека СДСМ ветил многу проекти кои реално не може да се исполнат, дека со тоа ги излажале граѓаните. Мисајловски кажа дека работите на автопатите продолжуваат но со забавено темпо, како што кажа тој добро е што се работи. -Зошто бавно оди? Зошто бавно работат. Они сакаат да излезат и мене да ме критикуваат, поранешниот министер и тоа да биде тематиката на секое нивно излегување. Колку не чинело ВМРО, колку лошо работело. Јас сум работел од сабајле до вечер да ги решавам проблемите, јас кога сум излегувал на терен, кажував што ново ќе направиме. Јас можев да излезам и да кажам денеска имав проблеми со тој проект, денеска имав проблеми со тие луѓе на состанок и така, но тоа мене ми е работа, изјави Мисајловски. Тој напомена дека имал проблеми, но со секојдневна работа тие проблеми ги решавал. Тој кажа дека сега ветуваат проекти на ВМРО-ДПМНЕ, но кажа дека тоа е добро, само нека се направи. Мисајловски напомена дека ветувањето на СДСМ за 600 километри автопат е лага, бидејќи тоа треба да се проектира прво, да се обезбеди средства. -Јас имав еден концепт, за жал не стигнав, се надевам дека во иднина ќе имам можност. Спремивме еден нов проект за целосна реконструкција на сите регионални и магистрални патишта во Република Македонија и тоа не го најавивме ние во кампања, бидејќи немавме финансиска конструкција и немавме обезбедено средства не знаевме како да го направиме во тој момент, но не излеговме и не излажавме, изјави Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-vlasta-na-sdsm-mesto-da-raboti-na-novi-proekti-saka-da-izleze-i-samo-da-gi-kritikuva-prethodnite-ministri/feed/ 0
Чилиманов: Со затворање на луѓе се прави притисок врз ВМРО да се стави крај на спорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-so-zatvaranje-na-lugje-se-pravi-pritisok-vrz-vmro-da-se-stavi-kraj-na-sporot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-so-zatvaranje-na-lugje-se-pravi-pritisok-vrz-vmro-da-se-stavi-kraj-na-sporot-za-imeto/#respond Tue, 02 Jan 2018 12:57:05 +0000 http://kurir.mk/?p=5402

Гостин во емисијата Алфаскоп на Алфа Телевизија беше новинарот и аналитичар, Цветан Чилиманов. Тој потенцираше дека со затварање на луѓе кои гласно зборуваа против нарушувањето на унитарноста на Македонија се прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да го прифати понижувачкиот пристап на Грција и да даде поддршка во решавање на спорот за името. - Не гледам дека има свест и концепт во амбасадите во Скопје. Сметаат дека можат на сила да ја истуркаат оваа работа. Поради тоа во затвор се некои од водечките македонски уметници и патриоти, луѓе кои што зборуваа против редефинирањето интерно на Македонија на односот на меѓуетничките заедници меѓу Македонците, Албанците и другите заедници кој што е формиран со политички договор на сите партии во 2001 година. Сега на сила се менува и консензусот околу спорот за името во којшто сите партии се согласни дека не смее да се менува идентитетот на македонците, гледаме дека луѓето кои што гласно зборуваа против нарушувањето на овие столбови на Република Македонија сега се во затвор и со тоа се прави обид да се направи притисок врз партијата ВМРО за да таа се потпише не знам да е притисната со желбата да се ослободат нејзините приврзаници, луѓе кои некои се сопартијци, некои се поддржувачи, блиски луѓе во секој случај, да се даде потпис на некаков изнуден договор како тој во Охрид со којшто претпоставувам дипломатите сметаат дека ќе се стави крај на овој спор. Јасно е дека нема никаков крај да се стави со тоа. Јасно е дека нетрпеливоста кај граѓаните расте. Гледаме дека поддршката дури за членство во ЕУ што вообичаено била висока е одвај над 50% , кај етничките македонци е под 50% според истражувања што ги врши Европската Унија, потенцираше Чилиманов. Чилиманов истакна дека кога СДСМ е на власт се случуваат грабежи, страв да се инвестира и да се вложат сопствените пари , ослободување на криминалците додека се апсат вистинските патриоти, луѓе кои ја бранат унитарноста на Македонија. -Во случајот со Македонија, од нас се очекува да прифатиме понижувачки пристап од страна на Грција која што секојдневно ќе го чувствува во секоја наша интеракција интерно и надвор. Се бара да прифатиме отстапување од Македонија како држава на македонскиот народ и навистина една ситуација во која други етнички заедници ќе бидат значително привилегирани во однос на македонската . До таму да има парична казна ако не знаеш да зборуваш албански, а да нема казна ако не зборуваш македонски. До такви апсурди не носат и сето тоа во контекст на една килава економија којашто секогаш се случува кога СДСМ е на власт. Еве општ грабеж , страв да се инвестира, страв да се вложат сопствените пари. Никој од надвор нема да дојде да инвестира и општо небезбедност на улиците кој што ги гледаме во изминатиот период со ослободување на криминалци и рекетари додека се апсат македонски патриоти, истакна Чилиманов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-so-zatvaranje-na-lugje-se-pravi-pritisok-vrz-vmro-da-se-stavi-kraj-na-sporot-za-imeto/feed/ 0
Чилиманов: Напад врз ВМРО е и напад врз стабилноста и концептот на македоската држава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-napad-vrz-vmro-e-i-napad-vrz-stabilnosta-i-konceptot-na-makedoskata-drzava-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-napad-vrz-vmro-e-i-napad-vrz-stabilnosta-i-konceptot-na-makedoskata-drzava-video/#respond Tue, 02 Jan 2018 11:56:43 +0000 http://kurir.mk/?p=5350

СДСМ се обидува со заплашување и апсења на неистомисленици да владее со државата,  истакна новинарот и аналитичарот Цветин Чилиманов на гостувањето во  емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија. -Главниот генератор на оваа криза е партијата СДС која што сега ја превзема власта со методите коишто ни се добро познати. Очигледно немаат концепт на управување со државата коишто би водел кон смирување на кризната состојба и деискалација на состојбите, туку напротив, оние стари нивни техники и методи на владаеење коишто сме ги гледале во минатото со заплашувања, апсења. Само се обидуваат да кренат на што е можно повисоко ниво и сметаат дека сеуште ќе ја имаат поддршката на меѓународната заедница во тоа што го прават рече Чилиманов. Чилиманв истакна дека Македонија влегува во четвртата година од кризата ако се брои од почетокот на објавување на снимките од страна на Зоран Заев. -Гледаме дека главните проблеми на кризата не се отклонети. Покрајтоа што го добија тоа што велеа дека го сакаат, нели власта после која што ќе настапат живот и просперитет и напредок во меѓународните околности, гледаме дека ништо од тоа нема и дека единствено што таа партија може да направи е нејзин обид за зацврстување на власта преку уништување на сите што поинаку мислат, нивно масовно апсење. Практично имаме отворена војна од страна на Обвинителството и Судството против најголемата партија во Република Македонија а гаранцијата дека ова ке значи дополнителна криза во иднината е во тоа што ВМРО, партијата што ја напаѓаат е меѓудругото е единствениот носител на идејата за суверена, самостојна Македонија којашто сама ги носи своите одлуки и несамобитноста и правото на македонскиот народ, суверено да одлучува за својата иднина и за својата држава. Така да нападот врз оваа партија не е само напад врз поедници коишто денеска се во притвор, завори, прогонувани за ступидно обвинување за тероризам и така натаму, жени обвинети за тероризам, туку ова е напад врз стабилноста на Република Македонија, врз концептот на македонска држава којашто може да биде исклучително западнат и целиот регион. Така да навистина ние само влегуваме во поголема и посериозна и потешка криза со ова што го прават Социјалдемократите и нивните меѓународни помагачи во оваа ситуација потенцираше Чилиманов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-napad-vrz-vmro-e-i-napad-vrz-stabilnosta-i-konceptot-na-makedoskata-drzava-video/feed/ 0
Чилиманов: Секогаш кога СДСМ е на власт имаме општа небезбедност низ улиците, а овој пат се ослободуваат криминалци и се апсат македонски патриоти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-imame-opshta-nebezbednost-niz-ulicite-a-ovoj-pat-se-osloboduvaat-kriminalci-i-se-apsat-makedonski-patrioti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-imame-opshta-nebezbednost-niz-ulicite-a-ovoj-pat-se-osloboduvaat-kriminalci-i-se-apsat-makedonski-patrioti/#respond Fri, 29 Dec 2017 13:40:57 +0000 http://kurir.mk/?p=4019

Меѓународната заедница навистина нема концепт за тоа како да се развива овој процес и како да го води, видовме дека настапија целосно едно партиски одејќи по паметот на некои од најрадикалните членови на СДСМ, на најмилитантното крило кое потекнува од времето на Југославија кое во ген им е влезено дека политичкиот противник треба да се апси, а критичкиот медиум да се замолчи и да го снема, а сведоци сме колку телевизии и весници мораше да ја променат уредувачката политика од формирањето на владата на Зоран Заев, ова во емисијата „Алфаскоп“ го потенцираше Цветин Чилиманов. -Не гледам дека имаат некоја свест или концепт во амбасадите тука во Скопје, сметаат дека на сила можат да ја истуркаат работата и поради тоа во затвор се некои од македонските уметници и патриоти, луѓе што зборуваа против редефинирањето на Македонија внатре во земјата, како и односот меѓу Македонците, Албанците и другите заедници коишто е формиран со политички договор на сите партии по 2001 година кој сега се менува и спорот со името, а сите партии се едногласни дека не смее да се менува идентитетот на Македонците. Гледаме дека луѓето кои што најгласно зборуваа за нарушувањето на столбовите на Македонија сега се во затвор и со тоа се прави обид да се направи притисок врз партијата ВМРО-ДПМНЕ за таа да потпише некаков изнуден договор како тој во Охрид. Јасно е дека нетрпеливоста кај граѓаните расте, поддршката за членство во ЕУ кое вообичаено била висока е под 50 проценти, вели Чилиманов. Тој додава дека секогаш кога СДСМ е на власт имаме килава економија и општ грабеж, страв да се инвестира и да се вложат сопствените пари како и општата небезбедност што ја гледаме низ улиците во изминатиот период со ослободување на криминалци и се апсат македонски патриоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chilimanov-sekogash-koga-sdsm-e-na-vlast-imame-opshta-nebezbednost-niz-ulicite-a-ovoj-pat-se-osloboduvaat-kriminalci-i-se-apsat-makedonski-patrioti/feed/ 0