алфи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 15:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алфи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 14 години од нападот на полициските Алфи кај ПМФ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-godini-od-napadot-na-policiskite-alfi-kaj-pmf/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-godini-od-napadot-na-policiskite-alfi-kaj-pmf/#respond Sat, 26 Nov 2022 15:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=766950

26 ноември во 2008 година е датумот кој припадниците на полициската единица „Алфи“ ќе го паметат засекогаш, но не по добро. Во вооружен напад кај ПМФ, на тој ден пред 14 години животот го загуби еден припадник на единицата, а двајца беа тешко повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор за случајот. Во јануари годинава како последница од мозочен удар во затворот Идризово почина 52 годишниот Ќерими. Бил пронајден без свест во затворската бања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/14-godini-od-napadot-na-policiskite-alfi-kaj-pmf/feed/ 0
По формирањето нова Единица за интервентна полиција, ќе се менуваат ознаките на униформите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-formiranjeto-nova-edinica-za-interventna-policija-kje-se-menuvaat-oznakite-na-uniformite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-formiranjeto-nova-edinica-za-interventna-policija-kje-se-menuvaat-oznakite-na-uniformite/#respond Tue, 24 Dec 2019 20:05:49 +0000 https://kurir.mk/?p=281847

Владата на денеска одржаната седница, на предлог на МВР, ја усвои измената на уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата заради усогласување со новата организациска структура во Секторот за внатрешни работи Скопје, според која на местото на досегашните Единица за јавен ред и мир, Единица за прв одговор и интервенција (Алфи) и Единица за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт, се формира Единица за интервентна полиција (ЕИП). Новата ЕИП, како што информира владината прес-служба, ќе биде надлежна за следење на состојбите од областа на јавната безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи и преземање дејствија и мерки од областа на јавниот ред и мир, спречување на криминалитет и постапување по барање за асистенции за спроведување на извршна одлука, доколку при спроведувањето на извршувањето, надлежниот државен орган, односно лицата кои со посебен закон се овластени да го спроведат извршувањето, наидат на физички отпор или таков отпор може оправдано да се очекува и за спроведување на лица на барање на надлежни државни органи, како и асистенција на барање на други правни лица на територијата на Секторот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-formiranjeto-nova-edinica-za-interventna-policija-kje-se-menuvaat-oznakite-na-uniformite/feed/ 0
ФОТО: „Алфите“ спасија маж од водите на Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-alfite-spasija-maz-od-vodite-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-alfite-spasija-maz-od-vodite-na-vardar/#respond Thu, 02 May 2019 09:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=193220

Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи. Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие. Кусо подоцна, мажот, сепак, беше изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-alfite-spasija-maz-od-vodite-na-vardar/feed/ 0
Драма пред ГОБ „8-ми септември“: Затворската полиција и Алфите бараа засилување- повикани припадници на ЕБР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-pred-gob-8-mi-septemvri-zatvorskata-policija-i-alfite-baraa-zasiluvanje-povikani-pripadnici-na-ebr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-pred-gob-8-mi-septemvri-zatvorskata-policija-i-alfite-baraa-zasiluvanje-povikani-pripadnici-na-ebr/#respond Thu, 21 Feb 2019 17:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=166608

Затворската полиција и припадници на Алфите во огромен број беа присутни пред ГОБ „8-ми Септември“. Постојано викаа засилување, а од пред малку на терен со нив се и припадници на Единицата за брзо распоредување. Затворските полицајци, во мал број, прво беа таму поради примањето на претепаниот Миле Јанакиески. Потоа во неколку наврати бараа засилување кога и пристигнуваа поголем број на Алфи. Последното засилување беше со припадници на ЕБР. Не е познато зошто процениле дека е потребно волку засилено обезбедување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-pred-gob-8-mi-septemvri-zatvorskata-policija-i-alfite-baraa-zasiluvanje-povikani-pripadnici-na-ebr/feed/ 0
Нетпрес: Сите „Алфи“ на рапорт во МВР, исчезнало оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-site-alfi-na-raport-vo-mvr-ischeznalo-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-site-alfi-na-raport-vo-mvr-ischeznalo-oruzje/#respond Mon, 29 Oct 2018 19:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=121069

Автоматска пушка исчезнала од арсеналот на оружје на полициската единица за борба со уличниот криминал „Алфи“ дознава НетПрес. Според информацијата во моментот се повикани сите припадници на оваа единица на рапорт во Министерството за внатрешни работи за да се пронајде оружјето, пишува порталот. „Алфите“ имаат статус на посебна единица за прв одговор и интервенција во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-site-alfi-na-raport-vo-mvr-ischeznalo-oruzje/feed/ 0
МВР тврди: Користењето на службеното возило од страна на Димовски е заради службени задачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/#respond Tue, 14 Aug 2018 11:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=87759

Министерството за внатрешни работи преку соопштение се огласи во врска со објавата на „Независен“ дека првиот човек на единицата „Алфи“ со службено возило заминал на викенд во Охрид. -Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме  дека Примислав Димовски –началник  на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА согласно Наредбата,  а во врска со Правилникот за распределба , користење ,одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило. МВР е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениов случај  од страна на началникот и Ве информираме дека истото е направено заради извршување на службени задачи, се вели во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-tvrdi-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo-od-strana-na-dimovski-e-zaradi-sluzbeni-zadachi/feed/ 0
„Независен“ објавува нов скандал: Шефот на Алфите со службено возило на викенд во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/#respond Tue, 14 Aug 2018 07:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=87633

На денот кога Владата треба да го разреши Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, чија ќерка со службен џип на Министерството за внатрешни работи замина на летување во Грција, МВР го стресе уште еден сличен скандал, пишува „Независен“. Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на негов пријател во еден од угостителските комплекси до езерото. До редакцијата на „Независен весник“ пристигнаа фотографии на кои се гледа спорното возило снимено во Охрид. -Во МВР вчера побараа прашањето да им го доставиме по електронски пат, но одговор не добивме до затворањето на бројот. Го контактиравме и Димовски, но тој ни рече дека не смее да зборува со новинари без да добие дозвола од неговите надредени. Неговите блиски ни потврдија оти тој навистина бил во Охрид, но демантираат дека присуствувал на свадба, односно дека природата на неговата посета била приватна. Од друга страна, според нив, Димовски бил еден од десетината началници во МВР што имале овластувања да патуваат со службено возило кога сакаат (24 часа на ден) и каде што сакаат низ Македонија, пишува „Независен“. Функционери во МВР, пак, потврдуваат дека тој може да оди каде што сака, но нема овластување да работи надвор од Скопје, освен доколку не добие посебен налог од неговите претпоставени - во случајов, началникот на скопската полиција Тони Јакимовски поради што е проблематичен неговиот излет во Охрид. Имено, пред четири години, „Алфа“ доби статус на посебна единица за прв одговор и интервенција во рамки на СВР (Сектор за внатрешни работи) Скопје поради што овластувањата важат исклучиво на територијата на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisen-objavuva-nov-skandal-shefot-na-alfite-so-sluzbeno-vozilo-na-vikend-vo-ohrid/feed/ 0
Ослободување се бара и за убијците на „Алфите“ кај ПМФ – Кој е следен на списокот на Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboduvanje-se-bara-i-za-ubijcite-na-alfite-kaj-pmf-koj-e-sleden-na-spisokot-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboduvanje-se-bara-i-za-ubijcite-na-alfite-kaj-pmf-koj-e-sleden-na-spisokot-na-zaev/#respond Tue, 24 Apr 2018 20:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=45591

26 ноември во 2008 година е датумот кој припадниците на полициската единица „Алфи“ ќе го паметат засекогаш, но не по добро. Во вооружен напад кај ПМФ, животот го загуби еден припадник на единицата, а двајца беа тешко повредени. По речиси 10 години од убиството, убијците надеж за слобода видоа во премиерот Зоран Заев. Преку отворено писмо до Заев новинарката Лиридона Вејсели бара слобода за напаѓачите. -Нашата земја, Македонија, помина низ тешки времиња. Луѓето со повеќе среќа избегаа од тука. Некои од тие кои останаа, се убиени, се тероризирани и се затворени доживотно, во случаи монтирани од државата. Повеќето од нив се Албанци. Кога го започнавте проектот “Вистината за Македонија”, сите се убедија во лудоста на тие што не водеа во тоа време. Граѓаните, без разлика на возраст, етничка и партиска припадност, силно ја подржаа надежта за слобода и еднаквост. Потоа следуваа “Шарената Револуција”, СЈО и “Живот за сите во Македонија”. Вашата идеја за едно општество за сите, со слобода, правда и еднаквост во неа, беше подржана од сите во земјата но и меѓународно. Денес, после околу една година откако вие ја водите земјата, иако некои работи се подобрени, и понатаму слободата, правдата и еднаквоста не се меѓу нас. Не дека корупцијата и организираниот криминал не се многу важни, но монтираните судски случаи, каде како последица невини луѓе можеби се доживотно затворени, се најболната рана на нашето општество. Еден од овие случаи, каде доказите во целост се во спротивност со судската одлука, е случајот “Алфа”. Сега веќе целата јавност е убедена во невиноста на затворените, освен судот и обвинителството. Судот и обвинителството кое ги има осудено овие лица. Во име на невино осудените, во името на граѓаните на Македонија, во мое име, но најмногу во име на правдата, ВЕ МОЛАМ, овозможете повторување на судењето. Не бараме простување ниту милост. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките на минатиот режим. Ве молам да ја користите вашата позиција за да се донесе правда и еднаквост за сите исто. За да се донесе “Живот во Македонија”. Мотото “Нема правда, нема мир” сé уште ечи во нашите уши, се вели во отвореното писмо на новинарката Вејсели. Алмир Дрпљанин заедно со Ќерим Реџаил, Исмаили Агил и уште двајца непознати сторители во 2008-ма на паркингот кај факултетот од возило Голф испукале 70 куршуми кон полицискиот автомобил.  За Африм Арифи куршумите беа смртоносни, другите двајца негови колеги останаа трајни инвалиди. Дрпљанин во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор. По неговата екстрадиција од Косово, на почетокот од 2016 година изречената казна во повторно судење беше потврдена. Судот и во втората пресуда изрече казна доживотен затвор. Тој беше осомничен и за грабежот на Про-кредит банка во центарот на Скопје при што биле украдени 50.000 евра. Дрпљанин се сомничи дека учествувал и во грабежот на возилото на Комерцијална банка кај Скопски саем во 2007 година, случај во кој беше убиен возачот, а беа повредени двајца негови колеги и беа украдени 200.000 евра. Дрпљанин е осомничен и за грабеж на златарата Исак во април 2012 година во Тетово, како и за напад и грабеж на лица во скопски Аеродром во 2007. Ослободителните пресуди за најтешките кривични дела не се новина во изминатиов период. За потсетување пред десет дена Кривичниот суд во Скопје донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани. Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак. Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје. Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во март се откажа од обвинителниот акт за случајот „Сопот“, бидејќи според деталните анализи што ги направило ова Обвинителство не постоеле докази дека обвинетите го сториле делото за кое се товарат. Според специјалната јавна обвинителка Катица Јанева немало докази со кои може да се утврди обвинението за обвинетите. Судот одлучи да ги ослободи и да го одбие обвинението и обвинетите ги упати да бараат отштета. Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО. На први декември минатата година, обвинетите во „Монструм“ кои беа осудени на доживотни казни затвор се пуштени да се бранат од слобода за петкратното убиството кај Смиљковското езеро, во кое егзекутирани беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стефковски. Врховниот суд донесе решение со кое на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат да се бранат од слобода. Врховниот суд ги укина шестте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес. Со решението се укинуваат пресудите на Кривичниот суд од пред три години и потврдата на пресудата од Апелација. Останатите двајца обвинети се во бегство во Косово. По низата ослободувања на осудени лица за убиства, напаѓачите на „Алфите“ ли се следни на списокот на Заев?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboduvanje-se-bara-i-za-ubijcite-na-alfite-kaj-pmf-koj-e-sleden-na-spisokot-na-zaev/feed/ 0
МВР демантира: Немаше никаков инцидент на прославата во Нерези https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-demantira-nemashe-nikakov-incident-na-proslavata-vo-nerezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-demantira-nemashe-nikakov-incident-na-proslavata-vo-nerezi/#respond Wed, 03 Jan 2018 19:01:50 +0000 http://kurir.mk/?p=6127

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира невистините изнесени во вашиот текст за наводен  инцидент на предноговодишната прослава на припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези, се вели до демантот од МВР, на текстот кој беше превземен од порталот „Инфомакс“ и објавен на Курир и неколку други медиуми. -На прославата на припадниците на единицата „Алфа“ немаше никаков инцидент и во интерес на објективното информирање на граѓаните ве молиме да го објавите овој демант, се вели до демантот од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-demantira-nemashe-nikakov-incident-na-proslavata-vo-nerezi/feed/ 0
МВР крие: „Алфите“ се испукале на предновогодишна забава во скопско Нерези! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-krie-alfite-se-ispukale-na-prednovogodishna-zabava-vo-skopsko-nerezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-krie-alfite-se-ispukale-na-prednovogodishna-zabava-vo-skopsko-nerezi/#respond Wed, 03 Jan 2018 16:25:51 +0000 http://kurir.mk/?p=6053

МВР и надлежниот министер молчат за инцидентот кој се случил на предноговодишната прослава која ја организирале дел од припадниците на единицата „Алфа“ во скопско Нерези. -Според извори во МВР, на предновогодишна забава во ресторан во с.Нерези, скопско, се случил тежок инцидент помеѓу припадници на единицата „Алфа“ во кој биле извадени и пиштоли, по претходна физичка пресметка, пишува Инфомакс.мк Инцидентот бил предизвикан од музичкиот избор, односно, кон крајот на прославата во ресторанот почнало да се свири албанска музика по што најпрвин дошло до вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, за да заврши надвор пред ресторанот. -Дел од припадниците на „Алфа“ единицата посегнале по службените пиштоли, по што дошло до престрелка која за среќа завршила без посериозни последици, стои во текстот на Инфомкас. Веднаш потоа, вмешаните во инцидентот биле повикани од командирот на единицата „Алфа“, Примислав Димовски, кој ги „советувал“ да заборават на инцидентот. Официјалните претставници на МВР не ја потврдија случката, а во редовните билтени истата не е регистрирана, најверојатно во обид да се заташка настанот и да се избегне секаква одговорност, коментира порталот. Извор: Инфомакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-krie-alfite-se-ispukale-na-prednovogodishna-zabava-vo-skopsko-nerezi/feed/ 0