Алфред Гисласон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Jan 2023 07:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алфред Гисласон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гисласон останува селектор на Германија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-ostanuva-selektor-na-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-ostanuva-selektor-na-germanija/#respond Sun, 29 Jan 2023 07:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=793307

Ракометната федерација на Германија ќе го продолжи договорот со актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација Алфред Гисласон. Иако стратегот од Исланд со своите избраници не успеа да обезбеди полуфинале на Светското првенство 2023, сепак, челниците од ракометната куќа од Германија се задоволни од неговата работа со националниот тим. Германија на Мундијалот во Полска и Шведска настапи без неколку искусни играчи и против селекцијата на Норвешка ќе игра за 5 место на шампионатот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-ostanuva-selektor-na-germanija/feed/ 0
Гисласон: Немавме доволно време да се подготвиме за Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-nemavme-dovolno-vreme-da-se-podgotvime-za-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-nemavme-dovolno-vreme-da-se-podgotvime-za-frantsija/#respond Fri, 27 Jan 2023 06:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=792576

Исланѓанецот на клупата на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон честиташе на победата на Франција, но смета дека таа не е издвојувана само како резултат на подобриот квалитет на противникот, туку и поради лошиот распоред на турнирот. ,,Му честитам на противникот на заслужената победа, но тоа што ми смета посебно е распоредот на овој турнир. Голема разлика е да имате два дена одмор пред ваков значаен натпревар, отколку еден ден. Тоа беше многу значаен фактор”, изјави Гисласон. Франција го играше последниот натпревар од главната фаза во недела, а Германија во понеделник по што наредниот ден отпатуваа во Гдањск. ,,Тоа ни направи големи проблеми бидејќи немавме време адекватно да се подготвиме за натпреварот. Во овој систем каде првенството се одржува во две држави не е можни сите да имаат исти услови, некој мора да трпи заради патувањата и тоа веќе не е фер. Тимот кој мора повеќе да патува и како резултат на тоа има помалку време за подготовки за следниот натпревар е значително хендикепиран.Франција имаше повеќе време и за одмор и за подготовки, а тоа е огромен фактор на вакви натпреварувања.Победата на Франција на теренот е заслужена, но факт е дека немавме подеднакви услови за подготовка на натпреварот”, заврши Гисласон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gislason-nemavme-dovolno-vreme-da-se-podgotvime-za-frantsija/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Гисласон останува селектор на Германија до 2024 година! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-gislason-ostanuva-selektor-na-germanija-do-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-gislason-ostanuva-selektor-na-germanija-do-2024-godina/#respond Fri, 24 Dec 2021 11:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=612610

Алфред Гисласон го продолжи договорот со репрезентацијата на Германија непосредно пред почетокот на Европското првенство 2022. „Задоволен сум што можам да продолжам со работата во репрезентацијата. Спортската анализа по Олимписките игри веќе ја вклучивме во нашата работа“, изјави Гисласон. 62-годишникот ќе ги води најдобрите германски репрезентативци до 2024 година. Негов последен турнир, ако претходно не добие нов договор, ќе биде оној на Олимписките игри во Париз. Германија на ЕП 2022 ќе игра во групата Д заедно со Австрија, Полска и Белорусија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/oficijalno-gislason-ostanuva-selektor-na-germanija-do-2024-godina/feed/ 0