али ахмети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:16:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png али ахмети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу важен чекор за земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-ludva-ustavnite-izmeni-se-mnogu-vazhen-chekor-za-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-ludva-ustavnite-izmeni-se-mnogu-vazhen-chekor-za-zemjava/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=895476

Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и ситуацијата во регионот, се дел од темите на кои разговарал претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Република Чешка во земјава, Јарослав Лудва. Како што информираат од ДУИ, Ахмети изразил благодарност за поддршката на Република Чешка на нашиот пат кон европската интеграција и вооедно го информирал амбасадорот Лудва за скрининг процесот кој се одвива. На средбата, како што се посочува во партиското соопштение, уставните измени се опишани како многу важен чекор за земјата. -Опозицијата мора да рефлектира и да дејствува во согласност со повиците на меѓународните партнери и да ја забрани блокадата на земјата за интеграција во ЕУ. Република Северна Македонија треба да продолжи со потребните реформи затоа што земјата мора да ги приближи локалните и европските стандарди. Република Чешка секогаш ја поддржуваше нашата земја и нè охрабрува да ги направиме уставните измени што е можно поскоро, се наведува во партиското соопштение. Двајцата соговорници разговарале и за предизвиците со кои се соочува регионот, со посебен акцент на нормализацијата на односите Приштина - Белград и финализирање на спорот со взаемно признание. Чешкиот амбасадор го поканил претседателот на ДУИ Али Ахмети на ручек со групата амбасадори V4 на земјите од Вишеград. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-ludva-ustavnite-izmeni-se-mnogu-vazhen-chekor-za-zemjava/feed/ 0
Али Ахмети повторно за свои средби ја користи државната канцеларија на Артан Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ali-ahmeti-povtorno-za-svoi-sredbi-ja-koristi-drzhavnata-kantselarija-na-artan-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ali-ahmeti-povtorno-za-svoi-sredbi-ja-koristi-drzhavnata-kantselarija-na-artan-grubi/#respond Mon, 30 Oct 2023 15:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=894565

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и овој пат не забележала злоупотреба на просториите на јавните институции за партиски средби. Локација за таков настан повторно беше кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. Таму лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со поранешниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, пренесува Алсат. Претходно, вицепремиерката Грковска упати предупредување до Груби, но се чини, без ефект. Веднаш штом случајот стигна во Кабинетот беа преземени активности за да се утврди дали има прекршувања на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и јавните службеници назначени или избрани од Владата. Потврдено е дека Етичкиот кодекс е прекршен, за што г-н Груби е опоменат“, наведе Грковска. Антикорупциската комисија постојано констатира дека Артан Груби ги користи службените простории на министерството за партиски состаноци. Исто така и Алсат постојано известува за злоупотреба на државни ресурси од страна на Груби за партиски цели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ali-ahmeti-povtorno-za-svoi-sredbi-ja-koristi-drzhavnata-kantselarija-na-artan-grubi/feed/ 0
Едначење по глупост https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=890648

Најнеспособната влада во светот и пошироко го реши проблемот со мечките. Се прашувате како, нели? Епа, остроумните Тачевци викнаа „ЕУРЕКА“ и испланираа за една година од сега да испланираат како ќе ги раселат мечкиштата во западна Македонија. Да, заблескаа по навика и смислија да си дадат рок од година дена за да направат план како да се справат со напаста мечкина и како да ги раселат на други локации. Ви се верува во нивната „промуќурност“? Секако, та ова е чиста класика, би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично. Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко, да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во кратки црти. Затоа, небулозната „одлука“ за мечките е толку природна и нормална. Им прилега, им „стои“ ко „саливена“. Гарант, и оваа мерка е за побрз влез во ЕУ, не знам како не се сетија да го споменат тоа. Тешка, голема мечкина реформа. Украсете ја со европско знаменце. Иако, пиратско многу повеќе ви личи. А, зошто, воопшто и се мачите, таленти? Та додека вие реагирате сите од таму ќе се иселат, па загрозениот вид „луѓе“ ќе стане проблем за мнозинството мечки. Додека вие, според планот, ги иселите и раселите мечките, она малку преостанати луѓе во Маврово и Ростуше ќе фати џенем од Македонија. Ко што тргнало, ако останете на власт, ќе треба да доселуваме луѓе, а не да раселуваме мечки... Туку,  како не ви текна да ги излажете мечките дека дошла зимата, па да си легнат пак пустите, ко суртуците ваши со бесплатно здравство во ЕУ што ги лажевте за името. Тоа ви стои и во описот на работното место, патолошки лажговци. Може и нон-стоп да ги лажете, та штом урсусите станат и се рассонат,  пак да си легнат и нон-стоп да хибернираат. Истото што им го правите на Македонците со ЕУ - името, па уставот, па јазикот, па Бугарите во него, па историјата... Да, така и мечките ќе испоумираат сами, а богами и Македонците ќе ги снема. Сите останати среќни и задоволни. Или, муљајте ги животинките дека ќе им донесете датум за пролетно будење, исто ко што оној за преговори со ЕУ го носите веќе шестта година по ред, неспособњаковиќи трагикомични. А, од Маврово и Ростуша и околијата сардисана со мечки, исто како и сите нормални Македонци би ви рекле „мечки да ве јадат“... Ве јале или не, оваа ступидна „мечкина услуга“  за мештаните и „брза“ акција  на Ќурка и компанија ме потсети и на пораката на Фон Дер Лајен, која ни порача дека историјата се менува?!?! Душичка научнофантастична. И додека очекувате да чуете дека Урсула измислила временска машина, релативизаторката од Брисел ви се врти и ви вели „Зграпчете го моментот!“. Небаре, мигот со војни насекаде е жива посластица за кандидатите за членство.  И, госпожа со огледалца за домородците во чантата, таа не, не се менува. Историјата е нешто што минало, нема враќање назад, не се правете недоветни. И, да, звучиш ко Заев. А, околу она патетично, евтино и демек мотивациско - „зграпчете го моментот,“ си спомнувам дека „Зграпчи го денот“ беше една страница во весникот „Вест“. „Најчитаната“, затоа што беше со голотии. Кај нас, пак, многу одамна, 7-ма година по ред царот/премиерот и претседателот се голи, башка боси. На страна и приглупи, сервилни и субмисивни. Олабавете не’, финтиве ви се ветви ко ланскиот снег, а корисните идиоти кои глумат влада во Македонија одамна не ви се ни корисни. Саде идиоти останаа. Дарба си е дарба. И додека Урсула менуваше историја и штелуваше колективна меморија на цел народ, Цаци упорно стануваше за да ја види сала, Таче понизниот се караше со новинари и ламентираше за непокор, Османи бараше да им купиме нов авион, Владата раселуваше мечки, Маричиќ меѓу два бифтека во бифето бладаше за избеганиот воз, Стево се самодемантираше на две минути, Груби леткаше орлиња, црна Бисера се шеткаше по танга по цркви, Обиџуко феминизираше нов светец, Љупче смишљаше како да фати нова пратка путер и пак да стане славен, а низ македонскиот етер провејуваше сенката на најновата политичка појава која ја краси владејачката сцена. Една од карактеристиките и особеностите на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките и особеностите на актуелната влада, доминантна, е ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Потценување на интелигенцијата на сопствениот народ. И не, тука нема исклучоци... Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија. Иљачот се вика ИЗБОРИ, повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/feed/ 0
Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/#respond Tue, 03 Oct 2023 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884651

Таче и Алија се разбудиле среде ноќ, облеани во ладна пот. Не им било лесно на пустите, ги фаќал силен уплав затоа што добро знаеле дека наскоро ќа траснат од власт. Без меко атерирање. А тоа болело. Абе, многу. Многу повеќе од болката во мешето на Ќуран кога ги распродавал македонските идентитетски одредници. Веќе подолг период, сон не ги фаќал пустите, а и кога ќе успееле, се буделе со врискање од силниот кошмар. Се викал МАКЕДОНИЈА. За некого најубав сон, за некого ноќна мора. Кој, што си заслужил... Па така ненаспани и со подочњаци до колена, владините „капо ди тути каповци“ утрото ќе свикале по своите гавази, советничиња, експерти и новинарчиња – аман, чаре да се бара, гласачко тело северџганистанско да се анимира, спас да се најде, дојдеа е нож до северну коску. Сламка ли беше... И така, ајваните драматично ќе почнеле да си ги траскаат од ѕид празните главички, глумејќи дека нешто работат, па се туфкале, пуфкале, лелекале, пискале  и куделе, ама чаре не се наоѓало. Од празните главички излегувала само природната реакција и супстанца. Ништо. Празнотија... И наеднаш, некој во Мала Речица свикал „Еурека“!!! Му го текнувало дека ќе му го игруваат на стара карта. Еден бајат, ама проверен рецепт. Ќе играат со и за криминалците. Веднаш им дојавиле на Бихаќка, каде со елан заиграле и направиле мега-журка, како онаа за НАТО влезот де. Седокосиот Алија ја прифатил идејата со акламација и инстант орле со рачињата направил, аберот го рашириле Груби и Бујар пафтајќи со прстињата омрсени од власт, а Таче, кој по Али немал право на глас, морал пресреќен само да заигра некое влашко оро на фотоволтаичното поле на жена му, нива дарена од државата. Љупче Путерот, Маричиќ и Обиџуко не ни сфатиле за што се работи, ама ко секогаш орно завикале „Браво шефе, секоја чест шефе, љубим ноге шефе!!!“ Што било чарето? Па, забеганата и неинвентивна владина банда се „сетила“ да ги амнестира криминалците. По скратена постапка, разбира се. Нивните најдобри и најлојални другарчиња, дилери и шарени празноглавци. Оти крвта не била вода, а грижата за своите била обврска, нели. Нова екипа за полнење на гласачки кутии, закани врз гласачи, новокомпонирана партијска мафија за избори. Јуууууууу, свикал Ќурка и насмејан до уши „одма„ се јавил во Фондот за иновации, да му дадат грант од макар три милиони евра на оној од Мала Речица на кој му текнала оваа толку ветва, нова идеја и „иновација“... Не ги интересирало каков пример даваат. Пораката била јасна: Лажи, кради, манипулирај, тепај, мами, клевети, боди, сечи  - и судијката партијска ќе те осуди на помала казна, па оп - Таче и Алија ќе те ослободат/амнестираат. Криминалци за криминалци, фамилија е светиња, нема тука лабаво. И така, во земјата која некогаш беше и држава се подготвувала амнестија на гласачкото владино тело. По скратена постапка, нормално. Ова било јадрото на СДСС и ДУИ, криминалците, останатите од болументата гласачка биле тендераши, нововработени, како и оние со желба за унапредување и вработување, кој од кој понеспособен. И тука завршувале... Прво, власта се самоамнестирала со измени на Кривичниот законик, а сега ги амнестирала и своите најверни поданици. Криминална влада? Не, криминогена, арамиска, апашка и ред други зборови кои се само галовни за ова качачка банда. Седма година агонија, а амнестија саде неколку дена по петгодишнината од референдумскиот бунт, победа и бојкот, суверенистички чин кој Заевци заштитени од странските мецени го извитоперија, укашкаа, укакаа и укаљааа... На 30-ти септември годинава, минатата сабота, нашата Македонија наврши 5 години од најголемата Пирова победа во историјата. Но ова не е 2018-та, колку Заевци, Тачевци и Алиевци да посакуваат, минаа тие црни времиња. Овие 5, „една рака“ лета, поради сопствената грижа на совеста  се престоривме во темирани бомби, не спиеме навечер од гнев, а парадоксално - повторно не сме доволно будни. Сепак, теши што крајот наближува. Со него и крајот на насилната зомбификација на македонското национално ткиво, епизода која остана во обид и која не им успеја на овие вуду северџани кои ги ситнат последните денови од својата неуспешна вештерска кариера. По 7 години јад, сега веќе се месеци, наскоро ќе бидат денови, а гневот само ќе расте. Се обидоа од петни жили да не разединат, раскараат, заплашат и ништат, секојдневните понижувања требаше да донесат нов бран апатија и рамнодушност и да го доразорат она малкуто останато здраво ткиво, ама не успејаа. Пирејот ќе го возврати ударот. Македонија исто. Светлото на крајот на македонскиот тунел, разрушен од гнилите северни тули, веќе се гледа, наѕира и блешти. Се’ што треба е да издржиме уште малку, па да гледаме реприза на антологискиот северџганистански сеир, новокомпонирани плачки, та будење на ненадминливите НВО бапчорки, па заштитничките пресови на амбасадорските маќеи и очуви со Тачевци во скутот, непреповиени и со пелени полни со антимакедонски истресок кои се цедат на сите страни, лелек на „новинарските“ им здруженија, лажните вести на неизживеаните, патетични Џабировци и садизмот на Тричковци, плачките на сороспиите и останата багра. Ми фалат будалчињата непрокопсани и толку „промуќурно“ приглупи. Ајде, уште малку, па пак ќе си ги имаме во маало, по интернет, на ТВ, во весници. Кампови, фарбања, патетични протести, агресивни изливи, абе цепки. Многу, премногу ќефови во најава, забава до бессвест... Амнестирајте, самопомилувајте се, крадете ко улави, тендерисувајте, продавајте, аздисувајте, џабе ви е. Раката на Македонија можеби е спора, оти е човечна, исто како и Македонецот. Арно ама, не простуваат, никогаш...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/feed/ 0
Николоски: Ако Ахмети и Груби останат на власт, ние како држава сме завршиле со било кој тип на реформи во правосудството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-ahmeti-i-grubi-ostanat-na-vlast-nie-kako-drzhava-sme-zavrshile-so-bilo-koj-tip-na-reformi-vo-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-ahmeti-i-grubi-ostanat-na-vlast-nie-kako-drzhava-sme-zavrshile-so-bilo-koj-tip-na-reformi-vo-pravosudstvoto/#respond Mon, 25 Sep 2023 20:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=881688

Суштината на се ова што ние сега го правиме е да оваа приказна се изнесе во јавност, да се каже вистината, да ја знае јавноста вистината и да ги носиме соодветните одлуки затоа што Македонија не може да оди напред ако оваа или слична политичка структура остане на власт. Ако Али Ахмети и Артан Груби останат на власт ние сме завршиле како држава со било кој тип на реформи во дел на правосудство затоа што гледаме дека не се случуваат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата 360 Степени. Николоски во текот на своето гостување посочи дека со измените на кривичниот законик не само што нема реформи туку се оди во сосема спротивна насока. -Со измените на кривичниот законик не само што нема реформи туку се оди комплетно во друга насока и да е најинтересно истите кои што ги создаваат проблемите сега треба да ги решваат, затоа што да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ има 3.000 луѓе под прогон, најчесто политички прогон, рече тој. Николоски додаде дека поранешните структури на ВМРО-ДПМНЕ кои комуницираат со ДУИ и СДСМ треба да размислат кој нив ги стави во ова ситуација. -Треба да размислат поранешните структури на ВМРО-ДПМНЕ кои сега комуницаарт со ДУИ и со СДСМ, за СДСМ имам повеќе разбирање ни се реални политички противници, кои нив ги стави во ова ситуација. Дали тоа не е случајно ДУИ и Али Ахмети, да потсетам дел од нив и јас сум бил на тој состанок кога на Али Ахмети му се кажа „Ти не фрлаш во кафез со ѕверови“. Значи тој кој што ги фрли во кафез со ѕверови сега е најдобар соработник нивни, а партијата во која биле членови е условно кажано нивни противник, извинете ама тоа не е природна состојба и таа состојба на ниеден начин не е предизвикана од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, порача тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-ahmeti-i-grubi-ostanat-na-vlast-nie-kako-drzhava-sme-zavrshile-so-bilo-koj-tip-na-reformi-vo-pravosudstvoto/feed/ 0
Николоски: Имаме докази дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети, Џафери и трета страна на УСБ доставил измени на КЗ, а тоа се скоро истите кои поминаа во Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/#respond Mon, 25 Sep 2023 18:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=881673

Однесувањето на поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ беше многу јавно, два пати се правеше обид за вонреден конгрес во партијата, поранешниот претседател остана активен на социјалните мрежи и имаше став за многу теми, но не и за името, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ. Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие декствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контаки и со СДСМ но идеите кои се разговараат не се во корист на државата. Во делот на докази, посочи Николоски има два дела. „Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседате треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Николоски. Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации. „Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски каде се врвните луѓе од власта на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега, прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој. Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имамаме докази, еве има и уесбе на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злостотничко здружување тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието“, рече Николоски. Николоски укажа дека има јасна трага од каде е уесбето. „Самото тоа што текстот од усебето одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски. Николоски потсети дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. Тој потсети дека корист има Оливер Спасaсoвsки или нема да одговара за набавката на чизми во МВР, Васко Ковачевски нема да одговара за барањето мито од 250 илјади евра во РЕК Битола, се подобрува положбата на Мухамед Зеќири, Драги Рашковски, потоа застареност ќе има на многу дела на Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/feed/ 0
Мицкоски: Не очекувам дека Али Ахмети ќе се прекрши за Македонците во Албанија, апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ne-ochekuvam-deka-ali-ahmeti-ke-se-prekrshi-za-makedontsite-vo-albanija-apeliram-makedontsite-od-albanija-masovno-da-uchestvuvaat-vo-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ne-ochekuvam-deka-ali-ahmeti-ke-se-prekrshi-za-makedontsite-vo-albanija-apeliram-makedontsite-od-albanija-masovno-da-uchestvuvaat-vo-popisot/#respond Sun, 24 Sep 2023 14:03:15 +0000 https://kurir.mk/?p=881261

Додека се случуваат сите овие проблеми, пропагандите на соседите никогаш не престанаа. Додека оваа власт не убедува во придобивките од добрососедскиот договор кои самите го склучија, Бугарија тера отворена пропаганда против Македонија и како тоа да не е доволно, овие денови тие вршат жесток притисок и терор при пописот во Албанија, македонското малцинство да се впишува како етнички Бугари. И сега познати ни се намерите на бугарската политика, но необјаснив е молкот на македонската власт. Да бидам искрен не очекувам дека Али Ахмети ќе се прекрши за Македонците во Албанија, но барем Ковачевски да преземе мерки и да реагира на ваквиот отворен притисок за асимилација која гледаат како им се случува пред очи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи од Велес. Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија. „Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија да излезат и да се попишат како Македонци, она што со векови биле и ќе продолжат да бидат. Апелирам дека сега е моментот да не потклекнуваат, и одговорот на сите туѓи пропаганди да биде масовност. Следуваат промени во Македонија и како Македонци и Македонија како нивна држава од која тие влечат потекло, ќе им помогне во иднина, и ќе ни биде полесно повеќе да се вклучиме во поддршката за развој и негување на македонските особености и култура. Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот“, кажа Мицкоски. Според него она што се случува во политиката тука во Македонија, се уставните измени. „Позади измените на Кривичниот законик, амнестијата која сами си ја гласаа, и оние јавни превирања и препукувања со сеништата од минатото, се основата на валканиот план на Владата, валканиот план на власта се само уставни измени. Бидејќи ја знаат непопустливоста на пратениците, ја знаат и одлучноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и народот против прифаќање на бугарски диктати, тие пробуваат да создадат непринципиелни коалиции кои би можеле да доведат до уставни измени. Иако шансите реално тие да се случат не се ни ниту теоретски“, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ne-ochekuvam-deka-ali-ahmeti-ke-se-prekrshi-za-makedontsite-vo-albanija-apeliram-makedontsite-od-albanija-masovno-da-uchestvuvaat-vo-popisot/feed/ 0
Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им било дадено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=880971

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации  УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека  треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото кои што им било дадено.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тие ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/feed/ 0
(ВИДЕО) Зетот на Али Ахмети бил партнер со бизнисмен кој успеал за 24 000 евра да купи 65% од фирма со обезбедени државни тендери од 112 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zetot-na-ali-ahmeti-bil-partner-so-biznismen-koj-uspeal-za-24-000-evra-da-kupi-65-od-firma-so-obezbedeni-drzhavni-tenderi-od-112-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zetot-na-ali-ahmeti-bil-partner-so-biznismen-koj-uspeal-za-24-000-evra-da-kupi-65-od-firma-so-obezbedeni-drzhavni-tenderi-od-112-milioni-evra/#respond Fri, 22 Sep 2023 06:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=880525

Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра. Пред месец дена, Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај. Во истата 2022 година Сулкоски „влегол“ во уште еден бизнис. За 24 000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државните Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра. Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Зборуваше, пред се, на политички теми, но доби и вакво прашање: – Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут? „Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 18 септември 2023 година. Зошто му го поставивме ова прашање на Али Ахмети и кој е Ерџан Сулкоски? Денот бил 11 јануари 2022 година кога две лица склучиле договор за основање на фирмата „К.С.А. Интернатионал“ во Република Северна Македонија. Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана. Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zetot-na-ali-ahmeti-bil-partner-so-biznismen-koj-uspeal-za-24-000-evra-da-kupi-65-od-firma-so-obezbedeni-drzhavni-tenderi-od-112-milioni-evra/feed/ 0