алијанса на албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 18:52:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алијанса на албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таравари: Би било најдобро АА да оди сама на избори, најголема грешка ни е поддршката за Арсовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/#respond Sun, 09 Jul 2023 18:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=854713

Претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари верчерва изјави дека партијата се уште нема одлука како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори. -Низ партиските тела ќе ги анализираме сите околности како е најдобро за нашата партија, рече Таравари во интевју за Сител. На прашањето дали е во игра заеднички настап со актуелната владината коалиција, рече дека не исклучува ништо. Меѓутоа, смета дека АА би било најдобро да излезе сама на избори. -Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опшции за комбинации, рече Таравари. Алијанса за Албанците, како што вели, со сите политички партии има коректни односи. -Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари. За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“. -Мора да се функционира и сега некако функционираме овој период до следните збори заедно со ДУИ и СДСМ. Меѓутоа, морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа, рече Таравари. Потврди дека е се уште на истиот став за ДУИ. -И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција, рече тој. Таравари истакна дека е задоволен од работата на министрите на Алијансата на Албанците. Поинакви сме и чисти, додава тој. Потенцира дека министерот за правда Кренар Лога, според него, прави револуција во правниот систем, а тоа го гледа во повеќе настани што порано биле цензурирани, а, како што вели, сега веќе е отворен правниот систем и транспарентен. -Ако имало некогаш нешто да се случува во фелата на правото, тоа е сега во овие четири месеци. Законот за избори, меѓународна конференција за ветинг, отворање на повеќе проблеми кои што беа под тепих, едно од тоа е и изводот на родени во кое ќе стои графата за националност. Јас мислам дека не е ништо трагично. Ако се вратиме назад тоа е зкаон кој што уште функционира, рече Таравари. Според претседателот на Алијанса на Албанците не се отвора проблем, туку се превенира проблем со изводот за матична евиденција. -Ова што го работи Кренар е превенција. Што има лошо во изводот да стои Македонец или Албанец. Многу Македонци ќе бидат внимателни и нема да се запишат како Бугари, вели Таравари. Тој укажа на злоупотреби што се прават со балансерот за вработување. -Оваа драма што се прави сега дека ќе се злоупотреби од Бугарите мислам дека нема врска, дури може да се превенира. Освен ако законските норми предвидуваат дека ова треба да запре ние не сме против тоа, но ако е во склоп на зкаонот зошто да не, вели Таравари. За состојбите во градот Скопје, каде деновиве се соочуваме со штајк на вработените во Комунална хигиена, вели дека околу една година немаат комуникација со градоначалничката Арсовска. -Најголема грешка што сме ја направиле последните години како политичка партија е што сме ја поддржавме Данела Арсовска, изјави Таравари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori-najgolema-greshka-ni-e-poddrshkata-za-arsovska/feed/ 0
Пратеникот Рашиди ќе биде директор на МЕПСО, Абази на Македонски пошти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/#respond Tue, 07 Mar 2023 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=809017

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди ќе го замени Орхан Муртезани во директорската фотелја во МЕПСО, пишува „Слободен печат“. Бујаре Абази, поранешна заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде нова директорка на „Македонски пошти“. Орхан Муртезани го напушта МЕПСО како кадар на Алтернатива која беше „исфрлена“ од владата по влезот на АА. Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/feed/ 0
Лични и партиски интереси во фокусот на коалицијата Ковачевски – Таравари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichni-i-partiski-interesi-vo-fokusot-na-koalitsijata-kovachevski-taravari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichni-i-partiski-interesi-vo-fokusot-na-koalitsijata-kovachevski-taravari/#respond Fri, 10 Feb 2023 09:34:59 +0000 https://kurir.mk/?p=798833

И официјално падна договор, Алијанса за Албанците влегува во Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Поранешниот генерален секретар на Алијанса, сега лидер, Арбен Таравари кој го постигна договорот со премиерот Димитар Ковачевски беше со полна уста погрдни зборови за ДУИ, партија со која треба тесно да соработува. Коалициските партнери на СДСМ, како ЛДП и Демократски сојуз пак ја критикуваат за висок степен на корупција. Оттука се поставува прашањето дали оваа коалиција е, како што соопшти СДСМ по вчерашниот Централен одбор, за реформи, борба против корупција, реформи во сите области, напредување во интеграциите или за исполнување на лични, партиски интереси. Дополнително како оваа Влада може ад се бори против корупција кога официјален Вашингтон прати истражители со цел истражување на владини функционери кои според наодите сториле коруптивно-криминални дела. Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски синоќа во гостување на телевизија 24 рече дека е постигнат договор на програмските принципи како политички партии за влез на Алијанса на Албанците во Владата. „Создавањето на еден проевропски блок наспроти блокот кој што е против Европската унија или кој што не ги поддржува сите процеси за ЕУ е важно да се случи во периодот што следи“, рече Каевски кој додаде дека секој политички блок, политички субјект, којшто има претставници во парламентот и оние коишто немаат, а се за европскиот пат и програмските принципи за коишто се залагаме како политичка партија и Влада е добредојден и е вредно да се разговара, да се комуницира за сите ставови да се направи еден блок кој е европски, кој ќе ја турка државата напред, пред се во делот на преговорите со ЕУ. Каевски дополнително укажа дека очекува владиното парламентарното мнозинство ќе се зголемува, бидејќи на она што СДСМ го дава како концепт, за европскиот пат на државата и многу пратеници од опозицијата велат дека немаат ништо против тоа, но имаат можеби притисок од членството, јавноста. Наспроти овие ставови на Каевски, од ЛДП укажуваат на проблеми со корупција и оти никој не одговара за тоа, дека нема реформи во судството и слично. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, коалициски партнер на СДСМ и ДУИ неодамна во телевизиско гостување кажа владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност. „За правосудството само зборуваме но никој не сака да направи ништо бидејќи по она што можам да го сфатам сега од оваа позиција е дека на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност. Дополнително секој ден по еден млад човек се иселува од државата. Не гледаме никакви суштински реформи кои се преземаат, изјави Зајкова. И коалицискиот партнер Демократски сојуз со сличен став. Претседателот на партијата Павле Трајанов исто така на гостување во Дневникот на национална телевизија рече дека сите се за реформи и за интеграција, но оти многу малку е направено и ги нема посакуваните резултати. „Сите сме за интеграција и не е во ред да се условува со влез во Влада“, укажува Трајанов. Со вакво разногласие меѓу коалициските партнери се поставува прашањето дали оваа коалиција е сега само од личен, партиски интерес, без реален интерес за напредок во борба против корупција, функционален правосуден систем. Доколку е така, а реално не може да се смени многу ниту до редовните парламентарни избори, тешко дека ова ќе е влада во која како што вели Таравари препознал дека имаат исти заложби во борба против корупцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lichni-i-partiski-interesi-vo-fokusot-na-koalitsijata-kovachevski-taravari/feed/ 0
Алијанса внатре, Алтернатива надвор, Гаши добил неприфатлива понуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-vnatre-alternativa-nadvor-gashi-dobil-neprifatliva-ponuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-vnatre-alternativa-nadvor-gashi-dobil-neprifatliva-ponuda/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=798027

Димитар Ковачевски, актуелниот премиер на Македонија на Африм Гаши од Алтернатива му дал непристојна понуда за да остане во Владата,објавува Република. Ковачевски им го понудил единствено само министерството за информатичко општество и тие сега се на чекор да излезат од владеачката коалиција. Сметаат дека целта е да се избрка „Алтернатива“ од владата, за да имаат оправдување зошто „Алијанса“ ќе добијат значителен кадровски колач. Вака, на овој начин Ковачевски ја убива европската агенда на државата. Како што претходно објави „Република“, Алтернатива излегува од Влада, а на нејзино место влегува Алијанса за Албанците.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-vnatre-alternativa-nadvor-gashi-dobil-neprifatliva-ponuda/feed/ 0
ЦЕЛИМЕ НА РЕСОРИТЕ ЗДРАВСТВО И ПРАВДА Алијанса потврдува, „за трето министерско место ќе зборуваме со другите кадри“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tselime-na-resorite-zdravstvo-i-pravda-alijansa-potvrduva-za-treto-ministersko-mesto-ke-zboruvame-so-drugite-kadri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tselime-na-resorite-zdravstvo-i-pravda-alijansa-potvrduva-za-treto-ministersko-mesto-ke-zboruvame-so-drugite-kadri/#respond Wed, 01 Feb 2023 14:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=794771

Министерството за правда останува еден од ресорите што целиме да ги раководиме, заедно со Министерството за здравство, информираат за МИА извори од Алијансата за Албанците околу преговорите за кадровските решенија при евентуален влез на партијата во Владата. Од партијата велат дека преговараат за овие два ресори, со оценка дека имаат кадровски капацитети за раководење со нив. Извори од Алијансата за Албанците потенцираат дека за трето министерско место, останува да преговараат следните денови заедно со кадрите од вториот и третиот ешалон. Од партијата посочуваат дека приоритет ќе им биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, и затоа, како што велат, инсистираат нивни кадри да бидат застапени во сите дирекции, институции и инспекторати кои се поврзани со овие области, како УЈП, Царината, полицијата… Според нив, не е услов да имаат прв или втор човек во овие институции, туку да нивни кадри да бидат застапени во сите овие институции на различни нивоа. Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата се уште не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, додека за кадровските решенија воопшто не било разговарано. За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следниве неколку дена, додавајќи дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство. И премиерот Димитар Ковачевски вчера напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, додека во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат. Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра работна група за понатамошните разговори со Алијанса та за Албанците, во која покрај партискиот лидер и премиер Ковачевски, членуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група во Собранието Јован Митревски. Истовремено, за вечерва во Гостивар е најавен состанок на најтесното раководство на владејачката Алтернатива, на кој како што потврдија извори од партијата за МИА, ќе се одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците во Владата. На последните парламентарни избори во 2020 година Алијансата за Албанците и Алтернатива настапија во коалиција, но лани Алтернатива реши да влезе во владината коалиција откако Беса ја напушти Владата, додека Алијансата остана во опозиција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tselime-na-resorite-zdravstvo-i-pravda-alijansa-potvrduva-za-treto-ministersko-mesto-ke-zboruvame-so-drugite-kadri/feed/ 0
Заврши седницата на ИО на СДСМ: Еве каква одлука донесоа во врска со влез на Алијансата на Албанците во Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/#respond Tue, 31 Jan 2023 21:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=794435

(Интегрален текст од изјавата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ) Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница разговараше за повеќе актуелни прашања, за економските политики на Владата, претседавањето со ОБСЕ, текот на скрининг процесот со ЕУ можноста за проширување на владиното парламентарно мнозинство. Окрупнување на владиното мнозинство, што значи приклучување на нов политички субјект – Алијанса за Албанците, покрај постојните политички партнери. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, информираше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка. Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат кон остварувањето на стратешките, национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учество. Извршниот одбор едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса врз основа на политички и програмски принципи. За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ. Нашата одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме иднината на државата, економскиот стандард, подобар живот за сегашните и идните генерации. Оттука, соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата, особено во однос на: Унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, Забрзан економски развој и напредок на државата. Зголемување на ефикасноста на Собранието со цел побрзо носење на одлуки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, справување со енергетската и економската криза, реформските закони од ЕУ агендата. Поголема поддршка на стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи. Зголемување на парламентарното мнозинство. Чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и потребни одлуки. Јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кадровско зајакнување и освежување. Стабилност неопходна во клучен период во однос на глобалните случувања. Можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. На сите наши граѓани, и на Македонците им треба визијата за 2030 година, членство во ЕУ, подобар живот и добросостојба, еднакви со граѓаните на земјите членки на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/feed/ 0
Можниот влез на АА во Владата, тема и на вечерашниот ИО на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhniot-vlez-na-aa-vo-vladata-tema-i-na-vecherashniot-io-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhniot-vlez-na-aa-vo-vladata-tema-i-na-vecherashniot-io-na-sdsm/#respond Tue, 31 Jan 2023 13:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=794264

Можното проширување на владината коалиција ќе биде една од темите на вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, информираат за МИА извори од владејачката партија. Седницата на Извршниот одбор ќе започне во 19 часот и на неа, како што посочуваат истите извори, ќе стане збор за актуелни состојби и мерки, како и за можно проширување на владината коалиција. Премиерот Димитар Ковачевски, кој претходно денеска го потврди одржувањето на седницата на Извршниот одбор, во моментов е на средба со претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари со кого, според најавите, ќе се разговара за можно приклучување на партијата во владината коалиција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhniot-vlez-na-aa-vo-vladata-tema-i-na-vecherashniot-io-na-sdsm/feed/ 0
Алијанса за Албанците од понеделник на внатрепартиски консултации за евентуалниот влез во Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-od-ponedelnik-na-vnatrepartiski-konsultatsii-za-eventualniot-vlez-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-od-ponedelnik-na-vnatrepartiski-konsultatsii-za-eventualniot-vlez-vo-vladata/#respond Thu, 19 Jan 2023 16:21:06 +0000 https://kurir.mk/?p=789428

Алијансата за Албанците оваа сабота во Куманово на Централно собрание ќе го бира новото раководство, а од понеделник преку внатрепартиски консултации ќе решава за влез во Владата, потврдија од партијата за МИА. – Оваа сабота ќе се одржи состанокот на Централното собрание на партијата, на кој ќе биде избрано новото партиско раководство – потпретседателите и секретарите. Додека, пак, за понудата за влез во Владата, не се одлучува во понеделник, туку од понеделник ќе се разговара внатре во партијата, посочија од партијата. Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во изјава за една национална телевизија вели дека неофицијалната покана за влез во Влада ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени. – Трето, најважен интерес на граѓаните е земјата да успее да ги направи уставните измени и да почнеме преговори со ЕУ. Ако добиеме имформации од другите партии на власт дека постои можност за обезбедување на 80 гласови тогаш треба да им дадеме шанса на уставните измени и преговорите со ЕУ. Цениме дека со такво мнозинство ќе придонесеме полесно да се убедат и пратеници на ВМРО и целата партија да ги гласа уставните измени. Доколку нема такви шанси тогаш не гледаме причина зашто да бидеме дел од власта, вели Таравари за Телма. Премиерот Димитар Ковачевски вчера во изјава за медиумите соопшти дека постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, но тоа ќе зависи и од политичкиот договор. – Алијанса за Албанците има изразено политичка волја која што е „за“ европски концепт на државата. Дали ќе влезе во Владата? Да, постојат шанси за тоа. Исто како што кажаа и другите политички лидери. А дали ќе се случи тоа? Зависи од политички договор. Политичкиот договор секогаш има два аспекти – едниот е програмски и другиот е кадровски. Додека не се случи такво нешто, не можеме со сигурност да кажеме дека ќе има уште еден владин партнер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, на која заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ информираше за скрининг процесот и следните активности поврзани со ЕУ интеграциите. Премиерот потенцира дека е отворена можноста за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон концептот за европска Северна Македонија и сега е времето да го направиме тоа, бидејќи, како што рече, од нас зависи побрзото пристапување на државата во Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-od-ponedelnik-na-vnatrepartiski-konsultatsii-za-eventualniot-vlez-vo-vladata/feed/ 0
Политичкиот договор клучен за влезот на АА во Владата, потврди Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-dogovor-kluchen-za-vlezot-na-aa-vo-vladata-potvrdi-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-dogovor-kluchen-za-vlezot-na-aa-vo-vladata-potvrdi-kovachevski/#respond Wed, 18 Jan 2023 11:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=788868

Постојат шанси за влез на Алијансата за Албанците во Владата, но тоа ќе зависи и од политичкиот договор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Алијанса за Албанците има изразено политичка волја која што е „за“ европски концепт на државата. Дали ќе влезе во Владата? Да, постојат шанси за тоа. Исто како што кажаа и другите политички лидери. А дали ќе се случи тоа? Зависи од политички договор. Политичкиот договор секогаш има два аспекти – едниот е програмски и другиот е кадровски. Додека не се случи такво нешто, не можеме со сигурност да кажеме дека ќе има уште еден владин партнер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, на која заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан  Маричиќ информираше за скрининг процесот и следните активности поврзани со ЕУ интеграциите. Премиерот потенцира дека е отворена можноста за сите оние кои што сакаат да се приклучат кон концептот за европска Северна Македонија и сега е времето да го направиме тоа, бидејќи, како што рече, од нас зависи побрзото пристапување на државата во Европската Унија. – Не е доведено воопшто во прашање владиното мнозинство, бидејќи доколку ги погледнете и јавните изјави на сите политички фактори, пред се тука мислам на пратениците, никој не го доведува во прашање владиното мнозинство, туку се работи за повеќе за внатрепартиска дискусија која се одвива во одредени политички партии, рече Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање околу иницијативата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „Алијанса за Европа“, премиерот Ковачевски рече дека во нашата држава постојат два концепти. Едниот концепт, како што посочи, е за „Европска Северна Македонија“ – концепт во кој што политичките партии кои што го поддржуваат СДСМ – партнерите од коалицијата, ДУИ, Алтернатива, Алијанса за Албанците и други политички партии кои го поддржуваат концептот на пристапување и зачленување на земјата во Европската Унија и кои го поддржаа зачленувањето во НАТО. – И од друга страна, има концепт на политички партии, тука пред се мислам на Левица и на нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, кои што се против членството во НАТО, што го потврдија во свои јавни изјави и против членството во Европската унија, што сметам дека е погрешен концепт, бидејќи не нуди алтернатива. Дури уште полошо, Левица нуди некаква алтернатива на евроазиска унија, која што во ниту еден случај не е во согласност со определбите на граѓаните на нашата држава, изјави премиерот. Ковачевски истакна дека вратите се отворени за сите политички партии кои што се за концептот за „Европска Северна Македонија“, односно сакаат да бидат дел од „Сојузот за Европа“. – Само тоа е патот напред за нашата држава, за да обезбедиме економски просперитет, социјална сигурност и врвно владеење на демократијата и да се исполнат очекувањата на граѓаните кои што ги поставиле пред политичарите пред точно 31 година за независна македонска држава која ќе биде членка на НАТО и на Европската унија, додаде Ковачевски. Во однос на наводите во медиуми дека постои план на поранешниот премиер Зоран Заев за негова смена од власта, Ковачевски рече дека и самиот Заев ги демантираше тие наводи. – Прво, јас не сум човек кој што се плаши и тоа сум го потврдил досега. Второ, самиот поранешен претседател на СДСМ ги демантираше во јавноста тие наводи, кои што беа наведени. И трето, сите одлуки кои што се носат во СДСМ се носат на официјалните тела на партијата, раководството, Извршниот и Централниот одбор и сите одлуки кои досега се донесени, се донесени едногласно без ниту еден глас против, рече Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichkiot-dogovor-kluchen-za-vlezot-na-aa-vo-vladata-potvrdi-kovachevski/feed/ 0
Алијанса за Албанците ги поддржува приватните превозници: Арсовска да ги прифати нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-gi-poddrzuva-privatnite-prevoznici-arsovska-da-gi-prifati-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-gi-poddrzuva-privatnite-prevoznici-arsovska-da-gi-prifati-nivnite-baranja/#respond Fri, 09 Dec 2022 15:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=773283

Алијанса за Албанците ги поддржува протестите на возачите на приватните автобуси во Скопје и се солидаризира со нивната борба за правда. Нивните барања се праведни и легитимни, велат од Алијанса за Албаниците. „Ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, под итно да седне на маса со приватните превозници, бидејќи покрај нив, сериозно се оштетени и граѓаните кои деновиве се соочуваат со недостиг на транспорт и хаос во сообраќајот. Апелираме до граѓаните да бидат трпеливи во овие денови и да имаат разбирање за превозниците кои водат битка за елементарно право коешто неправедно им се ускратува“, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-gi-poddrzuva-privatnite-prevoznici-arsovska-da-gi-prifati-nivnite-baranja/feed/ 0