алијанса за албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 10:54:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алијанса за албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таравари: Уште денес ќе излеземе од Владата ако се изгласаат уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865460

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го бара за да гласаат за уставните измени. - Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори, рече Таравари, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21. Оставките на министрите и функционерите на ДУИ, Таравари ги оцени како детска игра. -  Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. АА е партија сама по себе и носи свои одлуки во партиските органи на АА, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството, но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија, рече Таравари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ushte-denes-ke-izlezeme-od-vladata-ako-se-izglasaat-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Таравари: Има јасни сигнали дека земјава ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/#respond Tue, 13 Jun 2023 16:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=845366

Има јасни сигнали дека Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија, истакна претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари при денешната посета во Куманово. Одговарајќи на новинарско прашање што ја чека државата доколку не се изгласаат уставните промени, Таравари истакна дека не е важно како ќе изгледа следната влада, туку, како што посочува, важно е дека се даваат јасни сигнали дека земјава најверојатно ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија. -Не е важно како ќе изгледа следната влада, или како ќе се организира владата во следните шест месеци, тоа што е важно е дека се даваат јасни сигнали дека Северна Македонија најверојатно ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија, изјави Таравари. Тој посочува дека воопшто не би било добро доколку државата не ги започне преговорите со Европската Унија, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на евроинтеграциите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ima-jasni-signali-deka-zemjava-ke-gi-otvori-pregovorite-so-eu-zaedno-so-albanija/feed/ 0
Таравари: Никој не го разреши Јовев како доктор во клиниката, без политичка функција ќе има повеќе време за своите пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/#respond Wed, 07 Jun 2023 13:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=843251

Никој не го разреши Сашко Јовев од работното место како доктор во клиниката, дури и мислам дека кога немаш политичка функција имаш повеќе време да им се одадеш на твоите пациенти, изјави претседателот на партијата Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одговарајќи на прашање поврзано со докторот Сашко Јовев и дали неговото разрешување е начинот кој партијата се обидува да ги задржи младите и стручни лица од заминување од државата. Тој на денешната прес конференција каде што, придружен од владини претставници, ги претстави постигнатите резултати од првите сто дена работење во владината коалиција, рече дека доктор Јовев е тораковаскуларен хирург кого го цени многу и директор е на Клиниката за кардиохирургија, но даде пример и дека тоа би било исто како Фатмир Меџити како невролог да биде директор на Клиниката за неврохирургија. - Да го направев ова гарантирам дека ќе ме критикувавте „Зошто невролог е директор на Клиниката за неврохирургија?“. Зошто не ме прашувате „Зошто тораковаскуларен хирург е директор на Клиниката за кардиохирургија?“, посочи Таравари. Во однос на трансплантацијата, Таравари подвлече дека учествувале уште осум доктори и потенцираше дека не тврди дека Јовев нема придонесено ништо, но рече дека нема да се остави туку така доколку има незаконитости. -Јас не сакам да кажам лоши зборови за мојот пријател Јовев. Нека продолжи и нека работи како доктор, нека придонесе таму. Меѓутоа доколку еден систем, без разлика дали се работи за партија, министерство, општина или држава зависи од една величина, тоа не е систем, тогаш тоа е пропаст. Ве охрабрувам да причекате и да ги гледате сите извештаи, а доколку ние сме згрешиле, знаеме да бараме и извинување, меѓутоа слушнете ги и двете страни и после да донесеме заедничка одлука, истакна претседателот на Алијанса за Албанците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-nikoj-ne-go-razreshi-jovev-kako-doktor-vo-klinikata-bez-politichka-funktsija-ke-ima-poveke-vreme-za-svoite-patsienti/feed/ 0
Алијанса за Албанците влегува во Владата, собраниска седница за реконструкција можна и в понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-sobraniska-sednitsa-za-rekonstruktsija-mozhna-i-v-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-sobraniska-sednitsa-za-rekonstruktsija-mozhna-i-v-ponedelnik/#respond Fri, 10 Feb 2023 06:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=798746

Алијанса за Албанците ќе биде дел од Владата, одлучи највисокото тело на партијата, а за нејзиниот влез во владината коалиција зелено светло даде и Централниот одбор на СДСМ. Седницата за реконструкција на Владата можно е да биде закажана веќе в понеделник, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, ако во текот на денот премиерот Димитар Ковачевски го достави предлогот до пратениците за составот на новиот владин кабинет. Синоќа, по седницата на највисокото партиско тело на Алијансата за Албанците претседателот на партијата Арбен Таравари потврди дека влегуваат во Владата и ги објави функциите кои би требало да им припаднат. Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците. Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно извори во АА информираа дека треба да добијат и двајца државни секретари, од кои едниот е во МТСП, а вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што би ги добила Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменик-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ. Таравари за денеска најави средба со премиерот Димитар Ковачевски на која, како што рече, ќе ги објави имињата на идните министри и заменици-министри од редовите на оваа партија. Синоќа седница одржа и Централниот одбор на СДСМ. Како што изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска Централниот одбор (ЦО) на СДСМ го овластил партискиот лидер и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата. Кузеска изјави дека СДСМ го задржува бројот на министри како досега, а наскоро може да се очекува Ковачевски да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата. Таа предупреди дека „опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија“. Поради тоа, напомена, мора да се здружат силите и да не се дозволи повторно 11-годишна блокада. Во однос на Алтернатива, и нејзиното евентуално заминување или останување во Владата, Ковачевски, рече дека сакаат партијата да остане како дел од парламентарното и владиното мнозинство, посочувајќи дека со оглед на тоа дека се разговара за влез на нов партнер во владината коалиција, што значи зголемување на мнозинството и нов распоред на пратеничките мандати, постојното мнозинство ќе треба да направи одредени прилагодувања со цел да може да се оствари таа идеја. -Вратата за Алтернатива останува отворена, бидејќи тие се дел од Владата. Ние сме демократско општество и ниту еден политичар или политичка партија не може на друг политичар или политичка партија да сугерира каква одлука ќе донесе, меѓутоа мојата почит кон политичките партии кои што се дел од владината коалиција, кои што учествуваа во носење на тешките одлуки и за членството во НАТО и за отпочнување на преговорите со ЕУ и за носењето на други законски решенија во однос на унапредувањето на нашето општество, секогаш било, е, и ќе биде на највисоко ниво, изјави Ковачевски. Тој завчера попладне во Собранието се сретнал со претседателот на Парламентот Џафери за седницата за реконструкција на Владата. -Го повикав премиерот Ковачевски да го информирам за процедурата за седницата за реконструкција на Владата по доставување на предлогот за реконструкција, за обострано да ги усогласиме обврските. Ако Ковачевски како предлагач денеска или утре го достави предлогот, точката за реконструкција на Владата може да ја ставам на собраниската седница закажана за в понеделник на 13 февруари или истиот ден да закажам нова седница, изјавил Џафери за „Слободен Печат“. Ова ќе биде прва реконструкција на Владата предводена од Димитар Ковачевски по мини реконструкцијата во октомври лани, откако Горан Милевски од ЛДП си поднесе оставка и на негово место за нов министер за локална самоуправа беше избран Ристо Пенов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-sobraniska-sednitsa-za-rekonstruktsija-mozhna-i-v-ponedelnik/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Алијанса за Албанците влегува во Владата – добива ТРИ министерски места и други раководни позиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofitsijalno-alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-dobiva-tri-ministerski-mesta-i-drugi-rakovodni-pozitsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofitsijalno-alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-dobiva-tri-ministerski-mesta-i-drugi-rakovodni-pozitsii/#respond Thu, 09 Feb 2023 20:22:50 +0000 https://kurir.mk/?p=798627

Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово. Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците. Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие. Таравари за утре најави средба со премиерот Димитар Ковачевски на која ќе ги објави имињата на идните министри и заменици министри.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ofitsijalno-alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata-dobiva-tri-ministerski-mesta-i-drugi-rakovodni-pozitsii/feed/ 0
Алијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vecherva-definitivno-odluchuva-dali-ke-stanat-del-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vecherva-definitivno-odluchuva-dali-ke-stanat-del-od-vladata/#respond Thu, 09 Feb 2023 18:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=798576

Во 18:00 часот во централните канцеларии на Алијанса за Албанците почнува состанок на партиското Централно претседателство, при што ќе се објави внатрепартиското референдумско изјаснување дали членовите се за или против партијата да има своите претставниците во Владата. -Со одлука на Претседателството на партијата денеска се одржа референдум во сите ограноци на кој членовите на огранските собранија, по консултации со подогранокот и членовите одговорија дали се за или против влез во Владата. Референдумот беше спроведен преку онлајн прашалник, а резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и на јавноста преку конференција за медиуми, најавија од Алијанса за Албанците. До ова изјаснување меѓу членовите доаѓа по состанокот на претседателството на 27 јануари кога новиот претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најави дека заедно со уште пет најблиски соработници ќе преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата како и дека во меѓувреме ќе организираат и внатрепартиски референдум по истото прашање. Алијанса на Албанците има 11500 членови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albantsite-vecherva-definitivno-odluchuva-dali-ke-stanat-del-od-vladata/feed/ 0
Вицепремиер, министри за здравство и правда, УЈП и Царина: Алијанса за Албанците со богат плен од преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitsepremier-ministri-za-zdravstvo-i-pravda-ujp-i-tsarina-alijansa-za-albantsite-so-bogat-plen-od-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitsepremier-ministri-za-zdravstvo-i-pravda-ujp-i-tsarina-alijansa-za-albantsite-so-bogat-plen-od-pregovorite/#respond Tue, 07 Feb 2023 21:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=797519

Разговорите меѓу АА и СДСМ се одвиваат во добар дух и во атмосфера насочена кон постигнување договор. Ова го соопшти премиерот, Димитар Ковачевски, кој додаде дека целта на влегувањето на Алијанса за Албанците во Владата е да се формира мнозинство кое има јасен став околу европската иднина на земјава. Запрашан за поделбата на колачот, премиерот негира дека имале проблеми за некој ресор. Но, првиот човек на АА, Арбен Таравари вели дека финализирањето на договорот се очекува да се случи најдоцна до утре. Смета дека е некоректно да зборува јавно за ресорите што ги добил, сѐ додека не се осигураат целосно. „Верувам дека денеска или утре договорот ќе биде конечно финализиран и тогаш официјално ќе го објавиме, и Владата, и Алијанса за Албанците. Мислам дека договорот треба да биде целосно завршен за потоа да го презентираме. Сметам дека би било некоректно да кажеме нешто, а утре да се промени. Така што, кога целосно ќе биде готов, ќе го изнесеме пред граѓаните“, вели Арбен Таравари, пренесе ТВ 21. Според внатрепартиските извори, ТВ21 дознава дека Алијанса за Албанците ќе раководи со повеќе ресори и дирекции. „Министерство за здравство, Министерство за правда, едно вицепремиерско место, заменик- министер за земјоделство, заменик-министер за одбрана. Царинска управа, Управа за јавни приходи и Финансиска полиција“ - пренесе телевизијата. А во меѓувреме Алтернатива сѐ уште нема одлучено дали ќе остане или, пак, ќе се повлече од мнозинството, поради, како што велат, непочитување на договорот. И партијата на Гаши го чека конечниот договор меѓу Таравари и Ковачевски, за потоа да донесат одлука.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitsepremier-ministri-za-zdravstvo-i-pravda-ujp-i-tsarina-alijansa-za-albantsite-so-bogat-plen-od-pregovorite/feed/ 0
Таравари: Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата, преговорите треба да завршат до утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dogovoreni-pogolem-del-od-rabotite-za-vlez-na-aa-vo-vladata-pregovorite-treba-da-zavrshat-do-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dogovoreni-pogolem-del-od-rabotite-za-vlez-na-aa-vo-vladata-pregovorite-treba-da-zavrshat-do-utre/#respond Tue, 07 Feb 2023 12:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=797257

Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. Во однос на преговорите, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“. - Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент. За ова прашање, според него, се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери. - Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство, подвлече Таравари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-dogovoreni-pogolem-del-od-rabotite-za-vlez-na-aa-vo-vladata-pregovorite-treba-da-zavrshat-do-utre/feed/ 0
Ковачевски: Во најголем процент сме усогласени со Алијанса за Албанците, не разговаравме за кадровски решенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vo-najgolem-protsent-sme-usoglaseni-so-alijansa-za-albantsite-ne-razgovaravme-za-kadrovski-reshenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vo-najgolem-protsent-sme-usoglaseni-so-alijansa-za-albantsite-ne-razgovaravme-za-kadrovski-reshenija/#respond Tue, 31 Jan 2023 19:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=794400

Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција. Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат. -На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски. Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива. Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и ќе ги информира членовите на Ивзшрниот добр во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-vo-najgolem-protsent-sme-usoglaseni-so-alijansa-za-albantsite-ne-razgovaravme-za-kadrovski-reshenija/feed/ 0
Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-pred-sredbata-so-kovachevski-dokolku-gi-sinhronizirame-programite-ke-prodolzhime-vo-slednata-faza-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-pred-sredbata-so-kovachevski-dokolku-gi-sinhronizirame-programite-ke-prodolzhime-vo-slednata-faza-pregovori/#respond Tue, 31 Jan 2023 12:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=794232

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата. -Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски, изјави Таравари пред средбата со Ковачевски. Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата. -За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата, рече Таравари. Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, по конференцијата „Година на нови можности“ информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони. Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разговара за актуелните прашања.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-pred-sredbata-so-kovachevski-dokolku-gi-sinhronizirame-programite-ke-prodolzhime-vo-slednata-faza-pregovori/feed/ 0