Алил Демири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 13:55:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алил Демири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврдено: Алил Демири е слободен човек и нема да биде екстрадиран во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdeno-alil-demiri-e-sloboden-chovek-i-nema-da-bide-ekstradiran-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdeno-alil-demiri-e-sloboden-chovek-i-nema-da-bide-ekstradiran-vo-makedonija/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=870917

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода. - По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша. Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“. За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци. - Алил Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Северна Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша. Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“. Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdeno-alil-demiri-e-sloboden-chovek-i-nema-da-bide-ekstradiran-vo-makedonija/feed/ 0
Министерството за правда нема информација дека Алил Демири е ослободен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=870912

Министерството за правда за МИА информира дека до овој момент нема добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Косовската полиција во соработка со македонската, вчера во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Откако денеска во медиумите се појавија наводи дека Демири бил ослободен бидејќи обвинителството се откажало од барање на притвор, МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Од Министерството за правда, претходно денеска информираа дека барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активно, односно чекаат одговор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-deka-alil-demiri-e-osloboden/feed/ 0
Телма дознава: Косовскиот суд го ослободи Алил Демири- доживотниот осуденик за масакрот кај Смилковско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-doznava-kosovskiot-sud-go-oslobodi-alil-demiri-dozhivotniot-osudenik-za-masakrot-kaj-smilkovsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-doznava-kosovskiot-sud-go-oslobodi-alil-demiri-dozhivotniot-osudenik-za-masakrot-kaj-smilkovsko-ezero/#respond Fri, 25 Aug 2023 13:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=870880

Телма дознава дека судот во Приштина го ослободил Алил Демири. Демири е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 луѓе.  Адвокат на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдија дека бил ослободен. Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. Неговиот адвокат од Косово Бесник Бериша за веб медиумот sinjali.com изјавил дека обвинителот се повлекол и дека екстрадицијата веќе еднаш била отфрлена. „По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето“, изјавил адвокатот Бериша за sinjali.com каде беше објавена и фотографија од осудениот на доживотен затвор за 5-кратното убиство. Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-doznava-kosovskiot-sud-go-oslobodi-alil-demiri-dozhivotniot-osudenik-za-masakrot-kaj-smilkovsko-ezero/feed/ 0
Уапсен Алил Демири, обвинет за Смилковско езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-alil-demiri-obvinet-za-smilkovsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-alil-demiri-obvinet-za-smilkovsko-ezero/#respond Thu, 24 Aug 2023 12:13:04 +0000 https://kurir.mk/?p=870461

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири. Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsen-alil-demiri-obvinet-za-smilkovsko-ezero/feed/ 0
Косово вели не знаат каде се Демири и Исмаиловиќ, обвинетите во „Монструм“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/#respond Fri, 29 Mar 2019 13:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=180222

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција. „Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија“, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-veli-ne-znaat-kade-se-demiri-i-ismailovikj-obvinetite-vo-monstrum/feed/ 0
ДНК на Алил Демири и на уште три лица пронајдена во „омегата“ кај Смилковско езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnk-na-alil-demiri-i-na-ushte-tri-lica-pronajdena-vo-omegata-kaj-smilkovsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnk-na-alil-demiri-i-na-ushte-tri-lica-pronajdena-vo-omegata-kaj-smilkovsko-ezero/#respond Fri, 26 Oct 2018 11:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=119811

Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири, кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд. Тој, исто така, е биолог кој работел на вештачењето на „опел омегата“. Од 2007 година е директор на лабораторијата за ДНК анализи при МВР и објасни дека лабораторијата секоја година се акредитира. Го потврди исказот на претходниот вештак дека се откриени четири ДНК профили. Посочи дека по извршената анализа со дата базата дојдено е до заклучок дека ДНК профилот на Алил Демири е идентичен со ДНК профилот на задното десно седиште од возилото. Веројатноста на форензичкото поклопување е таква што 99,9999999998% од останатата светската популација се исклучува од можноста да биде донор на овој ДНК профил. – Сметам дека не е можно на каков било начин при вештачењето да се направи манипулација на ДНК профилите, рече вештакот. На почетокот на денешното рочиште обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, побара од Судот да одговори до каде е постапката за екстрадиција на обвинетите  Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово. Судијата Огнен Ставрев, кажа дека има добиено одговор од Министерството за правда, и побара Обвинителството да го прочита. Во одговорот од Министерството за правда се вели дека е побарана екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но оти се уште нема одговор. На денешното рочиште се повикани четири вешти лица, од кои тројца вештаци од Министерството за внатрешни работи. „Монструм“ се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица од крим техника на МВР. Според нивните вештачења, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол. За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnk-na-alil-demiri-i-na-ushte-tri-lica-pronajdena-vo-omegata-kaj-smilkovsko-ezero/feed/ 0
По ослободувањето на сите обвинети од „Монструм“, Спасовски тврди дека сега се трага по Демири и Исмаиловиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/#respond Wed, 18 Apr 2018 10:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=42404

Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесува МИА. - Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен, рече Спасовски. Во однос на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, а се исто така меѓу обвинетите за „Монструм“, Спасовски рече дека имаат одредени информации, но не можат да ги споделат во јавноста. - Службите во МВР задолжени за овие случаи ги анализираат, ги правиме проверките и секако кога ќе дојдеме до релевантен податок ќе можеме да реализираме каква било акција, рече министерот за внатрешни работи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-osloboduvanjeto-na-site-obvineti-od-monstrum-spasovski-tvrdi-deka-sega-se-traga-po-demiri-i-ismailovikj/feed/ 0