Алкалоид АД Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 11:37:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алкалоид АД Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-dve-detsenii-del-od-najrenomiraniot-globalen-farmatsevtski-sobir-cphi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-dve-detsenii-del-od-najrenomiraniot-globalen-farmatsevtski-sobir-cphi/#respond Fri, 27 Oct 2023 11:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=893765

Тимот на „Алкалоид“, кој годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата, во текот на трите работни денови оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници на компанијата „Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ. „Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници за соработка со компанијата. Со секое следно учество на CPhl ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т.н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците од врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од Одделот Фармација при „Алкалоид“. CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Барселона собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето тридецениско постоење прерасна во заедница која обединува преку 280.000 професионалци кои работат во глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија. Тимот на „Алкалоид“ оствари продуктивни средби и размени драгоцени искуства со голем број на фармацевтски професионалци од целиот свет. „Вообичаено остваруваме средби со нашите постојни добавувачи на репроматеријали и на активни состојки, со нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така, целиме кон нови контакти, со кои градиме вредни деловни релации. Она што јас лично можам да го кажам за CPhI е тоа дека ова е единствениот one-stop-shop во светот на фармацевтската индустрија каде што ќе најдете сѐ што постои во неа. Она што нема да го најдете на CPhI значи дека не постои. За CPhI не се потребни никакви посебни препораки, затоа што сите доаѓаат да дознаат за последните достигнувања во сферата на фармацијата и да направат нови контакти за да го растат својот бизнис“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид“ АД Скопје. CPhI е извонредна можност за добивање информации за најновите достигнувања од областа на фармацијата, за да се одржи чекор со динамичните трендови во фармацевтската индустрија. Тој има пракса на ротирање, па во последниве години се одржуваше во Брисел, Милано, Мадрид, во Париз, Барселона и во Франкфурт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-dve-detsenii-del-od-najrenomiraniot-globalen-farmatsevtski-sobir-cphi/feed/ 0
АЛКАЛОИД започна процес на целосна дигитализација и автоматизација на процесите во сегментот Фармација преку имплементација на најсовремениот систем Manufacture Execution System – AlkaMES https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-zapochna-protses-na-tselosna-digitalizatsija-i-avtomatizatsija-na-protsesite-vo-segmentot-farmatsija-preku-implementatsija-na-najsovremeniot-sistem-manufacture-execution-system-alkames/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-zapochna-protses-na-tselosna-digitalizatsija-i-avtomatizatsija-na-protsesite-vo-segmentot-farmatsija-preku-implementatsija-na-najsovremeniot-sistem-manufacture-execution-system-alkames/#respond Thu, 20 Jul 2023 08:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=858346

АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална и иновативна компанија, континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија. Приспособувањето и искористувањето на иновативните технологии и прифаќањето на дигиталната трансформација се важен императив за да се биде во чекор со најновите трендови, како и заради нивна примена за унапредување и за усовршување на сите аспекти во работењето. АЛКАЛОИД започна со спроведување нов проект од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, како носечки и стратешки столб на компанијата. AlkaMES е суштински важен проект за управување со процесите, целосна дигитализација и автоматизација на производствените процеси со автоматско собирање податоци од производствената опрема и за функционирање без хартија, кој ќе се реализира во соработка со избраниот партнер ANTSolutions од Полска, компанија со големо искуство со системите за автоматизација и со повеќе од 600 имплементации во 35 земји, која функционира повеќе од 17 години и на повеќе континенти. Како исклучителна алатка за подобрување на резултатите во работењето, овој систем (софтвер и хардвер) има цел целосна дигитализација на производствениот процес преку надградба и интеграција на постојното функционирање, автоматизација на производствените процеси и опрема, примена на нови модули (со опфат и на Room Management, Container Management, Resource Management), интегрирање со постојните системи AlkaSAP ERP, AlkaT&T (Track&Trace) и BMS (Building Management System), AlkaMOS (Maintenannce Operating System) и AlkaOEE (Overal Equipment Effectiveness), надградба на системот за планирање, како и целосно електронско управување со отстапувања и со девијации во производството. Покрај тоа, AlkaMES значително ќе ја подобри севкупната ефикасност, овозможувајќи заштеда на вредни ресурси и на време при собирањето податоци, следење и контрола на процесите во реално време и донесување правилни и навремени одлуки врз основа на точни и на ажурирани информации. Од план до реализација на овој голем проект, процесите на спроведување се соодветно регулирани, имајќи предвид дека системот е во целосна согласност со највисоките фармацевтски стандарди, обезбедувајќи стабилност, безбедност и контролиран пристап. На почетниот состанок, одржан на 18 јули 2023 г., беше најавен официјалниот почеток на проектот AlkaMES (Alkaloid Manufacturing Execution System), кој е во вредност од над милион евра. Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, со своето обраќање официјално го означи почетокот на проектот, истакнувајќи ги главните придобивки и цели на проектот и поздравувајќи го проектниот тим, кој е составен од преку 80 члена, претставници на АЛКАЛОИД и на партнерската компанија, поделени во девет тима, кои се врвни експерти, докажано искусни и посветени професионалци во својата професија. Според временската рамка, пилот-проектот ќе се реализира до крајот на првиот квартал од 2024 г., а целосниот проект ќе заврши во првиот квартал од 2025 г. Со секој проект и со секоја активност АЛКАЛОИД постојано оди чекор натаму, секогаш залагајќи се за постојано усовршување и за подигнување на стандардите за квалитет и за примена на иновации во работењето, а самото тоа е доказ дека понудата на производи со врвен квалитет за крајните корисници и грижата за здравјето на луѓето се најголем приоритет за компанијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-zapochna-protses-na-tselosna-digitalizatsija-i-avtomatizatsija-na-protsesite-vo-segmentot-farmatsija-preku-implementatsija-na-najsovremeniot-sistem-manufacture-execution-system-alkames/feed/ 0
АЛКАЛОИД прогласен за водечки инвеститор во регионот: За 5 години компанијата инвестирала над 100 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-proglasen-za-vodechki-investitor-vo-regionot-za-5-godini-kompanijata-investirala-nad-100-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-proglasen-za-vodechki-investitor-vo-regionot-za-5-godini-kompanijata-investirala-nad-100-milioni-evra/#respond Mon, 10 Apr 2023 13:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=822453

„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе 5 години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции. За значењето на регионалната соработка, повеќе во изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје,  Живко Мукаетов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-proglasen-za-vodechki-investitor-vo-regionot-za-5-godini-kompanijata-investirala-nad-100-milioni-evra/feed/ 0
Алкалоид и Црвен Крст Заедно можеме повеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-i-crven-krst-zaedno-mozeme-povek-e/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-i-crven-krst-zaedno-mozeme-povek-e/#respond Wed, 05 Oct 2022 11:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=741345

Црвен крст на РСМ – Црвен крст на Град Скопје, заедно со сите поединци и општествено одговорни субјекти (компании) кои ги поттикнува да се вклучат и да го поддржат процесот на донирање половна облека, се стреми да придонесе за создавање општество на одговорни граѓани со добри навики, каде што секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее. Преку процесот на донација на облека, како и преку работењето на социјалното претпријатие „Копче“, Црвениот крст поттикнува модел на одржливо живеење, односно поттикнува да се донира и да се купува облека која е веќе создадена и употребена, но која сѐ уште може да се користи. Со тоа не само што помагаме некому кому му е потребна помош туку и влијаеме за намалување на исцрпувањето на природните ресурси што се користат при производство на нова облека, како и за намалување на отпадот што се создава од неупотребата на облеката. Како пример за општествено одговорна компанија, „Алкалоид“ АД Скопје, во партнерство со Црвениот крст, иницираше и даде поддршка во работењето на социјалното претпријатие „Копче“, а со тоа и поддршка за ранливите категории граѓани, преку хуманитарна собирна акција за донирање облека. Во периодот од 19 до 30 септември годинава во просториите на компанијата се одржа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 кг облека. Со личен пример, кон акцијата, во која учествуваа повеќе од 2000 вработени во компанијата, се приклучија и генералниот директор Живко Мукаетов и менаџментот на компанијата. Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова е втора масовна акција која ја спроведува „Алкалоид“ АД Скопје годинава во соработка со Црвениот крст. Првата се одржа во текот на јуни годинава, по повод Светскиот ден на крводарителството, кој во „Алкалоид“ се одбележа со масовна крводарителска акција, за која беа пријавени околу 140 крводарители од компанијата во еден ден. Ваквите заеднички иницијативи имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната одговорност кон општеството, помагајќи им на ранливите категории граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-i-crven-krst-zaedno-mozeme-povek-e/feed/ 0
„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВ ШАХОВСКИ ДОМ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-otvori-nov-shahovski-dom/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-otvori-nov-shahovski-dom/#respond Wed, 21 Sep 2022 18:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=735891

Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици. Со повлекувањето на првиот потег во симултанка со ФИДЕ-мајсторот Моника Стојковска (македонски шампион за 2022 година), генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, симболично го означи почетокот на систематската работа со најмладите шаховски таленти во клубот. Наставата во рамките на ШК „Алкалоид“ ќе ја водат лиценцирани тренери на Светската шаховска организација, кои се истовремено и најсилни македонски шаховски велемајстори, носители на националната репрезентација, како и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција. Покрај членовите на ШК „Алкалоид“, овој нов шаховскиот дом, лоциран на ул. „Железничка“ (ул. „Јордан Мијалков“) бр. 40А во Скопје, ќе биде отворен за сите шахисти и љубители на шахот, кои ќе имаат можност за едукација, дружење и за турнири. Според проценката на стручните експерти и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подигнува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирање тимски дух. Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е основан на 26 март 1976 година и важи за еден од најдобрите европски клубови. Има огромна колекција на титули, од кои најпрестижна е освоеното злато на Европскиот клупски куп во Нови Сад во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-otvori-nov-shahovski-dom/feed/ 0
„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-registrirashe-novo-drushtvo-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-registrirashe-novo-drushtvo-vo-romanija/#respond Wed, 07 Sep 2022 09:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=729808

По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата. Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија. Имајќи предвид дека повеќе од 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија. „Алкалоид“ е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа, која вклучува неколку групи производи. Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари, а во првата половина од 2022 година компанијата забележа раст од 140 % на овој пазар, споредено со истиот период од минатата година. Со ваквиот потег „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба – развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-registrirashe-novo-drushtvo-vo-romanija/feed/ 0
Мукаетов панелист на СЕФФ: Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mukaetov-panelist-na-seff-mokjna-i-obedineta-biznis-zaednica-znachi-silna-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mukaetov-panelist-na-seff-mokjna-i-obedineta-biznis-zaednica-znachi-silna-ekonomija/#respond Tue, 31 May 2022 09:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=684102

Ако 20 % од луѓето го напуштиле регионот, тоа значи барем 20 % помалку таленти и вештини, 20 % помалку креативен потенцијал, а на крајот на денот и 20 % помалку традиционални потрошувачи, истакна Мукаетов на Форумот. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, е учесник и панелист на Втората годишна меѓународна конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, која се одржува во Скопје од 30 до 31 мај годинава во организација на македонското Министерство за финансии и на Американската стопанска комора „AmCham“. Мукаетов, во рамките на панелот „Искористување на можностите од регионалната соработка и евроатлантските перспективи“, се осврна на важноста на перцепцијата на економската реалност низ призмата на можностите, нагласувајќи ги синергичното дејствување и интеграцијата на регионот, како и клучната улога на човечкиот фактор во тој контекст. - Поединечно, сите сме мали, неконкурентни и помалку интересни пазари. Но гледајќи го регионот на Западен Балкан како целина, веќе зборуваме за пазар од речиси 20 милиони жители. Нам ни требаат здружувања и разни форми на соработка. Тука можеби ‘поврзаност’ би бил вистинскиот збор. Како компанија која е еден од столбовите на македонската економија, силно се залагаме за изнаоѓање разни синергии во регионот, дури изнајдовме и форми за соработка со нашите конкуренти во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина, истакна Мукаетов. Правејќи паралела меѓу успешноста на компаниите и националните економии, особено во високо поларизирани и политизирани општества, Мукаетов потенцираше дека бизнисите се оние кои треба да најдат начини како поефикасно да ја промовираат регионалната економска интеграција, за да се обезбеди повисоко ниво на конкурентност, а со тоа и подобар животен стандард, повеќе странски инвестиции и посветла иднина за идните генерации. - Целта на ‘Алкалоид’ е да се диференцира преку знаење и развој на производи со додадена вредност. Во денешното време на брзи промени, кога вештачката интелигенција и новите технологии се масовно достапни, моќта на креативноста и иновацијата на човечкиот потенцијал добиваат сѐ поголемо значење. За жал, одливот на мозоци е голем проблем со кој се соочува целиот регион. Како компанија, ние во ‘Алкалоид’ се трудиме да ги задржиме нашите луѓе ‘дома’, постојано инвестирајќи во нивната професионална едукација, пристап до нови технологии и научни достигнувања, програми за менторство, дуално образование, разни бенефиции како за вработените така и за нивните семејства, сѐ со цел да овозможиме поквалитетен личен и професионален развој на вработените.“ Мукаетов го посочи примерот на „Алкалоид“ како една од најатрактивните компании работодавци во земјава, но и патот до таа перцепција, кој почнува од вработените во компанијата и од нејзината организациска култура. - Децении наназад ‘Алкалоид’ покажал резилиентност и брза адаптација кон промените. Тоа е компанија градена од генерации речиси девет децении наназад. Да работиш за ‘Алкалоид’ е како да играш за ‘Реал Мадрид’. Станува збор за наследство со богата традиција, долга историја и со врвен квалитет, па потклекнувањето пред предизвиците во никој случај не смее да биде опција, поентираше Мукаетов заокружувајќи го своето обраќање. - Скопскиот економски и финансиски форум“ (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии, чија цел, како што истакна ресорниот министер Фатмир Бесими, е да овозможи дебата за јавните политики на релевантни регионални теми. Главен говорник и специјален гостин на настанот е истакнатиот американски професор и добитник на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман. Фокусот на настанот, кој во Скопје успеа да ги собере најпрестижните имиња од светот на економијата, бизнисот и на финансиите, е поставен на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, на отпорноста, конкурентноста и на регионалната соработка, на енергијата, зелената транзиција и на инфраструктурата, но и на двигателите на растот по кризата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mukaetov-panelist-na-seff-mokjna-i-obedineta-biznis-zaednica-znachi-silna-ekonomija/feed/ 0
Општина Кисела Вода и Алкалоид АД Скопје обезбедија 1500 сирупи за имунитет за децата од градинките https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-i-alkaloid-ad-skopje-obezbedija-1500-sirupi-za-imunitet-za-decata-od-gradinkite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-i-alkaloid-ad-skopje-obezbedija-1500-sirupi-za-imunitet-za-decata-od-gradinkite/#respond Tue, 10 May 2022 09:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=674420

Донација од 1500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата обезбеди Општина Кисела Вода преку донација од Алкалоид АД Скопје. - Денес, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Истите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент за поддржување на детскиот раст и развој. Еден дел од мутивитаминските сирупи беа доделени на семејства со деца кои се во социјален ризик, информира општина Кисела Вода. Од таму додаваат дека се работи за производ Бекутан кој содржи девет витамини кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата. - Грижата за децата и нивната здравствена заштита, останува да биде во преден план на функционирањето на Оштина Кисела Вода. Проектите, каков што е денешниот се значен сегмент од постигнувањето на ваквите цели, се вели во соопштението. Општина Кисела Вода и се заблагодари на Алкалоид АД Скопје, која преку оваа донација уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-kisela-voda-i-alkaloid-ad-skopje-obezbedija-1500-sirupi-za-imunitet-za-decata-od-gradinkite/feed/ 0