алкалоид скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 09:17:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алкалоид скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-potpisha-nov-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-za-programata-za-praktikantstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-potpisha-nov-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-za-programata-za-praktikantstvo/#respond Tue, 11 Apr 2023 09:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=822766

Со цел овозможување дополнителни услови за професионално профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид“ АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно партнерство, кое досега опфаќаше соработка на компанијата со 4 факултети при УКИМ, е со цел да се прошири опсегот на образовни профили за кои би постоела можност за практикантска работа на студентите, кои ја претставуваат идната работна сила на земјата. Предметниот меморандум го потпишаа Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски. Работната група е составена од претставници на двете институции, предводени од раководителот на Одделот за човечки ресурси во „Алкалоид“ г. Никола Ефтимов и од раководителката на Центарот за кариера при УКИМ Скопје проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска. „Како општествено одговорна компанија ги отвораме вратите за што повеќе студенти кои имаат желба и волја пред прагот на своето професионално поглавје да се стекнат со соодветни практични знаења и вештини, под директно менторство на нашите докажани професионалци во различни сегменти од работењето на ’Алкалоид’. Со цел да создадеме силна синергија меѓу образовниот и реалниот сектор и да го подигнеме нивото на научноистражувачката дејност, им овозможуваме на студентите од повеќе факултети на УКИМ да се вклучат во секојдневните компаниски процеси и низ еден систем на високо поставени деловни вредности да го развијат својот професионален потенцијал“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски изрази благодарност за подготвеноста на компанијата „Алкалоид“ постојано да ги надградува капацитетите за квалификација на студентите, чии образовни профили се дел од кадровската структура на компанијата. „Преку оваа соработка студентите се стекнуваат со практично искуство, кое ќе биде од непроценливо значење додека се подготвуваат за своите идни кариери. Сметаме дека оваа соработка со ’Алкалоид’ АД Скопје ќе ги задоволува потребите на нашите студенти, како и на компанијата“, истакна проф. д-р Јанкуловски. Раководителката на Центарот за кариера при УКИМ го потенцираше значењето на практичното искуство во однос на барањата на пазарот на трудот. „Со потпишувањето на овој договор за соработка со ’Алкалоид’, една од најдобрите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, ќе им се овозможи на нашите студенти одлична можност да стекнат практично искуство и да учат од професионалци во индустријата. Преку оваа соработка очекуваме нашите студенти да добијат корисни искуства и, секако, продолжуваме да инвестираме во квалитетот на нашите дипломци и да создаваме кадар кој ќе одговара на очекувањата на пазарот на трудот“, истакна проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска. Практикантската работа во „Алкалоид“ ќе биде достапна како за студентите од факултетите при УКИМ, со кои традиционално се соработува (како Фармацевтскиот, Медицинскиот, Институтот по хемија на Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот факултет) така и за студентите од останатите факултети од Универзитетот, како Машинскиот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за компјутерски науки и инженерство и други факултети. Со овој концепт на практикантска работа, кој се изведува во работните простории на „Алкалоид“, студентите ќе имаат можност да се здобијат со практично искуство во делот на фармацевтската, козметичката, билната и хемиската индустрија. Програмата за млади таленти оваа година ја очекува шестата генерација практиканти, а досега во нејзини рамки биле вклучени 205 практиканти, од кои 94 се веќе вработени во компанијата. Соработката меѓу „Алкалоид“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во делот на Програмата за практикантство, за првпат е започната во април 2018 година, а првиот циклус на практикантство со своевремено два факултети е заокружен во септември истата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-potpisha-nov-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-za-programata-za-praktikantstvo/feed/ 0
Промоција на Проектот „БЕНЕФИЦИИ ЗА ДЕЦА НА ВРАБОТЕНИ“ во „Алкалоид“ АД Скопје https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/promocija-na-proektot-beneficii-za-deca-na-vraboteni-vo-alkaloid-ad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/promocija-na-proektot-beneficii-za-deca-na-vraboteni-vo-alkaloid-ad-skopje/#respond Mon, 22 Nov 2021 11:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=598221

Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности, особено во услови на функционирање исполнети со голем број непредвидливи економски, политички и пандемиски аспекти. „Алкалоид“ АД Скопје на годишно ниво алоцира значителни ресурси за разни бенефиции наменети за вработените, во форма на финансиски надоместоци, интерни и екстерни обуки, доедукација, дополнително здравствено осигурување и слично. Најновиот проект на „Алкалоид“ АД Скопје вклучува бенефиции за децата на вработените, преку финансиска партиципација на компанијата во износ од 1.000 денари од дете на вработен на месечно ниво, наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсевите за компјутери, спортските и рекреативните активности, како и на активностите од областа на науката и на културата, во текот на целата учебна година. Во проектот се опфатени деца од сите категории на вработените во „Алкалоид“ АД Скопје – деца од предучилишна возраст и оние кои се редовно запишани во основно и во средно училиште. „Во процесот на иницирање на овој нов проект бевме фокусирани на повисока цел – нашите деца, кои се нашата иднина. Сакавме да поттикнеме практикување воншколски активности и ангажмани, кои, како дополнителни вредности и знаења, активно ќе придонесат за нивно формирање во комплетни личности, кои во иднина ќе дадат свој личен придонес за унапредување на средината во која живеат и дејствуваат. Преку грижата за нашите вработени и преку иницијативите за овозможување придобивки за членовите на нивните семејства ги манифестираме клучните вредности на големото алкалоидово семејство – ‘Луѓето пред сѐ’ – максима која особено ги засега најмладите“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Во моментов компанијата има 408 администрирани пријави за бенефиции за деца на вработените, од кои 33 пријави за деца од предучилишна возраст, 327 пријави за деца од основно училиште и 48 пријави за деца на вработени запишани во средно училиште. Гледано според категории, 6 се пријави за компјутерски вештини, 7 пријави за активности од областа на науката, 127 пријави од областа на спортот и на рекреативните активности, 234 пријави за курсеви за странски јазици, 30 пријави за танцови школи и по 2 пријави за активности од областа на културата и на музиката, со очекување и овие бројки да се менуваат и да растат во претстојниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/promocija-na-proektot-beneficii-za-deca-na-vraboteni-vo-alkaloid-ad-skopje/feed/ 0
„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/dajte-muzika-so-stari-i-novi-makedonski-hitovi-za-site-generacii/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/dajte-muzika-so-stari-i-novi-makedonski-hitovi-za-site-generacii/#respond Tue, 02 Mar 2021 11:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=475982

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика. „Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансираше многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски- Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“. Особено радува фактот што некои од постарите македонски хитови имаат огромна гледаност кај најмладата публика. На овогодинешната топ листа на „Youtube“ каналот на „Дајте музика“ во изминативе 3 месеци убедливо води преработката на „Сите мои слики“ од групата „Ареа“ со близу 370,000 прегледи, легендарната „Скопје“ на Влатко Стефановски со скоро 270,000 прегледи и неодамнешното Божиќно „Бекутан“ видео со преработка на песната „Ѕвона“ од Каролина Гочева со над 300,000 прегледи на сите канали. Протагонистите на серијалот, со своето скромно музичко искуство, сами успеаа да ја изведат и легендарната „Неправда“ од „Лева Патика“ на лајв дружењето со своите фанови на социјалните мрежи. Идолите на новата генерација успеаа да ја доближат македонската музика до најмладата публика која очигледно ужива во најдобрите македонски музички хитови. Тоа го докажува и фактот што некои од музичките видеа поставени на „Youtube“ каналот на „Дајте музика“ имаат гледаност од над 800,000 а самиот канал надмина 24,5 милиони прегледи. Оваа година, продукцијата „Рифенштал“ под покровителство на „Македонската радио телевизија“ издаде два музички диска со најдобрите хитови од двете сезони на серијалот кои промотивно се делат на фановите преку каналите на социјалните мрежи. Наскоро следува нов проект кој дечињата ќе го подготват по повод 85 годишниот јубилеј на компанијата „Алкалоид“ а во кој преку еден голем македонски хит ќе се изрази благодарност до најзасегнатите општествени категории со пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/dajte-muzika-so-stari-i-novi-makedonski-hitovi-za-site-generacii/feed/ 0
Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-del-od-najgolemiot-globalen-saem-na-farmacevtskata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-del-od-najgolemiot-globalen-saem-na-farmacevtskata-industrija/#respond Mon, 11 Nov 2019 09:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=262513

„Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во Франкфурт, Германија. На овој глобален настан, единствен од вакви размери од сферата на фармацевтската индустрија, секоја година учество земаат над 2500 излагачи и повеќе од 45000 посетители од над 165 земји во светот. Саемот, или како организаторите го нарекуваат во буквален превод „Конвенција на фармацевтски состојки“ за прв пат е одржан пред 30 години и постојано бележи динамика на додавање на нови содржини и пораст на бројот на посетители и изложувачи. На листата на интереси највисоко котирани се активните фармацевтски состојки по што следат готовите фармацевтски формулации, инјектибилни форми/хормони/онколошки лекови, потоа безрецептни лекови итн. „Алкалоид“ за прв пат на оваа конвенција присуствуваше во 2004 година, и оттогаш учествува како активен изложувач со цел прецизирање на договорите со глобалните добавувачи на супстанци и готови производи, лиценцирање на нови производи и дополнување на производното портфолио. CPhI е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија. На едно место може да се најдат преку 30000 искусни фармацевтски професионалци поделени во 20 сектори меѓу кои: активни фармацевтски состојки, готови фармацевтски форми, фармацевтски пакувања и машини, интермедиери, договорно производство, биофармацевтски производи и друго. Настанот е извонредна можност за добивање на информации за најновите достигнувања од областа на фармацевтската индустрија со цел да се одржи чекор со динамичните трендови на фармацевтскиот пазар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alkaloid-ad-skopje-del-od-najgolemiot-globalen-saem-na-farmacevtskata-industrija/feed/ 0