алмир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Aug 2018 12:07:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алмир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Затоа ли нема правда за Алмир: Таткото на Бобан Илиќ, член на СДСМ, пријател на градоначалникот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-li-nema-pravda-za-almir-tatkoto-na-boban-ilikj-chlen-na-sdsm-prijatel-na-gradonachalnikot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-li-nema-pravda-za-almir-tatkoto-na-boban-ilikj-chlen-na-sdsm-prijatel-na-gradonachalnikot-foto/#respond Fri, 10 Aug 2018 12:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=86541

Четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово пред неколку години на нечовечки начин беше убиен од страна на Бобан Илиќ, додека ова е документирано и со видеа. Првично, Илиќ беше обвинет за „Убиство со умисла“, но откако Обвинителството достави две нови вештачења, кумановскиот суд го преквалификуваше делото во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Новинарот, Аријан Керими, објави фотографија со која открива дека таткото на Илиќ е член на СДСМ: “Дали ви е јасно? Таткото на убиецот, монструмот и терорист Бобан Илиќ”. Во меѓувреме, новинарот Керими објави уште една нова слика, на која што таткото на монструозниот убиец, Бобан Илиќ, е заедно со градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, со командант на полицијата, Стојанче Величковски и со други членови на МВР. Овие слики предизвикаа бројни реакции во јавноста. Во врска со овој случај реагираше и новинарот Емад Мехмети, кој меѓу другото пишува: “Дали мислите дека овие слики со лица од СДСМ се случајни, особено кога се знае дека случајот на Алмир се преквалификува од убиство со “умисла” во “ненамерно” убиство?! #ПравдаЗаАлмир. Правдата не треба да прави разлики по однос на презимињата – ако целта ни е #ЖивотЗаСите! Активистот на граѓанското општество, Арјанит Џафери, иронично пишува дека Заев треба да го ослободи Илиќ од затвор, и да го постави за “специјален советник за безбедност во сообраќајот”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatoa-li-nema-pravda-za-almir-tatkoto-na-boban-ilikj-chlen-na-sdsm-prijatel-na-gradonachalnikot-foto/feed/ 0
Вишка: „Алмир“ е производ на новата власт, правдата е мртва во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vishka-almir-e-proizvod-na-novata-vlast-pravdata-e-mrtva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vishka-almir-e-proizvod-na-novata-vlast-pravdata-e-mrtva-vo-makedonija/#respond Thu, 19 Apr 2018 09:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=42993

Иницијативата „Правда за Алмир“, утринава одржа протест пред Собранието на Република Македонија, пред обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, пред партениците. -Правдата во Македонија одамна е мртва. Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме….Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро. Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца, рече актерот Висар Вишка кој присуствуваше на протестот. Демонстрантите велат дека ги поздравуваат дипломатите од Брисел, Федерика Могерини и Јоханес Хан и сакаат да го искажат својот став – дека правдата во Македонија е мртва. Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vishka-almir-e-proizvod-na-novata-vlast-pravdata-e-mrtva-vo-makedonija/feed/ 0
Протест за малиот Алмир пред пратениците и Могерини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-za-maliot-almir-pred-pratenicite-i-mogerini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-za-maliot-almir-pred-pratenicite-i-mogerini/#respond Thu, 19 Apr 2018 06:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=42849

Иницијативата „Правда за Алмир“, утрово во 9:15 часот ќе одржи симболичен протест пред Собранието на Република Македонија, во пресрет на обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
-Утре во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини, стои во повикот. Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени. Тие испратија и писмо до амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир, но и за македонското правосудство за кое велат дека е далеку од непристрасно и праведно. „Конечно, апелираме до Вашите екселенции да нѐ поддржат и да се придружат, барајќи одговорност од Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев за неуспехот да ги спроведе ветените реформи во судството. Наша заедничка должност е да не им дозволиме на истите корумпирани, непрофесионално пристрасни обвинители и судии да учествуваат и да донесат длабоко неправедна и нечовечна пресуда која не е ништо помалку од повторно правно убиство на Алмир…“, стои во писмото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-za-maliot-almir-pred-pratenicite-i-mogerini/feed/ 0
Утре завршни зборови за случајот „Алмир“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/#respond Wed, 14 Mar 2018 14:52:31 +0000 http://kurir.mk/?p=29920

Во Судот во Куманово утре ќе бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир. Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба. Одлуката за овој предмет, како и за секој друг, како што посочија од Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите, ја носат врз основа на доказите и примена на Кривичниот законик. Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“. Претставници на организацијата „Правда за Алмир“ денеска пред Јавното обвинителство на РМ потставија банер за Алмир. - Поставивме банер за неправдата за Алмир пред Собранието на РМ, поставивме и пред ЈОРМ, иако овој банер беше предвидено да се постави пред Владата. Третиот банер ќе биде поставен пред Министерството за правда, велат од организацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-za-sluchajot-almir/feed/ 0