алпинисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 07:45:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алпинисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/#respond Fri, 03 Feb 2023 07:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=795501

Шест планински врвови повисоки од 3000 метри надморска височина во неколку земји од Јужна Америка од 12 јануари до 1 февруари искачија алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели. Нивната експедиција била насочена кон врвови и вулкани што се наоѓаат на над 3000 метри, а најмногу достигнале до 5700 метри надморска височина (мнв). Во Мексико ги искачиле Круз де Маркес (Cruz de Marques-3937мнв), Пико Дел Агила (Pico del Augila-3880мнв) Невадо де Толука (Nevado de Toluca-4780мнв) и Пико де Орисаба (Pico del Orizaba-5000 мнв). Во Гватемала се искачиле на Ел Акатенанго на 3976 мнв додека се откажале од намерата за искачување во Перу поради политички немири. На крајната дестинација во Боливија се искачиле на Чакалтаја (Chacaltaya-5421 мнв) додека на Хуајна Потоси (Huayna Potosi) стигнале до 5700 метри надморска височина и се откажале поради временските неприлики да стигнат до највисоката точка од 6088 мнв. -Мојот личен мотив беше да се оди во Јужна Америка на што повеќе врвови во различни делови. Исто така мотив ни беше што повеќе да се биде на висина од над 3000 метри надморска височина. Тоа е голем предизвик за планинарите затоа што над 3000 метри се јавува хипоксија (недостиг на кислород н.з) и тоа е една ситуација сосема различна кога сме на нашите планини тука како Титов врв, Љуботен. Да се искачиш на овие високи планина треба прво добро да се аклиматизираш. Константно да се качуваш на тие височини, па да се слезе пониско, да се менува висиочина. Мора да се слуша телото како реагира. На тие планини процентот на кислород е многу помала височина. Пример Тетово е на 460 мнв, па има огромно разлика, изјави Надир Мурсели, алпинист кој живее во Тетово. Дел од врвовите на кои се искачиле претставуваат неактивни вулкани, а забележале и дел од активните вулкани како се активираат. -Се работи за планини кои не се технички тешки туку чисто за искачување на височина. Инаку во екстремниот спорт има луѓе кои на планинини достигнуваат од пет до седум илјади метри надморска височина. Боливија ми остави најголем впечаток, поради спецификата на планините но и животот во таа земја, ни изјави Мурсели. Алпинистот Глигор Делев е вториот Македонец кој се искачил на Монт Еверест во 2007 година. Роден скопјанец (1960), кој живее и работи во Канада како доктор. Надир Мурсели на планините низ светот, највисоко стигнал на Хималаите – на Ајланд Пик на 6200 мнв, а учествувал на ескпедиции на врвовите Денали (Мекинли) и Аконкагва.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alpinistite-gligor-delev-i-nadir-murseli-iskachija-shest-vrvovi-na-ekspeditsija-vo-juzhna-amerika/feed/ 0
УЖАС: Деветмина алпинисти загинаа, тројца спасени од леден вулкан на Камчатка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-devetmina-alpinisti-zaginaa-trojca-spaseni-od-leden-vulkan-na-kamchatka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-devetmina-alpinisti-zaginaa-trojca-spaseni-od-leden-vulkan-na-kamchatka/#respond Tue, 06 Sep 2022 15:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=729529

Тројца преживеани членови на група алпинисти, заробени на највисокиот леден активен вулкан во Русија во Евроазија, денеска се спасени, откако девет планинари од групата загинаа при искачувањето, соопшти регионалното Министерство за итни ситуации. Група од 12 лица, меѓу кои и двајца водичи, пред една недела започна да се искачува на Кључевска Сопка, врв висок 4.754 метри на полуостровот Камчатка, на далечниот исток на Русија. Откако го поставија кампот на 3.300 метри, осум членови и еден водич го започнаа своето искачување во саботата, објавија локалните медиуми. Од тие девет алпинисти, во саботата најмалку петмина загинале откако паднале од височина од 4.150 метри, а останатите починале кога температурата на планината се спуштила на минус 14 Целзиусови степени во текот на ноќта. Вчерашните обиди на хеликоптер да слета на вулканот беа неуспешни поради силните ветрови и густата облачност. Тројцата преостанати членови на групата – двајца туристи и еден водич – беа спасени денеска откако се засолниле во кабина што ја користат вулканолозите. Кључевска Сопка е највисокиот од 160-те вулкани покриени со мраз на рускиот полуостров Камчатка, впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО поради неговата исклучителна природна убавина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-devetmina-alpinisti-zaginaa-trojca-spaseni-od-leden-vulkan-na-kamchatka/feed/ 0
Наредена обдукција: Загинатите алпинисти имале 20 и 45 години, увидот продолжува во рудникот Бучим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredena-obdukcija-zaginatite-alpinisti-imale-20-i-45-godini-uvidot-prodolzuva-vo-rudnikot-buchim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredena-obdukcija-zaginatite-alpinisti-imale-20-i-45-godini-uvidot-prodolzuva-vo-rudnikot-buchim/#respond Thu, 14 Oct 2021 05:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=578716

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш заедно со увидна екипа, кримтехничар од Министерството за внатрешни работи и инспектори за труд и безбедност при работа извршија увид во рудникот Бучим, работна единица Флотација, каде на 13.10.2021 година околу 11:50 часот две лица го загубија животот, а едно се здобило со телесни повреди. -Според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри , со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда. Во текот на увидот, по дадени насоки и наредби од обвинителството, извршено е фотографирање на самото место на настанот. Обезбедени се затекнатите траги и предмети. Идентификувани се и извршен е разговор со лицата присутни на местото на настанот. Обвинителството издаде наредби за обезбедување на техничката документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб „Плоча“, правилниците за работа на работната единица Флотација. Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите, информираат од Обвинителството. Забрането е работењето на тој дел од рудникот и ќе биде обезбедуван од полициски службеници, за да по дадена наредба од обвинителството на 14.10.2021 година се продолжи со вршење на увид на самото место со присуство на техничка инспекција со рударски инженери. Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/naredena-obdukcija-zaginatite-alpinisti-imale-20-i-45-godini-uvidot-prodolzuva-vo-rudnikot-buchim/feed/ 0