алсат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 09:36:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алсат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Работат во здравството, а ни за себе немаат здравствено осигурување – 140 медицински сестри немаат земено плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812588

Без плата, без осигурување и без договори за вработување. Вака повеќе од два и пол месеци работат 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје. Велат дека со години имале само договори, но не и решенија за работа, пренесува АЛСАТ. „Ние сме без здравствено осигурување, без пензиско осигурување и без денови за одмор. Вакви сме три години. Сега уште два и пол месеци и влегуваме во третиот месец и без договори за работа и без плати. Работиме максимум, осум часа“, рече Несрине Емини, медицинска сестра. Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата. „За време на пандемијата работевме во две смени, работевме максимално преку заразни болести, многу тешко беше, бевме под стрес, со болни луѓе, тешко ни беше, но работевме затоа што нè ангажираа. Оди ваму, оди таму! Ние никогаш не рековме не. Работевме максимално. Со платата што ја имаме, а во сабота кога работеа сестрите не им плаќаа, туку им даваа слободен ден“, додава сестра Емини, пренесе Алсат. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ. „Не 140, туку 5-10 од нив ако не функционираат, ние би биле дестабилизирани како институција. Затоа се многу битни, важно е многу брзо да ги земат. Како што знаете јас и некои други директори треба да бидеме разрешени од позициите затоа зошто мислиме поинаку. Можеби и тоа е дел од проблемот“, рече Бесим Кока, директор на Здравствен дом. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/feed/ 0
Сметки повисоки и за 50 отсто: Утре одлука за тарифите за струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetki-povisoki-i-za-50-otsto-utre-odluka-za-tarifite-za-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetki-povisoki-i-za-50-otsto-utre-odluka-za-tarifite-za-strujata/#respond Sun, 26 Jun 2022 13:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=695943

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ги објави новите тарифни блокови за потрошувачката на електрична енергија, дознава Алсат. Според извори од регулаторна, од првично најавените нивоа на промени, зголемени ќе бидат вториот и третиот тарифен блок. Тие првично беа најавувани дека ќе бидат до 420 односно 630 потрошени киловат часови, но со планираните измени тие ќе бидат над 420, односно 630 киловати. Надлежните уверуваат дека над 80 отсто од домаќинствата ќе имаат пониски или идентични сметки за струја како и досега. Но, оние кои ќе влезат во третиот блок или ќе го надминат, би можеле да имаат сметки повисоки и за 50 отсто од сегашните, објави Алсат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetki-povisoki-i-za-50-otsto-utre-odluka-za-tarifite-za-strujata/feed/ 0
Панова за случајот со имотот на АлсатМ ТВ: Го осудувам секој чин со којшто се прави репресија врз одреден медиум! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-sluchajot-so-imotot-na-alsatm-tv-go-osuduvam-sekoj-chin-so-kojshto-se-pravi-represija-vrz-odreden-medium/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-sluchajot-so-imotot-na-alsatm-tv-go-osuduvam-sekoj-chin-so-kojshto-se-pravi-represija-vrz-odreden-medium/#respond Thu, 12 May 2022 21:05:11 +0000 https://kurir.mk/?p=676024

Пратеничката од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, вечерва во емисијата „Патот кон“ го коментираше случајот со имотот на АлсатМ телевизија. Таа го осуди секој чин со кој што се прави репресија врз одреден медиум и потсети дека во услови кога довербата на граѓаните во судството е само 8%, најпотребно во судските лавиринти е среќата. „Го осудувам секој чин со којшто на каков било начин се прави репресија врз одреден медиум. Тоа значи дека слободата на говорот не е таква каква што власта сака да ја претстави. Знам дека на крај разврската на случајот ќе биде во судовите. Знаете каква е моментално довербата во македонското судство, само 8 проценти и ви посакувам среќа оти тоа ви е потребно за лавиринтите коишто следуваат“, рече Панова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-za-sluchajot-so-imotot-na-alsatm-tv-go-osuduvam-sekoj-chin-so-kojshto-se-pravi-represija-vrz-odreden-medium/feed/ 0
Мицкоски: Македонија е на сите луѓе и треба да биде и на Албанците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-na-site-lugje-i-treba-da-bide-i-na-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-na-site-lugje-i-treba-da-bide-i-na-albancite/#respond Thu, 14 Oct 2021 20:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=579278

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Патот кон“ на Алсат М телевизија, вечерва истакна дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е за концептот Македонија за сите луѓе, концепт за Македонците, за Албанците, но и за сите останати луѓе во Македонија, кои не треба да се делат по етнички и верски основи во 21 век, а политиките на политичарите не треба да ги делат луѓето.

-За ова раководство коешто јас го предводам било секогаш со концепт на отворени врати, никогаш не бил концепт на проценти или кој се темелел само на како што вие рековте „Македонија на Македонците“, туку напротив раководството на ВМРО-ДПМНЕ се труди да респектира политики за сите граѓани, без оглед на различностите на етничката или верската припадност, впрочем еволуираат политичарите во зависност од динамиката на политиките, тоа не е само во Македонија туку би рекол секаде во светот и логично дека ако сакате да бидете успешен треба да ги следите овие процеси на еволуција, вели Мицкоски.

Тој посочи дека политичари кои не враќаат назад во минатото со теми кои не се за 21 век, не може да се наречат за успешни политичари, на што сме сведоци оваа кампања.

-Концептот Македонија за сите луѓе е концепт за Македонија, концепт за Албанците, но и за Турците и за Србите, и за Власите и за Ромите, и за Бошњаците, но и за сите останати бидејќи премалку не има во Македонија за да ние се делиме и да имаме различности помеѓу себе, поготово вакви кои не се прашања за 21 век, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Македонија е на сите луѓе, како што е на Македонците, треба да биде и на Албанците, па говорот на омраза и дополнителни поделби меѓу граѓаните не се потребни, туку треба на сите граѓани да им се обезбеди подобар живот и подобри услови, а Македонија да биде пристојно место за живеење.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-makedonija-e-na-site-lugje-i-treba-da-bide-i-na-albancite/feed/ 0
Екипата на „Алсат“ спречена да влезе на гласачки места во Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-alsat-sprechena-da-vleze-na-glasachki-mesta-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-alsat-sprechena-da-vleze-na-glasachki-mesta-vo-veles/#respond Sun, 21 Apr 2019 10:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=189371

Екипата на телевизија „Алсат“ во Велес беше спречена да дојде до гласачките места распоредени во зградата на Судот. -Иако снимателот и репортерот на Алсат имаат акредитации издадени за следење на изборите, службеното лице им забранило да влезат и им побарало посебни легитимации издадени од ДИК, информираат од телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-alsat-sprechena-da-vleze-na-glasachki-mesta-vo-veles/feed/ 0
Мицкоски вечерва во 21:55 на Алсат телевизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-vo-21-55-na-alsat-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-vo-21-55-na-alsat-televizija/#respond Tue, 09 Apr 2019 11:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=184275

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува на Алсат телевизија. -Вечерва со почеток од 21:55 часот на телевизија Алсат-M во емисијата „200“ со новинарот Назим Рашиди разговараме за актуелните случувања за кампањата, за изборот кој што стои како можност пред граѓаните и заедничката иднина, информираше Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vecherva-vo-21-55-na-alsat-televizija/feed/ 0
„Алсат“: Каде исчезнаа 350.000 евра од Министерството за надворешни работи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-kade-ischeznaa-350-000-evra-od-ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-kade-ischeznaa-350-000-evra-od-ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti/#respond Sun, 24 Mar 2019 14:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=178366

Министерството за надворешни работи два дена без одговор како и зошто 355 илјади евра одобрени за една намена, потрошени се сосема за друго. Иако ветувањето на МНР беше дека денеска ќе подготват одговори на прашањата на „Алсат“ за недоследностите нотирани во извештајот на Државната ревизија за 2017 година – министерството без објаснување. Останува неодговорено и зошто амбасадите кои не ги потрошиле парите за тековната 2017 – та не ги вратиле во Буџетот како што наложува законот. Сепак документот на ревизијата открива и други недоследности во работата на институцијата. Не било спроведено ниту оценување на ефектите на администрацијата, амбасадорите и генералните конзули. Ревизорски извештај за МНР: Ова предизвикува неможност од оценка на покажаните резултати на економска и политичка активност, како и раководењето на претставништвото од амбасадорите/генералните конзули, додека за административните службеници неможност за оцена во однос на квалитетот.“ Недоследности ревизијата покажала и кај спроведувањето јавни набавки за амбасадите. Ревизорски извештај за МНР: По спроведувањето на постапките во дипломатско-конзуларните претставништва не се склучуваат договори за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничка и финансиска понуда.“ Ревизијата открива дека во 2017 година една третина од ДПК-ата биле без амбасадор или од 57, 21 функционираат така. Дополнително бил ангажиран локален персонал за работа кој добивал плата во кеш и за ова се потрошени речиси 940 илјади евра од девизната благајна. Извор: телевизија Алсат  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-kade-ischeznaa-350-000-evra-od-ministerstvoto-za-nadvoreshni-raboti/feed/ 0
Новинар од Алсат-М ја искина легитимацијата од Влада, бара да му биде напишана на албански јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-od-alsat-m-ja-iskina-legitimacijata-od-vlada-bara-da-mu-bide-napishana-na-albanski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-od-alsat-m-ja-iskina-legitimacijata-od-vlada-bara-da-mu-bide-napishana-na-albanski-jazik/#respond Wed, 26 Sep 2018 15:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=106496

Новинарот од Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата на Република Македонија бидејќи не била напишана на албански јазик. -Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напишал новинарот на социјалните мрежи. Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор. Извор: А1он.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinar-od-alsat-m-ja-iskina-legitimacijata-od-vlada-bara-da-mu-bide-napishana-na-albanski-jazik/feed/ 0
„Алсат“: Фирми блиски до вицепремиерот Анѓушев повторно во игра за државни пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-firmi-bliski-do-vicepremierot-angjushev-povtorno-vo-igra-za-drzavni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-firmi-bliski-do-vicepremierot-angjushev-povtorno-vo-igra-za-drzavni-pari/#respond Mon, 23 Jul 2018 12:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=80003

Дали фирми каде сопственички удел има вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, ќе добијат нова транша помош од државата? Според документите до кои денеска дојде Алсат М, шефот на кабинет на вицепремиерот, Софче Јовановска, како претседател на Комисијата за евалуација, ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот, анализира телевизија Алсат. Заклучокот од евалуацијата е испратен до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Се очекува попладнево, владината Комисија за економски систем, која ја предводи самиот вицепремиерот Анѓушев, да ја донесе прелиминарната одлука за државна помош на повеќе фирми. Извештајот со позитивна евалуација за фирмите, меѓу кои и оние каде удел има и вицепремиерот Анѓушев бил веќе испратен на 19-ти овој месец. Потпис ставила Софче Јовановска, а меѓу членовите има и други владини претставници. Во делот на оценка за компанијата „Брако“, Комисијата напишала: Државна Комисија за евалуација: „Комисијата е на мислење дека компанијата ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка заради: Врши производствена/и дејност/и – 25.93. Производство на жичани производи, синџири и пружини; инвестицискиот проект од деловен план е врзан со производствената дејност; има раст на приходи и има ист, односно пораст на вработени.“ Освен „Брако“, на листата на позитивно оценети фирми е и Друштвото за трговија и услуги КАСТ ИНВЕСТ ДОО. Токму оваа фирма беше и на списокот добитници на пари од државата од Фондот за иновации и технолошки развој. И за оваа компанија, Комисијата за евалуација е со мислење дека фирмата ги исполнува сите услови за добивање државна парична помош, објави Алсат.   Помошта за сите фирми кои ги евалуирала Комисијата е направена по измените на Законот за поддршка на инвестиции зад кој цврсто застана самиот вицепремиер Кочо Анѓушев. Од собраниската говорница тој убедуваше дека измените ќе овозможат транспарентна постапка за државна помош на фирми, пракса која во минатото според него, била заобиколувана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, финансирајќи дваесетина фирми со милионски суми, објави телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-firmi-bliski-do-vicepremierot-angjushev-povtorno-vo-igra-za-drzavni-pari/feed/ 0
Мицкоски: Заев се занимава со политиканство наместо со тоа да го подобри животот на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-se-zanimava-so-politikanstvo-namesto-so-toa-da-go-podobri-zivotot-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-se-zanimava-so-politikanstvo-namesto-so-toa-da-go-podobri-zivotot-na-gragjanite/#respond Thu, 21 Jun 2018 20:29:47 +0000 https://kurir.mk/?p=68389

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата Алсат-М рече дека премиерот Зоран Заев се занимава со политиканство, наместо преку подобрување на економијата да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. -Политиканството е ова, „не знаеме како да ги решиме реалните проблеми на граѓаните“. Едниот сака да се додвори и вика „вака ќе направиме“, другиот игра на стратегијата „плаши ги Албанците со ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски. Според него, со ваквото политиканство може да добијат само 80 до 90 илјади гласови, а за повеќе гласови ќе мораат да понудат нешто повеќе, нешто со што ќе се подобри квалитетот на животот, а тоа според него, може да се направи само преку економските резултати. -Ајде преку Мерит систем да седнеме сите заедно, ајде да направиме од ова место подобро за живот. Тогаш има решение за сите други политички проблеми. Ама најпрво да направиме среќни граѓани, порача Мицкоски. Вели дека се бори за владеење на правото, подобрување на демократијата и како на граѓаните на Република Македонија, без разлика на етничката припадност, да направи животот да им биде поубав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zaev-se-zanimava-so-politikanstvo-namesto-so-toa-da-go-podobri-zivotot-na-gragjanite/feed/ 0