Алсин Левент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 07:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алсин Левент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За смртта на Шабан го осудија на само три години, а тој барал уште помала казна – судот донесе одлука! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-smrtta-na-shaban-go-osudija-na-samo-tri-godini-a-toj-baral-ushte-pomala-kazna-sudot-donese-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-smrtta-na-shaban-go-osudija-na-samo-tri-godini-a-toj-baral-ushte-pomala-kazna-sudot-donese-odluka/#respond Wed, 01 Feb 2023 07:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=794508

Германскиот суд го одбил преиспитувањето на пресудата што ја побарал германскиот државјанин Алсин Левент, откако тој бил прогласен за виновен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби пејачот Шабан Шаулиќ. Наводно, судиите утврдиле дека во пресудата не е неправилно применето материјалното право, со што е правосилна и осудениот ќе мора да помине три години зад решетки. Алсин Левент првично беше осуден на три години и три месеци затвор за двојно убиство од небрежност. Но, во октомври минатата година казната му беше намалена за три месеци, а семејството Шаулиќ беше разочарано и покрај тоа што сметаа дека првичната казна е мала. -Адвокатот пред судењето ни рече дека пет години се максимум, најверојатно ќе добие околу четири години, на крајот биле три години и три месеци. Тоа беше малку шок за нас. Ова е човек кој не се кае, покажува одбивност кон настанот, цело време гледа во подот и молчи. Пред несреќата извршил околу пет кривични дела. Украл автомобил, возел без возачка дозвола, бил пијан, дрогиран и возел со двојно поголема брзина, изјави Гоца во октомври минатата година и додаде: „Мислеа дека се доволни три години и три месеци. Беше страшно за нас како семејство. Не постои соодветна казна со која ние би биле задоволни. Ама уништени се три семејства, мизерна е казната е и мала, тие човечки животи се обезвреднети. Не знам дали има врска со тоа што е германски државјанин, сега нема да прејудицирам, но веројатно некаде постои поврзаност. Но, делото е направено. Потоа се пожаливме, побаравме да го смениме во убиство со умисла, што тие одбија. Апелациониот суд пресуди поради текот на времето и поради неговото покажано каење. Не знам каде го покажа каењето. Му ја намалија казната за три месеци„ -  изјавила вдовицата на пејачот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-smrtta-na-shaban-go-osudija-na-samo-tri-godini-a-toj-baral-ushte-pomala-kazna-sudot-donese-odluka/feed/ 0
Исчезна возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-vozachot-koj-ja-predizvika-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-shaban-shaulikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-vozachot-koj-ja-predizvika-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-shaban-shaulikj/#respond Mon, 13 Jan 2020 07:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=288748

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во февруари минатата година додека со квалијатуристот Мирсад Кериќ (43) се враќале од настап. Во нивниот автомобил удри Турчинот Алсин Левент (36), кој според најновите информации исчезнал од градот каде живеел. За сообраќајната несреќа се уште не е започнат судскиот процес, а медиумите пишуваат дека Левент кој е пуштен од притвор исчезнал од градот Гитерсло каде до неодамна и живеел. Обвинението против него е покренато во август, а покрај убиство од небрежност во два случаи, обвинет е и за нанесување на тешки повреди, загрозување на сообраќајот и возење без возачка дозвола. Пред да биде пуштен на слобода, тој помина 11 недели во притвор. Германски Nw.de пренесува дека Левент не живее повеќе во Гитерсло. Ни неговиот адвокат не сака да обелодени каде се наоѓа клиентот, на кој како што тврди, во меѓувреме му биле испраќани бројни заканувачки по живот пораки. -Според податоците кои ги утврди истрагата, Левент се товари за невнимателно возење кое усмрти две лица. Со оглед на тоа дека возел под дејство на алкохол нема сомнеж дека повторно ќе се најде зад решетки. Анализите од обдукцијата не укажуваат на тоа дека Шаулиќ, кој бил на совозачкото седиште, и Кериќ кој бил возач, не биле врзани со појас. Овој податок ќе биде исклучително важен во моментот на изрекување на пресудата за Левент, објавуваат германските медиуми. Левент, според локалните медиуми, возел пијан и под дејство на дрога речиси двојно повеќе од максимално дозволената брзина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-vozachot-koj-ja-predizvika-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-shaban-shaulikj/feed/ 0
Адвокатот прозборе: Откриено е каков исказ дава мажот кој ја предизвика несреќата во која загина Шаулиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/advokatot-prozbore-otkrieno-e-kakov-iskaz-dava-mazot-koj-ja-predizvika-nesrekjata-vo-koja-zagina-shaulikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/advokatot-prozbore-otkrieno-e-kakov-iskaz-dava-mazot-koj-ja-predizvika-nesrekjata-vo-koja-zagina-shaulikj/#respond Thu, 21 Feb 2019 18:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=166510

Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во кој почина кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат во притвор му рекол дека не се сеќава на ништо и дека е во шок. Покрај тоа, постои сомнеж дека автомобилот со кој управувал бил украден! Безживотните тела на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ се на институтот за судска медицина во Билефелд, а се очекува обдукцијата да се заврши денеска. Во меѓувреме, Алсин Левент кој, според сомнежите, ја предизвикал несреќата, сега е во притвор кој му е одреден 48 часа после несреќата. Во притворот го посетил адвокатот Јерит Шул, кој за германските медиуми изјавил дека неговиот клиент е во шок поради сето тоа што се случило. „Ми рече дека не може да поверува што се случило во неделата и дека воопшто не се сеќава на несреќата“, им рекол Шул на германските репортери. Тој исто така додал дека неговиот клиент, за разлика од првичните претпоставки, има место на живеење во Германија, поради што предложил да му се укине притворот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/advokatot-prozbore-otkrieno-e-kakov-iskaz-dava-mazot-koj-ja-predizvika-nesrekjata-vo-koja-zagina-shaulikj/feed/ 0