алтернатива на албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 09:04:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алтернатива на албанците – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака, велат од Алтернатива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sumite-shto-bujar-osmani-gi-dava-so-leva-raka-gi-sobiraat-zaedno-so-ali-ahmeti-so-desna-raka-velat-od-alternativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sumite-shto-bujar-osmani-gi-dava-so-leva-raka-gi-sobiraat-zaedno-so-ali-ahmeti-so-desna-raka-velat-od-alternativa/#respond Thu, 31 Aug 2023 09:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=872888

Името на корупцијата не е само „Соравија“, ниту само „Еуровиа“, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Северна Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, обвинуваат од Алтернатива. Како што објавија медиумите, но и од информациите од Државната комисија за спречување на корупцијата, една од фирмите донатори на ДУИ е и „Еуровиа“, која од една страна добива тендери од ДУИ, а од друга страна се претставува како донатор на оваа партија. Тоа укажува дека има нешто сомнително во овие финансиски извештаи и тоа секако беше причина што и Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет – коментира партијата Алтернатива. „Јавноста беше информирана дека токму оваа фирма добила тендер од министерот за надворешни работи Бујар Османи, во вредност од 1,8 милиони евра, а од друга страна токму таа се појавува како донатор на Демократската унија за интеграција. Логиката вели дека сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака. Алтернатива уште еднаш изјавува дека името на корупцијата не е само „Соравија“, ниту само „Еуровиа“, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Северна Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, додека Албанците во оваа земја остануваат заложници на политичарите на оваа партија, кои се заложници на фиоките со страшни случаи на политичка корупција“, се вели во реакцијата на Алтернатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sumite-shto-bujar-osmani-gi-dava-so-leva-raka-gi-sobiraat-zaedno-so-ali-ahmeti-so-desna-raka-velat-od-alternativa/feed/ 0
Алтернатива: Не може да има работни групи за уставни измени без политички консензус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ne-mozhe-da-ima-rabotni-grupi-za-ustavni-izmeni-bez-politichki-konsenzus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ne-mozhe-da-ima-rabotni-grupi-za-ustavni-izmeni-bez-politichki-konsenzus/#respond Sat, 08 Apr 2023 10:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=821800

За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската унија. - изјавија од партијата. - Освен тоа, Алтернатива не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупцијата. Се додека во судството секој ден се соопштува за предмети на политичката корупција кои застаруваат, а владата и другите политички партии молчат за нашиот предлог за уставно санкционирање на незастарувањето на делата поврзани со политичка корупција, ние немe никаква обврска да одговориме на покани за сликање или за глумење дека сме за уставни измени. Ако некој сака да ја види Алтернатива како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата. - велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ne-mozhe-da-ima-rabotni-grupi-za-ustavni-izmeni-bez-politichki-konsenzus/feed/ 0
Алтернатива сака заедница на албански општини во Македонија, по примерот на Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-saka-zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija-po-primerot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-saka-zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija-po-primerot-na-kosovo/#respond Sat, 25 Feb 2023 12:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=804911

-Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку, соопштуваат од Алтернатива. „Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па испаѓа дека таа заедница е во духот на западните вредности. Многу добро. Да направиме и ние во Северна Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Северна Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?! Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Северна Македонија и српскиот јазик во Косово“, стои во соопштението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-saka-zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija-po-primerot-na-kosovo/feed/ 0
Се уште неизвесно дали АА ќе биде дел од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-neizvesno-dali-aa-ke-bide-del-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-neizvesno-dali-aa-ke-bide-del-od-vladata/#respond Wed, 18 Jan 2023 06:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=788722

Дали ќе се прошири владината коалиција со уште една партија засега нема јасен одговор, но она што се знае е дека двата најголеми коалициски партнери во Владата, СДСМ и ДУИ, сакаат да им се придружи Алијанса на Албанците. Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, но дека има еден поопширен и поперспективен пристап. – Значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, рече Ахмети на одбележување на годишнината од смртта на Скендербег, каде присуствуваше целото раководство на партијата, но без членовите на т.н. „огнената група“ во ДУИ, предводена од Изет Меџити. Разговорите со Алијанса на Албанците, според Ахмети, не се дојдени до поделба на ресорите. – Не сме дојдени до овој момент. Да видиме како ќе се развиваат разговорите и каков ќе биде епилогот. Потоа ќе зборуваме и за ова прашање, рече Ахмети. Прашан за стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на т.н. „огнена група“ и пратениците од ДУИ, Амети вели дека разговорите со АА „немаат никаква врска со огнената група“. Дебатата за влез на Алијанса на Албанците во Владата стана поинтензивна откако во понеделникот вечерта претседателот на оваа партија Арбен Таравари во интервју изјави дека постои можност АА да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори. Таравари остава простор за две опции – едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор, е дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата. Друга опција, според него, е да се оди веднаш на избори. – Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари. За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците. Таравари вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, дури и самиот лидер на партијата Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ „ја вратило националната реторика и станала слична на Левица“. По ова интервју, ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Наум Стоилковски побара од Таравари да каже „кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса за Албанците да влезе во Владата“. – Доколку Таравари премолчи и не каже, значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата, рече Стоилковски. На прозивката од ВМРО-ДПМНЕ од АА одговорија дека стратешките партнери на земјава, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: уставните измени. Секое друго сценарио, според Алијансата, води кон изолација, несигурност и нестабилност во време кога Европа е повознемирена од кога било од Втората светска војна. – Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ. Државниот разум треба да надвладее над политичките калкулации. На сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот. Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ја заборави својата понова историја и не научи од грешките. Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворна. Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?, се посочува во соопштението од АА.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-neizvesno-dali-aa-ke-bide-del-od-vladata/feed/ 0
Алтернатива останува во Владата, се надева на датум за преговори во јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ostanuva-vo-vladata-se-nadeva-na-datum-za-pregovori-vo-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ostanuva-vo-vladata-se-nadeva-na-datum-za-pregovori-vo-januari/#respond Tue, 14 Dec 2021 11:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=608297

Се по извесно е дека во четврток на тој фамозен 14 декември за жал Македонија нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија. Вчера новата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска која за наша несреќа е историчар што пак значи дека е индоктринирана во бугарскиот светоглед на историјата, а доаѓа од радикално националистичката партија на Слави Трифонов „Има таков народ“ изјави дека Бугарија останува на својот став и ветото кое е резултат на декларацијата во бугарското Собрание со која не се признава постоење на македонски народ и јазик засебен од Македонскиот. Утринава пратеникот на „Алтернативната“ Скендер Реџепи-Зејд , прв од потписниците за интерпелација на Владата на Зоран Заев, во изјава за весникот ЛАЈМ вели дека партијата на која и припаѓа треба да размисли за учество во Владата доколку земјата не добие датум за отворање на преговорите со Европската унија. Тој вели дека мали се шансите земјава да добие датум во текот на декември. - Тоа е обид земјата да стане дел од ЕУ, но ако може да дојде до можност за неуспех, мислам дека ова прашање ќе треба да се разговара внатре во партијата бидејќи една од точките на кои се обврзавме беше интеграцијата во ЕУ. Така што мислам дека и за ова ќе треба да се разговара за да се види точно каде треба да патуваме и како политички да патуваме, ние како политички субјект. Сепак од неговата партија поточно од потрпаролот Орхан Муртезани велат дека Алтернатива останува доследна на принципите поради кои се приклучи на владејачкото мнозинство и оптимизам дека до крајот на јануари ќе има помрднување во европската агенда на Македонија. -Алтернатива се придржува до принципите поради кои одлучи да се приклучи на владејачкото мнозинство. Следствено на тоа, одржувањето на евроинтегративниот курс и добрососедството е една од основните и најважни точки за да ја донесеме таа одлука. Не зависи од нас решавањето на спорот со Бугарија, ниту одлуката за отворање преговори со ЕУ, иако нашето вклучување во владата секако го помогна на овој процес. Имаме големи надежи дека ние сме ги исполниле условите за отварање на поглавјето за интеграција со ЕУ и сме многу оптимисти дека тоа ќе се случи до крајот на јануари. Доколку, хипотетички тоа не се случи, не мислам дека само Алтернатива треба да го постави прашањето како понатака, туку ова е прашање што треба да го постават сите политички фактори во државата, велат од Атлерантива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-ostanuva-vo-vladata-se-nadeva-na-datum-za-pregovori-vo-januari/feed/ 0
Милевски: Апсурдно е што Заев прифатил на Гаши креирање на нов закон за рамномерен регионален развој, а тој е донесен пред пет месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-apsurdno-e-shto-zaev-prifatil-na-gashi-kreiranje-na-nov-zakon-za-ramnomeren-regionalen-razvoj-a-toj-e-donesen-pred-pet-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-apsurdno-e-shto-zaev-prifatil-na-gashi-kreiranje-na-nov-zakon-za-ramnomeren-regionalen-razvoj-a-toj-e-donesen-pred-pet-meseci/#respond Tue, 07 Dec 2021 18:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=605481

Имавме забелешки во договорот на Заев и Гаши, точките беа недоречени, општи, некои беа конфузни. Она што пример ние реагиравме е таму склучиле договор за нов закон за рамномерен регионален развој. Законот сум го донел јас пред месеци и не мислам дека е лош закон, во Собранието освен што пратеникот Снопче што реагираше, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Милевски додаде дека сега да се прави нов закон за Липковски регион е бесмислено бидејќи нема закон во кој што некој регион од земјава е изоставен. - Секој плански регион има региони кои што се помалку развиени од останатите. Ние можеме да дискутираме за промена на методологијата за степенот на развиеност на планските региони, дали е таа реална и миродавна, меѓутоа тоа законот не го регулира, тоа се регулира со одлука на Влада. Ние чекаме резултатите од пописот како министерство за да направиме нова методологија и да внесеме внатре нови критериуми. Бидејќи ова е сензитивна тема и меѓуетничка, сепак тоа се оди со еден поширок консензус помеѓу сите политички чинители, рече Милевски. Милевски посочи дека законот кој што бил донесе пред пет месеци е законот бил со европско знаменце и е усогласен со сите посебни европски директиви што значи дека оваа област е регулирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-apsurdno-e-shto-zaev-prifatil-na-gashi-kreiranje-na-nov-zakon-za-ramnomeren-regionalen-razvoj-a-toj-e-donesen-pred-pet-meseci/feed/ 0
ЛДП и ДОМ чекаат Заев да ги информира за договорот со Алтернатива, потоа ќе одлучеле дали е тоа прифатливо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-i-dom-chekaat-zaev-da-gi-informira-za-dogovorot-so-alternativa-potoa-kje-odluchele-dali-e-toa-prifatlivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-i-dom-chekaat-zaev-da-gi-informira-za-dogovorot-so-alternativa-potoa-kje-odluchele-dali-e-toa-prifatlivo/#respond Sun, 05 Dec 2021 20:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=604506

Либерално демократската партија очекува премиерот Зоран Заев да ги информира сите коалициски партнери за договорот со Алтернатива за тие да одлучат дали тоа за нив е прифатливо или не. Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени. Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски. ЛДП и ДОМ имаат три пратеници, а едно министерско место во владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-i-dom-chekaat-zaev-da-gi-informira-za-dogovorot-so-alternativa-potoa-kje-odluchele-dali-e-toa-prifatlivo/feed/ 0
Стоилковски: Алтернатива наместо да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-alternativa-namesto-da-stane-korektor-na-iskrivenite-vrednosti-stanuva-partner-na-kriminalnata-druzina-na-vlast-sdsm-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-alternativa-namesto-da-stane-korektor-na-iskrivenite-vrednosti-stanuva-partner-na-kriminalnata-druzina-na-vlast-sdsm-i-dui/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=604349

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ. - Исто така ја користам приликава и да прашаме до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори кои се на штета на сите граѓани во Македонија, запраша Стоилковски. Стоилковски одговарајќи на прашањето посочи –„Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ“. Стоилковски додаде дека не е прашање дали, туку кога час поскоро оваа власт ќе падне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-alternativa-namesto-da-stane-korektor-na-iskrivenite-vrednosti-stanuva-partner-na-kriminalnata-druzina-na-vlast-sdsm-i-dui/feed/ 0
Познат „пазарот“ меѓу Заев и Гаши: Алтернатива добива по три министерски и заменички места и најмалку 5 директорски позиции на значајни институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=604318

Во Клубот на пратеници со почеток во 13 часот претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска дадоа изјави за медиумите. Заев официјално ги откри министерските места и фукнциите кои ќе ги добие Алтернатива на Албанците по влегување во Владата и во парламентарното мнозинство. - Алтернативата ја превзема одговорноста со свои кадри и од своите редови ќе назначи Министер за здравство, Министерство за информатичко општетство и администрација, и министер без ресор задолжен за дијаспората. Владата ќе назначи неколку министри без ресор, со цел подобро да се справува со сите домашни и глобални предизвици. Од страна на Алтернатива ќе бидат назначени и три заменици министри од кои еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, за третиот ресор останува дополнително да прецизираме, иако разговаравме за заменик министер за земјоделство. Алтернатива ќе превзеде одговорност во менаџирањето на управувачките и одговорните органи во повеќе институции на централно и подрачно ниво. Меѓу другото, од нив поважните ги издвојуваме МЕПСО, ПИОМ, МЖ Транспорт, Клинички центар Тетово, агенција за странски инвестиции и други, информираше Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/feed/ 0
За што се испазарија Заев и Гаши: Дали се ова министерските и директорски места што ќе ги добие Алтернатива?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-shto-se-ispazarija-zaev-i-gashi-dali-se-ova-ministerskite-i-direktorski-mesta-shto-kje-gi-dobie-alternativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-shto-se-ispazarija-zaev-i-gashi-dali-se-ova-ministerskite-i-direktorski-mesta-shto-kje-gi-dobie-alternativa/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=604308

Со договорот меѓу Зоран Заев и Алтернатива за влегувањето на партијата на Африм Гаши во Владата и во парламентарното мнозинство, според неофицијални информации, Алтернатива треќе добие три министерски места, тројца заменици-министри и заменк-претседател на Собранието. За Алтернатива ќе има и четириесетина директорски и места во управните одбори на државни институции. Со новата распределба на функции, Алтернатива добива повеќе позиции од партиите на Горан Милевски, Павле Трајанов, Енес Ибрахим, Љубчо Георгиевски и Маја Морачанин заедно. Функции што треба да ги добие Алтернатива во новата влада. 1. Министерство за здравство 2. Министерство за информатика 3. Заменик претседател на Собранието 4. Министер за дијаспора 5. Заменик министер за култура 6. Заменик министер за земјоделство 7. Заменик министер за земјоделство или транспорт за финансии 8. Мепсо 9. Железнички транспорт 10. Управа за болница Тетово 11. Национален граничен координатор 12. Пензиски фонд 13. Регистри 14. Заменик директор во Испитен центар 15. Инспекторат за локална самоуправа 16. Социјален центар Скопје 17. Заменик директор во Сл. весник 18. Директир затвор Идризово 19. Агенција за странски инвестиции 20. Агенција за претприемништво 21. Природно-математички музеј 22 Институт за културно наследство 23. Инспекторат за стандардизација 24. Театар Гостивар 25. Тетовска библиотека 26. Агенција за млади и спорт 27. Зам. дир за индустр.сопственост 28. Помошник министер во МВР 29. Раководител на сектор МВР 30. Раководител на сектор во Царина Охрид 32. Началник емјодел во Долнени 33. Агенција за вработување Струга 34. Кино Струга 35. Сектор МВР, Тетово 36. Директор на Клиника Скопје 37. Управен одбор, членови 38. Надзорен одбор, член 39. Директор на Испитен центар 40. Управен совет на МК Патишта 41. Надзорен совет на МК Патишта 42. Управен одбор во железничка инфраструктура 43. Управен одбор на аеродром 44. Управен одбор во Пошта 45. Надзорен одбор во Пошта 46. ​​Управен совет во агенц. за пасишта 47. Директор архив Струга]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-shto-se-ispazarija-zaev-i-gashi-dali-se-ova-ministerskite-i-direktorski-mesta-shto-kje-gi-dobie-alternativa/feed/ 0