Алтернатива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 11:41:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алтернатива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алтернатива: Ги подржуваме барањата на синдикатите за достојни плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/#respond Tue, 08 Aug 2023 11:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=864637

Зголемувањето на функционерските плати во погрешен тајминг и економско кризни околности како растечката инфлација, има продолжени ефекти кај различни општествени групи. Кога ќе се зголемат платите за 78% на професионалните политичари тогаш не треба да не зачудува што синдикатите се закануваат со протести ако не им се исполнат барањата. Едноставно вработените во здравството, образованието и полицијата немаат морална обврска да имаат слух за економските проблеми ако за кризата немаат слух токму оние кои се платени да ги решаваат проблемите, велат од Алтернатива. Алтернатива смета дека синдикатите имаат целосно право да го заштитат достоинството на вработените кои ги претставуваат. -Кога Фатмир Бесими беше синдикалец и на вработените во министерството за финансии им ги зголеми платите за 30 проценти за да не даваат откази, сега нека најде финансии во буџетот за исполнување на барањата на вработените во здравството, образованието и полицијата. И во овие ресори се чувствува сериозен кадровски дефицит како последица на одлив во приватен сектор и иселување во странство. Алтернатива смета дека болничарите и негувателките во јавното здравство се многу важен сегмент во давањето медицински услуги на осигурениците. Нивниот труд треба достојно да се вреднува, велат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-gi-podrzhuvame-baranata-na-sindikatite-za-dostojni-plati/feed/ 0
СПМ против предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-protiv-predlogot-na-alternativa-za-zaednitsa-na-albanski-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-protiv-predlogot-na-alternativa-za-zaednitsa-na-albanski-opshtini/#respond Sun, 26 Feb 2023 18:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=805250

Социјалистичката партија на Македонија со зачуденост се информира за иницијативата на партијата Алтернатива за формирање на заедница на албански општини во Македонија. Оваа партија како да заборавила дека прашањето е решено со Уставот и дека Македонија е унитарна мултинационална држава. Прашањето за соработка меѓу општините е затворено со Рамковниот договор и со Законот за локалната самоуправа. Соопштението на Социјалистичка партија на Македонија, го пренесуваме во продолжение: СПМ оценува дека Алтернатива доцни со овој предлог само 21 година, зошто Законот за локалната самоуправа што го регулира ова прашање е донесен во 2002 година. Во член 14 од овој Закон е предвидена меѓуопштинската соработка и тоа: „(1) Во вршењето на своите надлежности, општините можат меѓусебно да соработуваат. (2) Заради остварување на заедничките интереси и вршење на заедничките работи од надлежност на општините, тие можат да здружуваат средства и да формираат заеднички јавни служби, во согласност со закон. (3) Со цел за извршување на одделни надлежности, општините можат, исто така да формираат заеднички административни тела во одредени области, во согласност со закон. (4) Општините можат да соработуваат и со единици на локалната самоуправа на други земји, како и со меѓународни организации на локалните заедници, како и да членуваат во меѓународни организации на локалните власти.“ Од цитираните законски одредби е јасно дека меѓуопштинската соработка е право и можност на секоја општина и тоа се случува веќе две децении без разлика дали се македонски, албански, турски, ромски или други општини. Со одењето во опозиција партијата Алернатива има потреба од формулирање на ставови кои звучат националистички и етнонационалистички за да си го зголеми рејтингот. Играњето на етничи прашања во мултиетничка држава е секогаш иритирачко зошто се предизвикуваат другите етноси да покренуваат радикални барања на штета на стабилноста во државата. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека градњето на меѓусебни добри односи е од полза на сите во Македонија и затоа е потребно институционално да се решаваат сите проблеми. Власта мора да носи одговорност и превентивно да ги согледа сите прашања, како и ова, кои може да ги нарушат мирот и стабилноста на граѓаните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-protiv-predlogot-na-alternativa-za-zaednitsa-na-albanski-opshtini/feed/ 0
ЛДП за Алтернатива: За „Асоцијација на албански општини“ во мултикултурно развиено општество, не треба ни да се помисли, а не пак да се промовира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/#respond Sun, 26 Feb 2023 17:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=805246

Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме, се вели во острата реакција на Либерално-Демократската партија. „Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Северна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. Би сакале да потенцираме дека аспирациите на “големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени. Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни“ - се наведува во партиското соопштение. Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на Алтернатива и да престанат манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/feed/ 0
Алтернатива: Комуницираме со „Огнената група“, усвојувањето на амандман за бoрба против корупцијата не е уцена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/#respond Fri, 17 Feb 2023 12:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=801754

Алтернатива имаме комуникација со т.н. „Огнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими. - Со т.н. „Огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се видат, рече Ибраими. На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена. - Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против корупцијата, тогаш јас не го разбирам зборот уценување, рече Ибраими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/feed/ 0
Собранието ќе ја продолжи расправата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/#respond Thu, 16 Feb 2023 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=801081

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива - Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора. За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање. На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски. На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри. На првиот ден од расправата, премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја одлуката за реконструкција на Владата, истакна дека на државата и треба стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок. Во изминатите три дена пратениците од власта и опозицијата полемизираа за политиките на Владата, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е „Пазар 3 коалиција“ и „купи-продај Влада од денес за утре“. Тие реагираа дека премиерот Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“. За Алијанса за Албанците (АА), пак, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата. На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на АА кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција, пратеникот од АА Халил Снопче рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале. -Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова е клучна година. Со нашето учество во Владата, ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/feed/ 0
Мисајловски: Алијанса за Албанците велеше дека ДУИ е канцерот на општеството, а сега влегуваат во коалиција со нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-alijansa-za-albantsite-veleshe-deka-dui-e-kantserot-na-opshtestvoto-a-sega-vleguvaat-vo-koalitsija-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-alijansa-za-albantsite-veleshe-deka-dui-e-kantserot-na-opshtestvoto-a-sega-vleguvaat-vo-koalitsija-so-niv/#respond Wed, 15 Feb 2023 17:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=800966

Слушнавме од нелегитимниот премиер дека има разрешување, но зошто, никој не знае, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕм Владо Мисајловски на денешната собраниска седница. Мисајловски рече дека со оваа реконструкција нема воопшто да го подобри животот на граѓаните во Македонија. -Дали нешто ќе донесе подобро во овие 10 месеци ако влезе Алијанса, апсолутно ништо. Но се работи за една интересна работа која што ја слушнавме од пратеничката од Алтернатива дека изминатиот период кога се состанувала владата на СДСМ, замислете премиер од друга држава помагал да се состави. И тоа е директно мешање во внатрешните работи на една држава и се поставува прашањето дали од други центри се контролира и самата политика во Македонија, праша тој. -Дали во Македонија се живее подобро? Дали во Македонија оди во подобра насока? Преку 74 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се грижи во погрешна насока и тоа го направија сите политики изминатите години. Дали сите министри што беа подобрија нешто? Не. Дали оваа влада ќе донесе реформи? Не, дециден е Мисајловски. Мисајловски кажа дека има еден куп изјави од страна на Алијанса на Албанците кога изјавуваа дека ДУИ се канцерот на општеството, а сега кога влегуваат во коалиција со нив, ништо од тоа не им смета. -Кога се збори за криминал многу е важно да се потсети Алијанса, Алтернатива дека секој ден збореа против ДУИ. Има еден куп изјави каде што изјавуваа дека се канцерот, сега тоа воопшто не им смета, додаде тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-alijansa-za-albantsite-veleshe-deka-dui-e-kantserot-na-opshtestvoto-a-sega-vleguvaat-vo-koalitsija-so-niv/feed/ 0
Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива продолжува утре на пладне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debatata-za-razreshuvaneto-na-ministrite-od-alternativa-prodolzhuva-utre-na-pladne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debatata-za-razreshuvaneto-na-ministrite-od-alternativa-prodolzhuva-utre-na-pladne/#respond Mon, 13 Feb 2023 18:19:14 +0000 https://kurir.mk/?p=800013

Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне. Пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива, партија која излегува од владината коалиција со оваа реконструкција на Владата, истакна дека тие на вчерашната партиски состанок тие донеле став да дејствуваат како опозиција и оти тоа е завршена тема за нив. Според неа, министрите и замениците министри од нивната партија не поднеле оставка од две причини - немаат ниту една одговорност за да поднесат оставка и не сакаат да бидат причина и да му ја олеснат работата на еден човек кој, како што рече таа, не знае да се заблагодари, пред една година стана премиер со гласовите на Алтернатива. Садики Шаини посочи дека лани во ноември кога во Собранието соодносот беше 60:60 и европската перспектива на земјата, според неа, била мртва, до Алтернатива се обратиле многумина политичари и луѓе со цел да прифатат да бидат дел од Владата. Таа рече дека „постапките на Алтернатива придонеле Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори со ЕУ“. Според пратеничката на Алтернатива, од СДСМ еднострано го прекршиле договорот што претходниот претседател на владејачката партија го потпишал со нив, обвинувајќи ги социјалдемократите за непочитување. - Ова зборува многу лошо и за една земја која се стреми кон европски вредности, рече таа додавајќи дека прекршувањето на договорите не е европски принцип, а со тоа што не сакале да ја почекаат одлуката на Алтернатива околу заминувањето или отстанувањето во Владата ја преминале и последната етичка линија. Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го говорот на премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на седницата, рече дека тој бил без суштина и со многу флоскули, а влезот на еден и излегувањето на друг коалициски партнер го поистовети со „политичка корупција и проституција“. Праша како АА ќе се бори против ДУИ ако се во иста Влада и посочи дека со тоа изборите губат смисла. Николовски рече дека ваков претседател на АА, Арбен Таравари не познава и праша дали се работи за уцена и дали цената е една убава куќа во Тафталиџе, која тој ја добил на подарок. - Дали е тоа цената, затоа што навел дека куќа од 256 квадрати ја платил 150 илјади евра, како во центарот на Скопје се купува куќа по 500 евра квадрат и дали воопшто тие пари се платени зошто нема трансакција, дали една од цените е куќата. Ако го отворите имотниот лист на министерот за финансии Фатмир Бесими кој му е комшија, а кој пријавил куќа од 410 квадратни метри во вредност од 110 илјади евра. Па како се купува ваква квадратура за оваа цена. Двајцата треба да дадат одговор, а Антикорупциска да испита како се случило ова функционери да плаќаат куќа и квадрат за истата од 200 до 500 евра, а граѓаните за 1000 до 2000 евра квадрат, рече Николоски. Тој посочи дека Таравари победил во Гостивар благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и дека нелогично е што наместо во Гостивар каде е градоначалник, тој купува куќа во Скопје. - Откако на претходните избори добро го избојкотира Села со цел да доживеете катастрофа каква што доживеавте и да мора да си поднесува оставка, после тоа ја доби куќата на поклон и на крај влегува во влада. Тоа е траекторија која што мора да се знае и која што граѓаните мора да ја видат, рече Николоски. Илми Азири од АА реплицирајќи му на Николовски рече дека Алијансата за Албанците и оваа Влада имаат свои сојузници во Брисел и во Вашингтон, а дека Таравари е име во својата бранша и може сите да ги предизвика. Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ останале сами, нервозни, дека прво од нив си заминал градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, па скопската градоначалничка Данела Арсовска, па Алијансата за Албанците. Според него, 13.02.2023 година е нов пораз на Мицкоски, кој нема зголемено парламентарно мнозинство, ниту избори. - Македонија, нашите граѓани немаат време за губење. Државата мора храбро и одлучно да оди напред. Денеска може да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, за економски политики за интеграција во ЕУ, рече Костовски. СДСМ, како што нагласи, има зголемено парламентарно мнозинство, а по можеби 50-ти пат за овие три години, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно лажат - нема предвремени избори и немаат мнозинство. - Но, мора да признаеме дека како партија имате една константа, кога се гласа за македонски јазик, идентитет, ве нема, празни столчиња, но полни бифеа и полни ходници, се гласа за Фронтекс ве нема. Вие не сте само против ЕУ, туку сте и против Македонија, рече Костовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debatata-za-razreshuvaneto-na-ministrite-od-alternativa-prodolzhuva-utre-na-pladne/feed/ 0
Алтернатива излегува од Владата- Гаши со критики за СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-izleguva-od-vladata-no-ke-glasa-za-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-izleguva-od-vladata-no-ke-glasa-za-ustavnite-izmeni/#respond Sun, 12 Feb 2023 18:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=799588

Тројцата пратеници на Алтернатива ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат ЗА. Ова се заклучоците од денешното двочасовно Централно собрание на кое стотина членови на Алтернатива решија да се повлечат од извршната власт. Партискиот претседател Африм Гаши посочи дека нивните довчерашни партнери ја преминале и последната етичка линија и немале трпение да ја почекаат одлуката на Централното собрание. Нивната забелешка е поради тоа што сметаат дека во јануари 2022 Алтернатива придонесе за стабилизација на Владата предводена од СДСМ. Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa попладне во 16 часот ја започна седницата на највисокото тело Централно собрание со цел да оформири став околу одлуката дали и понатаму да биде. -Тоа доволно говори за нивниот политички морал, ние денеска се собравме да ја донесеме нашата конечна одлука во однос на новонастанатите околности. Како што јавноста знае, во јануари 2022 година, Северна Македонија беше пред Хамлетовиот предизвик на својот пат кон Европската Унија. Всушност, нејзиниот пат го подразбираше и патот на Албанија. Во тоа време, кога ситуацијата беше ваква, ние ја донесовме најхрабрата одлука, која нè прави горди и денес и која верувам дека ја ценат не само нашите структури и гласачи, како и нашите граѓани, туку и нашите сограѓани Албанци и западни сојузници. Со создавање на мнозинството кое не постоело тогаш, ние во јануари 2022 година овозможивме стабилизација на владата и државата, додека во јули 2022 година и официјално беа отворени преговорите за Европската унија и со тоа заврши тридецениската транзиција во нашите земји, рече Гаши, на прес-конференција по седницата на Централното собрание. Тој смета дека по една година владеење оставаат десетици успешни проекти во здравството, дигитализацијата, енергетиката, на социјалните, културните и образовните прашања, без никаква корупциска афера. Рече дека СДСМ со овој потег многу ќе ги загрози европските перспективи. -Мислам дека со ваквите потези ќе произведе и дебаланс во меѓуетничките односи и така ќе растат некои радикални партии кои се против европските интеграции и затоа мислам дека е непромислено, многу ризичен потег за европските интеграции, но тие се самостоен субјект и така си решиле, иднината ќе биде сведок дали сме биле ние во право или тие. Мислам дека тоа ќе предизивка меѓунационални недобри односи помеѓу овие две етникуми, а така некои политички партии кои се радикални во однос на меѓуетничките односи ќе креваат рејтинг, а утре со таков политички капитал ќе влезат во Собрание многу посилни и ќе предизвикаат многу поголеми проблеми. Најмногу што е битно за нас во ова време, што таквите партии можат да го стопираат европските интеграциски процес.Очекувавме, работевме сите заедно да имаме релаксација на меѓуетничките односи. Мислам дека вака ќе предизвикаме нерелаксирани туку тензични односаи особено меѓу македонската и албанската заедница, истакна Гаши. Со поранешниот претседател на СДСМ, посочи, потпишале и објавиле политички и кадровски договори, како гаранција за спроведување на политичкиот договор. Според Гаши, точките од тој договор биле спроведени од нивна страна, а за жал, другата страна не го спровела во целост. -На крај тие – еднострано, речиси брутално – го раскинија договорот и решија да го поделат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство. Ова говори многу, за жал говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување на договори и не ги почитува оние кои му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија, рече Гаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-izleguva-od-vladata-no-ke-glasa-za-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Алтернатива одлучува дали ќе остане во Владата: Некој го потценува нашиот учинок за спас на владејачкото мнозинство и изборот на Ковачевски за премиер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/#respond Sun, 12 Feb 2023 15:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=799563

Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa попладнево во 16 часот ја започна седницата на највисокото тело Централно собрание со цел да оформири став околу одлуката дали и понатаму ќе биде дел од извршната власт. Партиските функционери се собраа во седиштето во Тетово, а според нивната најава околу два часа ќе трае седницата по што ќе ја известат јавноста за конечната одлука. Тие пред два дена соопштија дека согласно статутарните одредби е одлучено конечниот став да го изградат преку Централното собрание, откако во меѓувреме беше официјализирано дека во владиното мнозинство се приклучува Алијансата за Албанците. Со предложената реконструкција на Владата АА добива министри во три ресори на Алтернатива. -Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ. Водејќи се од тоа што е најдобро за иднината на државата и за иднината на Алтернатива расудуваме трезвено, без емоции целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат. Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, порачаа од партијата. Алтернатива е дел од извршната власт од декември 2021 и има тројца министри – за здравство, информатичко општество и еден министер без ресор, тројца заменици министри и функционерски места во повеќе централни и подрачни институции. Со Предлогот за реконструкција на Владата, што уследи по одлуката за проширување на владиното мнозинство со Алијансата за Албанците, Ковачевски побара разрешување на министрите на Алтернатива. Од СДСМ вчера порачаа дека Алтернатива е добредојдена и како што рече партискиот портпарол и пратеник Дарко Каевски, вратата е отворена за некаква наредна соработка, не само кон оваа, туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба. Каевски изјави дека на партијата на Африм Гаши и била понудена опција за продолжување на соработката и дека СДСМ јавно соопштил оти има намера соработката да продолжи. -Дадовме простор и предлог-решенија со својот кадровски потенцијал да дадат придонес во коалицијата, но, за жал, не дадоа свој предлог, со што де факто одлучија да ја прекинат соработката до овој момент. Партијата е добродојдена и нашата врата е отворена за некаква наредна соработка, но не само кон Алтернатива туку и кон сите политички партии или пратеници што и мислат добро на државата и коишто ќе застанат зад европскиот пат на државата како наша стратешка заложба, рече Каевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-odluchuva-dali-ke-ostane-vo-vladata-nekoj-go-pottsenuva-nashiot-uchinok-za-spas-na-vladejachkoto-mnozinstvo-i-izborot-na-kovachevski-za-premier/feed/ 0
Алтернатива дали излегува или останува во Владата ќе одлучува во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-dali-izleguva-ili-ostanuva-vo-vladata-ke-odluchuva-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-dali-izleguva-ili-ostanuva-vo-vladata-ke-odluchuva-vo-nedela/#respond Fri, 10 Feb 2023 19:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=799152

„Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово. - Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ, пишува на официјалната страна на „Алтернатива“ на „Фејсбук“. Расудуваме трезвено, без емоции, велат од „Алтернатива“ целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат. - Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат, се вели во објавата на Фејсбук.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-dali-izleguva-ili-ostanuva-vo-vladata-ke-odluchuva-vo-nedela/feed/ 0