алжир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 19:46:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алжир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-38-litsa-osudeni-na-smrt-poradi-linch-na-chovek-za-koj-mislele-deka-e-piroman/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-38-litsa-osudeni-na-smrt-poradi-linch-na-chovek-za-koj-mislele-deka-e-piroman/#respond Mon, 23 Oct 2023 19:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=892300

Апелациониот суд во Алжир денеска осуди 38 лица на смрт поради линчување на човек за кој верувале дека бил пироман, откако помогнал во гаснењето на смртоносните пожари во 2021 година, објавија локалните медиуми. Тие казни ќе бидат променети во доживотен затвор бидејќи мораториумот на примената на смртната казна е во сила од 1993 година. Линчот, кој се случи во летото 2021 година во северозападен Алжир, предизвика бран на бес низ целата земја. Од 94 лица на кои им се судеше во овој случај, покрај 38 смртни казни, судот ослободи 27 лица, а останатите ги осуди на казни од три до 20 години затвор. За помалку од една недела во август 2021 година, пожарите убија најмалку 90 луѓе во Алжир и опустошија илјадници хектари. Откако слушнал дека тој е осомничен дека го подметнал пожарот бидејќи не бил дел од локалното население, сликарот Џамел Бенсмаил се предал во локалната полициска станица за да објасни дека е само доброволец, кој дошол за да помогне во гаснењето пожари. Но, се насобрала толпа околу полициската станица на главниот плоштад во градот, го извлекле од полициското возило и го нападнале. На 38-годишна возраст, тој беше убиен откако беше жив запален од толпата, а некои правеле и селфи. Три жени и еден маж го избоделе со нож пред да го запалат, а маж му го избодел лешот откако умрел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-38-litsa-osudeni-na-smrt-poradi-linch-na-chovek-za-koj-mislele-deka-e-piroman/feed/ 0
Во Алжир големи собири за поддршка на Палестинците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-golemi-sobiri-za-poddrshka-na-palestintsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-golemi-sobiri-za-poddrshka-na-palestintsite/#respond Thu, 19 Oct 2023 17:17:02 +0000 https://kurir.mk/?p=890916

Илјадници луѓе ширум Алжир денеска присуствуваа на одобрените собири во знак на солидарност со Палестинците и осуда на Израел за војната во Појасот Газа. Алжирците маршираа пет километри низ главниот град со извици „Палестина, маченици!“ и „Народот и војската се со Палестина!“. Тие носеа транспаренти „Не за убиствата на деца, жени и цивили. Каде се човековите права? и „Бајден воен злосторник“, додека некои скандираа барање за протерување на американскиот амбасадор од Алжир. Во знак на поддршка за палестинскиот народ, Алжир, кој претходно безусловно ги поддржуваше Палестинците, ги откажа сите културни настани, свечености по повод Денот на алжирската револуција (1954-1962), на 1 ноември, како и сите фудбалски натпревари „до понатамошно известување“. Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера го посети Израел и ја изрази својата поддршка за војната што започна со нападот на Хамас од Газа врз Израел на 7 октомври.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzhir-golemi-sobiri-za-poddrshka-na-palestintsite/feed/ 0
Туристи залутале во водите на Алжир, убиени се, објави Би-би-си https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-zalutale-vo-vodite-na-alzhir-ubieni-se-objavi-bi-bi-si/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-zalutale-vo-vodite-na-alzhir-ubieni-se-objavi-bi-bi-si/#respond Fri, 01 Sep 2023 06:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=873236

Крајбрежната стража на Алжир уби двајца туристи, кои од Мароко залутале во водите на Алжир со нивните џет скии. Тие беа меѓу четворицата француско-марокански двојни државјани кои тргнаа со џет ски од мароканското одморалиште Саидија, објави Би-би-си. Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плови во морето. Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години. Мохамед Киси беше единствениот од четворицата кои се вратија во Мароко, пренесува агенцијата АФП, повикувајќи се на марокански медиуми. Тој рече дека групата се изгубила и останала без бензин. „Се изгубивме, но продолживме додека не се најдовме во Алжир“, рече Киси, чиј брат Билал беше убиен. „Знаевме дека сме во Алжир бидејќи црн алжирски гумен чамец се упати кон нас“, а оние што беа во него „пукаа во нас“, рече тој. „Фала му на Бога, не ме погодија, но го убија мојот брат и пријател“, додаде тој. „Го уапсија мојот друг пријател. Пет куршуми ги погодија мојот брат и мојот пријател. Другиот мој пријател беше погоден со куршум“. Тој на крајот беше собран од мароканската морнарица и вратен во Саидија, додаде тој. Абделали Мерчуер беше именуван како вториот убиен човек. Мажот уапсен од алжирската крајбрежна стража, по име Смаил Снабе, наводно се појавил пред обвинител во средата, но детали не се соопштени. Портпаролот на мароканската влада одби да го коментира пукањето, велејќи за АФП дека тоа е „прашање на судството“. Двете нации имаат долга историја на тензии и продолжуваат да ја оспоруваат Западна Сахара. Тие делат речиси 2.000 километри граница што е извор на тензии од независноста од француската колонијална власт. Затворена е во 1994 година од безбедносни причини, откако исламистичките милитанти бомбардираа хотел во историскиот марокански град Маракеш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-zalutale-vo-vodite-na-alzhir-ubieni-se-objavi-bi-bi-si/feed/ 0
ЦНДХ: Нуклеарните тестови на Франција во Алжир – кривично дело кое нема застареност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsndh-nuklearnite-testovi-na-frantsija-vo-alzhir-krivichno-delo-koe-nema-zastarenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsndh-nuklearnite-testovi-na-frantsija-vo-alzhir-krivichno-delo-koe-nema-zastarenost/#respond Wed, 30 Aug 2023 16:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=872636

Алжирскиот Национален совет за човекови права (ЦНДХ) соопшти дека нуклеарните тестови на Франција во алжирска Сахара засекогаш ќе останат кривично дело без застареност што бара судска одговорност, јави алжирската новинска агенција (АПС), пренесува БТА. По повод Меѓународниот ден против нуклеарните тестови (29 август), ЦНДХ соопшти дека нуклеарните експлозии што ги изврши францускиот колонијален режим во алжирска Сахара доведоа до „уништување на луѓето, природата и животната средина“. Француските власти одлучија да ја искористат алжирската Сахара како полигон за нуклеарни бомби, тврдејќи пред Обединетите нации дека тоа е ненаселена зона, соопшти советодавното тело, наведувајќи ги последиците од тие експлозии, кои сè уште ги погодуваат децата на жртвите. -Нуклеарното тестирање, особено, засекогаш ќе остане кривично дело кое нема застареност, а неговите последици не можат да се поправат со никаков надомест. Сè уште постои надеж дека ефектите од оваа катастрофа можат да се ублажат преку темелно истражување, велат од советодавното тело. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsndh-nuklearnite-testovi-na-frantsija-vo-alzhir-krivichno-delo-koe-nema-zastarenost/feed/ 0
Алжир предлага план за шестмесечна транзиција на власта во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/#respond Wed, 30 Aug 2023 07:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=872292

Шефот на алжирската дипломатија, Ахмед Атаф, предложи шестмесечен транзициски план за соседен Нигер, каде пучистите бараат подолга временска рамка за враќање на демократијата. Министерот вчера  предложи шестмесечна преодна фаза за да му даде шанса на Нигер да го врати „уставниот и демократскиот поредок“. Лидерот на пучистите во Нигер, генералот Абдурахман Тијани, од друга страна, побара тригодишен преоден период. Шефот на алжирската дипломатија повтори дека Алжир се противи на воена интервенција во Нигер, додавајќи дека воздушниот простор на неговата земја нема да се користи за таква акција, пренесува „Франс 24“. Атаф го претстави својот предлог по минатонеделната посета на три соседни земји на Нигер, членки на Економската организација на западноафриканските држави –ЕКОВАС. ЕКОВАС претходно соопшти дека се подготвени воено да интервенираат во Нигер доколку, како што наведоа, не се врати демократијата во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzhir-predlaga-plan-za-shestmesechna-tranzitsija-na-vlasta-vo-niger/feed/ 0
Шумски пожари беснеат во Алжир: 34 лица загинаа, меѓу кои десет војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-alzhir-34-litsa-zaginaa-megu-koi-deset-vojnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-alzhir-34-litsa-zaginaa-megu-koi-deset-vojnitsi/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=859644

Во шумските пожари кои беснеат низ Алжир загинаа 34 лица, од кои 10 војници кои се обидувале да го држат огнот под контрола поради силните ветрови и високите летни температури. Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани, соопшти МВР, без да даде детали. Пожарите беснеат веќе неколку дена. МВР соопшти дека загинале 24 лица, а многу повеќе се повредени. Покрај тоа, Министерството за одбрана подоцна објави дека 10 војници загинале, а 25 се повредени при гаснење на пожар во одморалиштето Бени Ксила источно од главниот град на Алжир. Шумските пожари, од кои некои беа разгорени од силните ветрови, се проширија низ шумите и земјоделските површини во 16 региони, предизвикувајќи 97 пожари. Противпожарните операции опфатија околу 7.500 пожарникари и 350 камиони на теренот, како и воздушна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shumski-pozhari-besneat-vo-alzhir-34-litsa-zaginaa-megu-koi-deset-vojnitsi/feed/ 0
Алжирскиот поранешен министер за финансии осуден на затвор поради корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzirskiot-poraneshen-minister-za-finansii-osuden-na-zatvor-poradi-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzirskiot-poraneshen-minister-za-finansii-osuden-na-zatvor-poradi-korupcija/#respond Thu, 29 Dec 2022 20:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=782341

Поранешниот министер за финансии и гувернер на Централната банка на Алжир, Мохамед Лукал денеска е осуден на седум години затвор поради корупција, јавија локалните медиуми. Лукал, кој ги извршуваше тие функции под претседателството на покојниот Абделазиз Бутефлика, беше принуден да поднесе оставка во 2019 година. Тој беше осуден за кривични дела корупција кога беше генерален директор на Надворешната банка на Алжир (БЕА). Судот нареди и конфискација на целиот имот и недвижен имот на поранешниот министер, кој беше гонет за злоупотреба на службената положба, трошење јавни средства и фаворизирање, особено во врска со договорите склучени со консултантската куќа „Делојт“. По оставката на Бутефлика и неговата смрт во 2021 година, алжирското правосудство покрена обвиненија против неколку десетици политичари и бизнисмени за корупција.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzirskiot-poraneshen-minister-za-finansii-osuden-na-zatvor-poradi-korupcija/feed/ 0
Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет човек за шумските пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzir-osudi-49-lica-na-smrtni-kazni-poradi-linch-na-lazno-obvinet-chovek-za-shumskite-pozari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzir-osudi-49-lica-na-smrtni-kazni-poradi-linch-na-lazno-obvinet-chovek-za-shumskite-pozari/#respond Thu, 24 Nov 2022 17:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=766039

Суд во Алжир осуди 49 лица на смрт поради линч на човек лажно обвинет за подметнување смртоносни шумски пожари за време на продолжениот топлотен бран минатата година. Смртните казни во Алжир речиси секогаш се заменуваат со доживотен затвор и немало егзекуција во земјата од 1990-тите кога владата се бореше против исламистички бунт во граѓанската војна во која загинаа стотици илјади луѓе, пренесува Франс24. Убиството на 38-годишниот Џамал ​​Бен Исмаил, ја шокираше земјата. Тој беше осомничен дека ги подметнал пожарите во кои загинаа најмалку 90 луѓе, по што се пријавил во полициска станица во регионот Тизи Узу. Бил ослободен и откако отпатувал во Кабилија, Бен Исмаил бил заробен од десетици млади луѓе од Ларб Нат Иратен и жив запален, според сведочењето и видеата презентирани за време на судењето. Подоцна се покажа дека Бен Исмаил, уметник од Милиана (230 километри или 140 милји позападно), се упатил во регионот како волонтер за да помогне во гаснењето на пожарите. Десетици луѓе загинаа во пожарите, а градовите и селата останаа во урнатини. Надлежните тогаш соопштија дека пожарите ги подметнале пиромани, не наведувајќи никакви детали. Судиите осудија и 37 други лица на казни од две до 10 години, а 17 други ослободиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alzir-osudi-49-lica-na-smrtni-kazni-poradi-linch-na-lazno-obvinet-chovek-za-shumskite-pozari/feed/ 0
Трагедија: Најмалку 43 жртви во шумските пожари во Алжир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-43-zrtvi-vo-shumskite-pozari-vo-alzir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-43-zrtvi-vo-shumskite-pozari-vo-alzir/#respond Mon, 22 Aug 2022 14:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=722172

Најмалку 43 лица загинаа во шумските пожари што беснеат со денови во северниот дел на земјата, според алжирската полиција, јави Би-би-си. Над триесет пожари беа изгаснати за време на викендот, но дел од нив сè уште горат, па се очекува зголемување на бројот на жртви. Над 1.000 семејства беа евакуирани од најлошо погодените области. Тринаесет лица беа уапсени поради сомнение за вмешаност во избувнување пожари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-najmalku-43-zrtvi-vo-shumskite-pozari-vo-alzir/feed/ 0
Во Алжир во пожар загинаа најмалку 26 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/#respond Thu, 18 Aug 2022 15:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=720657

Најмалку 26 луѓе загинаа во шумскиот пожар во источниот дел на Алжир. Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела. Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-alzir-vo-pozar-zaginaa-najmalku-26-lugje/feed/ 0