амал клуни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 09:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амал клуни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комплетот на Амал Клуни ги подели нејзините фанови: Дали е зелена, сина или тиркизна боја? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kompletot-na-amal-kluni-gi-podeli-nejzinite-fanovi-dali-e-zelena-sina-ili-tirkizna-boja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kompletot-na-amal-kluni-gi-podeli-nejzinite-fanovi-dali-e-zelena-sina-ili-tirkizna-boja/#respond Thu, 10 Aug 2023 09:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=865407

Божицата на добриот вкус, жена со раскошна бујна коса, остар интелект, завидна кариера и неоспорна убавина, Амал Клуни, сопруга на најпосакуваниот холивудски актер Џорџ Клуни, „не промашува“ кога се во прашање модните комбинации. Може да се каже дека оваа жена е олицетворение на добри избори. Џорџ и Амал цело лето го поминуваат на земниот рај – езерото Комо, а често се фотографирани како одат на ручек или вечера. Овој пат папараците ја „уловија“ фаталната адвокатка пред вилата, во многу необично издание. Светлосиниот џемпер и шорцеви во сино-зелена нијанса што потсетува на тиркизна боја делуваа неодоливо младешки. Кафеавата капа и кафените влечки беа вистински контраст со пастелните тонови, а темнокафеавата чанта одлично се совпаѓаше со нејзината боја на коса. Амал знае да соблече сè: кралски тоалети, летни фустани и комплети… Таа едноставно зрачи со гламур. И што мислите, која боја е? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kompletot-na-amal-kluni-gi-podeli-nejzinite-fanovi-dali-e-zelena-sina-ili-tirkizna-boja/feed/ 0
Џорџ Клуни и признал на сопругата: 80 пати ја снимал сцената каде се бакнува со Џулија Робертс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-i-priznal-na-soprugata-80-pati-ja-snimal-scenata-kade-se-baknuva-so-dzulija-roberts/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-i-priznal-na-soprugata-80-pati-ja-snimal-scenata-kade-se-baknuva-so-dzulija-roberts/#respond Sun, 16 Oct 2022 20:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=746153

Во новиот холивудски хит филм „Ticket to Paradise“ легендарното актерско дуо Џорџ Клуни и Џулија Робертс играат разведен пар кој се здружува за да ја спречи нивната ќерка да се омажи. И ништо не би било чудно да не ја снимале сцената каде што требало да се бакнат шест месеци! - Да, и кажав на сопругата Амал. Ја снимавме таа сцена 80 пати, тоа и го кажав. На тоа таа реагираше со зборовите - Како, побогу, објасни Клуни. Секако, веднаш се огласи и Џулија Робертс која објасни што се случувало. - Се смеевме првите 79 пати, а потоа по 80-ти пат конечно се бакнавме, рекла актерката, а Џорџ се надоврзал на тоа: – Па, моравме да го направиме тоа како што треба, заклучил тој. Сепак, се чини дека тоа воопшто не и пречеше на жешката адвокатка, бидејќи сите тројца се појавија заедно на годишната гала свеченост во Музејот на филмот во Лос Анџелес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-i-priznal-na-soprugata-80-pati-ja-snimal-scenata-kade-se-baknuva-so-dzulija-roberts/feed/ 0
ПЛАНОТ ЗА ИСХРАНА НА АМАЛ КЛУНИ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: Вака ја одржува беспрекорната линија! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planot-za-ishrana-na-amal-kluni-kje-ve-iznenadi-vaka-ja-odrzuva-besprekornata-linija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planot-za-ishrana-na-amal-kluni-kje-ve-iznenadi-vaka-ja-odrzuva-besprekornata-linija/#respond Fri, 07 Jan 2022 18:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=616797

Амал Клуни има се – успешна кариера, две деца Џорџ, куќи на најубавите места на светот, а во исто време изгледа како божица од Олимп. Да не заборавиме дека е и икона на стилот на 21 век. Таа има толку хармонична фигура, што сè што носи на неа станува олицетворение на совршенството. Некои ќе речат дека е преслаба, но холивудскиот срцекршач не се жали. На крајот на краиштата, тој секогаш имаше добар вкус. А кога сме веќе кај вкусот, да го погледнеме менито на една од најинспиративните жени на денешницата… Убавата адвокатка се држи до својот гастрономски ритуал кој се состои од неколку оброци дневно. Најважно, секако, е појадокот. Но, ако мислевте дека утрото започна со цедени портокали и тост, сте се излажале. Ова е период од денот кога трпезата е резервирана за исклучително здрава храна, која дава доволно енергија. На пример, супа од алги со тврдо варени јајца. Супата, дури и од алги, можеби не е конвенционален појадок, но на Амал очигледно ѝ помага, бидејќи обично се наоѓа на нејзината утринска маса. А ручекот има силна медитеранска линија. Како што неодамна изјави за „Вог“, најчесто таа е готвачка во кујната, а мајстор е и за шпагети со мини ќофтиња од мисиркино месо и пилешки гради во сос од лимон. Салатата мора да е витаминска бомба, а најчесто е микс од свеж сезонски зеленчук. Што јаде Амал Клуни за вечера Амал Клуни не бега од вкусна вечера, иако не изгледа така. Кога престојувате на езерото Комо, на менито обично се наоѓаат италијански специјалитети. Џорџ еднаш се пофалил дека неговата сопруга може да работи како пица мајстор во најдобрите територии. Омилена им е „маргарита“ со додаток на рукола, а на репертоарот има нешто од либанската кујна, земјата од која потекнува Амал, како и индиски и јапонски јадења. – Сама прави врвни њоки и песто сос, да ги излижете прстите! – открива познатиот актер. Омилени семејни закуски се пуканки, особено додека уживаат во домашно кино. Амал истакнува дека е важно да се пијат многу течности, па затоа пие најмалку два литра обична вода во текот на денот, а понекогаш се освежува со коктел што го создала со Џорџ и нивните пријатели Синди Крафорд и Ренд Гербер, со кои го основаше брендот Casamigos. Главната состојка е текилата, со додаток на сируп од лимета, нектар од агава и брусница. Официјално беше претставен на свадбата на Клуни во Венеција во 2014 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/planot-za-ishrana-na-amal-kluni-kje-ve-iznenadi-vaka-ja-odrzuva-besprekornata-linija/feed/ 0
Кога жената ќе каже „НЕ“: Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за еден ден работа поради Амал https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-zenata-kje-kaze-ne-dzordz-kluni-odbil-35-milioni-dolari-za-eden-den-rabota-poradi-amal/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-zenata-kje-kaze-ne-dzordz-kluni-odbil-35-milioni-dolari-za-eden-den-rabota-poradi-amal/#respond Sat, 04 Dec 2021 14:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=604098

Холивудскиот шармер Џорџ Клуни открил дека одбил една работа која би му донела 35 милиони долари бидејќи неговата сопруга Амал рекла дека тоа не е добра идеја. Имено, Клуни требало да се појави во реклама за една авио-компанија, но бидејќи била поврзана за една „сомнителна земја“, тој ја одбил понудата. -Да, ми понудија 35 милиони долари за еден ден снимање. Се работепе за реклама за авио-компанија, но кога поразговарав со Амал за тоа ми кажа дека не е вредна за моето време. Поврзана е со една исклучително сомнителна земја и сам помислив: „Добро, ако на било кој начин влијае на мојот мирен сон не ми треба“, открива познатиот актер. За „Гардијан“ Клуни објасни дека неговата сопруга како одличен адвокат знае што е најдобро за него, па ја одбил понудата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-zenata-kje-kaze-ne-dzordz-kluni-odbil-35-milioni-dolari-za-eden-den-rabota-poradi-amal/feed/ 0
„Нашите деца се мета на терористички групи и имаме една молба“ – загрижувачка порака од Џорџ и Амал Клуни https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashite-deca-se-meta-na-teroristichki-grupi-i-imame-edna-molba-zagrizuvachka-poraka-od-dzordz-i-amal-kluni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashite-deca-se-meta-na-teroristichki-grupi-i-imame-edna-molba-zagrizuvachka-poraka-od-dzordz-i-amal-kluni/#respond Sun, 07 Nov 2021 19:56:52 +0000 https://kurir.mk/?p=592375

Холивудскиот актер Џорџ Клуни преку отворено писмо ги замоли медиумите да не објавуваат фотографии со лицата на неговите две деца. Оскаровецот вели дека такви фотографии ги загрозуваат животите на неговите деца поради професијата на неговата сопруга. Амал Клуни е адвокатка за заштита на човекови права, поради што, како што наведува глумецот во писмото, е мета на терористички групи. Неговото писмо го објавија повеќе угледини медиуми, како „Вараети“, „Холивуд рипортер“ и „Дедлајн“. Клуни вели дека тој и неговата сопруга не користат социјални медиуми и се заштитнички настроени кон приватноста на нивните четиригодишни син и ќерка. „Јас сум јавна личност и ги прифаќам често навредливите фотографии кои се дел од цената што ја плаќам поради мојата работа. Мојата сопруга често се соочува и поднесува обвиненија против терористички групи. Но, нашите деца не се виновни за тоа. Ние не можеме да ги заштитиме ако им ги објавувате лицата“, стои, меѓу другото, во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nashite-deca-se-meta-na-teroristichki-grupi-i-imame-edna-molba-zagrizuvachka-poraka-od-dzordz-i-amal-kluni/feed/ 0
Џорџ Клуни три пати ја молел за првиот состанок: Детали за необичниот живот на Амал https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-tri-pati-ja-molel-za-prviot-sostanok-detali-za-neobichniot-zivot-na-amal/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-tri-pati-ja-molel-za-prviot-sostanok-detali-za-neobichniot-zivot-na-amal/#respond Tue, 12 Oct 2021 14:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=577810

Амал Клуни е една од најпознатите и највлијателни адвокати во светот. На пошироката јавност сепак и стана позната откако се омажи за холивудската ѕвезда Џорџ Клуни. Животот на Амал е необичен. Таа е родена во Бејрут, Либан, во почитувано семејство. Нејзиниот прадедо бил министер, еден од најпознатите економисти во арапскиот свет. Нејзината баба е првата жена која го завршила Американскиот универзитет во Бејрут. Нејзиниот татко Ремзи е професор по бизнис и економија. Мајка и Бери е познат новинар, добитник на бројни награди и интервјуирала луѓе како Бил Клинтон, Маргарет Тачер, Фидел Кастро. Во 1987 година нејзините родители емигрирале во Лондон, за да се спасат од бесната граѓанска војна во Либан. Амал има една сестра и двајца браќа. Завршува на престижниот колеџ „Сент Хјуз“ во Оксфорд, а потоа студира право во Њујорк. Специјализира меѓународно и криминално право, екстрадиција и човекови права. Зборува течно англиски, арапски и француски. Амал била советник на генералниот секретар на ОН Кофи Анан за прашања поврзани со Сирија, му помагала на поранешниот премиер на Украина Јулија Тимошенко, го претставува креаторот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во процесот за негова екстрадиција од Шведска и е правен советник на кралот на Бахреин. Таа се сретнува со Џорџ Клуни на добротворни настани. Тој ја забележува прв и прави сè што може да се запознае со неа. Амал, сепак, не е многу импресионирана и не посветува многу внимание на него, и на крајот на вечерта одбива да му го даде својот телефон. Клуни сепак наоѓа нејзин контакт. Тој морал да ја покани да се сретнат три пати пред да ја добие нејзината согласност. Ја убедувал дека ќе разговара за неговата хуманитарна активност во Судан. Двојката се вљуби и се венча во септември 2014 година во Венеција. Меѓутоа, Амал продолжува да претставува влијателни клиенти, а во 2015 година започнува да предава на универзитетот Колумбија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-tri-pati-ja-molel-za-prviot-sostanok-detali-za-neobichniot-zivot-na-amal/feed/ 0
За нивниот развод се шушка со месеци: Џорџ и Амал Клуни водат борба на суд за старателството над близнаците? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nivniot-razvod-se-shushka-so-meseci-dzordz-i-amal-kluni-vodat-borba-na-sud-za-staratelstvoto-nad-bliznacite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nivniot-razvod-se-shushka-so-meseci-dzordz-i-amal-kluni-vodat-borba-na-sud-za-staratelstvoto-nad-bliznacite/#respond Fri, 21 Aug 2020 18:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=393675

По неколку месеци несогласувања и тензија, парот наводно одлучил да ја заврши агонијата и на суд да ги завршат сите детали околу разводот и старателството над децата За разводот на Џорџ (59) и Амал Клуни (42) се шпекулира во светските медиуми уште од мај, за време на самоизолацијата поради пандемијата на коронавирус, а како причина за крајот на бракот се наведуваа конфликтите и несогласувањата во карантинот. Холивудскиот актер и познатата адвокатка се во брак повеќе од пет години, а порталот Entertainment Times пишува дека парот деновиве го поминува времето по судови, бидејќи моментално водат борба околу старателството на тригодишните близнаци Александар и Ела. Имено, се раширија озборувања за тоа дека актерот признал дека не е среќен во бракот со 12 години помладата сопруга. Инаку, несогласувањето почнало поради неодамнешните расправии за местото на живеење, поточно дали ќе живеат во Велика Британија, според желбата на Амал или во Лос Анџелес, каде што холивудскиот актер го гледа својот живот. Различните размислувања довеле до разделба, а ако може да им се верува на гласините, веќе некое време живеат одвоено. Токму тоа им претставува проблем на децата, што било и поводот за одење на суд. Да се потсетиме, парот го изговорил судбоносното „да“ во септември 2014 година во Венеција, во хотелот Чипријани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-nivniot-razvod-se-shushka-so-meseci-dzordz-i-amal-kluni-vodat-borba-na-sud-za-staratelstvoto-nad-bliznacite/feed/ 0
Џорџ Клуни се разведува? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-se-razveduva/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-se-razveduva/#respond Mon, 04 May 2020 10:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=341342

Американските медиуми повторно пишуваат за развод меѓу холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал. Според најновите информации, разводот кој многупати досега беше тема во американските таблоиди, овој пат е неизбежен. Наводно, дополнително на ваквата одлука влијаело и времето минато во самоизолација поради коронавирусот. -Џорџ не е навикнат да му се наредува и не го поднесува тоа, а Амал целиот однос почна да го гуши, вели неименуван извор близок до партнерот на Глоуб додавајќи дека најголем проблем е поделбата на имотот кој е проценет за половина милијарди долари. Парот, кој е шест години во брак, не се огласува по повод ваквите натписи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzordz-kluni-se-razveduva/feed/ 0
Најпознатиот холивудски пар пред развод https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najpoznatiot-holivudski-par-pred-razvod/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najpoznatiot-holivudski-par-pred-razvod/#respond Tue, 17 Dec 2019 10:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=278653

Последната расправија меѓу Амал и Џорџ Клуни околу посвојувањето на дете од Ирак направила проблеми во навидум совршениот брак. После средбата со децата, бегалци во Ирак, која ја разнежни убавата адвокатка, Амал започнала да инсистира таа и нејзиниот сопруг Џорџ Клуни да посвојат едно дете. Актерот не сака да попушти пред желбата на својата сопруга, пренесуваат странските медиуми. Но на проблемите им нема крај. Се зборува дека Џорџ под притисок започнал да ја изневерува Амал со друга жена, па нивната караница станала уште поголема. Иако деталите засега се непознати, се претпоставува дека нивниот однос станал многу напнат поради друга жена. И покрај претпоставките и шушкањата, парот се уште не се обратил пред јавноста. Прашање е дали воопшто ќе ја коментираат ситуацијата бидејќи Џорџ своевремено рекол дека не сака да зборува за брак со Амал бидејќи тој никогаш не се распрашувал за животите на другите. За потсетување, парот се венча во септември 2014 година, а три години подоцна станаа родители.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/najpoznatiot-holivudski-par-pred-razvod/feed/ 0
Дама со стил: Амал Клуни зрачи сексапил и во деловна комбинација (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dama-so-stil-amal-kluni-zrachi-seksapil-i-vo-delovna-kombinacija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dama-so-stil-amal-kluni-zrachi-seksapil-i-vo-delovna-kombinacija-foto/#respond Fri, 12 Jul 2019 20:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=217961

Амал Клуни уште еднаш го покажа своето изострено чувство за деловен стил. 41-годишната адвокатка и активистка учествуваше во Глобалната конференција за слобода на медиумите. Славната сопруга на Џорџ Клуни се појави во црвен фустан од Зак Позен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dama-so-stil-amal-kluni-zrachi-seksapil-i-vo-delovna-kombinacija-foto/feed/ 0