амандман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 13:18:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амандман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните ќе плаќаат 13 отсто поскапа струја: Одбиен амандманот на опозицијата со кој се бараше одлагање на зголемувањето на ДДВ за струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-kje-plakjaat-13-otsto-poskapa-struja-odbien-amandmanot-na-opozicijata-so-koj-se-barashe-odlaganje-na-zgolemuvanjeto-na-ddv-za-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-kje-plakjaat-13-otsto-poskapa-struja-odbien-amandmanot-na-opozicijata-so-koj-se-barashe-odlaganje-na-zgolemuvanjeto-na-ddv-za-strujata/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=770171

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година не го усвои амандманот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше да се одложи зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија од 5 на 10 отсто што е планирано да стапи на сила од 1 јануари идната година. За амандманското решение се изјаснија пет пратеници, а против гласаа осум. Во образложението за потребата од носење на амандманот, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со него се предвидува намалување на буџетските приходи за 700 милиони денари со цел да се спречи поскапување на електричната енергија за граѓаните во услови на економска криза. Како што истакна Стојановски, граѓаните само по основ на ДДВ во 2023 година ќе плаќаат за 13 отсто поскапа струја. Покачувањето ќе биде 5 отсто од 1 јануари, а од јуни за уште дополнителни 8 отсто. Заменик-министерот за финансии Филип Николоски рече дека амандманот не е прифатлив за Владата и додаде дека електричната енергија и по 1 јануари ќе има повластена ставка на ДДВ, но не од 5, туку од 10 отсто наместо 18 отсто колку што е вообичаената ставка. По завршувањето на расправата и неизгласувањето на амандманот претседателот на Комисијата Стојановски даде редовна пауза од еден час по што треба да продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Во рамките на амандманската расправа за Предлог-буџетот Комисијата треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-kje-plakjaat-13-otsto-poskapa-struja-odbien-amandmanot-na-opozicijata-so-koj-se-barashe-odlaganje-na-zgolemuvanjeto-na-ddv-za-strujata/feed/ 0
КСС: Пратениците да го усвојат амандманот за помош на најсиромашните работници во приватниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kss-pratenicite-da-go-usvojat-amandmanot-za-pomosh-na-najsiromashnite-rabotnici-vo-privatniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kss-pratenicite-da-go-usvojat-amandmanot-za-pomosh-na-najsiromashnite-rabotnici-vo-privatniot-sektor/#respond Fri, 24 Jun 2022 15:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=695320

Од Конфедерацијита на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска повторно се обратиле до сите пратеници во Собранието со цел, како што соопштија, прифаќање на амандманот кој што го поднеле преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а со којшто би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Конфедерацијата бара на сите работници во приватниот сектор кои се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, а тие со плати од 21.000 до 24.000 да добијат исто така парична помош три пати по 2.000 денари. За да се реализира тоа, како што информираат, се потребни милијарда денари од ребалансот на Буџетот. Апелираат до пратениците, како што велат, да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Најавуваат дека тој што ќе гласа против овој амандман ќе го сметаат за непријател на работниците. Од КСС во соопштение велат дека во изминатиот период имале голем број активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници согласно покачувањето на минималната плата и Законот за минимална плата. Сведоци сме, наведуваат од Конфедерацијата, дека имаме многу малку почитување на законите така што работниците во овој период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза која што ја тресе нашата држава, голем број од нив останаа со плати на исто рамниште, а не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци. -КСС го подржува амандманот за линерано покачување на платите во јавниот сектор за да се ублажат ценовните шокови кои што се на грбот на работникот но исто така мислејќи на сите работници во државата предложивме, а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ прифати да предложи амандман со што би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребаланс на Буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта, наведува КСС во соопштение. Денеска, дополнуваат, ги потсетивме повторно сите пратеници но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС истите тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, порачуваат од КСС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kss-pratenicite-da-go-usvojat-amandmanot-za-pomosh-na-najsiromashnite-rabotnici-vo-privatniot-sektor/feed/ 0
Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот, одбиени четири амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-odbieni-chetiri-amandmani-podneseni-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-odbieni-chetiri-amandmani-podneseni-od-vmro-dpmne/#respond Tue, 21 Jun 2022 12:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=693662

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани. Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани. Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на енергетско ефикасни фасади за станбените згради за колективно домување, за поставување соларни системи на домаќинствата, како и за поставување фотоволтаици за домаќинствата. Од мнозинството беше одбиен и амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од милион денари за зголемување на исплатата на надоместоците на активниот воен и цивилниот персонал што се регулирани во правилникот за начинот на исплата на надоместоци за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба итн. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа и на вчерашниот амандман на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Тие побараа од мнозинството уште еднаш да размислат за покачување на платите во јавниот сектор. Исто така, во текот на расправата пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ го наметна прашањето и за парламентарните избори, односно побара од власта да се согласи за предвремени избори. – Имате две опции – или да го одврзете ќесето од Буџетот и да дадете пари на граѓаните, да почнете да работите свесно, совесно, без криминал и рекет и парите од граѓаните да одат назад кај граѓаните или другата опција што од срце ја предлагам е да се сложите да имаме предвремени парламентарни избори бидејќи вие досега покажавте дека не знаете, умеете и не се снаоѓате во работата што ја имате, рече Стаменковска-Трајковска. Пратеникот Коле Чаракчиев од редовите на СДСМ, пак, во реплика нагласи оти е горд што обезбедиле 18 илајди денари за најзагрозената категорија на работоспособната сила. Расправата по амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот ќе продолжи во 15 часот. Имено, вчера најмногу дебата предизвика амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот на буџетот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-odbieni-chetiri-amandmani-podneseni-od-vmro-dpmne/feed/ 0
ССМ ги повикува пратениците да го изгласаат амандманот за усогласување на платите во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-gi-povikuva-pratenicite-da-go-izglasaat-amandmanot-za-usoglasuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-gi-povikuva-pratenicite-da-go-izglasaat-amandmanot-za-usoglasuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor/#respond Wed, 15 Jun 2022 09:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691134

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува пратениците од власта и опозицијата да го изгласаат амандманот за усогласување на платите за 2.806 денари во јавниот сектор пред, како што велат, дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови. -Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2.806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО-ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места, а тоа значи насекаде, порачуваат од ССМ и велат дека амандманот треба да биде изгласан ден побрзо од сите пратеници. Нагласуваат дека на комисиската расправа пратениците треба времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор од 1 јули годинава ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2.806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22 јуни година што го закажа ССМ доколку не биде усвоен нивниот амандман. На собраниската Комисија за финансирање и буџет меделава почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Во текот на расправата треба да се разгледаат и над 200 амандмани меѓу кои и амандманот на ССМ, поднесен преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-gi-povikuva-pratenicite-da-go-izglasaat-amandmanot-za-usoglasuvanje-na-platite-vo-javniot-sektor/feed/ 0
Петкова: Сите вработени во градинките заслужуваат еднакво покачување на платите, ја повикуваме власта да го поддржи амандманот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/#respond Tue, 26 Apr 2022 10:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=667973

Ветуваа живот за сите, а донесоа само пустош и сиромаштија.Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со игнорантскиот и потценувачки однос кон вработените во градинките и упорно си тера селективна и дискриминаторска политика на штета на сите граѓани. Во услови кога цените на огромен број на основни производи и речиси на сите услуги вртоглаво растат, власта се расфрла со народните пари за луксузирање, нов мебел и нови возила, патувања и многу непродуктивни трошења, а одбива линеарно да ја покачи платата на сите вработени во градинките, изјави денеска за медиумите Ангелинка Петкова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потенцираше дека токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесува амандман на Законот за заштита на деца со кој се бара итно зголемување на бодот на платите за сите вработени во градинките за 18,5% со што ќе се изврши усогласување на платите со порастот на минималната плата. - Нашата цел е подобро и правично законско решение кое ќе важи за сите подеднакво, без исклучок. Нашиот амандман има за цел да ја исправи неправдата која што владата предводена од СДСМ и ДУИ постојано им ја нанесува на вработените во градинките. Власта мора да разбере дека сите вработени во градинките заслужуваат повисоки плати, бидејќи сите вработени претставуваат столб и се носители на образовниот процес на децата. Таму нема помалку или повеќе важни, таму сите се важни за иднината на нашите деца. Токму затоа, сите вработени во градинките заслужуваат еднакво покачување на платите. Како пратеници од ВМРО – ДПМНЕ нема да дозволиме власта да си поигрува со квалитетот на образовниот процес на најмладите и нема да отстапиме од нашата цел и борба за подобри услови и поголеми плати за сите вработени во градинките. Игнорирајќи ги барањата на вработените во градинките, власта индиректно удира и прави ненадоместлива штета врз децата и квалитетот на нивниот развој и образование. Тоа е недозволиво и мора веднаш да престане, појасни Петкова. Пратеничката ги повикува луѓето од власта, но и колегите пратеници од мнозинството, да го поддржат нивниот амандман и да покажат дека навистина и искрено сакаат подобар живот за сите, а не само за одредена група на луѓе која гравитира околу врхушката на власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Продолжува амандманската расправа за законските измени за намалување на ДДВ-то за струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-amandmanskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-namaluvanje-na-ddv-to-za-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-amandmanskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-namaluvanje-na-ddv-to-za-strujata/#respond Tue, 06 Jul 2021 05:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=532467

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи вчера започната седница и тоа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање. Со измените се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски посочи дека намалувањето на ДДВ-то се однесува на домаќинствата на регулираниот пазар и оти ваквата интервенција на Владата, која се прави за првпат, е во интерес на граѓаните. – Одлуката за цената на струјата ја определува Регулаторната комисија за енергетика и тука Владата нема влијание, но можеме да влијаеме врз ДДВ-то и затоа имаме предлог за намалување на даночната стапка од 18 на 5 проценти со што ќе овозможиме цената на електричната енергија кај финалниот потрошувач да не се почувствува, рече Ковачевски. Тој нагласи дека од 2006 до 2017 година цената на струјата за домаќинствата била зголемена за 82 проценти и во ниту еден момент од тогашната Влада не било предложено намалување на ДДВ-то, додека од 2017 до 2020 година имало намалување на цената од 3,94 проценти. Опозицијата има поднесено уште еден амандман со кој се предлага стапката од пет проценти да продолжи да важи и во ситуација ако цената на струјата остане иста или продолжи да расте и во иднина. Комисијата вчера го разгледа и Предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка во второ читање. На Предлог-законот беа поднесени четири амандмани од страна на пратеникот Љупчо Балковски, но тие беа одбиени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-amandmanskata-rasprava-za-zakonskite-izmeni-za-namaluvanje-na-ddv-to-za-strujata/feed/ 0
Ефтимов: Болницата во Струмица бара донации за болнички возила, а власта одби амандман на ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот да се набават три нови возила за струмичката болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnicata-vo-strumica-bara-donacii-za-bolnichki-vozila-a-vlasta-odbi-amandman-na-vmro-dpmne-so-rebalansot-da-se-nabavat-tri-novi-vozila-za-strumichkata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnicata-vo-strumica-bara-donacii-za-bolnichki-vozila-a-vlasta-odbi-amandman-na-vmro-dpmne-so-rebalansot-da-se-nabavat-tri-novi-vozila-za-strumichkata-bolnica/#respond Sun, 01 Nov 2020 10:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=423260

Вчера јавноста беше сведок на очајната состојба во која се наоѓа македонското здравство. Дојде време Директорот на „ЈЗУ Општа болница-Струмица” Наќе Гогов вчера да бара донации за болницата да набави болнички возила, поради малиот број и дотраеноста на постоечките со кои не може да се излезе во пресрет на здравствената криза во Струмица. Веројатно поради притисоци директорот Гогов потоа го повлече овој апел, но за жал остана чувството и реалноста дека Струмица нема доволно возила во моментот да одговори на потребите на граѓаните во услови на епидемија од корона вирусот, истакна на денешната пресконференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата изјава од прес-конференцијата на Ефтимов: За информација на јавноста како пратеници од струмичкиот регион поднесовме амандман на ребалансот на буџет, кој е во постапка, за прераспределба на 3,5 милиони денари за набавка на три амбулантни возила за Болницата во Струмица, но за жал пред неколку дена власта овој амандман го одби со образложение дека не е потребна таква набавка. Очигледно е дека власта или не ја знае состојбата во Струмичката болница или не сака да ги помогне капацитетите, само затоа што предлог амандманот на буџетот доаѓа од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Оттука сметам дека е крајно лицемерен одговорот на пратеникот Костадин Костадинов, кој исто така доаѓа од Струмица и кој најави дека интервентно ќе се обезбедувало возило за Струмичката болница, кога истиот и власта од неговата партија можеа тоа да го направат со поддржување на амандманите на опозицијата, а доколку успееја да обезбедат и уште едно возило, дотолку подобро и за болницата и за граѓаните на Струмица. Патем Костадинов најавува, замислете итна набавка на болничкото возило дури после два месеци, а на болницата и требаат токму сега во услови на илјадници заболени дневно од корона вирус. Зоран Заев во Струмица е власт 18 години, што како пратеник, што како градоначалник, што како премиер и тоа што болницата нема возила во услови на пандемија е негов личен неуспех и пораз. И пандемијата од корона вирусот и проблемот со болничките возила во струмичката болница не се од вчера, и затоа требаше уште пред неколку месеци да се решаваат ваквите состојби. На крајот, бидејќи Костадинов и Заев сакаа да пресметуваат колку болнички возила може да се набавуваат од продажби на други работи, еве да ги прашам колку болнички возила чини возниот парк на Заеви? Колку болнички возила можеа да се набават само од бентлито или од мајбахот на Заеви? Колку возила може да се набават ако се продаде барем возниот парк од четирицикли и луксузни мотори кои го поседува свитата на Заеви? Замислете 3,5 милиони денари за набавка на три возила за болницата, е далеку помала сума од едно од овие возила на Заеви. Оваа сума веројатно ја трошат во едно полугодие само на сервисирање или гориво за својот возен парк. Што е поважно, луксузот на Заеви или здравјето и животите на граѓаните на Струмица и Македонија? Хипокризијата на власта на Заев излезе на виделина. Очекувам власта да се освести час поскоро и да му помогне конкретно на здравствениот систем, затоа што тој се бори против пандемијата и спасува животи, а не пиарот на владата, рече Ефтимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnicata-vo-strumica-bara-donacii-za-bolnichki-vozila-a-vlasta-odbi-amandman-na-vmro-dpmne-so-rebalansot-da-se-nabavat-tri-novi-vozila-za-strumichkata-bolnica/feed/ 0
Четвртиот амандман за уставните измени пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtiot-amandman-za-ustavnite-izmeni-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtiot-amandman-za-ustavnite-izmeni-pred-pratenicite/#respond Sun, 11 Nov 2018 08:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=126374

Собраниската Комисија за уставни прашања, со која претседава претседателот за Собранието Талат Џафери, денеска ќе ја почне расправата за четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Препа меѓу Македонија и Грција. Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај потврдување на македонскиот идентитет, да стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината. Претходните денови Комисијата усвои три амандмани на Уставот. Со првиот амандман се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во член 36 каде има историски аспект, со вториот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор, а со третиот  се додава нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави. Седницата на Комисијата за уставни прашања може да трае 12 дена, а пленарната седница веќе е закажана за 1 декември. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас по што треба да се организира јавна расправа чие времетраење го утврдува Парламентот. По ова, Владата ги изготвува предлог-амандманите и повторно ги доставува до Собранието кое треба да ги донесе со двотретинско мнозинство или за нив ќе треба да гласаат најмалку 80 пратеници. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство. На 19 октомври Собранието со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од Преспа. За потребата за уставни измени гласаа и осуммина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvrtiot-amandman-za-ustavnite-izmeni-pred-pratenicite/feed/ 0