амандманска расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 Nov 2021 08:42:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амандманска расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2022 година во Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022-godina-vo-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022-godina-vo-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/#respond Sat, 27 Nov 2021 08:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=600453

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за Предлог-буџетот за следната година, откако вчера завршија предвидените пет дена за општата расправа. Поднесени се вкупно 223 амандмани, за кои исто така треба да се расправа  пет дена, по што текстот  треба да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена. Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Во текот на општата расправа  пратениците од владејачките партии оценија дека Предлог-буџетот е развоен, насочен кон економско заздравување, заштита на здравјето, зголемување на инвестициите и непречна исплата на плати и пензии. За пратениците од опозицијата, пак, проекциите се погрешни и преамбициозни поради што ребаланс треба да се очекува уште во првиот квартал од 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022-godina-vo-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/feed/ 0
Амандманска расправа за измените на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Mon, 21 Dec 2020 07:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=446027

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за труд и социјална политика, на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање. Рокот за поднесување амандмани по законот, што е поднесен од страна на пратениците од владејачкото мнозинство, заврши викендот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Одложена амандманската расправа за Буџетот, вработени и дел од пратениците се тестираат за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozena-amandmanskata-rasprava-za-budzetot-vraboteni-i-del-od-pratenicite-se-testiraat-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozena-amandmanskata-rasprava-za-budzetot-vraboteni-i-del-od-pratenicite-se-testiraat-za-kovid-19/#respond Mon, 07 Dec 2020 10:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=439874

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19. Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брис од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски. – Веднаш штом пристигнат, истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата, соопштија од Собранието. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozena-amandmanskata-rasprava-za-budzetot-vraboteni-i-del-od-pratenicite-se-testiraat-za-kovid-19/feed/ 0