Амазонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 12:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амазонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразилска Амазонија се бори со тешка суша, потенцијална опасност за пола милион луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=882275

Амазонската прашума во Бразил се бори со тешка суша, поради што властите издадоа предупредување за потенцијални последици врз речиси 500.000 луѓе до крајот на годината, јави агенцијата Анадолија. Властите во државата Амазонас во северозападниот дел на Бразил вчера прогласија вонредна состојба во 13 општини поради екстремна суша, додека други 16 се под тревога. На 21 септември, за реката Солимоес, која тече од бразилско-перуанската граница на запад до амазонската Општина Бенџамин Констант во близина на Манаус, е пријавено критично ниско ниво на водата означено на -43 см. Ситуацијата ги остави локалните жители да се борат да пристапат до основните резерви на храна и вода. Во овој регион, водените патишта служат како примарен начин на транспорт, но нивото на реките достигна историски најниско ниво. Покрај тоа, негативните ефекти на сушата се одразуваат во риболовните активности, витален извор на егзистенција за многу заедници долж овие реки. Гувернерот на Амазонас, Вилсон Лима, отпатува за Бразилија, главниот град на земјата, за да се сретне со претседателот Луис Инасио Лула да Силва на разговори за актуелното прашање со сушата. Различни нивоа на Владата „ќе ги координираат мерките за поддршка на луѓето кои живеат во погодените општини“, објави Лима на платформата X. За да им помогне на погодените, државната Агенција за цивилна одбрана почна да дистрибуира основни средства - храна, вода и комплети за лична хигиена. Се очекува сушата да трае подолго и да биде поинтензивна поради временскиот феномен Ел Нињо, кој го попречува формирањето дождовни облаци, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/feed/ 0
Уништувањето на шумите во Амазонија во јули се намали за 66 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija-vo-juli-se-namali-za-66-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija-vo-juli-se-namali-za-66-otsto/#respond Thu, 03 Aug 2023 17:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=863083

Сечењето шуми во Амазонија во јули падна на најниско месечно ниво од 2017 година, според владините податоци објавени денеска. Сателитските снимки од бразилската Агенција за вселенски истражувања ИНПЕ покажуваат дека во јули се „исчистени“ 500 квадратни километри прашума, што е за 66 отсто помалку од истиот период минатата година. Во првите седум месеци од годината, сечењето на шумите кумулативно се намалило за 42,5 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат прелиминарните податоци на ИНПЕ. Последователните падови во јуни и јули се особено ветувачки, бидејќи претходно во тие месеци беше забележано најголемо уништување на шумите, со оглед на тоа дека се работи за посушен период. Податоците пристигнуваат во пресрет на средбата на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва со лидерите на земјите од Амазонија на состанокот во северен Бразил, на тема заштита на најголемата прашума во светот. Лула вчера рече дека за прв пат на средбата ќе се обиде да се договори за заеднички пристап за заштита на регионот, кој ќе вклучи прашања за безбедноста на границите и барање приватни компании да учествуваат во пошумувањето на 30 милиони хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija-vo-juli-se-namali-za-66-otsto/feed/ 0
Значително намалено уништувањето на шумите во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/#respond Fri, 07 Jul 2023 07:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=853907

Сечењето шуми во бразилска Амазонија падна за 34 отсто во првата половина на 2023 година, покажаа синоќешните прелиминарни владини податоци, достигнувајќи го најниското ниво во последните четири години, бидејќи претседателот Луис Инасио Лула да Силва започна построги еколошки политики. Податоците од бразилската национална вселенска агенција ИНПЕ покажуваат дека во регионот за половина година се „исчистиле“ 2.649 квадратни километри, најмалку од 2019-та. -Тоа е многу позитивно, но сепак имаме многу високо ниво на уништување на шумите, рече Даниел Силва, аналитичар во непрофитната организација ВВФ Бразил (WWF Brasil). Министерката за животна средина Марина Силва нагласи дека се прават напори да се осигураат оти планот против уништувањето на шумите веќе е во полн замав. -Ова е резултат на нашите итни напори, изјави Силва. Лула ја презеде функцијата во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на сечата на шумите до 2030 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/feed/ 0
Во бразилскиот дел на Амазонија намалена сечата на шума за 68 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brazilskiot-del-na-amazonija-namalena-sechata-na-shuma-za-68-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brazilskiot-del-na-amazonija-namalena-sechata-na-shuma-za-68-otsto/#respond Fri, 12 May 2023 19:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=833659

Уништувањето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија во април се намалило за 68 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат официјалните податоци објавени денеска, што укажува на голем резултат, но дали тоа е траен тренд останува да се види. Четири месеци по доаѓањето на власт на Луис Инасио Лула да Силва, кој вети дека ќе стави крај на уништувањето на шумите во најголемата прашума во светот до 2030 година, уништени се околу 328 квадратни километри шумска површина, според сателитски податоци на Националниот институт за вселенско истражување. Тоа е драстично намалување во споредба со намалувањето на 1.026 квадратни километри во април 2022 година, последната година од владеењето на Жаир Болсонаро. Тоа е и најголемиот пад во 2023 година, по падот од 61 процент забележан во јануари, во споредба со истиот месец во 2022 година. Екологот Даниел Силва рече дека има знаци на подобрување во Амазон. Експертот предупреди на ситуацијата во Серадо, савански регион богат со биодиверзитет кој се наоѓа на југот на Амазонија, каде уништувањето на шумите е зголемено за 60 отсто во првите четири месеци од оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brazilskiot-del-na-amazonija-namalena-sechata-na-shuma-za-68-otsto/feed/ 0
КОП27: Венецуела и Колумбија одлучни да ја спасат амазонската прашума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/#respond Wed, 09 Nov 2022 10:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757874

Претседателите на Колумбија и Венецуела, Густаво Петро и Николас Мадуро на климатскиот самит КОП27 (COP27) повикаа на формирање сојуз за заштита на Амазонија, најголемата тропска шума на планетата, јави агенцијата Анадолија. – Одлучни сме да ја преродиме амазонската прашума како би му пружеле на човештвото важна победа во борбата против климатските промени, истакна Петро на климатскиот самит на Обединетите Нации, што се одржува во Шарм ел-Шеик во Египет. Мадуро посочи дека е потребно итно дејствување. – Ние во Јужна Америка имаме одговорност, а тоа е да го запреме уништувањето на Амазонија и да воспоставиме координиран процес на закрепнување, подвлече Мадуро. Петро истакна дека неговата земја ќе издвојува 200 милиони долари годишно во наредните две децении, за да се паси Амазонија и апелираше на солидарност на мултилатералните организации и големите држави во светот. Единствените латиноамерикански лидери кои присуствуваат на самитот КОП27 се Мадуро и Петро. Амазонската прашума или Амазонија зазема околу една третина од Јужна Америка околу реката Амазон. Воедно, станува збор и за областа со најголема биолошка разновидност во светот. Површината на прашумата се протега низ девет држави, а најголем дел, околу 60 отсто е во Бразил. Поради неконтролирана сеча доаѓа до проблеми како што се ерозија, поплави и климатски промени и се уништува живеалиштето на многу растенија и животни. Самитот КОП27 се одржува од 6 до 18 ноември. На него присуствуваат повеќе од 100 лидери и шефови на држави и разговараат за начини за намалување на негативните влијанија на климатските промени и за прилагодување на нивните последици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/feed/ 0
Бразил: 222.798 пожари за една година, над 103 илјади во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-222-798-pozari-za-edna-godina-nad-103-iljadi-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-222-798-pozari-za-edna-godina-nad-103-iljadi-vo-amazonija/#respond Mon, 04 Jan 2021 07:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=451711

Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, достигнувајќи највисоки цифри за изминатата деценија. Тоа се наведува во официјалните податоци кои веројатно ќе го зголемат притисокот врз Владата на претседателот Жаир Болсонаро во врска со уништувањето на шумите во Амазонија. Во текот на 2020 година низ Бразил имало вкупно 222.798 пожари, што е најголема бројка од 2010 година, според бразилската вселенска агенција ИНПЕ. Тоа вклучува повеќе од 103.000 пожари во бразилскиот дел од Амазонската прашума, што претставува годишно зголемување од речиси 16 проценти, соопшти ИНПЕ, кои користат сателитски снимки за следење на пожари и уништување на шумите. Во цифрите се и повеќе од 22.000 пожари во делот на Бразил во Пантанал, најголемите мочуришта во светот, кои беа силно погодени лани со годишно зголемување за повеќе од 120 проценти. Амазон и Пантанал се два од највредните екосистеми на Земјата. Амазон, најголемата дождовна шума во светот, се смета за витална за ограничување на климатските промени поради јаглерод диоксидот што го апсорбира од атмосферата. Околу 60 проценти од прашумата се наоѓа во Бразил. Пантанал како што е наречен – рај на биодиверзитетот, се протега од Бразил до Боливија и Парагвај. Речиси една четвртина од бразилскиот Пантанал беше уништена од пожари минатата година, во услови на најголема суша во регионот во скоро половина век]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-222-798-pozari-za-edna-godina-nad-103-iljadi-vo-amazonija/feed/ 0
Болсонаро го обвини домородното население за пожарите во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/#respond Wed, 23 Sep 2020 05:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=407054

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска во својот говор во ОН кажа дека домородното население е виновно за годинашните пожари во прашумата на Амазонија и притоа ги нападна и медиумите за ширење паника за пандемијата на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Во однапред снимениот говор на седницата на Генералното собрание на ОН, екстремно десничарскиот лидер ги демантираше критиките за неговата еколошка политика и потезите што ги направи за време на пандемијата на коронавирусот. -Пожарите секогаш се случуваат на истите места, на источната страна од шумата, каде што селаните и Индијанците ја палат својата земја во веќе опустошените области, рече Болсонаро. Соња Гуајајара, лидер на главната домородна организација, веднаш возврати дека Болсонаро лаже. -Ние, исто така, мора да ја разоткриеме оваа политичка катастрофа што ја уништува нашата животна средина и нашата иднина, рече таа. Болсонаро, кој постојано ја минимизира сериозноста на пандемијата, овој пат изрази жалење за смртта на повеќе од 137.200 лица во неговата земја од Ковид-19. Но, притоа, тој ги обвини медиумите за „политизација“ на пандемијата и создавање паника меѓу бразилските граѓани, што речиси доведе до социјален хаос]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolsonaro-go-obvini-domorodnoto-naselenie-za-pozarite-vo-amazonija/feed/ 0
Има ли крај? „Белите дробови на планетата“ повторно зафатени со пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ima-li-kraj-belite-drobovi-na-planetata-povtorno-zafateni-so-pozari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ima-li-kraj-belite-drobovi-na-planetata-povtorno-zafateni-so-pozari/#respond Tue, 08 Sep 2020 08:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=400454

Една година по катастрофалните пожари во Амазонија, „белите дробови на планетата“ од крајот на август повторно се зафатени од огнови, а пожарите годинава се закануваат да бидат полоши од оние што се случија минатата година. Бразилските медиуми јавуваат дека пожарите во бразилскиот дел од амазонската прашума во август се пониски за пет проценти, повикувајќи се на моменталните податоци од интернет страницата на Националниот институт за вселенско истражување (INPE). Алберто Сикер, научник од институтот, меѓутоа, тврди дека известувањето за конечните податоци на ИНПЕ било одложено по грешка, јавија британските меидуми. Сикер кажа дека, кога податоците ќе се ажурираат, најверојатно ќе покажат дека пожарите се зголемени за еден до два проценти во споредба со пожарите од минатата година, што би значело дека ова се најлошите пожари од август 2010 година. Бразилските власти одбија да ја коментираат моменталната состојба во Амазон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ima-li-kraj-belite-drobovi-na-planetata-povtorno-zafateni-so-pozari/feed/ 0
Уништени белите дробови на планетата: За 24 часа во Амазонија се забележани повеќе од 1.000 пожари (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishteni-belite-drobovi-na-planetata-za-24-chasa-vo-amazonija-se-zabelezani-povekje-od-1-000-pozari-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishteni-belite-drobovi-na-planetata-za-24-chasa-vo-amazonija-se-zabelezani-povekje-od-1-000-pozari-video/#respond Sun, 02 Aug 2020 14:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=385193

Во девет бразилски држави кои граничат со амазонскиот базен, бројот на пожари значително е пораснат за повеќе од 20 осто во јули во споредба со истиот месец претходната година. Овие податоци ги објави националниот Институт за вселенско истражување Инпе. Институтот наведува дека во јули оваа година се регистрирани 6.804 пожари, во споредба со оние 5.318 регистрирани во јули претходната година. Службените лица стравуваат дека 2020 година може да биде полоша од 2019 година за прашумата во Бразил. Само во четвртокот, сателитите снимили 1.007 пожари во Амазонија, кои бразилскиот „Гринпис“ ги нарекува како  15 годишен негативен рекорд за ден во јули. Активист на „Гринпис“, Ромуло Батиста, изјави дека забраната за палење на растенија со официјална уредба, нема да функционира се додека не биде засилен надзорот на тоа поле. Некаде околу средината на јули, министерот за животна средина, Рикардо Салес и претседателот Жаир Болсонаро, го забранија палењето на растенија на 120 дена во амазонскиот регион и Пантанал, најголемото подрачје на мочуришта во светот. Десничарскиот популист Болсонаро го поддржува економското искористување на Амазонија. Минатата година бил жестоко критикуван поради пожарите во Амазонија. Го обвинуваат дека прифаќа уништување заради отворање на нови подрачја за земјоделство, сточарство и рударство. Амазонија е најголема светска прашума и научниците предупредуваат дека е клучна за одбрана против климатските промени, затоа што ги апсорбира гасовите од стаклените градини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishteni-belite-drobovi-na-planetata-za-24-chasa-vo-amazonija-se-zabelezani-povekje-od-1-000-pozari-video/feed/ 0
Бразил испраќа армија за заштита на Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-isprakja-armija-za-zashtita-na-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-isprakja-armija-za-zashtita-na-amazonija/#respond Tue, 12 May 2020 06:41:15 +0000 https://kurir.mk/?p=344814

Потпретседателот на Бразил Хамилтон Моура изјави дека почнало распоредување на трупи за заштита на Амазонија, почнувајќи со сојузната држава Рондонија на границата со Боливија. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро минатата недела донесе уредба со која се дозволува распоредување на војската, слично како минатата година, по разорните пожари и интензивното сечење на шумите. Оваа година армијата се испраќа три месеци порано од минатата година. Владата на Бразил во петокот објави дека уништувањето на шумите во бразилскиот дел на Амазонија нагло се зголеми во април. Уништувањето на шумите се зголемило за 64 проценти во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците од сателитите на вселенската агенција ИНПЕ. Во првите четири месеци од 2020 година, уништувањето на шумите е за 55 проценти повисоко отколку во истиот период минатата година, односно уништени се 1.202 квадратни километри од Амазонија, пренесува ИНПЕ. Амазонија е најголемата светска прашума. Нејзиното зачувување е клучно за ублажување на глобалното затоплување поради апсорбирањето огромни количини на гасови со ефект на стаклена градина, велат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-isprakja-armija-za-zashtita-na-amazonija/feed/ 0