Амазонска прашума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 12:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амазонска прашума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бразилска Амазонија се бори со тешка суша, потенцијална опасност за пола милион луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=882275

Амазонската прашума во Бразил се бори со тешка суша, поради што властите издадоа предупредување за потенцијални последици врз речиси 500.000 луѓе до крајот на годината, јави агенцијата Анадолија. Властите во државата Амазонас во северозападниот дел на Бразил вчера прогласија вонредна состојба во 13 општини поради екстремна суша, додека други 16 се под тревога. На 21 септември, за реката Солимоес, која тече од бразилско-перуанската граница на запад до амазонската Општина Бенџамин Констант во близина на Манаус, е пријавено критично ниско ниво на водата означено на -43 см. Ситуацијата ги остави локалните жители да се борат да пристапат до основните резерви на храна и вода. Во овој регион, водените патишта служат како примарен начин на транспорт, но нивото на реките достигна историски најниско ниво. Покрај тоа, негативните ефекти на сушата се одразуваат во риболовните активности, витален извор на егзистенција за многу заедници долж овие реки. Гувернерот на Амазонас, Вилсон Лима, отпатува за Бразилија, главниот град на земјата, за да се сретне со претседателот Луис Инасио Лула да Силва на разговори за актуелното прашање со сушата. Различни нивоа на Владата „ќе ги координираат мерките за поддршка на луѓето кои живеат во погодените општини“, објави Лима на платформата X. За да им помогне на погодените, државната Агенција за цивилна одбрана почна да дистрибуира основни средства - храна, вода и комплети за лична хигиена. Се очекува сушата да трае подолго и да биде поинтензивна поради временскиот феномен Ел Нињо, кој го попречува формирањето дождовни облаци, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazilska-amazonija-se-bori-so-teshka-susha-potentsijalna-opasnost-za-pola-milion-luge/feed/ 0
Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonskata-prashuma-za-18-godini-izgubi-povrshina-kolku-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonskata-prashuma-za-18-godini-izgubi-povrshina-kolku-shpanija/#respond Wed, 09 Dec 2020 10:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=440821

Прашумата Амазон е многу позагрозен отколку пред осум години, се наведува во извештајот на група истражувачи и невладини организации насловен „Амазон под притисок“. Во Амазон во периодот од 2000 до 2018 година исечена е шума од површина од 513.016 километри квадратни, колкава што е површината на Шпанија. На тој начин најголемата прашума во светот се намали за осум проценти, се наведува во извештајот на Амазонската мрежа за општествено-еколошко географски информации (РАИСГ). – Амазон е многу позагрозена од пред осум години, се наведува во извештајот на РАИСГ, која слична студија објави и во 2012 година. Прашумата Амазон опфаќа девет земји: Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Еквадор, Венецуела, Суринам, Гвајана и Француска Гвајана, со околу 47 милиони жители, вклучително и голем број домородни заедици. Најлоша година е 2003 година кога е исечена шума од 49.240 километри квадратни. Потоа е забележан пад, а најниското ниво е во 2010 година (17.674 квадратни километри), а потоа од 2012 година повторно е зголемена сечата. Бразил има 62 отсто од прашумата Амазон, но повеќе од 85 отсто од сечата е на негова територија. Во периодот од 2000 до 2018 година од бразилската прашума исечени се 425.051 километри квадратни. И шумскитепожари придонесоа за намалување на површината на прашумата Амазон, а најголемото уништување е забележано во Боливија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonskata-prashuma-za-18-godini-izgubi-povrshina-kolku-shpanija/feed/ 0
Зголемен ризик од пожари во Амазонската прашума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/#respond Sun, 02 Aug 2020 08:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=385044

Официјалните податоци од Бразил покажуваат дека во јули е регистрирани забележително зголемување на пожарите во Амазонската прашума во однос на истиот месец минатата година и дека тоа би можело да прерасне во голем проблем. Сателитските снимки направени од бразилската Национална вселенска агенција покажуваат дека во јули во Амазонија имало 6.803 пожари, што е за 28 отсто повеќе отколку истиот период минатата година. Овие бројки предизвикуваат загриженост дека е можно да се повтори минатогодишното сценарио, односно пожарот што се ширеше во Амазонија кога изгореа повеќе од 10.000 квадратни километри од оваа најголема светска дождовна шума. Во август минатата година во Амазонија се регистрирани 30.900 пожари. Директорката на бразилскиот институт за истражување на животната средина, Ана Аленкар изјави дека ова зголемување на бројот на пожари е „опасен знак“ и оти се очекува август да биде тежок во Амазон, а септември уште полош. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-rizik-od-pozari-vo-amazonskata-prashuma/feed/ 0
Амазонска прашума исчезнува со брзина од три фудбалски игралишта во минута https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonska-prashuma-ischeznuva-so-brzina-od-tri-fudbalski-igralishta-vo-minuta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonska-prashuma-ischeznuva-so-brzina-od-tri-fudbalski-igralishta-vo-minuta/#respond Fri, 26 Jul 2019 09:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=223010

Прашумата во Амазонија се уништува со брзина од три фудбалски игралишта во минута, а тоа значи дека наскоро може да дојде до точката каде што ова огромно подрачје веќе не ќе може да заздрави, коментираат познавачи. Големиот пораст на сечата на дрвја, којшто се случи во мај и јуни годинава, потврдува дека претседателот Жаир Болсонаро и властите дале зелено светло за неконтролирано експлоатирање на шумските области, коментира „Гардијан”. Според податоци добиени преку сателитскиот систем Детер Б, во јули се исечени 1.345 квадратни километри бразилска амазонска џунгла, што е за една третина повеќе отколку претходниот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazonska-prashuma-ischeznuva-so-brzina-od-tri-fudbalski-igralishta-vo-minuta/feed/ 0