амбасада на сад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 14:30:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амбасада на сад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадата на САД очекува независно судство без разлика кој ќе го раководи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/#respond Fri, 28 Apr 2023 14:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=828739

Американската aмбасада во Скопје во врска со последните случувања во Судскиот совет денеска повторно изрази надеж дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кој ќе биде во раководството. -Амбасадата на САД се надева дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кои се неговите раководители. Ова е од суштинско значење за градење доверба во институциите на судството во Северна Македонија, наведуваат од Амбасадата на САД за телевизија Алсат во врска со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Нејзиниот наследник требаше да се избира вчера, но седницата на Судскиот совет на која се очекува да се гласа нов претседател е презакажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, вчера произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување. За разрешувањето на Дамева, но и за општата состојба во судството, реагираа претседателот Стево Пендаровски, Министерството за правда, како и правни експерти. Денеска и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми апелираше да се надмине состојбата во Судскиот совет во интерес на граѓаните и на државата. -Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот. Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба, вели Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadata-na-sad-ochekuva-nezavisno-sudstvo-bez-razlika-koj-ke-go-rakovodi/feed/ 0
Амбасада на САД: Збунети сме од изборот на Абази, граѓаните заслужуваат независно судство и нема место за политичко мешање во овие постапки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/#respond Fri, 18 Nov 2022 16:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=763071

Американската амбасадорка Анџела Агелер го критикуваше изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Во писмен одговор на прашања за редакцијата на „360 степени“ да даде став за целиот процес, таа изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата. Амбасадорката и Амбасадата, се вели во писмениот одговор до „360 степени“, очекувале повеќе и поради милионите долари потрошени во обуки на обвинителите кои, пак, самите гласаа за шеф на ОЈО за ГОКК. Се додава и дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки. -Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Агелер, на прашањето на „360 степени“. На истото прашање на редакцијата до холандската Амбасада во земјава, се вели дека „за Холандија, владеењето на правото е од огромно значење и внимателно ги следиме сите случувања во правосудниот сектор во Северна Македонија“. -Во февруари 2020 година, во последен момент, пред парламентот да се самораспушти на подолг период, со закон овозможи гонење на случаите на корупција на високо ниво што беа под СЈО. Овој поединечен настан ѝ овозможи на Холандија да се согласи да започне процедура за пристапување во ЕУ за Северна Македонија во март 2020 година. Затоа, работата на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и како тоа постапува со сите случаи на организиран криминал и корупција на високо ниво ќе продолжи да биде под лупа од Холандија“, одговорија од Амбасадата на Кралството Холандија на прашањата на „360 степени“. Од Делегацијата на ЕУ во земјава, пак, на истото прашање на редакцијата нагласуваат дека „очекуваат новиот шеф на ОЈО за ГОКК да работи посветено и во дух на независност и дека борбата против корупцијата ќе биде под детален надзор на ЕУ“. Обвинителот од Гостивар, Ислам Абази, беше избран за шеф на ОЈО за ГОКК на 7 ноември, откако тој доби највеќе гласови од своите колеги, вкупно 66. Неговата колешка од Вишото обвинителство – Гостивар, Деса Пауновска доби најмалку гласови, односно 10, Ермон Незири од скопското обвинителство доби 64 гласови, додека Вилма Русковска која исто така се кандидираше освои 14 гласови. Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasada-na-sad-zbuneti-sme-od-izborot-na-abazi-gragjanite-zasluzuvaat-nezavisno-sudstvo-i-nema-mesto-za-politichko-meshanje-vo-ovie-postapki/feed/ 0
Реакција на Амбасадата на САД по барањето на Русковска: Ова е прашање за надлежните органи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/#respond Thu, 04 Aug 2022 15:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=714186

Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со барањето на јавната обвинителка Вилма Русковска упатено до странски амбасади и меѓународни организации. – Се чини дека ова прашање е тековен процес и е прашање за надлежните органи да го решат, се наведува во одговорот на Амбасадата на САД. Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“. Во писмената реакција по вчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, Русковска нагласува дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство. – Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-ambasadata-na-sad-po-baranjeto-na-ruskovska-ova-e-prashanje-za-nadleznite-organi/feed/ 0
Скопјани, не плашете се: Утре ќе се слушаат сирени за тревога, еве што ќе се случува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-ne-plashete-se-utre-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-ne-plashete-se-utre-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/#respond Fri, 08 Apr 2022 13:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=660398

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. -Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjani-ne-plashete-se-utre-kje-se-slushaat-sireni-za-trevoga-eve-shto-kje-se-sluchuva/feed/ 0
Американската амбасада објави видео: Во Албанија започнува истрага за функционери осомничени за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-objavi-video-vo-albanija-zapochnuva-istraga-za-funkcioneri-osomnicheni-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-objavi-video-vo-albanija-zapochnuva-istraga-za-funkcioneri-osomnicheni-za-korupcija/#respond Tue, 03 Sep 2019 05:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=236243

Американската амбасада во Тирана објави анимирано видео со резиме на албански функционери заглавени во „мрежата“ на ветингот. Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската aмбасада. Меѓу другото, САД посочуваaт дека Високиот судски совет (КЛЃ) и Високиот совет на обвинители (КЛП) почнале со работа околу формирање на Специјална структура против корупција и организиран криминал(СПАК) и оти наскоро оваа институција ќе ги истражи корумпираните службеници и организираниот криминал. -Дали сте заинтересирани да научите повеќе за правосудната реформа? Следете го вториот подкаст од серијата „PodAlbania“, изработен од група учесници во програмата за размена на Стејт департментот, со поддршка од Амбасадата на Соединетите држави. Стоп за корупцијата! Реформата во правосудството и посебно процесот на ветинг ги даваат први резултати,се наведува во видеото. Се додава дека повеќе десеттици судии и обвинители се разрешени од должноста поради тоа што „не успеале да го оправдаат своето богатство и несоодветните контакти со криминалот“. -Повеќе од 50 судии и обвинители беа отпуштени поради тоа што не успеале да го оправдаат потеклото на имотот и несоодветните контакти со светот на криминалот. Заедно со чистењето на системот, формирани се нови институции, Високиот совет на обвинители и Високиот судски совет. Овие институции почнаа со работа околу формирањето на СПАК и наскоро оваа институција ќе ги испита корумпираните службеници и организираниот криминал, наведува Амбасадата на САД. Деновиве американската амбасада објави анимирано едукативно видео за тоа како Националното биро за истраги, или БКХ и специјалните обвинители ќе можат да ја истражуваат корупцијата на највисоко ниво. Според амбасадата, оваа многу важна структура е слична на американското Федерално истражно биро(ФБИ) и ќе таргетира високи функционери во земјата за истрага. Претходно амбасадата објави три анимирани едукативни видеа. Во првото дава објаснување за значењето на процесот „ветинг“ а во второто на граѓаните им објаснува како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира оваа институција. Во третто едукатвно видео зборува за СПАК што е нова уставна институција која се состои од два дела: Специјално обвинителство и Национално биро за истраги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-objavi-video-vo-albanija-zapochnuva-istraga-za-funkcioneri-osomnicheni-za-korupcija/feed/ 0
Отворaње на Амбасадата на САД во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoranje-na-ambasadata-na-sad-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoranje-na-ambasadata-na-sad-vo-erusalim/#respond Mon, 14 May 2018 07:22:27 +0000 https://kurir.mk/?p=53805

Во Ерусалим денеска ќе биде отворена новата Амбасада на САД во Израел. Дипломатската мисија, што досега беше во Тел Авив, е преместена во Еруслаим во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае градот како главен град на Израел. Се очекува на отворањето да присуствуваат околу 800 гости. Трамп претходно неколку пати изјави дека би сакал да присуствува на настанот, но подоцна беше соопштено дека тој нема да замине во Еруслаим, а САД ќе бидат претставени од помошникот државен секретар Џон Саливан, придружуван од ќерката на претседателот Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој е советник во Белата куќа. Американски владини претставници најавија дека на почетокот персоналот во дипломатската мисија ќе брои најмалку 50 лица. Тој ќе  вклучува соработници на амбасадорот Дејвид Фридман и на американските конзуларни службеници, кои веќе работат на теренот. Отворањето на новата амбасада се случи шест месеци откако Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел. Израелската Влада ја прифати одлуката со категорично одобрување, а Палестинците, кои сакаат источниот дел на Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава, реагираа со негодување. Генералното собрание на ОН гласаше со големо мнозинство за резолуција со која се критикува американскиот потег. Покрај отворањето на Амбасадата, планирани се и многу други настани во наредните денови, вклучувајќи ја и прославата на 70-годишнина од создавањето на Израел. Најавено е дека на присутните на церемонијата на отворањето на Амбасадата, преку видео врска ќе им се обрати Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvoranje-na-ambasadata-na-sad-vo-erusalim/feed/ 0
Заедничка вежба на МВР и амбасадата на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-vezba-na-mvr-i-ambasadata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-vezba-na-mvr-i-ambasadata-na-sad/#respond Sun, 18 Mar 2018 08:05:06 +0000 http://kurir.mk/?p=30869

Припадниците на МВР денеска ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со Амбасадата на САД во Скопје. Вежбовните активности, како што информираат од МВР, ќе се одржат во кругот на Амбасадата, поради што ги информираат граѓаните дека како дел од сценариото може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми. - Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба, велат од МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-vezba-na-mvr-i-ambasadata-na-sad/feed/ 0