амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турција го отповика амбасадорот од Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/#respond Sat, 04 Nov 2023 14:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896445

Турција го отповика својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-go-otpovika-ambasadorot-od-izrael/feed/ 0
Јордан го повлече амбасадорот од Израел во знак на протест поради војната во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-go-povleche-ambasadorot-od-izrael-vo-znak-na-protest-poradi-vojnata-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-go-povleche-ambasadorot-od-izrael-vo-znak-na-protest-poradi-vojnata-vo-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 15:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=895451

Јордан одлучи моментално да го отповика својот амбасадор во Израел во знак на протест и осуда на израелската војна во Газа, која „предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Аман, јави ДПА. Шефот на јорданската дипломатија, Ајман ал-Сафади, исто така, му наложи на министерството да го информира својот израелски колега „да не го враќа назад својот амбасадор, кој претходно го напуштил Кралството“, додава германската агенција. Ал Сафади изјави дека амбасадорите можат да се вратат кога „Израел ќе ја прекине војната во Газа, хуманитарната катастрофа што ја предизвикува и ќе ги прекине сите мерки што ги лишуваат Палестинците од нивното право на храна, вода, лекови и нивното право на безбедно и стабилен живот“. Јордан потпиша мировен договор со Израел во 1994 година, со што стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел, потсетува ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jordan-go-povleche-ambasadorot-od-izrael-vo-znak-na-protest-poradi-vojnata-vo-gaza/feed/ 0
Амбасадорот на Израел во ОН стави жолта ѕвезда; Палестински претставник изјави дека Газа е пекол на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-vo-on-stavi-zholta-zvezda-palestinski-pretstavnik-izjavi-deka-gaza-e-pekol-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-vo-on-stavi-zholta-zvezda-palestinski-pretstavnik-izjavi-deka-gaza-e-pekol-na-zemjata/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=894802

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации утринава стави жолта ѕвезда во Советот за безбедност на ОН, велејќи дека ќе ја носи додека Советот за безбедност не ги осуди злосторствата на Хамас, а палестински претставник рече дека Газа сега е „пекол на Земјата“ и повика за спас на нејзините жители. Гилад Ердан и неговиот персонал ги закачија жолтите ѕвезди со зборовите „Никогаш повеќе“ на нивните ревери додека присуствуваа на состанокот на најмоќното тело на ОН. Евреите биле принудени да носат такви ѕвезди за време на нацистичката диктатура. „Исто како моите баба и дедо на милиони Евреи, отсега јас и мојот тим ќе носиме жолти ѕвезди. Ќе носиме ѕвезди додека не ги осудите злосторствата на Хамас. И ќе бараме итно ослободување на нашите заложници“, рече Ердан. „Некои од вас не научија ништо во изминатите 80 години. Некои од вас заборавија зошто е формирано ова тело“, рече Ердан, осудувајќи го Советот за безбедност што молчеше за смртоносните напади врз Израел на 7 октомври од страна на палестинските милитанти Хамас. 15-члениот совет, според написите во светските медиуми, не усвои ниту една резолуција за тринеделната војна меѓу Израел и Хамас. Некои резолуции според извештаите, беа блокирани од Соединетите Американски Држави, близок сојузник на Израел, бидејќи не го спомнуваа правото на Израел на самоодбрана. Резолуцијата поднесена од САД беше особено осудена од Русија и Кина, бидејќи во неа јасно не се повикува на прекин на огнот. „Значи, ќе ве потсетам. Од овој ден натаму, секогаш кога ќе ме погледнете ќе се сеќавате што значи да се молчи пред злото“, рече амбасадорот. Во својот говор, Ердан ја спореди израелската копнена офанзива во Појасот Газа со истоварувањето на сојузниците во Нормандија во 1944 година. Тој нагласи дека споредувањето на бројот на загинатите од двете страни по разорниот масакр што го изврши исламистичкиот Хамас во Израел на 7 октомври е неприфатливо како и споредбата на германските и британските жртви во Втората светска војна. Тој го спореди повикот за прекин на огнот на Блискиот исток со повикот за прекин на огнот пред руското заземање на Сталинград во 1943 година. За време на состанокот на Советот за безбедност, неколку говорници, осудувајќи ги нападите од Хамас, ја истакнаа цената што ја плати народот на Газа, пишуваат регионалните медиуми. Филип Лазарини, шеф на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), рече дека опсадата на Газа е еднаква на колективно казнување на нејзините жители. Палестинскиот претставник во Обединетите нации ги опиша страдањата на населението во Појасот Газа како „пекол на земјата“. Зборувајќи на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Ријад Мансур ја цитираше изјавата на поранешниот генерален секретар на ОН, Даг Хамарскјелд во 1954 година: „Обединетите нации не се создадени за да нè доведат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот“. „Газа сега е пекол на Земјата“, додаде Мансур. Дипломатот рече дека повеќе од 8.000 Палестинци се убиени до денес, вклучително и над 3.000 во јужниот дел на Газа, каде што Израел „насилно префрли стотици илјади луѓе“. „Речиси сите наши луѓе во Газа се бездомници, раселени, се движат од еден во друг семеен дом“, рече тој. „Тие спијат во своите автомобили, спијат на улиците и продолжуваат да ги убиваат каде и да одат, за да ги убедат дека нема да бидат безбедни никаде во Газа“, додаде тој. „Спасете ги. Гледајте ги како човечки суштества“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ambasadorot-na-izrael-vo-on-stavi-zholta-zvezda-palestinski-pretstavnik-izjavi-deka-gaza-e-pekol-na-zemjata/feed/ 0
Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-lozano-garsija-vo-sobranieto-ke-gi-prezentira-prioritetite-na-shpanskoto-pretsedatelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-lozano-garsija-vo-sobranieto-ke-gi-prezentira-prioritetite-na-shpanskoto-pretsedatelstvo/#respond Tue, 11 Jul 2023 05:51:38 +0000 https://kurir.mk/?p=855247

Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година. Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ и обезбедување на нејзината стратешка автономија, напредок во спроведувањето на зелената транзиција и заштитата на животната средина, промоција на поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство. Еден од приоритетите на шпанското претседавање, кој завршува на 31 декември, ќе биде зајакнување на заложбата за стабилизација, закрепнување и реконструкција во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-lozano-garsija-vo-sobranieto-ke-gi-prezentira-prioritetite-na-shpanskoto-pretsedatelstvo/feed/ 0
Зоран Заев најави тужба за австрискиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/#respond Wed, 28 Jun 2023 07:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=850342

Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите, изјави бившиот премиер Зоран Заев по вчерашното јавно обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас. Австрискиот амбасадор преку соопштение до медиумите во кое на невообичаено директен начин упати критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплати отштета од фирма во Македонија, со реакција се јави експремиер и екслидер на СДСМ Зоран Заев, чиј член на фамилијата, но и самиот тој се споменуваат во дописот на амбасадорот. Покрај оградувањето од било каква инволвираност во деловниот спор, Заев во реакцијата упатува и порака до австрискиот амбасадор дека ќе се видат на суд, ако повторно го спомене неговото име на ваков начин. – Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен како и сите други судски процеси. Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука како и впрочем се очекува без разлика за кој грагјанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција да си носат исклучиво законски одлуки и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето. Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација нема да можам ништо друго да превземам освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот, наведува Заев во реакцијата, пренесува порталот „Независен“. Тој понатаму вели дека се смета за пријател на Австрија и дека за време на „својата одговорност како премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија“ и оти нема да дозволи првиот претставник на Австрија во Македонија со „ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име“. – Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија за да покаже и докаже било каква моја инволвираност, во спротивно ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед и лично ке го известам австриското МНР и Владата на Австрија за ваквиот однос на амбасадорот на Австрија, вели Заев во реакцијата. Австрискиот амбасадор образлагајќи го деловниот спор во кој, како што наведува, компанијата „АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ“ со седиште во Хоенемс, Австрија, поради манипулации и одолговлекувања од македонските судови не може да наплати отштета од 4,5 милиони евра од фирмата „Дена продукт увоз извоз Велес“ директно посочува дека во случајот е инволвирана фирма чиј сопственик е Емилија Заева – Костова, сопруга на сопственикот на „Дена“ Атанас Костов, но и братучетка на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-zaev-najavi-tuzhba-za-avstriskiot-ambasador/feed/ 0
Стефковски оствари средба со Амбасадорот на Италија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/#respond Wed, 21 Jun 2023 10:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848183

Денес во посета на општина Гази Баба беше Амбасадорот на Италија во Република Македонија Н.Е. Андреа Силвестри при што оствари средба со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. За средбата, градоначалниот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Денес во просториите на општина Гази Баба остварив средба со Амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри. На средбата разговаравме за унапредување на понатамошна соработка во областа на образованието како важен сегмент од општеството. Истовремено пред Амбасадорот го презентиравме индустрискиот потенцијал за привлекување на италијански инвестиции на нашата територија. Изразив подготвеност, општина Гази Баба да воспостави соработка со општини и градови од Италија со цел продолжување на македонско-италијанско пријателство и разменување на искуства. Италија како напредна земја членка на Европската унија може да помогне во справувањето со предизвиците со кои ние секојдневно се соочуваме. - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stefkovski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-italija/feed/ 0
СКАНДАЛ: Милошоски тврди дека македонскиот амбасадор во Токио е обвинет за сексуално вознемирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tvrdi-deka-makedonskiot-ambasador-vo-tokio-e-obvinet-za-seksualno-voznemiruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tvrdi-deka-makedonskiot-ambasador-vo-tokio-e-obvinet-za-seksualno-voznemiruvane/#respond Thu, 15 Jun 2023 13:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=846179

Против македонскиот амбасадор во Токио има две пријави за непристојно однесување и за сексуално вознемирување, соопшти вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Во македонскиот парламент тој, обраќајќи се кон министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека пријавите се поднесени во Министерството за надворешни работи  и дека станува збор за сериозен инцидент. -Повеќе од 10 месеци во Амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени. Едната од вработена во амбасадата во Токиоа, а другата од јапонска државјанка која имал аповремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување, рече Милошоски. Тој додаде дека подносителките очекуваат ова да се разгледа на соодветен начин и со голема сериозност. -Нашиот апел би сакал да биде да се разгледа серизоно секоја од овие претставки, да не се одолговлекува, да се оценува внимателно и строго, но најдобро би било, ако може да се отповика амбасадорот, потенцира овој пратеник. Според нашите неофицијални имформации, МНР во моментов има формирано и комисија, а амбасадорот е вратен во Македонија што значи дека ова обвинување на пратеникот е релевантно и точно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-tvrdi-deka-makedonskiot-ambasador-vo-tokio-e-obvinet-za-seksualno-voznemiruvane/feed/ 0
МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот од Прага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/#respond Thu, 04 May 2023 15:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=830616

Повлекувањето на амбасадорот од Прага претставува долг процес кој беше воден од Комисиијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатираа бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации: Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Северна Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање. Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин. Во рамките на мандатот амбасадорот беше повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола. Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/feed/ 0
Вратен е амбасадорот Сашко Тодоровски од Прага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/#respond Thu, 04 May 2023 13:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=830560

Амбасадорот Сашо Тодоровски е вратен од Прага поради низа утврдени неправилности, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на онлајн брифингот со новинарите. Како причина за неговото отповикување, Османи наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и дека не се испочитувани инструкции од страна на МНР. - Еден амбасадор имаме отповикан од функцијата на средината на мандатот поради констатирани нерегуларности во функционирањето и амбасадорот е вратен од својот мандат, рече Османи кој посочи дека ова било процедура што траела повеќе месеци. Османи упати жалење во однос на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за листата на амбасадори за кои се чекаат агремани, оценувајќи го тоа како тежок дипломатски скандал. -Ја разбирам потребата за заострување на политичката реторика на една година пред избори. Меѓутоа, морам да дадам порака дека има некои прашања коишто се свети и не можат да бидат дел од дневно политичката борба. Дипломатијата, меѓуетничките односи, одредени структури во општеството не смеат да бидат карти за поткусурување на политичките партии пред избори. Се обидувам и сум се обидувал никогаш дипломатијата да не ја ставам во функција, меѓутоа нема да дозволам партиски пишувачи на говори да ги дискредитираат луѓето врз основа на лажни информации коишто произлегуваат од различни канали и да испратат лоша порака до земјите коишто треба да дадат агреман по однос на тие дипломати, рече Османи. Тој нагласи дека во оваа фаза од процесот, се додека не се добие агреман од земјите, не може да коментира за номинираните амбасадори. Со нивното испраќање, додаде Османи, ќе бидат исполнети речиси 100-процентно нашите ДКП. -Поголем број на дипломатско-конзуларни претставништва ќе бидат пополнети во наредниот период. Притоа ќе бидеме доведени во ситуација можеби за првпат едно или ниедно ДКП да има вршител на должност, туку да бидат 100 отсто пополнети со амбасадори, вели шефот на дипломатијата Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/feed/ 0
Рускиот амбасадор ги повика САД да прекинат со „непријателските“ летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-ambasador-gi-povika-sad-da-prekinat-so-neprijatelskite-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-ambasador-gi-povika-sad-da-prekinat-so-neprijatelskite-letovi/#respond Wed, 15 Mar 2023 09:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=812146

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов го повика во средата Вашингтон да престане со „непријателските“ летови во близина на руските граници, откако беше повикан во американскиот Стејт департмент и му беше вложен протест поради инцидентот во вторникот кога американско беспилотно летало по пресретнување на руски ловци падна во Црното Море близу Кримскиот полуостров. „Поаѓаме од начелото дека САД би требало да се воздржат од натамошни шпекулации во медиумскиот простор и да престанат со летовите во близина на руските граници“, објави Антонов на апликацијата Telegram. Антонов посочува дека станува збор дрон кој собирал разузнавачки податоци коишто САД потоа ги проследуваат до Киев за напади врз руски цели. „Секоја акција во којашто се користи американско вооружување ка сметаме за непријателска. Русија не сака судир и останува отворена за прагматична соработка во интерес на народите на нашите земји“, истакнува рускиот амбасадор во Вашингтон. Антонов во соопштението на амбасадата во врска со инцидентот со американскиот дрон порачува дека се „неприфатливи“ активностите на американската војска во непосредна близина на руските граници, како и дека на Москва ѝ се „многу добро познати целите“ за која се користат таквите беспилотни шпионски и јуришни дронови. Рускиот дипломат реагира и на коментарот во врска со инцидентот на координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, кој рече дека американските летала вршат такви прелети на дневна основа. „Што прават тие илјадници километри далеку од САД? Одговорот е очигледен: собираат разузнавачки информации, кои последователно ги користи киевскиот режим за напади врз нашата територија и вооружените сили“, пишува Антонов. Амбасадорот притоа поставува реторичко прашање како би постапиле САД во обратна ситуација. „Ако, на пример, се појави руско јуришно беспилотно летало во близина на Њујорк или Сан Франциско, каква би била реакцијата на американското воено воздухопловство и морнарица?! Сигурен сум дека акциите на американската војска ќе бидат бескомпромисни, не дозволувајќи ‘пробивање’ на нејзиниот воздушен или поморски простор“, истакнува Антонов. Притоа наведува дека Москва очекува САД да се „воздржат“ од „дополнителни шпекулации во медиумскиот простор“ и особено дека ќе „престанат со летовите во близина на руските граници“. Изјавата на амбасадорот Антонов доаѓа по инцидентот кога САД во вторникот соопштија дека руски воени авиони пресретнале и оштетиле американско беспилотно летало „MQ-9 Reaper“ над Црното Море, што предизвикало негово уривање. Русија соопшти дека нејзините борбени авиони не дошле во контакт со американско беспилотно летало кое се урна во Црното Море, велејќи дека дронот паднал поради „остри маневрирање“. Москва објаснува дека руските ловци забележале американско беспилотно летало како се приближува до руската граница во „областа на полуостровот Крим“. „Руските ловци не го употребија своето оружје, не стапија во контакт со дронот и безбедно се вратија на матичниот аеродром“, соопшти Министерството за одбрана. Русија наведува и дека дронот летал „со исклучени транспондери“ и дека „го прекршил привремениот режим на користење на тој воздушен простор воспоставен поради специјална воена операција“ во Украина. Овој инцидент, пак, дојде откако се испостави дека според податоците на интернет ресурсот за следење летови FlightRadar24, американски стратешки бомбардер „B-52Н Stratofortress“ со повикувачка ознака NOBLE61 кон крајот на минатата седмица маневрирал над Балтикот на околи 200 километри од руската метропола Санкт Петербург. Бобардерот кој е носи нуклеарно оружје полетал од полски аеродром, прелетал над Естонија, Летонија и Литванија, свртел околу островот Гогланд во Финскиот залив и се упатил кон Велика Британија. Подоцна беше објавена дека авионот бил на тренажен лет за увежбување нуклеарен удар во ткн „северна престолнина“ на Русија. Минатата седмица на повеќе часови беше затворен воздушниот простор над Санкт Петербург, но официјална Москва тоа го објасни со истата активност во областа на Москва каде што се урна беспилотно летало од непознато потекло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskiot-ambasador-gi-povika-sad-da-prekinat-so-neprijatelskite-letovi/feed/ 0