Амбер Хард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 06:49:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амбер Хард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откако го загуби судскиот случај со Џони Деп: Амбер Хард се пресели во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-go-zagubi-sudskiot-sluchaj-so-dhoni-dep-amber-hard-se-preseli-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-go-zagubi-sudskiot-sluchaj-so-dhoni-dep-amber-hard-se-preseli-vo-shpanija/#respond Fri, 05 May 2023 06:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=830784

Глумицата Амбер Хард ги напуштила САД и се преселила во Мадрид откако го загуби судскиот случај со поранешниот сопруг Џони Деп. Како што пишува „Дејли мејл“, таа си отишла од Холивуд и „тивко се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Унаг“. Според наводите, Хард говори два јазика - англиски и шпански, па преку океанот е среќна, и „сака да ја одгледа ќерка ѝ подалеку од вревата“, вели пријателка на глумицата. Не е познато дали Амбер засекогаш или само привремено ја напуштила глумата. „Мислам дека таа не брза да се врати на работа или во Холивуд. Веројатно ќе дојде и тоа, кога ќе дојде вистинското време, за вистинскиот проект", додава пријателката. Во јули 2022 година, глумицата ја продаде куќата во долината Јука, во Калифорнија за 1,1 милион долари. Оттогаш, таа минуваше доста време во Шпанија. Во октомври лани, Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, како и во детски парк со својата ќерка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-go-zagubi-sudskiot-sluchaj-so-dhoni-dep-amber-hard-se-preseli-vo-shpanija/feed/ 0
Амбер Хард поднесе жалба: На Деп треба да му плати 15 милиони долари за клевета https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/amber-hard-podnese-zalba-na-dep-treba-da-mu-plati-15-milioni-dolari-za-kleveta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/amber-hard-podnese-zalba-na-dep-treba-da-mu-plati-15-milioni-dolari-za-kleveta/#respond Fri, 14 Oct 2022 07:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=745081

Амбер Хард поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета. Адвокатите сметаат дека немало „доволно јасни докази за зла намера“, што е еден од предусловите што мора да се задоволат за некој да биде осуден за клевета. Судот наложи и Деп да ѝ плати на Хард два милиони долари, исто така, за клевета, па глумицата и нејзиниот правен тим се жалат дека таа отштета е „неприфатливо недоследна“. Се жалат и на местото во САД каде што се тужени бидејќи сметаат дека тоа треба да се премести на „соодветното место“ на Флорида. Тимот на Деп настојуваше судењето да се одржи во Ферфакс, Вирџинија, бидејќи таму беше отпечатен весникот „Вашингтон пост“, каде што Хард ги наведе сведоштвата за наводна злоупотреба. Главната жалба е во тоа што адвокатите сметаат дека судот погрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа и на претходни изјави на Хард. Тврдат дека нејзе требало да ѝ се суди само за написот во „Вашингтон пост“, каде што „Хард никаде не го спомнува Деп по име“, па сметаат – така немало основа тој да го добие случајот на суд.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/amber-hard-podnese-zalba-na-dep-treba-da-mu-plati-15-milioni-dolari-za-kleveta/feed/ 0
По скандалозниот судски процес: Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandalozniot-sudski-proces-dzoni-dep-vo-uloga-na-luj-petnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandalozniot-sudski-proces-dzoni-dep-vo-uloga-na-luj-petnaesetti/#respond Fri, 08 Jul 2022 06:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=702043

Џони Деп ја доби првата улога по последниот судски процес против неговата поранешна сопруга Амбер Хард, којшто го доби и со кој, според многумина, актерот почна да си ја враќа кариерата во нормала. Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција. Се работи за филм на Нетфликс, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во остварувањето ќе глумат и француската актерка  Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски. Мајвен и ќе го режира филмот. Нетфликс го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се снима. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но Нетфликс не е вклучен во ништо друго.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandalozniot-sudski-proces-dzoni-dep-vo-uloga-na-luj-petnaesetti/feed/ 0
Влогер заработува голема сума пари на сметка на Амбер Хард https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vloger-zarabotuva-golema-suma-pari-na-smetka-na-amber-hard/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vloger-zarabotuva-golema-suma-pari-na-smetka-na-amber-hard/#respond Sat, 25 Jun 2022 09:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=695545

Популарен корисник на „Јутјуб“ заработува од судењето помеѓу Амбер Херд и Џони Деп. Метју Луис, познат како „Дет амбрела гај“ (That umbrella guy), е познат по објавувањето видеа за познатите, а некои од последните популарни наслови објавени од негова страна ја напаѓаат актерката Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп. Видеата на Луис за Херд биле прегледани од страна на вкупно 96 милиони гледачи. Според проценките, тие треба да му носат на Луис 64.600 долари месечно од „Јутјуб“. Меѓутоа, многумина го напаѓаат Луис поради овие видеа бидејќи сметаат дека тој има финансиска корист доколку го драматизира судењето меѓу Херд и Деп, кое заврши неодамна. Од друга страна, некои корисници го поддржуваат Луис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vloger-zarabotuva-golema-suma-pari-na-smetka-na-amber-hard/feed/ 0
Некогашниот дом на Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogashniot-dom-na-dzoni-dep-i-amber-hard-se-prodava-za-1-76-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogashniot-dom-na-dzoni-dep-i-amber-hard-se-prodava-za-1-76-milioni-dolari/#respond Thu, 16 Jun 2022 06:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=691474

Станот во којшто некогаш живееле Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари, па сега се знае и како изгледа неговата внатрешност. Поранешната двојка живеела тука 15 месеци, а домот се наоѓа во центарот на Лос Анџелес во зградата наречена „Источна Колумбија“. Имотот од 1930 година се простира на површина од 1.780 метри квадратни. Покрај тоа што е украсен со високи тавани, се состои од една спална соба, две бањи и кујна со дневна соба, пренесува „Форбс“. Во просториите претежно доминираат суптилни кафено-неутрални тонови, со индустриски елементи од кои најизразени се скалите. Сепак, големите прозорци, како и мебелот и украсите на домаќинството – перниците и теписите на тврдо дрво, „ја омекнуваат“ целокупната слика на станот. А, бидејќи се наоѓа при врвот од зградата, близу е и покривот, каде што има базен со солена вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogashniot-dom-na-dzoni-dep-i-amber-hard-se-prodava-za-1-76-milioni-dolari/feed/ 0
Сестрата на Амбер Хард: Ја советував да не се мажи со Џони Деп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sestrata-na-amber-hard-ja-sovetuvav-da-ne-se-mazi-so-dzoni-dep/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sestrata-na-amber-hard-ja-sovetuvav-da-ne-se-mazi-so-dzoni-dep/#respond Fri, 24 Jul 2020 10:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=380789

Во случајот на Џони Деп против британското списание „Сан“, беше прочитано писмено сведочење на Витни Хенрикез – сестра на Амбер Хард, поранешната сопруга на глумецот која тврди дека тој ја тепал пред и во бракот. Хенрикез вели дека, отпрво Деп, изненадувачки, многу ѝ се допаднал, „станале како брат и сестра“, па и почнал да ја вика „сестричка“… „На почетокот не бев свесна за насилството, но се сеќавам дека Амбер зборуваше за нивните големи расправии, па почнав да се загрижувам за сестра ми. Амбер ми кажа дека тие понекогаш се расправале [вербално] со денови – а потоа со денови и не зборувале еден со друг“, се вели во сведоштвото, како што пренесува Би-би-си. Потоа Хенрикез вели дека била против тој брак, оти насилството го имало и претходно. „Тоа што тој [Деп] ќе ти стави прстен на раката, нема да му стави крај на насилството“, ѝ рекла таа на сестра сѝ. Во фокусот на тужбата е напис објавен на интернет-страницата на „Сан“ во април 2018 година под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’доста среќна‘ со најмувањето на сопруготепачот Џони Деп во новиот филм ’Фантастични ѕверки‘?“ (Gone Potty: How can JK Rowling be ‘genuinely happy’ casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?”). Претходно во своето сведочење, Амбер Хард читаше електронски пораки до својата мајка, каде што говори за малтретирањето од Деп. „Тој целосно ’одлепи’, мамо. Насилен е и луд. Ми се крши срцето зашто ова е тој што го сакам!“, вели Амбер во една од пораките. Таа во сведочењето пред Судот, неколкупати истакна дека останувала со него не само затоа што била вљубена, туку и се надевала дека така тој „ќе се исчисти” од зависностите. Луѓето околу него, негови блиски и соработниците ѝ велеле дека тој ќе се промени, оти таа го мотивира и му помага да „се исчисти”. Одговарајќи на обвинувањата дека таа била насилникот, прашана од адвокатите дали и таа го удрила, Амбер рече дека го сторила тоа во самоодбрана, односно понекогаш ја губела смиреноста пред вербалните закани и нападите од Деп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sestrata-na-amber-hard-ja-sovetuvav-da-ne-se-mazi-so-dzoni-dep/feed/ 0