амбуланти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jun 2022 11:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амбуланти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во служба на туристите во Албанија ќе функционираат 29 здравствени амбуланти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sluzba-na-turistite-vo-albanija-kje-funkcioniraat-29-zdravstveni-ambulanti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sluzba-na-turistite-vo-albanija-kje-funkcioniraat-29-zdravstveni-ambulanti/#respond Thu, 30 Jun 2022 11:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=697810

Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, во Албанија и ова лето ќе бидат отворени 29 здравствени амбуланти, кои ќе даваат 24- часовна услуга. Во објава на социјалните мрежи премиерот Еди Рама напиша дека на терен ќе има персонал од 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи и додава дека се обезбедени лекови и медицинските материјали. -Каде и да одберете да одморате, на планина или покрај море, обезбедивме 24-часовна здравствена заштита за летувалците и туристите од север до југ, со мрежа на летни здравствени центри, за безбедна туристичка сезона. Јавете се во Националната итна помош, на телефонскиот број 127, за секоја итна здравствена состојба, напиша Рама. Долж крајбрежјето и во најфреквентните туристички места, меѓу другите Скадар, Лежа, Драч, Шенѓин, Дивјак, Саранда, Ксамил и други, здравствените амбуланти ќе фунционираат до октомври, кога завршува главната туристичка сезона. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sluzba-na-turistite-vo-albanija-kje-funkcioniraat-29-zdravstveni-ambulanti/feed/ 0
Мета: Болните од Ковид-19 не смеат да чекаат во амбулантни возила до ослободување кревет, Владата да не штеди https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/#respond Mon, 07 Dec 2020 10:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=439883

По влошената епидемолошка состојба со Ковид-19, посебно потребата од болнички капацитети, албанскиот претседател Илир Мета побара од Владата да не штеди за „граѓаните да не остануваат пред болниците во амбулантни возила до ослободување легло“. Мета искажа длабока загриженост за влошената состојба, зголемениот број починати, заразени и се поголемот број лица на кои им е потребно болничко лекување и порача дека тоа треба да биде главен приоритет. Според него, потребна е силна организација, која дава итни одговори на многуте и често болни проблеми на граѓаните поврзани со Ковид-19. -Зголемувањето на случаите на граѓаните погодени од Ковид-19 кои се во сериозна состојба, кои доаѓаат во болниците во Тирана и се принудени да чекаат долго во амбулантни возила, бара итни мерки, за оваа ситуација да не се повтори, наведува Мета. Додава дека секоја поплака на граѓаните треба да се третира со максимална одговорност и итност, бидејќи секое одложување е опасно по живот и тоа е неприфатливо. -Владата мора да даде се од себе во оваа борба против пандемијата, не штедејќи на потребното финансирање и организираната мобилизација на сите ресурси за справување со неа. Ковид-19 е опасен непријател и треба да се третира како таков, со цел да се заштитат здравјето и животот на секој граѓанин, порачува Мета. Од друга страна медиумите пренесуваат снимки и информации дека пред болниците има амбулантни возила со болни во тешка здравствена состојба кои остануваат долго на болничкиот паркинг додека се ослободи болнички кревет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bolnite-od-kovid-19-ne-smeat-da-chekaat-vo-ambulantni-vozila-do-osloboduvanje-krevet-vladata-da-ne-shtedi/feed/ 0
Јавно-здравствените установи достапни за продолжениот викенд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-zdravstvenite-ustanovi-dostapni-za-prodolzeniot-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-zdravstvenite-ustanovi-dostapni-za-prodolzeniot-vikend/#respond Fri, 31 Jul 2020 17:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=384512

За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена услуга може да се обратат во најблискиот здравствен дом, каде е обезбедена 24- часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош и домашна посета. Како што соопшти Министерството за здравство на Фејсбук, во Скопје – дежурните ординации во трета смена, во недела и празници ќе работат поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашно лекување. Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид. Центарот за јавно здравје Охрид во текот на претстојниот викенд ќе има дежурни служби во одделението за лабораториска дејност-микробиологија за прием и вршење редовни микробиолошки анализи, во периодот утре, 1 август, од 8 до 12 часот. КОВИД-пунктот во Охрид ќе биде достапен утре од 8 до 12 часот за закажаните пациенти преку Мој Термин за земање материјали за тестирање на КОВИД-19. Во Струга, како што соопшти Министерството, е обезбедена 24-часовна здравствена заштита преку дежурни лекарски екипи во службата за Итна помош и домашна посета (контакт телефон: 076/203 533). Во реонот на Дојран, обезбедена е здравствена заштита со дежурна екипа од Општа болница со проширена дејност – Гевгелија во амбулантата во Дојран од 8 наутро до 20 часот навечер, по што граѓаните ќе можат да се обратат во службата за ИМП, која функционира на повик (контакт телефон 070/393961). Во рамки на Здравствен дом Берово, обезбедена е 24-часовна покриеност од службата за ИМП (контакт телефон: 078 447 603, 033 471 002). Во реонот на Преспа и Ресен, Здравствениот дом во Ресен обезбедува 24-часовна покриеност од службата за ИМП, која има на располагање за претстојниот викенд две медицински екипи. – Здравствен дом Ростуше ќе обезбеди континуирана здравствена заштита преку службата за ИМП во реонот на Маврово и околните населени места, наведуваат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-zdravstvenite-ustanovi-dostapni-za-prodolzeniot-vikend/feed/ 0
Доцнењето на аерозапрашувањето ги наполни амбулантите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/docnenjeto-na-aerozaprashuvanjeto-gi-napolni-ambulantite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/docnenjeto-na-aerozaprashuvanjeto-gi-napolni-ambulantite/#respond Thu, 05 Jul 2018 13:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=73490

Инвазија од комарци во Скопје. Здодевните мали инсекти деновиве предизвикаа големи отоци и непрекинато чешање, а  дел од нив ги одведе на доктор. Кожниот доктор Дејан Филиповиќ за Канал 5 вели дека се зголемил бројот на пациенти со отоци од каснување на комарец. Граѓаните велат дека не може да се излезат надвор на прошетка без претходна подоготовка од мачкање на креми и прскање со спрејови против комарци. Велат оваа година најмногу има комарци. Од Град Скопје со кратко соопштение дека се прскало  за комарци и доколку времето дозволи ќе продолжи прскањето. Пчеларите навреме да превземат мерки. Во писмено соопштение до Канал 5 за причините за доцнењето се процедурални и административни  причини, поточно поради спроведување на јавната набавка , како и потребата да поминат сите рокови за доставени жалби. Во текот на адмнистративната постапка, беше побарано дополнително мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање требало да биде во март, кога комарците се ларви, а во овој период првото прскање да биде во терминот кога треба да биде третото прскање ларвите комарци станале авиони боинг. Од институтот велат дека акминистративните процедури се прпуст на градот и дека имало време навреме да се започнат сите постапки. Извор: Канал 5  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/docnenjeto-na-aerozaprashuvanjeto-gi-napolni-ambulantite/feed/ 0