амбулантно возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 08:14:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амбулантно возило – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се судрија амбулантно и патничко возило, повредени 4 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-sudrija-ambulantno-i-patnichko-vozilo-povredeni-4-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-sudrija-ambulantno-i-patnichko-vozilo-povredeni-4-litsa/#respond Sat, 22 Apr 2023 08:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=826318

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и взило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово. Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-sudrija-ambulantno-i-patnichko-vozilo-povredeni-4-litsa/feed/ 0
Украдено возило на Итната помош во Општата болница во Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradeno-vozilo-na-itnata-pomosh-vo-opshtata-bolnica-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradeno-vozilo-na-itnata-pomosh-vo-opshtata-bolnica-vo-kochani/#respond Sat, 03 Dec 2022 11:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=770535

Возило на Итната медицинска помош ноќеска било украдено од кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани. Неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа, а настанот е пријавен во полиција. -Веднаш откако вработените забележале дека возилото го нема, пријавиле во Полициската станица во Кочани, по што полициски службеници направиле увид и очекуваме да го откријат сторителот или сторителите. Се работи за постаро возило oд марката тојота, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани. Службата за Итна медицинска помош во болницата во Кочани има уште неколку понови возила што се користат за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukradeno-vozilo-na-itnata-pomosh-vo-opshtata-bolnica-vo-kochani/feed/ 0
Новото болничко возило што недостасува во Струмица вреди колку моторот на Костадинов и тркалата на Бентлито на Заеви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-bolnichko-vozilo-shto-nedostasuva-vo-strumica-vredi-kolku-motorot-na-kostadinov-i-trkalata-na-bentlito-na-zaevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-bolnichko-vozilo-shto-nedostasuva-vo-strumica-vredi-kolku-motorot-na-kostadinov-i-trkalata-na-bentlito-na-zaevi/#respond Sun, 01 Nov 2020 09:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=423224

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов на Фејсбук вчера бараше донации од граѓаните за да се купи ново болничко возило, а веднаш потоа и ја избриша оваа објава што покрена лавина на коментари на социјалните мрежи. Еве што пишуваше во неговиот пост на Фејсбук: -Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти  е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно,ние како “ЈЗУ Општа болница -Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело.  Ве замолувам споделувајте го статусот.“ напиша директорот на струмичката болница, Наќе Гогов. Откако експресно ја избриша објавата, Костадин Костадинов од СДСМ објави дека најдоцна до декември струмичката болница ќе добие амбулантно возило. „Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница“, објави пратеникот од Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов. Сепак ова покрена лавина на коментари бидејќи власта на СДСМ чекаше цели четири години за да набави возило во Струмица. За потсетување на јавноста амбулантното возило за струмичката болница ќе чини близу колку моторот на Костадинов со кој се пофали неодамна. Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој сподели фотографии од неговиот колега од спротивниот табор, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и неговото ново возило. Што се 20.000 евра за Костадинчо? Дукати од речиси 18.000 €, со целосна додатна опрема, од кои само куферите се 600€. И исто како и Интрудерот, стариот мотор, ни овој нема да го најдете пријавен во ДКСК! Што има врска што има криза и 40.000 нови невработени, што има врска што речиси уште толку се со плата/пензија под 15.000 денари, што има врска што колабира здравство и образование, нели? Бандитите мора да уживаат, порача Стоилковски, додавајќи „УА мафија“.
Значи сите се подновени да не ги мислите! 33 со вила на Егејско, КК со нов мотор од пред десетина дена. Што се 20.000... Posted by Naum Stoilkovski on Sunday, October 4, 2020
По ова јавноста се потсети и на шетањето на Заев со мотор вреден 30 илјади евра кој го нема ниту во анкетниот лист. Премиерот Зоран Заев на мотоцикл денеска дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден. Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката. Заев возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот, пишува порталот Лидер. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк. Премиерот Заев овој Моторцикл го нема пријавено во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, по што се поставува прашањето дали тој крие имот или можеби овој Моторцикл го позајмил од некого за денешниот настан, за што според Законите во Република Македонија, потребно е полномоштво.
Јавноста по ова веднаш сумата на амбулантното возило го спореди и со скапите гуми на автомобилот од марката Бентли кој го поседува фамилијата Заеви, како и дека само гумите на истиот чинат иста цена колку новото болничко возило. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novoto-bolnichko-vozilo-shto-nedostasuva-vo-strumica-vredi-kolku-motorot-na-kostadinov-i-trkalata-na-bentlito-na-zaevi/feed/ 0
Јапонија и подари амбулантно возило на неспособната власт- Болницата во Тетово конечно доби ново возило во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/japonija-i-podari-ambulantno-vozilo-na-nesposobnata-vlast-bolnicata-vo-tetovo-konechno-dobi-novo-vozilo-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/japonija-i-podari-ambulantno-vozilo-na-nesposobnata-vlast-bolnicata-vo-tetovo-konechno-dobi-novo-vozilo-vo-2020-godina/#respond Fri, 11 Sep 2020 10:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=401971

Во Клиничка болница Тетово денеска беше извршена промоција на ново возило за Итната медицинска помош кое се набави со помош на грант од Јапонија. Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда беше присутна на настанот. -Ми претставува чест и задоволство да се вратам во Тетово на церемонијата за промоција на амбулантното возило. Утрово има диксусија со градоначалничката и решивме да продолжиме со соработката. Минатиот пат кога го посетив Тетово беше кога се потпиша грант договорот за набавка на амбулантното возило. Дрго ми е што бргу се имплементираше проектот во најпотребни моменти за луѓето во Тетово. Овој проект е иницијатива на директорот Фљорин Бесими и сум многу среќна што народот на Јапонија вака можеше да му помогне на народот тука. Би сакала да се заблагодарам на сите здравствени работници кои со нивната работа им помагаат на граѓаните во овие тешки времиња, рече амбасадроката Кеико Ханеда. Грантот за набавка беше потпишан на 7 ноември 2019 година. Досега Јапонија има доделено пет грантови за општина Тетово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/japonija-i-podari-ambulantno-vozilo-na-nesposobnata-vlast-bolnicata-vo-tetovo-konechno-dobi-novo-vozilo-vo-2020-godina/feed/ 0
ВИДЕО: Невидена сцена во Бразил, фудбалерите го туркаа амбулантното возило https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nevidena-scena-vo-brazil-fudbalerite-go-turkaa-ambulantnoto-vozilo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nevidena-scena-vo-brazil-fudbalerite-go-turkaa-ambulantnoto-vozilo/#respond Tue, 18 Sep 2018 09:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=102422

На натпреварот од бразилската прва лига помеѓу Васко де Гама и Фламенго кој беше одигран викендов (1-1), гледачите сведочеле на една ретко видена и помалку комична сцена во која фудбалерите морале да помогнат за амбулантното возило да тргне… ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nevidena-scena-vo-brazil-fudbalerite-go-turkaa-ambulantnoto-vozilo/feed/ 0
Комбе брза помош кое пренесувало бремена жена во болница се превртело, а потоа се случила вистинска драма среде улица (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kombe-brza-pomosh-koe-prenesuvalo-bremena-zena-vo-bolnica-se-prevrtelo-a-potoa-se-sluchila-vistinska-drama-srede-ulica-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kombe-brza-pomosh-koe-prenesuvalo-bremena-zena-vo-bolnica-se-prevrtelo-a-potoa-se-sluchila-vistinska-drama-srede-ulica-video/#respond Wed, 18 Jul 2018 13:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=78306

Амбулантно возило во кое се возела бремена пациентка се превртило среде улица откако се судрило со друго возило. Триесет годишната жена и нејзиното бебе се добри и покрај преживеаната голгота, а вистинско чудо е што жената не се породила среде улица, вели портпаролот на полицијата во Хамбург. Во инцидентот се повредени пет луѓе, меѓу кои и мајката на бремената жена која била во амбулантното возило, членовите на медицинската екипа, како и 25 годишниот возач. Амбулантното возило се судрило со друго возило среде раскрсница при што се превртело. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kombe-brza-pomosh-koe-prenesuvalo-bremena-zena-vo-bolnica-se-prevrtelo-a-potoa-se-sluchila-vistinska-drama-srede-ulica-video/feed/ 0