амди бајрам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Oct 2022 10:34:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амди бајрам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две години од смртта на Амди Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-smrtta-na-amdi-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-smrtta-na-amdi-bajram/#respond Mon, 24 Oct 2022 10:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=749716

Денеска се навршуваат две години од смртта на поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам. Тој беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите. Бајрам почина на 64 годишна возраст по компликации со срцето. За себе велеше дека е „познат како кока-кола, сите ја пијат“. Од 1994 беше пратеник во Собранието, прво како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), за до крајот на мандатот да остане независен пратеник. Од 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а остана запаметен по изјавата кога на парламентарните избори во 1998 рече дека ќе победи премиерот Бранко Црвенковски со „102,3 %“.
Во периодот 1998–2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстои поради гласот на Бајрам, по што тој изјави дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“. Потоа влзе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Притоа вербално се конфронтира со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како кока-кола“ во споредба со нив. Бајрам ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција по парламентарните избори во 2016 и премина во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Заев. Тој е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој беше градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-godini-od-smrtta-na-amdi-bajram/feed/ 0
Советникот на СДСМ со возен парк од МИЛИОН ДОЛАРИ, ДКСК го разгледува случајот, во СДСМ не го виделе видеото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-sdsm-so-vozen-park-od-milion-dolari-dksk-go-razgleduva-sluchajot-vo-sdsm-ne-go-videle-videoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-sdsm-so-vozen-park-od-milion-dolari-dksk-go-razgleduva-sluchajot-vo-sdsm-ne-go-videle-videoto/#respond Thu, 02 Jun 2022 11:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=685499

Габриел Бајрам, син на починатиот Амди Бајрам, кој долги години беше пратеник во македонското собрание, глуми џет-сет на социјалните мрежи. Имено во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук излезе видео од роденденска прослава на синот на Габриел Бајрам, Валентин, а подарокот кој го доби за својот родененден од својот татко многумина ги остави со безброј прашалници во глава. [embed]https://kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-narodot-se-tepa-za-poevtin-benzin-gabriel-bajram-mu-kupi-mercedes-dzip-na-sinot-se-slaveshe-so-moeti-muzika-i-se-frlaa-evra-video/[/embed] Автомобил марка „Мерцедес Г-класа“, кој вреди помеѓу 150.000 и 180.000 евра, во зависност од опремата која ја поседува. Габриел Бајрам е советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Видеото на кое покрај овој Мерцедес, се гледаат уште неколку ултра-луксузни автомобили, меѓу кои и два ни помалку ни повеќе „Ролс Ројса“, кои пак се проценуваат дека чинат помеѓу 250.000 и 300.000 евра. Во неговата гаража можеа да се видат уште два Мерцедеси и неколку мотори. При давањето на подарокот, Габриел Бајрам и неговите пријатели наздравуваа со „Моет“, а едно шише од ова скапо шампањско беше искористено за полевање на џипот. Дрско, навидум безобразно, ако се земе во предвид актуелната ситуација во државата е еден функционер на ваков начин да се однесува во јавност. Но, тука се поставува прашањето, од каде толку пари на фамилијата Бајрам, дали се од некаков бизнис или пак тоа се пари од крипто валути, фарма за копање која пред само неколку месеци беше откриена во ГТЦ, а истата експресно беше дислоцирана, а за која до ден денес ниту една институција ништо не преземала. Став побаравме од првата антикорупционерка Биљана Ивановска, која за Курир вели дека ДКСК ќе постапи по овој случај, а доколку се утврди вина истата ќе биде соопштена. -Ние можеме да ја разгледаме по допрен глас информацијата и да ја провериме имотната состојба, односно што пријавил господинот, односно дали го пријавил тој возен парк или не. Тој може да се вади на тоа дека не се негови колите и затоа ние апелираме постојано дека е потребен закон за потекло на имот за да се знае како е стекнат секој вид на имот, со какви пари е стекнат. Ќе го разгледаме овој случај и ќе постапиме во рамките на нашата надлежност, рече во изјава за Курир, претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска. Без закон за потекло на имот од ДКСК велат дека не можат да направат ништо. Став побаравме и од СДСМ, чии советник е Бајрам. Портпаролот на партијата Богданка Кузеска за Курир вели дека се уште го нема видено видеото иако истото беше објавено вчера. Но, ова не се единствените скандали на фамилијата Бајрам. Во минатото тие беа вмешани и во сообраќајната несреќа со автомобил марка „Масерати“, физички пресметки и други скандали. Случајот со автопералната во ГТЦ, како и со фармата со криптовалути во истиот трговски центар. Текстот може да го прочитате ТУКА Кој ја штити фамилијата Бајрам? За чии интереси таа работи?   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-sdsm-so-vozen-park-od-milion-dolari-dksk-go-razgleduva-sluchajot-vo-sdsm-ne-go-videle-videoto/feed/ 0
Една година од смртта на Амди Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-smrtta-na-amdi-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-smrtta-na-amdi-bajram/#respond Sun, 24 Oct 2021 06:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=584454

Денеска се навршува една година од смртта на поранешниот пратеник и политичар, Амди Бајрам. Тој беше долги години претседател на партијата Сојуз на Ромите. Бајрам почина на 64 годишна возраст по компликации со срцето. За себе велеше дека е „познат како кока-кола, сите ја пијат“. Од 1994 беше пратеник во Собранието, прво како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), за до крајот на мандатот да остане независен пратеник. Од 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а остана запаметен по изјавата кога на парламентарните избори во 1998 рече дека ќе победи премиерот Бранко Црвенковски со „102,3 %“. Во периодот 1998–2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстои поради гласот на Бајрам, по што тој изјави дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“. Потоа влзе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Притоа вербално се конфронтира со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како кока-кола“ во споредба со нив. Бајрам ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција по парламентарните избори во 2016 и премина во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Заев. Тој е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој беше градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-smrtta-na-amdi-bajram/feed/ 0
Синот на Амди Бајрам објави дека е негативен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-amdi-bajram-objavi-deka-e-negativen-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-amdi-bajram-objavi-deka-e-negativen-na-koronavirus/#respond Fri, 30 Oct 2020 11:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=422585

Синот на Амди Бајрам, Габриел на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден го објави својот наод од тестот за коронавирус. На објавениот тест се гледа дека Бајрам е негативен на коронавирус. За потсетување, неговиот татко Амди Бајрам пред неколку дена почина на 64 години, а од Министерството за здравство информираа дека кај него бил добиен позитивен тест на коронавирус направен постмортем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinot-na-amdi-bajram-objavi-deka-e-negativen-na-koronavirus/feed/ 0
Епидемиолозите не можат да ги најдат гостите од свадбата- синот не сака да оди во изолација бидејќи со Амди живееле на различен кат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolozite-ne-mozat-da-gi-najdat-gostite-od-svadbata-sinot-ne-saka-da-odi-vo-izolacija-bidejkji-so-amdi-ziveele-na-razlichen-kat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolozite-ne-mozat-da-gi-najdat-gostite-od-svadbata-sinot-ne-saka-da-odi-vo-izolacija-bidejkji-so-amdi-ziveele-na-razlichen-kat/#respond Mon, 26 Oct 2020 13:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=420809

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Скопје кои се задолжени да ги детектираат контактите на Амди Бајрам кои биле со него на свадбата на неговата внука која пред 10 дена се одржа во Истанбул, Турција и каде присутни биле стотици гости од Македонија, не може да ги најдат сите гости и контакти. Директорот на ЦЈЗ Скопје д-р Алексадар Стојанов за Слободен печат тврди дека ги контактирале блиските на Бајрам, но дека на голема соработка не наишле. – Синот ни рече дека не бил во контакт со татко му, бидејќи живееле на различни катови во куќата од пет ката. Сопругата ќе оди во изолација, а возачот што ги однел во Истанбул воопшто не сакаше да комуницира со нас, па ние не можеме да натераме никого. Вели, не сака да даде никаков податок ниту каде бил, ниту со кој бил, како да ги најдеме тие 300 души? Ние сме шестмина епидемоилози за цело Скопје и не знаеме како да постигнеме. На почетокот кога имаше по 30 заразени дневно дури и дома одевме кај пациенти да им направиме епидемиолошка анкета, сега тоа е излезено од контрола. Како да направите епидемиолошка анкета кога секој ден има по 200 заразени лица во Скопје. Гледам вчера поворката на погребот на Бајрам, била спроведена од полицијата, си ги направиле адетите, многу луѓе влегле во куќата за да се поздрават, точно така букна епидемијата во Дебар на почетокот, ако се сеќавате, од погреб. Сите сакаат да го заобиколат системот, а после кога нема капацитети, прашуваат зошто нема капацитети, рече д-р Стојанов за Слободен печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemiolozite-ne-mozat-da-gi-najdat-gostite-od-svadbata-sinot-ne-saka-da-odi-vo-izolacija-bidejkji-so-amdi-ziveele-na-razlichen-kat/feed/ 0
Погребан Амди Бајрам – присуствувале околу 300 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogreban-amdi-bajram-prisustvuvale-okolu-300-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogreban-amdi-bajram-prisustvuvale-okolu-300-lugje/#respond Sun, 25 Oct 2020 15:10:00 +0000 https://kurir.mk/?p=420497

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Како што јавуваат дел од медиуми, на погребот присуствувале околу 300 луѓе кои носеле заштитни маски, но поради дождот не можеле да држат физичка дистанца. Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст. Министерството за здравство вчера соопшти дека Бајрам бил позитивен на Ковид-19, а имал и други тешки заболувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogreban-amdi-bajram-prisustvuvale-okolu-300-lugje/feed/ 0
ВИДЕО: Голема повopка возила го испpaти Амди Бајрам до вечното почивалиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-golema-povopka-vozila-go-isppati-amdi-bajram-do-vechnoto-pochivalishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-golema-povopka-vozila-go-isppati-amdi-bajram-do-vechnoto-pochivalishte/#respond Sun, 25 Oct 2020 14:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=420477

Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел, јавува „Сител“. Поворката тргна од семејната куќа на Бајрамови во општина Бутел. Амди Бајрам ќе биде погребан на муслиманската парцела зад Еврејските гробишта во Бутел. Долгогодишниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-golema-povopka-vozila-go-isppati-amdi-bajram-do-vechnoto-pochivalishte/feed/ 0
Се огласи синот на Амди Бајрам: Ние знаеме дека починал од мозочен удар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-amdi-bajram-nie-znaeme-deka-pochinal-od-mozochen-udar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-amdi-bajram-nie-znaeme-deka-pochinal-od-mozochen-udar/#respond Sun, 25 Oct 2020 10:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=420382

Синот на Амди Бајрам, Габриел, за Фокус раскажа што се случува во нивниот дом, но се наврати и на последните денови на неговиот татко. -Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен. Да се навратам на случувањата од последните денови. Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен. Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот. Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два. Од она кое го знаеме, тој починал од мозочен удар, а не од корона вирус. Ни го дадоа телото од болницата, ние си заминавме дома да ги испочитуваме нашите обичаи – раскажа Габриел за Фокус. Појасни дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита. целиот текст прочитајте го во Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-sinot-na-amdi-bajram-nie-znaeme-deka-pochinal-od-mozochen-udar/feed/ 0
Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/#respond Sun, 25 Oct 2020 10:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=420364

Советот на општина Шуто Оризари денеска одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и претседател на политичката партија „Сојуз на Ромите“ Амди Бајрам. На седницата, како што соопштија од Општината, се оддаде почит со едноминутно молчење, и се говореше за придонесот на Бајрам за развој на Ромската заедница во Република Македонија. Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш го истакнал значењето на придонесот на Бајрам во зачнување на идејата за основање на општината, вклучително и во реализација на идејата во 1997 година. – Денес, резултатите од неговата долгогодишна присутност во политиката како застапувач на Ромското прашање се видливи во сите општини во државата каде живеат Роми, во сите сфери – вработување, домување, образование, инфраструктура. Покрај покојниот Абди Фаик, додаваат од Општината и Амди Бајрам ќе биде исто така запаметен во историјата на Ромите во земјава, како прави борци кои работат во зајакнување на положбата на Ромите и зајакнување на еманципацијата на Ромите. – Советот на општина Шуто Оризари, во знак на благодарност и сеќавање на делата на Амди Бајрам денешниот ден – 25 октомври 2020 година го прогласува за Ден на жалост, се вели во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/feed/ 0
Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-bide-pogreban-amdi-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-bide-pogreban-amdi-bajram/#respond Sun, 25 Oct 2020 08:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=420293

Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст. Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните. -Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам. Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-bide-pogreban-amdi-bajram/feed/ 0