америчка амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jul 2021 12:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png америчка амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со дрон нападната американска воена база во ирачки Курдистан, нема повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/#respond Sat, 24 Jul 2021 12:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=541296

Американска воена база во ирачки Курдистан, во северен Ирак, била цел на напад од беспилотно летало. Во нападот, што бил извршен вчераутро, нема жртви или материјални штета, соопшти денеска меѓународната коалиција за борба против екстремистите во Ирак . Беспилотното летало ја погоди коалициската база во Курдистан, но за среќа во нападот нема жртви и штети, изјави за француските медиуми портпаролот на коалицијата предводена од САД, полковник Вејн Марото. Според локалните курдски медиуми, нападот бил извршен врз базата Ал-Харири, 70 километри северо-источно од Ебрил, главниот град на автономниот регион Курдистан. Ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими во понеделник во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за натамошното американско воено присуство во неговата земја. САД Во Ирак се уште имаат околу 2.500 свои војници, од вкупно 3.500 војници на меѓународната коалиција. Моќните проирански фракции, кои беа обвинети за десетиците напади врз американските интереси во Ирак во последните неколку месеци, бараат нивно напуштање. САД во 2014 година се вратија во Ирак предводејќи ја меѓународната коалиција, формирана со цел да им помогне на ирачките сили да ја разбијат екстремистичката организација Исламска држава, која беше официјално поразена во 2017 година. Членовите на Исламска држава се уште се присутни во планините и пустинските области и успеваат да извршат напади преку своите ќелии од таканаречени „спијачи“. Американските трупи кои се уште се во Ирак имаат мисија за обука и советување на ирачката војска и нејзините антитерористички сили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-dron-napadnata-amerikanska-voena-baza-vo-irachki-kurdistan-nema-povredeni/feed/ 0
Соборен дрон во близина на Амбасадата на САД во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/#respond Tue, 06 Jul 2021 06:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=532490

Беспилотно летало синоќа е пресретнато и соборено во близина на Амбасадата на САД во Багдад, соопштија ирачките безбедносни сили. Во инцидентот нема повредени лица, а дронот не успал да стигне до територијата на Амбасадата. Според ирачката телевизија Ал Хадас се огласиле сирените на Амбасадата на САД откако непознати лица се обиделе да да истрелат ракета кон Зелена зона во центарот на Багдад, каде се лоцирани голем број владини згради и дипломатски мисии. Ирачките власти неодамна ги интензивираа безбедносните сили во Зелената зона, откако шиитска група најави дека ќе одговори на гранатирањето на нејзините позиции на 28 јуни, во близина на границата со Сирија, од страна на американските воздухопловни сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soboren-dron-vo-blizina-na-ambasadata-na-sad-vo-bagdad/feed/ 0