американци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 11:54:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американците најуспешни на Светското атлетско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikantsite-najuspeshni-na-svetskoto-atletsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikantsite-najuspeshni-na-svetskoto-atletsko-prvenstvo/#respond Mon, 28 Aug 2023 11:54:28 +0000 https://kurir.mk/?p=871717

Со 29 освоени медали, од кои 12 златни, атлетичарите од Соединетите Американски Држави беа најуспешни на Светското првенство кое синоќа заврши во Будимпешта. По четири златни медали освоија Шпанија и Канада, додека Јамајка и Кенија по три златни одличја. Според вкупниот број освоени медали, зад Американците се пласираа Јамајка со 12, и Кенија и Велика Британија со по десет медали. На Светското атлетско првенство чиј домаќин беше Будимпешта медали освоија атлетичари од 46 држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikantsite-najuspeshni-na-svetskoto-atletsko-prvenstvo/feed/ 0
Истражување на Пју: Американците ја гледаат Кина како најголема закана за САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-na-pju-amerikantsite-ja-gledaat-kina-kako-najgolema-zakana-za-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-na-pju-amerikantsite-ja-gledaat-kina-kako-najgolema-zakana-za-sad/#respond Mon, 31 Jul 2023 07:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=861894

Речиси 50 отсто од Американците сметаат дека Кина е земјата која претставува најголема закана за САД, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју. Истовреме, само 17 отсто од американските граѓани ја навеле Русија како најголема закана, додека четири отсто од нив сметаат дека ниту една земја не претставува сериозна закана за САД. Речиси два отсто од испитаниците изјавиле дека најголема закана е Северна Кореја, а исто толку испитаници кажале дека САД сами по себе се најголемата закана. Последен пат Пју спроведе вакво истражување во 2019 година, кога исто толку Американци ги карактеризираа Кина и Русија како најголеми закани. Во заклучоците од истражувањето во 2014 година, Русија беше на врвот на листата, додека во 2007 година беше Иран. Кога станува збор за најважниот сојузник на Вашингтон, најголемиот број Американци, 22 отсто од нив, ја именуваат Велика Британија. На второ место е Канада (шест проценти), а на трето е Израел (четири проценти). Речиси еден процент од американските граѓани ја наведоа Русија како нивен најважен сојузник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-na-pju-amerikantsite-ja-gledaat-kina-kako-najgolema-zakana-za-sad/feed/ 0
Американците во зголемен страв од пензионирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikantsite-vo-zgolemen-strav-od-penzionirane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikantsite-vo-zgolemen-strav-od-penzionirane/#respond Sun, 28 May 2023 20:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=839841

Американците најмногу стравуваат од пензионирањето во последните 11 години, покажува истражувањето на Галуп. Само 43 отсто од полнолетните граѓани на САД, кои не се пензионери, веруваат дека по завршувањето на работниот век ќе имаат доволно пари за удобен живот, што е најнизок процент од 2012 година, пренесува Си-ен-ен. Процентот на оние кои веруваат дека добро ќе живеат во пензија е намален за пет проценти во однос на минатата година, или десет проценти во однос на 2021 година, пренесува SEEbiz. „Овие бројки се прилично мрачни“, рече шефот на Галуп, Мухамед Јунис, додавајќи дека тие ја одразуваат загриженоста поради високите трошоци за домување, стравувањата за безбедноста на парите на банкарските сметки и стравувањата од можна рецесија. Истражувањето, кое било спроведено од 3 до 25 април, покажа дека жените се значително повеќе загрижени за својата иднина во пензија, бидејќи 36 отсто од жените наспроти 50 отсто од мажите веруваат дека ќе живеат безгрижно во староста. Оптимизмот и песимизмот зависат и од висината на тековните примања, па 36 отсто од припадниците на средната класа веруваат дека ќе живеат во пензија без финансиски проблеми. Резултатите од анкетата се во согласност со песимизмот што произлегува од другите истражувања. Според податоците на Универзитетот во Мичиген, расположението на потрошувачите во САД беше на најниско ниво во мај, а неодамнешното истражување на Си-ен-ен покажува дека 76 отсто од Американците веруваат дека економијата е во лоша состојба. Само 35 отсто од Американците веруваат дека претседателот Џо Бајден може да направи или препорача добра работа за економијата, според претходната анкета на Галуп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikantsite-vo-zgolemen-strav-od-penzionirane/feed/ 0
Анкета: Помалку од половина Американци искажуваат спремност да преминат на електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/#respond Thu, 11 May 2023 15:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=833121

Приблиќно четворица од десет возрасни Американци до некаде и веројатно ќе преминат на електро автомобили кога ќе дојде време за купување нов автомобил, се дознава од анкета на Центарот за иследување јавни политики на новинската агенција Асошиејтед прес-НОРК и Институтот за енергетска политика при универзитетот Чикаго. Според анкетата, чии резултати беа објавени денеска, главен фактор што испитаниците ги одвраќа од купување електро автомобил се високите цени и премалиот број станици за полнење на батериите. Од анкетата се дознава дека ако се пресмета субвенцијата од државата за купување нов електричен автомобил, што е во висина до 7.500 долари, на претседателот на САД Џо Бајден и на автомобилската индустрија ќе им биде тешко да ги убедат возачите да се откажат од лесни и товарни возила на бензин во корист на возила што не испуштаат издувни гасови. Автомобилските компании во САД инвестираат милијарди долари во фабрики и нови технологии за ефикасни батерии, во обид да се забрза преминот кон електрични возила, да се намали загадувањето од издувни гасови и борба со климатските промени. Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) предложи мерки според кои две третини од сите продажби на нови возила во САД до 2032 година да бидат продажби на електрични возила. Додека Бајден пак постави цел од 2030 година половина од продадените нови возила да бидат возила на електричен погон. Резултатите од анкетата укажуваат дека постигањето на овие цели ќе оди тешко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-pomalku-od-polovina-amerikantsi-iskazhuvaat-spremnost-da-preminat-na-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
Толку се неспособни, Американците чекаат да им расчистат со корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-se-nesposobni-amerikancite-chekaat-da-im-raschistat-so-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-se-nesposobni-amerikancite-chekaat-da-im-raschistat-so-korupcija/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=772184

Неспособноста на власта да се справи со корупцијата ја увиде и меѓународната заедница. Имено, вчера американската амбасадорка преку социјалните мрежи најави дека во Македонија ќе дојде тим за санкции од Вашингтон, за да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки. „На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер. Американската амбасадорка изминатиот период изрази и критика и при изборот на Ислам Абази за прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Како што беше истакнато, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите биле збунувачки. „Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на „мала врата“ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Агелер, на прашањето на „360 степени. ВЛАДИНИ ВЕТУВАЊА ПАДНАА КАКО КУЛА ОД КАРТИ На 02.03.2021 година Зоран Заев на една од своите прес конференции заедно со Љупчо Николовски пред јавноста кажаа дека е усвоен План за борба против корупцијата, и информираа за деталите. На истата прес конференција ги претставија и мерките за борба против сите феномени на корупција, на судир на интереси и на непотизам, на сите нивоа, како една од нај подмолните закани за општеството и за сите граѓани во него. „Планот придонесува за ред, правда и дисциплина. Сериозно ги зедовме предвид забелешките од последниот извештај на „Транспренси интернешнел“ и ги вградивме во овој План. На тој начин ги елиминираме пречките и поставуваме функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. Тие ќе го спречуваат, препознаваат и санкционираат секој вид на корупција во сите редови на власта без исклучок. Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата“, истакна тогашниот премиер Зоран Заев. Корупцијата во Македонија не се искорени како што ветуваше Зоран Заев. Па затоа неговиот наследник Димитар Ковачевски на прес конференциите ги запознаваше граѓаните за неговите заложби и својата визија за државата, дури и ветуваше дека ќе се бори во Македонија да нема корупција. Но, во изминатиов период граѓаните не увидоа некој поголем напредок во однос на намалувањето на корупцијата, напротив таа се повеќе беше присутна во земјава. „Во изминатите 10 месеци мене не можевте да ме видите некого да бранам доколку се испоставеше дека има одредени сомнежи за некој функционер кој е во надлежност на Владата, туку напротив, секогаш ги повикував сите институции што се задолжени да испитаат одреден случај така и да постапуваат. Кога зборуваме за борба против корупција, јас не мислам само на корупција на високо ниво, туку на корупција на сите нивоа во општеството. Значи, од најнискиот шалтер во општеството во некоја локална самоуправа до највисоки нивоа на корупција“, истакна Димитар Ковачевски – претседател на Влада на прес конференција на 05.12.2022 година. КРИТИКИ ОД СЕКОЈ АГОЛ, РЕАКЦИЈА ОД ВЛАДА НЕМА Проблемот на Македонија со корупцијата неодамна го потенцираше и специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. „Не само што е ефективно да се санкционираат поединци, туку ако погледнете дел од она што го објавува Министерството за финансии, ќе ја видите длабочината на корупцијата“, рече Ескобар на 02.12.2022. Реагираше и евромбасадорот Дејвид Гир кој побара професионалност во институциите во случајот со доделувањето на македонско државјанство на Украинецот, Олександар Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД. Дека корупцијата е проблем и на пониско ниво, а не потекнува само од политиката констатира и германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн. Таа вели дека Европската Унија го бара тоа од нас, а напредокот ќе зависи од брзината на реформите во Македонија. За корупцијата која што е на доста високо ниво говореше и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ. „Се руши системот, корупцијата расте, и нема функционално владеење на правото и функционална држава. Не мислам дека про ЕУ оди во исто време со про корупција. И ако ми дозволите корупцијата се спушти на најниско можно ниво, сега веќе не зборуваме само за корупција на високо ниво и високо профилирана корупција, корупцијата за жал ја има во секој сегмент на општеството“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на едно од своите обраќања во Собранието на 01.12.2022. Исто така и претседателката на здружението Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева ја коментираше и објавата на социјалните мрежи на американската амбасадорка која што најави дека ќе дојде тим за санкции од Вашингтон, за да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери. „Порака дека нема веќе да се толерираат само зборови, мора да се покаже дека нешто се прави. Мислам дека е така најдобро да ги оцениме, но што ќе излезе како резултат, ќе видиме“, вели во разговор за „Локално“, претседателката на Здружението Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева, откако беше најавено дека во земјава доаѓа тим од САД кој што ќе работи на откривање на корупција меѓу бивши и сегашни функционери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tolku-se-nesposobni-amerikancite-chekaat-da-im-raschistat-so-korupcija/feed/ 0
Се поголем број млади Американци употребуваат марихуана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pogolem-broj-mladi-amerikanci-upotrebuvaat-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pogolem-broj-mladi-amerikanci-upotrebuvaat-marihuana/#respond Thu, 25 Aug 2022 09:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=723683

Употребата на марихуана кај младите Американци минатата година достигна рекорд, а употребата на халуциногени супстанции е во пораст, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Мичиген. Четириесет и три отсто од 5.000 млади возрасни изјавиле дека користеле марихуана минатата година, што е зголемување од 34 отсто во споредба со 2016 година и 29 отсто во однос на 2011 година, според студијата „Набљудување на иднината“. Дваесет и девет отсто од испитаниците изјавиле дека користеле марихуана во јули 2021 година, што е зголемување од 21 отсто во 2016 година и 17 проценти во споредба со 2011 година. Секојдневното уживање е речиси двојно зголемено во изминатите десет години, од шест отсто во 2011 година на 11 проценти во 2021 година. Авторите на овие истражувањето, финансирано од Американскиот институт за здравје (НИХ), предупредуваат дека нивото на потрошувачка на марихуана во 2021 година е „највисоко од 1988 година, кога започна следењето на овој тренд“. Во однос на халуциногени дроги, осум проценти од младите возрасни изјавиле дека користеле ЛСД, МДМА (активна состојка во екстази), мескалин, пејоти, печурки и ПЦП во 2021 година, што е повеќе од 2016 година (пет проценти) и 2011 година (три отсто). Речиси 82 отсто од испитаниците изјавиле дека пиеле алкохол во изминатите дванаесет месеци, што е мало намалување во споредба со 2016 година (83,5 отсто) и 2011 година (83,8 проценти). Студијата не ги наведе причините зад овие бројки, кои покажуваат зголемување на потрошувачката, но рекреативната марихуана сега е легална во речиси 20 американски држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pogolem-broj-mladi-amerikanci-upotrebuvaat-marihuana/feed/ 0
Двајца Американци кои заминале да се борат како доброволци во Украина се исчезнати, тврдат нивни роднини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-amerikanci-koi-zaminale-da-se-borat-kako-dobrovolci-vo-ukraina-se-ischeznati-tvrdat-nivni-rodnini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-amerikanci-koi-zaminale-da-se-borat-kako-dobrovolci-vo-ukraina-se-ischeznati-tvrdat-nivni-rodnini/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=691456

Двајца американски ветерани, двајцата од државата Алабама, кои беа во Украина за да учествуваат во војната со Русија, се водат за исчезнати неколку дена и можеби се заробени од Русите, јавија американски медиуми. Тие се повикуваат на нивните роднини и членови на американскиот Конгрес, со кои контактирале нивните роднини. Тоа се 27-годишниот Енди Таи Нгок Вин, поранешен маринец и 39-годишниот Александар Друки, кои заедно се бореа против Русите северно од Харков. Нивните роднини немаат слушнато со нив од 8 јуни. Мајката на Драки изјави за Си-Ен-Ен дека сугерирала дека двајцата биле заробени, но тоа не е потврдено. Двајца членови на американскиот Конгрес, Тери Севел и Роберт Адерхолт изјавија дека биле во контакт со роднините на исчезнатите Американци и Стејт департментот. Портпаролот рече дека американската дипломатска мисија внимателно ја следи ситуацијата, во контакт со украинските власти и ги проверува информациите дека проруските сепаратисти заробиле најмалку двајца американски државјани. Ако тоа се потврди, тоа ќе бидат првите Американец кои се борат на страната на Украинците заробени од почетокот на војната во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-amerikanci-koi-zaminale-da-se-borat-kako-dobrovolci-vo-ukraina-se-ischeznati-tvrdat-nivni-rodnini/feed/ 0
Американци се пријавуваат во украинската амбасада за да војуваат против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanci-se-prijavuvaat-vo-ukrainskata-ambasada-za-da-vojuvaat-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanci-se-prijavuvaat-vo-ukrainskata-ambasada-za-da-vojuvaat-protiv-rusija/#respond Fri, 04 Mar 2022 10:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=640826

Илјадници луѓе се пријавиле во украинската амбасада во Вашингтон во обид да ѝ се придружат на украинската армија во борбата против Русија. Воен претставник во амбасадата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека добиле повеќе од 3.000 барања преку е-пошта од оние кои сакале да одат во Украина. „ Им одговоривме и побаравме да го пополнат формуларот за апликација. После тоа ќе ги разгледаме сите апликации и ќе провериме кој е способен да оди. Сега сме во процес“, изјави неименуван функционер. Помалку од половина од оние кои испратиле барање ги пополниле своите апликации. Меѓу пријавените има и поранешни воени службеници и цивили кои сакале да му помогнат на украинскиот народ во хуманитарни прашања. Официјалниот претставник, исто така, ја пофали меѓународната поддршка за Украина, вклучително и онаа на Турција, која ја нарече „инспиративна“. „ Добиваме и материјална и морална поддршка. Турската поддршка е особено важна за нас. Ние сме посветени да ја браниме нашата земја“, рече тој. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека околу 16.000 странски доброволци борци ќе ѝ помогнат на Украина и дека првиот конвој наскоро ќе пристигне во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanci-se-prijavuvaat-vo-ukrainskata-ambasada-za-da-vojuvaat-protiv-rusija/feed/ 0
САД: Не им треба тест за Ковид-19 на Американците од Белорусија и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ne-im-treba-test-za-kovid-19-na-amerikancite-od-belorusija-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ne-im-treba-test-za-kovid-19-na-amerikancite-od-belorusija-i-rusija/#respond Fri, 04 Mar 2022 07:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=640568

На Американците кои ги напуштаат Белорусија и Русија, нема да им се бара негативен тест на Ковид-19 при враќање дома, соопшти Стејт департментот. Американските центри за контрола и превенција на болести информираа дека ќе го искористат своето дискреционо право да им дозволат влез на државјаните на САД, постојаните жители и лица со валидни имигрантски визи, кои биле во Белорусија или во Русија до 28 февруари да влезат во САД без тест, јавија британски медиуми. Претходно, Центрите го укинаа задолжителниот негативен тест за Американци кои ја напуштиле Украина, а биле во таа држава до 10 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-ne-im-treba-test-za-kovid-19-na-amerikancite-od-belorusija-i-rusija/feed/ 0
Русите до украинските војници: Украина останува на Украинците, ние не сме Американци да донесеме демократија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-do-ukrainskite-vojnici-ukraina-ostanuva-na-ukraincite-nie-ne-sme-amerikanci-da-doneseme-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-do-ukrainskite-vojnici-ukraina-ostanuva-na-ukraincite-nie-ne-sme-amerikanci-da-doneseme-demokratija/#respond Sat, 26 Feb 2022 21:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=637303 Руски специјалци снимиле апел до војниците на вооружените сили на Украина од околината на Киев.

Апелираме до украинските војници:

-Ние не сме Американци и не ви носиме демократија. Ако ја имате, тогаш неа да ја чепкаме. Украина останува на Украинците. Во блиска иднина ќе ја отстраниме моќта на режимот кој ве продава на странци. Не ги губите своите животи за овој гнилеж, зачувајте ги за својата земја и за своите најмили. Не не чепкајте, и не вас нема да ве чепкаме.

Полошо од сегапните власти не можете да имате. Нарекувајќи ја Русија непријател и повикувајќи го НАТО овде, не ни оставија избор. Ние не сме непријатели. Уште малку и ќе видете.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusite-do-ukrainskite-vojnici-ukraina-ostanuva-na-ukraincite-nie-ne-sme-amerikanci-da-doneseme-demokratija/feed/ 0