американец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 05:54:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американец уби дете со палестинско потекло поради војната во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/#respond Mon, 16 Oct 2023 05:54:51 +0000 https://kurir.mk/?p=889183

Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно момче и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас. Полицијата ги пронашла жената и момчето во саботата наутро во дом во Плејнфилд, југозападно од Чикаго, се наведува во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Вил. Детето било избодено десетици пати, како и жената која се здобила со повеќе убодни рани. Детективите утврдија дека и двете жртви на нападот биле мета бидејќи биле муслимани и поради тековниот конфликт на Блиски Исток во кој се вклучени Хамас и Израелците, се наведува во полициското соопштение. Нападот го пријавила жртва на нападот, која се јавила на телефон за итна помош за да пријави дека била нападната со нож од сопственикот на станот каде живеело семејството. Насилникот доби кривична пријава за убиство од прв степен, обид за убиство и тежок напад со смртоносно оружје. Според Советот за американско-исламски односи, повредената жена е мајка на убиеното дете. Исламската организација за граѓански права го опиша случајот како „наш најлош кошмар“ и дел од вознемирувачкиот пораст на повици и мејлови кои содржат говор на омраза од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanets-ubi-dete-so-palestinsko-poteklo-poradi-vojnata-vo-izrael/feed/ 0
Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=878612

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О'Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур. О'Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година. Тројцата требаше да одлетаат до вселенската станица минатата пролет, но нивната оригинална капсула служеше како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж - исто така двајца Руси и еден Американец - заминува дома на Земјата подоцна овој месец. Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата. Ова е прв вселенски лет за О'Хара и Чуб, додека командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбиталната станица. Екипажот требаше да пристигне на станицата три часа по полетувањето. На станицата ги пречекуваат седум астронаути од САД, Русија, Данска и Јапонија. Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време - повеќе од илјада дена - во вселената. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/feed/ 0
Американец убиен во борбите во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-ubien-vo-borbite-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-ubien-vo-borbite-vo-ukraina/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=744885

Државјанин на САД бил убиен во борбите во Украина. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, загинувањето на Дејн Партриџ го потврди неговата сестра. Портпарол на Стејт департментот потврдил оти државјанин на САД загинал во источниот регион Донбас. – Ние сме во контакт со семејството и ја обезбедуваме сета соодветна помош. Поради почит кон приватноста на семејството во ова тешко време, немаме што да додадеме, изјави портпаролот. Стејт департментот не соопшти како настапила смртта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-ubien-vo-borbite-vo-ukraina/feed/ 0
Американец освои 1,28 милијарда долари на лото, но веднаш може да добие само третина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=713904

Американец од сојузната држава Илиноис, освои 1,28 милијарда долари на лотаријата „Мега милиони“, погодувајќи шест бројки, но одеднаш може да добие само третина од сумата, објави „Блумберг“. Победникот, кој претпочита да остане анонимен, може да ја добие целата сума на наградата само доколку се согласи на годишна рата – за 29 години. Според правилата на лотаријата, само дел од добивките се издаваат во готово и веднаш, во овој случај – 780,5 милиони долари. Оваа сума исто така подлежи на данок, така што конечната исплата на победникот е само 433,7 милиони долари. Според наводите, ова е втора по големина премија од основањето на лотаријата во 1996 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/feed/ 0
Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/#respond Sun, 31 Jul 2022 14:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=712241

Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари. Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер. Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс“ ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци. Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД. Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал“, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс“, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари. Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале. Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/feed/ 0
Американец во својот дом убил двајца полицајци, а петмина ранил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-svojot-dom-ubil-dvajca-policajci-a-petmina-ranil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-svojot-dom-ubil-dvajca-policajci-a-petmina-ranil/#respond Fri, 01 Jul 2022 19:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=698629

Американецот Ленс Сторц од Кентаки заврши во притвор откако синоќа убил двајца и повредил неколку други полицајци. Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците. Како што пренесува Еј-Би-Си,  пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време. Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив и едно полициско куче. Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен. Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпе страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли.„Ова е тешко утро за нашата заедница“, напиша Бишер на Твитер. Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-vo-svojot-dom-ubil-dvajca-policajci-a-petmina-ranil/feed/ 0
Американец по шести пат добива на лото, овој пат освоил 250 илјади долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=462457

Брајан Мос од Меридијан, Ајдахо, САД, освои 250.000 американски долари во четвртокот, како што објави лотаријата во таа сојузна држава. Но, ова за него е шестата ваква добивка, и е најголема досега. Мос, кој е сопственик на продавницата „Њуко спорт и исхрана“, нагласи дека редовно игра лото затоа што знае дека тоа е во полза на училиштата во Ајдахо. Имено, дел од уплатата на Лотаријата во Ајдахо, од нејзиното основање оди во Постојаниот фонд за градежништво. Во историјата на оваа лотарија, досега издвоени се 961,5 милиони долари за колеџите и универзитетите во сојузната држава, објави Си-Ен-Ен. – Горд сум што помагам и ги поддржувам јавните училишта во Ајдахо, па искрено, затоа и играм лото, изјави Мос при подигнувањето на чекот. Тој исто така рече дека дел од парите ќе бидат искористени за школување на неговата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/feed/ 0
Урнебес: Црн Дрим го „украде“ Американецот на Вардар, па се менуваа кај Соборниот Храм (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/urnebes-crn-drim-go-ukrade-amerikanecot-na-vardar-pa-se-menuvaa-kaj-soborniot-hram-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/urnebes-crn-drim-go-ukrade-amerikanecot-na-vardar-pa-se-menuvaa-kaj-soborniot-hram-video/#respond Wed, 06 Jan 2021 16:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=452459

Ретко видена ситуацијата. Денеска и Вардар и Црн Дрим на скопскиот аеродром ги чекаа своите засилувања, станува збор за кошаркари кои доаѓаат од САД. Прв пристигнал Американецот на Вардар, Дикембе Диксон, но го пречекале стружани, мислејќи дека е нивниот член. Дошло до недоразбирање, па наместо да заминат со вистинскиот кошаркар, тие тргнале на пат кон Струга со засилувањето на Вардар. На голема среќа од таборот на „црвено-црните“ брзо реагирале, на аеродром го собрале новиот член на Волтер Мекбрајт и се договориле со стружани да направат замена кај Соборниот Храм. Диксон има 24 години и игра на крилната позиција, бил дел од Универзитетот Илиноис, последно настапувал во бразилскиот шампионат. Што се однесува до Мекбрајт, игра на бековската позиција и исто има 24 години. Бил дел од Универзитетот Ксавиер. Вардар и Црна Дрим во новата сезона забележаа по една победа, скопскиот клуб се наоѓа на деветото место со скор од една победа и пет порази, додека стружани се позиција погоре, имаат и меч повеќе. Во продолжение на Првата лига, целта е јасна, да се подобри сликата. Извор: Спортмедиа.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/urnebes-crn-drim-go-ukrade-amerikanecot-na-vardar-pa-se-menuvaa-kaj-soborniot-hram-video/feed/ 0
Американец осуден во Русија на 16 години затвор за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-osuden-vo-rusija-na-16-godini-zatvor-za-shpionaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-osuden-vo-rusija-na-16-godini-zatvor-za-shpionaza/#respond Mon, 15 Jun 2020 10:25:26 +0000 https://kurir.mk/?p=358069

Руски суд денеска го осуди Американецот Пол Вилан на 16 години затвор за шпионажа. Судијата рече дека 50-годишниот поранешен маринец ќе ја издржува казната во максимално безбеден затвор. Вилан, кој беше присутен во судот, веднаш рече дека ќе ја обжали пресудата и дека станува збор за лажен судски процес. Тој уште од почеток вели дека е невин и дека сè му е наместено. Американската амбасада претходно го осуди судењето на Вилан како неправедно и рече дека не се обезбедени докази за наводите. Вилан, кој покрај своето американско државјанство има и британско, ирско и канадско, беше уапсен на 28 декември 2018 година. Руската служба за безбедност ФСБ наведува дека тој бил приведен додека извршил дело на шпионажа, што тој го негира. За тоа дело е казнет до 20 години затвор. Адвокатот на Вилан во февруари изјави дека познаничка на неговиот клиент му доставила УСБ со доверливи информации за кои тој не знаел. Според адвокатот, Вилан мислел дека станува збор за фотографии направени во нејзино друштво за време на претходниот престој во Русија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-osuden-vo-rusija-na-16-godini-zatvor-za-shpionaza/feed/ 0
Американецот Питс нов член на Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanecot-pits-nov-chlen-na-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanecot-pits-nov-chlen-na-rabotnichki/#respond Tue, 21 Jan 2020 18:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=292837

Ростерот на кошаркарите на Работнички од денеска е освежен за американскиот плејмејкер Демиер Питс. Неговиот ангажман се толкува како силен сигнал во намерата за враќање на домашниот шампионски во витрините во Градски парк. Питс има 30 години, висок е 178 сантиметри, се одликува со брзина и важи за играч што одлично разигрува, но и асистира. Веќе седум години е присутен на европскиот континент. Прва дестинација му беше Исланд и тамошниот КФИ од Исафјордур (сезона 2012/13). Потоа играше и за турски Истанбул ДСИ, италијанскиот второлигаш Росето Шаркс, за летонските Вентспилс и Валмиера Ордо, за Катаја во Финска, за Бенфика и за Јасберењи во Унгарија. Тој е второ засилување за Работнички оваа зима по ангажманот на Марјан Младеновиќ од Куманово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/amerikanecot-pits-nov-chlen-na-rabotnichki/feed/ 0