американска амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 06:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска амбасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американска амбасада: Изборите во северно Косово се одржаа во согласност со уставните и законските правила https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/#respond Mon, 24 Apr 2023 06:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=826783

Амбасадата на САД во Косово синоќа соопшти дека изборите во четири северни општини се одржале во согласност со уставните и законските одредби на Косово. Американската амбасада додаде дека ја поддржува „различната, инклузивна и мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат“. Во изјавата се изразува жалење што не сите партии го искористиле своето демократско право да учествуваат на изборите. Амбасадата изрази благодарност за професионалноста на косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и КФОР за обезбедување безбедна средина за изборите. Од амбасадата велат дека ќе се ангажираат со сите релевантни страни за следните чекори. „Исто така, ја нагласуваме важноста и нашата посветеност за целосно спроведување на Охридскиот договор“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина. Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека на вчерашните избори за градоначалници на општините во северно Косово и за советници во општините Лепосавиќ и Звечан гласале само 3,47 отсто или 1.567 граѓани со право на глас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-ambasada-izborite-vo-severno-kosovo-se-odrzhaa-vo-soglasnost-so-ustavnite-i-zakonskite-pravila/feed/ 0
Американската амбасада го поздрави донесувањето на новата реорганизација на судството во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=708566

Амбасадата на САД во Тирана го поздрави донесувањето на новата судска мапа, оценувајќи дека тоа е „подготвеност да им се даде правда на граѓаните“. Во соопштението на Амбасадата се наведува дека новата мапа на албанските судови била изготвена од страна на Високиот судски совет преку процес во кој биле вклучени Министерството за правда и други актери, како и со техничка помош од Владата на Соединетите американски држави. Се оценува дека договорот за мапата, кој следел по опсежни консултации и разгледување на загриженоста на засегнатите страни како дел од тригодишниот процес, претставува добар пример за соработка меѓу независните институции. – Високиот судски совет успешно ја исполни својата законска обврска редовно да гарантира дека судскиот систем е подготвен да обезбеди ефективно судско работење и да ја испорача правдата без одлагање за албанските граѓани, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Тирана. Инаку, и покрај спротивставувањето на Адвокатската комора на Албанија, во која членуваат над две илјади адвокати, Владата сепак ја усвои новата реорганизација на судството. Со неа сега ќе функционираат 13 наместо 22 првостепени судови, еден апелациски суд и тоа само во Тирана, претходно беа шест, како и два наместо шест Управни судови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/feed/ 0
Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/#respond Thu, 13 Jan 2022 20:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=619087

Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници. Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс. Во соопштението на ирачката армија се наведува дека во нападот се повредени една девојка и една жена, како и дека ракетите биле лансирани од населбата Дора во Багдад. Очевидци тврдат дека го слушнале одбранбениот систем на амбасадата C-RAM, кој треба да открие и уништи дојдовни проектили, артилерија и минофрлачки гранати за време на напад. Ова е последен во серијата напади со ракети и беспилотни летала од почетокот на годината, а се насочени кон американското присуство во Ирак. Минатиот четврток, серија напади беа извршени врз американските војници во Ирак и Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-raketi-istrelani-kon-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/feed/ 0
Полициска истрага во американската Амбасада во Берлин поради сомненија за „Хавана синдром“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiska-istraga-vo-amerikanskata-ambasada-vo-berlin-poradi-somnenija-za-havana-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiska-istraga-vo-amerikanskata-ambasada-vo-berlin-poradi-somnenija-za-havana-sindrom/#respond Sat, 09 Oct 2021 07:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=575815

Полицијата во Берлин соопшти дека е покрената истрага откако вработени во американската Амбасада пријавиле симптоми на таканаречениот „Хавана синдром“. Истрагата за „наводниот напад со звучно оружје врз вработените во американската амбасада“ почна во август, а од 2016 година, повеќе од 200 американски службеници пријавиле дека страдаат од ова нарушување, јави Би -Би -Си. Некои американски службеници кои пријавиле симптоми имале ненадејно чувство на притисок во главата, како и дека слушнале чудни звуци, додека други се жалеле на вртоглавица, гадење и замор. Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера вети дека „причините за нарушувањето и одговорните за синдромот Хавана ќе бидат откриени“. Изјавата на американскиот претседател беше дадена за време на потпишувањето на законот кој најавува подобра здравствена заштита и поголема финансиска поддршка за жртвите од синдромот Хавана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiska-istraga-vo-amerikanskata-ambasada-vo-berlin-poradi-somnenija-za-havana-sindrom/feed/ 0
Американската амбасада во Анкара ја прекинува својата работа од безбедносни причини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ambasada-vo-ankara-ja-prekinuva-svojata-rabota-od-bezbednosni-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ambasada-vo-ankara-ja-prekinuva-svojata-rabota-od-bezbednosni-prichini/#respond Fri, 23 Oct 2020 14:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=419861

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Анкара соопшти дека привремено ќе ја прекине работата на сите служби во Турција, поради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски граѓани во Истанбул. Амбасадата соопшти дека добила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и други странски државјани во Истанбул. Исто така, Амбасадата наведува дека во извештаите се вели дека се можни напади врз генералниот конзулат на САД во Турција, како и други локации во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ambasada-vo-ankara-ja-prekinuva-svojata-rabota-od-bezbednosni-prichini/feed/ 0
Најмалку 20 лица заразени со коронавирус во американската Амбасада во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-lica-zarazeni-so-koronavirus-vo-amerikanskata-ambasada-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-lica-zarazeni-so-koronavirus-vo-amerikanskata-ambasada-vo-kabul/#respond Sat, 20 Jun 2020 12:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=360202

Американскиот Стејт департмент соопшти дека најмалку 20 лица биле заразени со коронавирусот во Амбасадата на САД во Кабул. Меѓу заразените членови на американската дипломатска мисија во авганистанскиот главен град има дипломати, државни службеници, работници по договор и локален персонал. – Амбасадата ги презеде сите соодветни мерки за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот, соопшти Стејт департментот. Според официјални претставници на американската Амбасада, сите заразени се во изолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-20-lica-zarazeni-so-koronavirus-vo-amerikanskata-ambasada-vo-kabul/feed/ 0
Амбасадата на САД го поздрави мирниот избор на новата косовска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadata-na-sad-go-pozdravi-mirniot-izbor-na-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadata-na-sad-go-pozdravi-mirniot-izbor-na-novata-kosovska-vlada/#respond Wed, 03 Jun 2020 13:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=353314

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово го поздрави денешното изгласувањето на новата влада, која ќе ја води Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на Амбасадата им се честита на косовските субјекти за мирниот тек на седницата и изборот на новата Влада. – Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Владата на Хоти за продолжување на значајните работи за мирот, правдата и просперитетот, вклучително јакнењето на регионалните односи и борбата против Ковид-19, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadata-na-sad-go-pozdravi-mirniot-izbor-na-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Американската амбасада ги советува своите државјани да не го посетуваат плоштадот и просторот пред Собранието утре и во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasada-gi-sovetuva-svoite-drzavjani-da-ne-go-posetuvaat-ploshtadot-i-prostorot-pred-sobranieto-utre-i-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasada-gi-sovetuva-svoite-drzavjani-da-ne-go-posetuvaat-ploshtadot-i-prostorot-pred-sobranieto-utre-i-vo-nedela/#respond Wed, 26 Sep 2018 14:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=106465

Американската амбасада им препорачува на своите државјани да не ги посетуваат просторот пред Собранието, во центарот на Скопје, во текот на утрешниот ден, 27-ми септември од 19 часот, односно да не го посетуваат истиот простор и плоштадот на 30-ти септември од 19 часот. -Различни групи имаат намера да протестираат против претстојниот национален референдум за договорот од Преспа за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи во недела, на 30-ти септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови од земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада советува да се избегнат секакви места каде може да има демонстрации, стои во соопштението на американската амбасада во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasada-gi-sovetuva-svoite-drzavjani-da-ne-go-posetuvaat-ploshtadot-i-prostorot-pred-sobranieto-utre-i-vo-nedela/feed/ 0
Истрели врз американската Амбасада во Анкара, нема повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istreli-vrz-amerikanskata-ambasada-vo-ankara-nema-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istreli-vrz-amerikanskata-ambasada-vo-ankara-nema-povredeni/#respond Mon, 20 Aug 2018 06:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=89693

Врз американската Амбасада во Истанбул утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење.  Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале. Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istreli-vrz-amerikanskata-ambasada-vo-ankara-nema-povredeni/feed/ 0
Кинеско МНР: Експлозијата кај Амбасадата на САД во Пекинг е изолиран инцидент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinesko-mnr-eksplozijata-kaj-ambasadata-na-sad-vo-peking-e-izoliran-incident/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinesko-mnr-eksplozijata-kaj-ambasadata-na-sad-vo-peking-e-izoliran-incident/#respond Thu, 26 Jul 2018 10:22:22 +0000 https://kurir.mk/?p=81300

Кинеското Министерство за надворешни работи ја оквалификува денешната експлозија близу американската амбасада во Пекинг како „изолиран инцидент“’. - Пекиншката полиција брзо и соодветно се справи со ситуацијата, изјави портпаролот на кинеското МНР Гин Шуан. Полицијата во Пекинг претходно потврди дека Цјан Моумоу (26) од Внатрешна Монголија, област во Кина, го поставил експлозивот. При експлозијата повредена е неговата рака и одведен е во болница. Претходно, локалните медиуми информираа дека маж се обидел да фрли преку оградата своерачно изработена експлозивна направа, но таа предвреме експлодирала. Очевидци за ТАСС изјавија дека момчето стоело на крајот на редицата за подавање документи во центарот за визи при американската Амбасада, со намера да замине во Лос Анџелес. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinesko-mnr-eksplozijata-kaj-ambasadata-na-sad-vo-peking-e-izoliran-incident/feed/ 0