американска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jul 2020 07:43:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска армија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американска армија призна дека убила цивил во Сомалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-armija-prizna-deka-ubila-civil-vo-somalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-armija-prizna-deka-ubila-civil-vo-somalija/#respond Wed, 29 Jul 2020 07:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=382958

Американската армија призна дека убила еден цивил и ранила тројца други во воздушен напад во Сомалија на почетокот од годинава. Ова е втор во новата серија на квартални извештаи издадени од американската војска за воздушни напади во Сомалија и наводи за смртни случаи меѓу цивили, по притисокот од групите за човекови права. Новиот извештај ги потврдува наводите во врска со воздушниот напад на 2 февруари кога беше објавено дека еден припадник на екстремистичката група ал Шабаб е убиен во близина на Џилиб. – Сега, кога имаме признание, мора да има одговорност и отштета за жртвите и нивните семејства, изјави Брајан Каснер од Амнести Интернешнл. Организацијата за човекови права минатата година објави истрага за американските воздушни напади во Сомалија, што доведе до тоа САД да признаат дека убиле пет цивили раниле шест во три одвоени воздушни напади. САД минатата година извршија најмалку 63 воздушни напади врз Сомалија, најмногу против ал-Шабаб, која честопати извршува смртоносни напади во главниот град Могадишу и контролира големи делови од централниот и јужниот дел на Сомалија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-armija-prizna-deka-ubila-civil-vo-somalija/feed/ 0
НАТО и американската армија донираа медицинска помош за БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-amerikanskata-armija-doniraa-medicinska-pomosh-za-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-amerikanskata-armija-doniraa-medicinska-pomosh-za-bih/#respond Wed, 15 Apr 2020 14:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=332731

Претставници на американската армија и на НАТО штабот во Сараево денеска доставија медицински материјали и средства за дезинфекција за Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина. Донацијата од НАТО уследи откако властите на БиХ побараа помош во борбата против епидемијата со Ковид-19 од НАТО и Евроатлантскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ). – Во БиХ и во целиот свет, НАТО сојузниците и партнерите продолжуваат да бидат едни покрај други и да пружаат помош едни на други за време на оваа пандемија, преку разни ангажмани на НАТО, билатерална помош или преку пружање поддршка на земјите во нивните напори за заштита на цивилите, се наведува во соопштението на НАТО штабот во Сараево. На почетокот од месецот БиХ доби донација маски, заштитна облека и брзи тестови за новиот коронавирус од Министерството за здравство на Турција. ЕАДРЦЦ е главен механизам на НАТО за одговор на катастрофи, кој ги координира барањата од сојузниците и партнерите на Северноатлантската алијанса и нуди помош за справување со последиците од поголемите кризи како што е пандемијата со Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-amerikanskata-armija-doniraa-medicinska-pomosh-za-bih/feed/ 0
Бродот болница на американската армија ќе почне да прима пациенти од понеделник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-bolnica-na-amerikanskata-armija-kje-pochne-da-prima-pacienti-od-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-bolnica-na-amerikanskata-armija-kje-pochne-da-prima-pacienti-od-ponedelnik/#respond Sat, 04 Apr 2020 20:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=327444

Бродот болница на американската морнарица закотвен во пристаништето на Њујорк ќе почне да прима пациенти во понеделник, јави денеска Си-Ен-Ен. Ќе се примаат пациенти кои немаат Ковид-19 симптоми, со тоа преполните болници во градот ќе ослободат капацитети да можат да примаат нови случаи на заболеност со коронавирусот. Според Си-Ен-Ен, на бродот можат да дојдат пациенти кои ќе покажат потврда дека немаат коронавирус, па затоа досега таму беа примени само тројца. Сега, тестовите за коронавирус можат да се направат во самиот брод, и доколку лицето е со симптоми на Ковид-19, тоа ќе биде пратено во градска болница, а во случај на негативен тест, лекувањето може да продолжи на бродот. Во меѓувреме, на повикот на градот Њујорк за волонтери се јавија 82 илјади медицински работници за да го надоместат недостатокот на такви кадри во болниците и здравствените установи на градот. Њујорк го тресе силна епидемија на коронавирусот. Досега, во градот Њујорк се регистрирани 1.905 жртви од коронавирусот, а на ниво на сојузната држава вкупно заболени се речиси 114 илјади, додека вкупно починале 3.565 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-bolnica-na-amerikanskata-armija-kje-pochne-da-prima-pacienti-od-ponedelnik/feed/ 0
Американската војска останува во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-ostanuva-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-ostanuva-vo-irak/#respond Sun, 19 Aug 2018 10:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=89463

Американските сили ќе останат во Ирак се додека е потребно, со цел да се стабилизираат регионите кои претходно беа под контрола на екстремистичката група Исламска држава, истакна полковникот Шон Рајан, портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, што се бори против екстремистите. - Ќе ги задржиме трупите таму се додека сметаме дека е потребно, истакна Рајан. Тој објасни дека главната причина за останување на американската војска во Ирак се напорите да се стабилизираат делови на земјата, по воениот пораз на ИД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-ostanuva-vo-irak/feed/ 0
Американската армија го гледа „Криволак“ како полигон за големи вежби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-armija-go-gleda-krivolak-kako-poligon-za-golemi-vezbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-armija-go-gleda-krivolak-kako-poligon-za-golemi-vezbi/#respond Mon, 13 Aug 2018 10:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=87299

Повеќе од 1.000 војници на Копнените сили на САД во Европа и на АРМ, идната година на армискиот полигон „Криволак“ ќе ја одржат воена вежба „Одлучен удар 2019“, објави армискиот сајт „Stars and Stripes”. Од АРМ соопштија дека некои од поважните аспекти на тренингот ќе вклучат и квалификација на војниците на САД за користење на оружје од мал калибар, против-тенковско оружје, и друго пешадиско оружје, како и квалификација за автоматската пушка М240Н, стандард на оружје кое вообичаено се користи во повеќето армии на членките на НАТО. Вежбата ќе биде обезбедена со воздушно-амбулантен тим и друга опрема за итни ситуации. Од 1 август на „Кривилак“ веќе вежбаат 200 војници од мировните сили на САД во Косово кои до 20 август своите способности ќе ги проверат единиците од 3. сквадрон, 61. коњанички полк, 1ва бригада, 4. пешадиска дивизија, (3-61 коњанички полк) од форт Карсон, Колорадо и 3 батаљон, 126 авијациски полк, од Армиската национална гарда стационирана во Бостон и Масечусетс. Од армискиот сајт посочуваат дека полигонот „Криволак“, што е со површина од околу 200 квадратни километри, нуди слични можности за обука како што е „Графенуер“ во Германија, но, според нив, полигонот во Македонија им е на тричасовно возење од Косово, и им овозможува одлични вежбовни услови. Командантот на мултинационалните сили за безбедност во источно Косово, полковник Ник Дучиќ, пак, вели дека блискоста на „Криволак“ со Косово ќе им овозможи на војниците брзо да се вратат на своите работни места, доколку дојде до вонредна состојба Според заменик-шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка во Амбасадата на САД во Скопје, Патрик Енрикез, армискиот полигон во Македонија, што е изграден пред 70 години и што го користела југословенската војска за обука за оружје со висок калибар и вежби за воздушни напади, нуди одлична можност за вежби на сојузничките војски. – Армијата на САД секогаш бара места за обука, истакнува Енрикез и додава дека тие на Криволак гледаат како на алтернатива, а во одредени ситуации и како на решение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-armija-go-gleda-krivolak-kako-poligon-za-golemi-vezbi/feed/ 0