американска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Oct 2021 19:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американската економија значително забави во третиот квартал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-znachitelno-zabavi-vo-tretiot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-znachitelno-zabavi-vo-tretiot-kvartal/#respond Thu, 28 Oct 2021 19:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=587405

Американската економија забележа раст од само 2,0 отсто од јули до септември, што е најнизок во еден квартал од почетокот на закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот. Министерството за трговија на САД денеска објави извештај во кој се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на САД паднал далеку под очекувањата во третиот квартал. Во вториот квартал од годинава американскиот БДП изнесуваше 6,7 отсто, а во првиот 6,3 отсто. Добриот резултат во првите два квартали е последица на големата помош од федералната влада. Економистите се надеваат на закрепнување во тековниот четврти квартал, бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус опаѓа, процентот на вакцинирани расте, а поголем број Американци се подготвени да трошат пари. Многу економисти проценуваат дека БДП ќе биде најмалку 4,0 проценти од октомври до декември.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-ekonomija-znachitelno-zabavi-vo-tretiot-kvartal/feed/ 0
Ќе се гласа новиот пакет помош за американската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-glasa-noviot-paket-pomosh-za-amerikanskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-glasa-noviot-paket-pomosh-za-amerikanskata-ekonomija/#respond Wed, 10 Mar 2021 06:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=479866

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за новата верзија на пакетот економска помош поради пандемијата во висина од 1.9 трилиона долари, што претходно беше одобрен од Сенатот. Долниот дом на Конгресот, контролиран од демократите, треба да го изгласа законот, иако републиканците се еднодушно против. Законот потоа треба да се најде на работната маса на претседателот Џо Бајден на потпишување. Набљудувачите сметаат дека неговото донесување е само формалност, додека за републиканците пакетот финансиски е премногу голем и недоволно фокусиран. Администрацијата на Бајден, пак, веднаш по донесувањето на законот, планира поактивна медиумска кампања во следните денови за претставување на неговата полезност за економијата и народот во САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-se-glasa-noviot-paket-pomosh-za-amerikanskata-ekonomija/feed/ 0