американска конгресменка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 09:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска конгресменка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американска конгресменка најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-kongresmenka-najavi-mozni-sankcii-za-bugarija-poradi-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-kongresmenka-najavi-mozni-sankcii-za-bugarija-poradi-vetoto-za-makedonija/#respond Fri, 29 Apr 2022 09:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=669619

Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија. Во интервју за „Гласот на Америка“, таа рече дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог. – Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион, истакна Тени. Таа изрази загриженост што овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и оти не се толку сериозни како што би можеле да бидат. – Бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан, вели Тени. На прашањето да ја искоментира посетата на бугарската делегација предводена од Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, таа рече оти е разочарана што гледа како Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса. – За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион, оцени Тени. На прашањето на „Гласот на Америка“ дали се променил пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина и дали гледа потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици, таа истакна дека многу од земјите се потпираат на поддршката на САД како клучен сојузник. – Мислам дека многу од овие земји се ранливи. И тие се ослонуваат на поддршката од САД како клучен сојузник. Она што го покажува украинската стратегија и украинската ситуација со Русија е колку е важно САД да продолжат да имаат уште посилен ангажман во земјите од Западен Балкан, затоа што не сакаме да видиме какво било слично ужасно сценарио на Западен Балкан како што гледаме во Украина, кажа конгресменката Тени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanska-kongresmenka-najavi-mozni-sankcii-za-bugarija-poradi-vetoto-za-makedonija/feed/ 0
Ограбена американска конгресменка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ograbena-amerikanska-kongresmenka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ograbena-amerikanska-kongresmenka/#respond Thu, 23 Dec 2021 09:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=611993

Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена денски во Филаделфија, кога двајца непознати напаѓачи и впериле пиштол додека била во автомобилот. Под закана со пиштол, Сканлон морала да го напушти возилото, а криминалците и го украле автомобилот и личните работи, вклучително и државен мобилен телефон и лична карта. Нејзината канцеларија соопшти дека таа не е повредена, а во потрагата по напаѓачите се вклучи и ФБИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ograbena-amerikanska-kongresmenka/feed/ 0