американска морнарица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Apr 2021 18:28:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска морнарица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Драч вплови бродот „Боб Хоуп“ на амерканската морнарица, ќе пристигнат уште два https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-vplovi-brodot-bob-houp-na-amerkanskata-mornarica-kje-pristignat-ushte-dva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-vplovi-brodot-bob-houp-na-amerkanskata-mornarica-kje-pristignat-ushte-dva/#respond Mon, 26 Apr 2021 18:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=502434

Во најголемото албанско пристаниште Драч, вплови воениот брод „Боб Хоуп“ на амерканската морнарица, што е во рамки на големите воени маневри „Дефендер Европа 21“. Американската амбасадорка Јури Ким рече дека „Дефендер 21“е најголемата мултилатерална воена вежба предводена од САД на Западен Балкан. -Задоволна сум што го видов бродот „Боб Хоуп“ на морнарицата на Соединетите држави како пристигнува во Драч. „Дефентер 21“ е најголемата воена вежба во Западен Балкан. Тоа е брод за снабдување што пренесува повеќе од 800 парчиња опрема што треба да се користат на вежбата. Ќе се приклучат уште два брода, напиша амбасадорката Ким. Според амбасадорката, вежбата ќе ја тестира и зајакне способноста на сојузниците за брзо распоредување, тешка борба и победа. Во Албанија на почетокот на месецов пристигнаа американски војници од Националната гарда на ЊУ Џерси, кои покрај учеството во вежбата тие и помогнаа на Албанија во подготовките за прием на два хеликоптери „УХ-60А Блекхоук“ (UH-60A Blackhawk) од САД а исто така спроведоа обука за подготовка на албанските вооружени сили за вежбата. Големите воени маневри ќе ги раководи американската војска, а ќе учествуваат околу шест илјади војници од земји членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Северна Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово, како и 10 воени бродови, 18 авиони, 19 хеликоптери, шест ракетни системи од типот „Патриот“ и 1.000 возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-drach-vplovi-brodot-bob-houp-na-amerkanskata-mornarica-kje-pristignat-ushte-dva/feed/ 0
Американската морнарица тврди дека запленила делови од иранска ракета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/#respond Thu, 05 Dec 2019 06:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=273500

Воен брод на американската морнарица запленил делови од ракета за која се верува дека е поврзана со Иран во Оманскиот залив, изјавија американски официјални претставници во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Техеран да ги ограничи своите регионални активности. Официјални лица, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека воениот брод „Форест Шерман“ запленил мал брод минатата недела каде крајбрежните чувари пронашле делови од ракетата. Екипажот на малиот брод бил пренесен кај јеменската крајбрежна стража, а делови од ракетата сега се во сопственост на САД, додаваат официјалните лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-mornarica-tvrdi-deka-zaplenila-delovi-od-iranska-raketa/feed/ 0
Американската воена морнарица ја укинува казната „на леб и вода“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-ja-ukinuva-kaznata-na-leb-i-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-ja-ukinuva-kaznata-na-leb-i-voda/#respond Thu, 27 Dec 2018 14:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=145764

Од Нова година американската воена морнарица го укинува казнувањето на морнарите со бродски притвор, кога тие добиваат само леб и вода. Законот за укинување на казната е донесен во 2016 година, а стапува во сила на 1 јануари 2019 година. Според „Њујорк тајмс“ еден разорувач на американската Пацифичка флота минатата година го доби прекарот „Леб и вода“ поради честата примена на казната, дури и за најмали престапи. Голем број морнари се среќни за укинувањето на казната, но останатите ја сметаат за брза и ефикасна мерка. Капетанот Кевин Ајер, кој до пензионирањето во 2009 година редовно ја применувал казната, изјави дека таквата мерка служела „само понекогаш да ги преплаши децата“. Но, и дел од офицерите истакнаа дека мерката е контрапродуктивна. Капетанот Скот Тејт изјави дека кога се приклучил на армијата мислел дека приказната за казната „на леб и вода“ е само шега на морнарите. Тој тврди дека никогаш не наредил таква казна. – Доколку на некој млад морнар му е потребна воспитна мерка, наместо притвор, издавам наредба да напише текст за делата на писателите Патрик Хенри или Ајн Ранд. Некои луѓе мора да размислат за својот карактер и последиците од своите акции, но не сакам да има влијание на нивната работна биографија и да им бидат загрозени шансите за напредување во кариерата, посочи Ајер. Притвор во потпалуба само на леб и вода, Американците го презеле од Британците, кои таквата пракса ја напуштија во 1891 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-ja-ukinuva-kaznata-na-leb-i-voda/feed/ 0