американска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 07:44:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американската војска зароби припадник на Исламска држава во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zarobi-pripadnik-na-islamska-drzhava-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zarobi-pripadnik-na-islamska-drzhava-vo-sirija/#respond Tue, 26 Sep 2023 07:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=881756

Американската војска синоќа соопшти дека заробила припадник на групата Исламска држава за време на рација во северна Сирија. Се верува дека Абу Халил ал Фадани, кој беше заробен, „има врски со целата мрежа на Исламска држава во регионот“, се вели во соопштението на американската Централна команда. - Неговото апсење минатата сабота ги зголеми шансите противтерористичките операции на САД таму да може да таргетираат повеќе членови, рече портпаролот на командата, потполковник Трој Гурлок. САД имаат околу 900 војници во Сирија со цел да се спротивстават на остатоците од групата Исламска држава, која до 2019 година контролираше голем дел од Сирија. Информацијата за апсењето на припадникот на Исламска држава дојде во време кога курдските сили поддржани од САД воведоа полициски час по долготрајните судири со ривалските арапски вооружени групи. Според извештаите на сириските медиуми и активисти, Сириските демократски сили синоќа воведоа полициски час во неколку градови во провинцијата Деир ез-Зор во близина на границата со Ирак, каде што се наоѓаат Американците. Стотици американски војници се стационирани таму од 2015 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zarobi-pripadnik-na-islamska-drzhava-vo-sirija/feed/ 0
Американска војска: Руски борбен авион со сигнални ракети го оштети нашето беспилотно летало над Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-vojska-ruski-borben-avion-so-signalni-raketi-go-oshteti-nasheto-bespilotno-letalo-nad-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-vojska-ruski-borben-avion-so-signalni-raketi-go-oshteti-nasheto-bespilotno-letalo-nad-sirija/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:08:40 +0000 https://kurir.mk/?p=859928

Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американски дрон над Сирија и го оштетил со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен. Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон MQ-9 Reaper кој учествувал во мисијата против ИСИС над Сирија. Тие додадоа дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер. Екипажот на дронот успеа да го контролира леталото и да го врати во матичната база. „Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, рече генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-vojska-ruski-borben-avion-so-signalni-raketi-go-oshteti-nasheto-bespilotno-letalo-nad-sirija/feed/ 0
Американската војска соопшти дека од океанот се извлечени сензорите од кинескиот балон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-od-okeanot-se-izvlecheni-senzorite-od-kineskiot-balon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-od-okeanot-se-izvlecheni-senzorite-od-kineskiot-balon/#respond Tue, 14 Feb 2023 06:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=800122

Сензори од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се пронајдени од Атлантскиот Океан, соопшти американската војска. Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци, вклучително и идентификувани делови од сензори и електроника“, соопшти војската на САД. ФБИ ги испитува предметите за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации. САД соборија уште три објекти од 4 февруари. „Делови од структура“ беа пронајдени и во понеделникот во близина на брегот на Јужна Каролина, соопштија воени претставници. Американските власти рекоа дека балонот потекнува од Кина и се користел за надзор, но Кина тврди дека тоа е само воздушен брод за следење на времето што залутал. Белата куќа вчера одржа прес-конференција во врска со соборувањето на три неидентификувани летечки објекти за три дена. - Има голема разлика помеѓу кинескиот балон и овие три објекти. Кинескиот објект беше многу поголем, со големина на три автобуси, имаше свој погон. Знаеме што правеше, знаеме за што беше, изјави Џон Кирби, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа. - Не сакавме да го урнеме над копно, можеше да биде опасно за некој на земјата. Овие три објекти се многу помали, немаа свој погон, ги носеше ветерот. Немаме докази дека не биле користени за шпионирање, но не сме сигурни. Претседателот Џо Бајден нареди да се урнат од претпазливост, потенцираше Кирби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-od-okeanot-se-izvlecheni-senzorite-od-kineskiot-balon/feed/ 0
Американската војска собори трет неидентификуван објект за три дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-sobori-tret-neidentifikuvan-objekt-za-tri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-sobori-tret-neidentifikuvan-objekt-za-tri-dena/#respond Mon, 13 Feb 2023 06:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=799661

Американската војска собори летечки објект над езерото Хјурон долж границата со Канада, соопштија денеска американските власти, што е трет таков инцидент во три дена и една недела откако кинески балон беше соборен над САД. Неименувани функционери рекоа дека војската го соборила објектот, но одбија да кажат дали наликувал на големиот бел кинески балон соборен претходно овој месец. Во меѓувреме, канадските истражители ги бараат остатоците од летечкиот објект што во саботата беше соборен од американски борбен авион над канадска територија. -Тимови на истражители се на терен, се обидуваат да го пронајдат и анализираат објектот, изјави вчера канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој не кажа за што станува збор, само дека „претставува соодветна безбедносна закана за цивилната авијација“. - Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет и затоа донесов одлука да го соборам неидентификуваниот објект, додаде тој. Северна Америка е во состојба на висока готовност поради нарушување на воздушниот простор откако кинески балон се појави над САД на почетокот на овој месец. Кина негира дека бил користен за шпионажа и вели дека е цивилно истражувачко летало и ги осуди САД што го собориле минатата сабота. Најмалку два други летечки објекти беа соборени над Северна Америка во текот на викендот, па воените и разузнавачките служби се фокусираа на можни воздушни закани. Шефот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека американските власти веруваат дека двата летечки објекти, од кои првиот беше соборен над замрзнатото море во северна Алјаска во петокот, а вториот над Јукон во саботата, се балони. - Тие веруваат дека имало (балони), да, но многу помали од првиот, рече Шумер, а Белата куќа само рече дека неодамна соборените објекти „не наликуваат многу на“ кинескиот балон. Висок американски функционер рече дека објектот има октогонална структура без видлива носивост. Нема индикации дека локацијата претставувала воена закана или дека можеби била користена за шпионажа. По соборувањето на третиот објект, над езерото Хјурон, американскиот генерал Глен Ванхурк, кој ја надгледува контролата на северноамериканскиот воздушен простор, ја коментираше можноста тие да се од вонземско потекло. Прашан дали ја отфрла можноста за вонземско потекло за трите воздушни објекти соборени од американски воени авиони во рок од неколку дена, генералот Глен Ванхурк рече: „Ќе дозволам разузнавачката заедница и контраразузнавачката заедница да го откријат тоа. Ништо не исклучувам“. - Во овој момент, продолжуваме да ја проценуваме секоја непозната закана или потенцијална закана што се приближува до Северна Америка, обидувајќи се да ја идентификуваме, рече Ванхурк, шеф на северноамериканската воздушна команда (НОРАД) и Северната команда на САД.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-sobori-tret-neidentifikuvan-objekt-za-tri-dena/feed/ 0
Американската војска објави дека одговорила на нападите на екстремистите од Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-objavi-deka-odgovorila-na-napadite-na-ekstremistite-od-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-objavi-deka-odgovorila-na-napadite-na-ekstremistite-od-sirija/#respond Thu, 25 Aug 2022 07:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=723628

Американската војска објави дека одговорила на ракетниот оган насочен против американските сили во североисточна Сирија и дека во нападот се убиени „две или три лица за кои се сомнева дека се екстремисти поддржани од Иран“. - Американските сили одговорија на ракетниот оган на две локации во Сирија во средата, уништувајќи три возила и опрема користени за лансирање на некои од ракетите, се вели во соопштението на Командата на американската војска за Блискиот Исток. САД ги бомбардираа вчера бази на проиранските милиции на истокот на Сирија. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-objavi-deka-odgovorila-na-napadite-na-ekstremistite-od-sirija/feed/ 0
Американската војска може да смести до 50.000 Авганистанци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-moze-da-smesti-do-50-000-avganistanci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-moze-da-smesti-do-50-000-avganistanci/#respond Fri, 27 Aug 2021 18:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=555749

Американските вооружени сили можат привремено да сместат до 50.000 евакуирани Авганистанци во нивните бази во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Џон Кирби. Претходно, вооружените сили соопштија дека капацитет е повеќе од 20.000 луѓе. Приемот на дополнителни Авганистанци сега е возможен бидејќи војската отвора уште три бази за да ги прими евакуираните лица, рече Кирби. Тоа се претежно поранешни авганистански вработени во американските вооружени сили и нивните семејства. Тие првично ќе бидат сместени во воени бази додека американските власти детално ги обработуваат нивните апликации за виза. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-moze-da-smesti-do-50-000-avganistanci/feed/ 0
Американската војска соопшти дека повлекувањето од Авганистан ќе зависи од ситуацијата на теренот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-povlekuvanjeto-od-avganistan-kje-zavisi-od-situacijata-na-terenot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-povlekuvanjeto-od-avganistan-kje-zavisi-od-situacijata-na-terenot/#respond Tue, 13 Oct 2020 05:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=415510

Повлекувањето на американските војници од Авганистан, кое американскиот претседател Доналд Трамп планира да го заврши до Божик, ќе зависи од намалувањето на насилството на теренот и другите услови предвидени со договорот потпишан од САД и талибанците во февруари, соопшти синоќа американската војска.. – Договорот и плановите за повлекување во целина предвидуваат одредени услови, изјави началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили. Трамп на 7 октомври рече дека би сакал да ги повлече американските трупи од Авганистан до Божик, побрзо отколку што беше предвидено со договорот меѓу САД и Талибанците. Администрацијата на Трамп вети дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-soopshti-deka-povlekuvanjeto-od-avganistan-kje-zavisi-od-situacijata-na-terenot/feed/ 0
САД: Сенатот одобри рекорден воен буџет од 738 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatot-odobri-rekorden-voen-budzet-od-738-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatot-odobri-rekorden-voen-budzet-od-738-milijardi-dolari/#respond Tue, 17 Dec 2019 06:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=278417

Сенатот на американскиот Конгрес со големо мнозинство го одобри предлогот за буџет за одбрана од 738 милијарди американски долари, што ќе биде финализиран денеска. Ќе стапи на сила по потпишувањето од претседателот Доналд Трамп. Горниот дом на Конгресот, во кој републиканците на Трамп имаат мнозинство, гласаа – 76 „за“ и шест „против“. Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, го усвои законот со 377 гласови „за“ и 48 „против“. Буџетот опфаќа широк спектар на расходи, од финансирање на платите до бродови и авиони што треба да се произведат, модернизираат или повлечат. Оваа година, буџетот опфати и создавање Вселенски сили, воен приоритет за претседателот Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatot-odobri-rekorden-voen-budzet-od-738-milijardi-dolari/feed/ 0
Американската војска забрани употреба на телефони Хуавеи и ЗТЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zabrani-upotreba-na-telefoni-huavei-i-zte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zabrani-upotreba-na-telefoni-huavei-i-zte/#respond Sat, 05 May 2018 08:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=50163

Војниците во американските воени бази повеќе нема да можат повеќе да купуваат телефони на кинеските марки Хуавеи (Huawei) и ЗТЕ (ZTE), бидејќи тие претставуваат недозволива опасност за безбедноста, соопшти Пентагон. - Апаратите Хууавеи и ЗТЕ може да претставуваат неприфатлив ризик за персоналот, информациите и воените мисии, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД Дејв Истборн. Тој дополни дека со оглед на тоа, не би било мудро продавниците раководенени од армијата во американските бази во светот, да продолжат да ги продаваат. Истборн прецизира дека наредбата за забрана на тие марки телефони била дадена на 25 април. Портпаролот не соопшти детали за техничките аспекти на овие потенцијални закани, но според весникот. „Волстрит џурнал" Пентагон стравува дека кинеската влада може да ги следи војниците преку уредите на Хуавеи и ЗТЕ.. Портпаролот на Хуавеи Чарлс Зинковски изјави дека апаратите на компанијата одговараат на највисоките барања за безбедност и приватност во секоја земја во која оперира, вклучително и во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vojska-zabrani-upotreba-na-telefoni-huavei-i-zte/feed/ 0