Американска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 12:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Американска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напад врз американската база Ал Танф во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/#respond Fri, 20 Jan 2023 12:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=789711

Три беспилотни летала денеска ја нападнаа американската воена база во регионот Ал Танф во Сирија, но нема повредени американски војници, додека двајца Сиријци се ранети, се наведува во соопштението на армијата. Централната команда на САД соопшти дека биле соборени два дрона, а третото беспилотно летало го погодило комплексот, при што биле повредени двајца припадници на Слободната сириска армија (ССА). Американската воена база Ал Танф е формирана во 2016 година на местото каде што се вкрстува сириската граница со Јордан и Ирак, а административно припаѓа на Хомс, најголемата провинција во Сирија. Пред 2016 година, областа околу базата беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“, која силите на меѓународната коалиција предводена од Вашингтон ја протераа од ова подрачје. Оттогаш, САД го користат како база за обука на сириските опозициски милиции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-amerikanskata-baza-al-tanf-vo-sirija/feed/ 0
Американската воена морнарица заплени оружје од Иран испратено кон Јемен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=611949

Американската воена морнарица соопшти дека запленила големо количество пушки калашников и муниција прошверцувани во рибарски брод од Иран, кои најверојатно биле испратени кон Јемен. Како што беше соопштено синоќа, патролни чамци на американската морнарица откриле оружје на рибарски брод без државни ознаки, во операцијата што започна во понеделникот во северниот дел на Арапското Море кај Оман и Пакистан. Морнарите се качиле на бродот каде имало пет членови на екипажот од Јемен, при што пронашле 1.400 пушки калашников и поголема количина муниција. Во Јемен се води војна меѓу бунтовниците Хути поддржани од Иран и провладините сили предводени од Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-voena-mornarica-zapleni-oruzje-od-iran-isprateno-kon-jemen/feed/ 0