американски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 20:57:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Додик повторно го обвини американскиот амбасадор дека се меша и не го почитува суверенитетот на БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-povtorno-go-obvini-amerikanskiot-ambasador-deka-se-mesha-i-ne-go-pochituva-suverenitetot-na-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-povtorno-go-obvini-amerikanskiot-ambasador-deka-se-mesha-i-ne-go-pochituva-suverenitetot-na-bih/#respond Mon, 26 Jun 2023 20:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=849875

Претседателот на Република Српска Милорад Додик повторно го обвини американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи за мешање во внатрешните работи на БиХ, непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор. „Говорот на американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи, пред Босанско-херцеговско-американската академија на науките и уметностите покажа арогантно непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор“, објави Додик на Твитер. Тој вели дека Марфи во својот говор рекол дека САД го гледаат Дејтон „како почетна точка - основа на која треба да се изгради - а не, како што некои во РС ја прикажуваат, цел сама по себе“. Според мислењето на Додик, тоа е „признание дека САД се обидуваат да го трансформираат политичкиот систем воспоставен со Дејтонскиот договор, како и да го третираат Дејтон не како обврзувачки договор, туку како привремена мерка“. Додик истакна дека РС не го третира Дејтон како „цел сама по себе“, туку дека го третира уставниот поредок воспоставен со Дејтонскиот договор како што е – воспоставено право и докажано средство за зачувување на мирот, стабилноста и демократска власт во земја со три длабоко поделени етнички групи, оптоварена со вековни конфликти. „Напредокот на БиХ не е загрозен од дејтонскиот уставен систем, туку од непромислените обиди за негово поткопување“, рече Додик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dodik-povtorno-go-obvini-amerikanskiot-ambasador-deka-se-mesha-i-ne-go-pochituva-suverenitetot-na-bih/feed/ 0
Кенет Мeртен е новиот американски амбасадор во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kenet-merten-e-noviot-amerikanski-ambasador-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kenet-merten-e-noviot-amerikanski-ambasador-vo-bugarija/#respond Thu, 09 Jun 2022 07:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=688669

Американскиот претседател Џо Бајден го предложи Кенет Мертон за нов американски амбасадор во Бугарија на местото на Хeро Мустафа, која е во Бугарија од 2019 година. Номинацијата на Бајден сега се очекува да биде одобрена од Сенатот, објавија бугарските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Мертон беше амбасадор на САД во Хрватска, како и вршител на должноста во Амбасадата на САД во Хаити и потоа и нејзин амбасадор. Претходно бил заменик-помошник секретар во Бирото за глобално управување со таленти, а претходно и помошник секретар во Бирото за прашања на западната хемисфера. Мертон бил економски советник во Амбасадата на САД во Париз, Франција, извршен асистент во Бирото за економски и деловни прашања на Стејт департментот и висок набљудувач во Оперативниот центар на Стејт департментот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kenet-merten-e-noviot-amerikanski-ambasador-vo-bugarija/feed/ 0
Американскиот амбасадор во Русија денеска се врати во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-rusija-deneska-se-vrati-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-rusija-deneska-se-vrati-vo-moskva/#respond Thu, 24 Jun 2021 17:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=527608

Американската Амбасада во Русија денеска соопшти дека амбасадорот Џон Саливан се вратил во Москва по двомесечно отсуство. -Денеска се вратив во Москва, напиша Саливан на Твитер, додавајќи дека е подготвен да работи со руските колеги за постигнување „стабилни и предвидливи билатерални односи“. Неговото враќање во Москва доаѓа неколку дена откако рускиот амбасадор Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон. Враќањето на амбасадорот е дел од договорот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, на самитот што се одржа на 16 јуни во Женева. Дипломатските односи меѓу Москва и Вашингтон се влошија набрзо откако Бајден дојде на власт во јануари. Американските власти ја обвинија Русија за хакерски напади и мешање во изборите во САД. Руските власти во март го повикаа својот амбасадор во САД на консултации, откако Бајден го спореди Путин со „убиец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-rusija-deneska-se-vrati-vo-moskva/feed/ 0
Томас Најдс именуван за нов американски амбасадор во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tomas-najds-imenuvan-za-nov-amerikanski-ambasador-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tomas-najds-imenuvan-za-nov-amerikanski-ambasador-vo-izrael/#respond Wed, 16 Jun 2021 06:02:13 +0000 https://kurir.mk/?p=524079

Американскиот претседател Џо Бајден го назначи Томас Најдс за нов американски амбасадор во Израел, два дена по стапувањето на должноста на новата влада во оваа земја. Најдс е искусен демократ, кој беше висок функционер на Стејт департментот во времето на претседателот Барак Обама и е познат по борбите против обидите за намалување на американските средства за Палестинците. Назначувањето на Најдс за нов американски амбасадор во Израел допрва треба да биде одобрено од Сенатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tomas-najds-imenuvan-za-nov-amerikanski-ambasador-vo-izrael/feed/ 0
Американскиот амбасадор во Москва повикан да се врати во САД на консултации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-moskva-povikan-da-se-vrati-vo-sad-na-konsultacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-moskva-povikan-da-se-vrati-vo-sad-na-konsultacii/#respond Tue, 20 Apr 2021 07:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=499655

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан, до крајот на неделава ќе се врати во Вашингтон на консултации со администрацијата на претседателот Џо Бајден. -Амбасадорот Саливан неделава ќе се врати во САД за да го посети своето семејство и да се состане со членовите на новата администрација, со кои немал можност да се консултира откако се согласи да продолжи со работата на неопределено време, изјави за порталот Акиос портпарол на Стејт департментот, јавува Тасс. Руската агенција наведува дека Стејт департментот се уште не ги потврдил наводите за планираното патување на Саливан во Вашингтон. Претходно, порталот Акиос јави дека Саливан не планира да ја напушти Русија, и покрај советот од официјална Москва да се врати во Вашингтон на консултации. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на 16 април на прес-конференција изјави дека помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, го информирал Саливан за одлуките на Русија како одговор на американските мерки против земјата и го советувал Саливан да се врати во Вашингтон на консултации. Лавров, исто така, изјави дека рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, продолжува со своите консултации во Москва, каде се наоѓа од 21 март. Минатата недела американската Влада на црна листа стави руски компании, протера руски дипломати и им забрани на американските банки да купуваат државни обврзници од руската Централна банка и Министерството за финансии, а Русија протера десет американски дипломати и на црната листа стави осум највисоко рангирани официјални претставници на Вашингтон како одговор на санкциите наметнати од Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-ambasador-vo-moskva-povikan-da-se-vrati-vo-sad-na-konsultacii/feed/ 0
Американскиот амбасадор во БиХ ја оцени ситуацијата во таа држава како неодржлива https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-ambasador-vo-bih-ja-oceni-situacijata-vo-taa-drzava-kako-neodrzliva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-ambasador-vo-bih-ja-oceni-situacijata-vo-taa-drzava-kako-neodrzliva/#respond Wed, 21 Oct 2020 13:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=419053

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Ерик Нелсон ги повика граѓаните на државата да извршат притисок врз владејачките елити да ги извршат потребните политички, економски и социјални промени во општеството. Како прва прилика за тоа тој повика да се искористат претстојните локални избори закажани за 15. Ноември – Малку ќе се промени ако вие, обични граѓани, не го сторите својот дел – ако не одбиете да платите мито, ако не посочите загуби, корупција, изборни нерегуларности, ако не зборувате гласно и јасно и што е најважно, ако не гласате да ги повикате своите водачи одговорни, наведе амбасадорот Нелсон во авторски текст на неговиот блог. Нелсон потсети на податоците од проценката на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) објавена на почетокот на октомври, во која се анализирани предусловите за формирање на самоодржливи држави. БиХ се справи доста лошо во таа проценка (Self Reliance Roadmap) затоа што критериумите применети од УСАИД велат дека земјата тешко заслужува преодна оценка кога станува збор за категории како што се либерална демократија и отворена влада, ефикасност на владата, економска политика, претприемништво. Самоодржливоста е дефинирана во анализите на УСАИД како можност за планирање, финансирање и спроведување решенија за локалните развојни проблеми, како и заложба за нивно ефективно и одговорно спроведување, односно ситуација во која една земја може да ги реши своите проблеми и да управува со својот развој без меѓународна поддршка. Нелсон им порача на своите граѓани дека тоа не може да се промени без нивни ангажман, што мора да ги принуди владејачките политички структури да го променат сегашното однесување. Потребата од промени е поголема, бидејќи сите достапни показатели покажуваат дека БиХ постојано заостанува во постигнувањето на поставените критериуми за самоодржливост од 2013 година, нагласи амбасадорот. -Без поголема посветеност на владините претставници за промена на ситуацијата, статус кво состојбата или спиралата на опаѓање ќе продолжат, рече Нелсон. Тој ги предупреди граѓаните на БиХ дека практиката на владејачките партии да ги користат јавните претпријатија како „политички банкомати“ за зајакнување на нивната моќ и контрола на гласачкото тело мора да заврши што е можно побрзо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-ambasador-vo-bih-ja-oceni-situacijata-vo-taa-drzava-kako-neodrzliva/feed/ 0