американски државен секретар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Nov 2020 08:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски државен секретар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден ќе го постави Ентони Блинкен за американски државен секретар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-go-postavi-entoni-blinken-za-amerikanski-drzaven-sekretar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-go-postavi-entoni-blinken-za-amerikanski-drzaven-sekretar/#respond Mon, 23 Nov 2020 08:15:59 +0000 https://kurir.mk/?p=433028

Ентони Блинкен е можен  кандидат за функцијата на американски државен секретар во новата администрација на Џо Бајден, наведуваат неколку извори запознати со ситуацијата во штабот на новиот американски претседател. Американските медиуми јавуваат дека Блинкен (58) веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и е тесно поврзан со Бајден. Блинкен, исто така, бил член на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане шеф на канцеларијата на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден го предводеше комитетот, и кратко време потоа беше советник за безбедност на тогашниот потпретседател Бајден. Како што претходно е најавено, Бајден од утре ќе почне да ги објавува имињата на кандидатите за неговиот кабинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-go-postavi-entoni-blinken-za-amerikanski-drzaven-sekretar/feed/ 0
Помпео: Санкциите за Северна Кореја ќе бидат активни се додека не се постигне целосна денуклеаризација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sankciite-za-severna-koreja-kje-bidat-aktivni-se-dodeka-ne-se-postigne-celosna-denuklearizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sankciite-za-severna-koreja-kje-bidat-aktivni-se-dodeka-ne-se-postigne-celosna-denuklearizacija/#respond Sun, 08 Jul 2018 08:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=74324

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги демантираше наводите на Северна Кореја дека САД изнеле „гангстерски“ барања за Пјонгјанг, нагласувајќи дека санкциите за Северна Кореја ќе бидат активни се додека не се исполни ветувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за целосна денуклеаризација на земјата. Помпео, при обраќањето во Токио, каде денеска пристигна на посета, истакна дека денуклеаризацијата ќе биде тешка и дека останала уште многу работа, но остана при ставот дека е постигнат напредок. Јапонскиот премиер Шинѕо Абе го пофали Помпео за однесувањето при преговорите со Северна Кореја. Претходно, Пјонгјанг ги обвини САД дека се однесувале „гангстерски“ при претставувањето на нивните барања за нуклеарната програма на Северна Кореја, со што го демантираа тврдењето на Помпео дека е постигнат напредок во однос на клучните прашања. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја посочи дека САД бараат еднострана, целосна, проверлива и неповратна денуклеаризација на Северна Кореја, истакнувајќи дека и покрај тоа, Пјонгјанг се уште му верува на американскиот претседател Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-sankciite-za-severna-koreja-kje-bidat-aktivni-se-dodeka-ne-se-postigne-celosna-denuklearizacija/feed/ 0